Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО: Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова име за лично богатење. Поврзани вести ...
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, јавно изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за финансиската поддршка од 6,5 милиони евра наменета за проекти во неговата општина. Благодарноста ја објави на својот фејсбук профил, каде сподели и фотографија со Мицкоски, по потпишувањето на договорите за стратешки инфраструктурни инвестиции. „Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата ...
Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“ денеска остана без вода. Последниве денови во установата имало слаб притисок, а од утрово снабдувањето е целосно прекинато. Причината не е дефект, туку, како што објасни директорката Катерина Бошкова, болницата се наоѓа во високата зона на градот, исто како и целата населба Водно, каде сè уште нема вода. „Засега функционираме, се примаат пациенти, единствено не работи лабораторијата за ...
Во СВР Скопје, 68-годишен маж пријавил дека во периодот од 23.03.2023 до 16.04.2024 бил измамен од женско лице Т.П.Н. Според пријавата, таа се претставила како осигурителен брокер вработена во правен субјект и му понудила полиси за осигурување за неговиот недвижен имот во Скопје и во Дојран. Како што пријавил, на трансакциска сметка платил 33.875 денари, а дополнително ѝ предал 15.000 денари во готово. Откако не ги добил осигурителните полиси, ...
Во село Ракотинци, скопско, избувнал пожар во стариот објект на основното училиште. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а при интервенцијата со повреди се здобил еден пожарникар. Повредениот бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. фото: архива/Скопје1 Поврзани вести преку ознаки: мвр, пожар, пожарникар, топ, училиште Прочитајте ...
Основното јавно обвинителство Битола покрена постапка против офталмолог вработена во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, под сомнение за кривично дело примање поткуп, по член 357 став 6 од Кривичниот законик. Според обвинителството, докторката побарала подарок од 100 евра од лице од Ресен за да изврши операција за отстранување на катаракта кај сопругата на пријавителот — медицинска интервенција која, како јавна здравствена услуга, била ...
Полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 44-годишниот Џ.М. од Тетово, сопственик на угостителски објект во тетовското подрачје, при акциска контрола извршена во раните утрински часови. При контролата, во објектот на улица „Браќа Миладинови“, лоциран покрај автопатот Гостивар–Тетово, биле затекнати 11 женски лица, од кои шест македонски државјанки и пет државјанки од Албанија, Косово и Србија. -На 17.07.2025 во 03.50 часот во ...
Судењето против Раде Трајковски – Штекли, обвинет за трговија со дрога, денеска беше одложено поради неговата здравствена состојба. Тој бил неконтактибилен и дезориентиран, по што итно бил префрлен со Брза помош на Клиниката за неврологија. Како што изјави судијата Илија Трпков, уште вчера Трајковски се пожалил на здравствени проблеми, поради што во затворот било повикано медицинско лице. Според информации на Скопје1 добиени од извори во ...
Во текот на изминатите три дена од оваа недела (14./15./и 16.07.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2490 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила. -Така, заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 513 прекршоци, за ...
Во раните утрински часови, околу 03:00 часот по полноќ, на паркинг на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром избувнал пожар во кој целосно изгореле три патнички возила. Според информациите од СВР Скопје, во 02:51 часот било пријавено дека се запалиле три автомобили: „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, „Киа“ со скопски таблички, сопственост на 36-годишниот М.П. од Скопје, и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека компанијата Кока-Кола се согласила да користи „вистински шеќер од трска“ како засладувач во своите пијалоци што се продаваат во САД, по неговиот разговор со компанијата. „Разговарав со Кока-Кола за употреба на вистински шеќер од трска во Кока-Кола во САД и тие се согласија да го сторат тоа. Би сакал да им се заблагодарам на сите што се на власт во Кока-Кола“, рече Доналд Трамп преку ...
Скопје е домаќин на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) – спортски настан од највисоко ниво, на кој учествуваат над 4000 млади спортисти од околу 50 европски земји, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули. И покрај значењето на настанот, Македонија не успеа да обезбеди терени со соодветни олимписки димензии за сите дисциплини – дел од натпреварите во одбојка на песок се одржуваат во Хрватска. Информираноста и медиумската покриеност се ...
Најмалку 50 лица ги загубија животите во голем пожар што избувна во хипермаркет лоциран во петкатна зграда во градот Кут, во источниот дел на Ирак, јавува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА. Засега не е утврдено што го предизвикало пожарот, а локалните власти најавија дека првичните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа. Nearly 50 killed and injured in shopping center fire in eastern Iraq ...
Во текот на ноќта во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки ...
Два дена пред официјалниот почеток на светски познатиот фестивал на електронска музика „Тумороуленд“ во Белгија, силен пожар ја зафати и целосно ја уништи главната бина. Организаторите соопштија дека, за среќа, нема повредени и дека фестивалот ќе се одржи како што е предвидено. На снимки објавени од локалните медиуми и корисници на социјалните мрежи, може да се забележат пламени јазици и густ црн чад како ја зафаќаат конструкцијата, додека ...
Слаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во 22:43 часот, а беше почувствуван и во Скопје и неговата блиска околина со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека епицентарот на потресот бил на територијата на соседно Косово, на околу 39 километри североисточно од главниот град. ...
Ина Многу Фина со остар став за урбаната анархија и двојните аршини на институциите. -Во земјава има 200 000 дивоградби. Да не видиш 2,3 ајде и 10, ама 200 000 не се резултат на катаракта или Жане што користела стар одмор па не видела. Тоа е резултат на нееднаквост пред законот, некои дигаат згради и никој не ги гледа, некој ќе закасни со трета сметка према институција, одма ќе го видат, ќе му се обеси цел систем на глава со се извршители, ...
Партијата Левица најави тужба за клевета и навреда, како и кривична пријава за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на политичка припадност против, како што го нарекуваат, „владиниот функционер“ Петар Богојески. Во соопштението испратено до јавноста, од Левица велат дека повод за овие правни чекори е „срамната, крајно вознемирувачка и лажно обвинувачка објава“ на Богојески, кој е „актуелен функционер во Владата на ...
Актерот Тони Михајловски кој е гостин во „Претрес со Ландов”, одговараше и на прашања од гледачите. „На Груевски до глуждови не му се другите, тоа е човек кој е неправедно осуден.Кај се сега актуелните кои ветуваа борба со криминалците? Ни еднаш не го спомнале Заев”, рече Михајловски. Со Мијалков, Груевски вели беа тандем, иако лукративноста стои. Би се видел со Груевски. „Љупчо Георгиевски е катастрофа, не можам да замислам дека некогаш сум ...
Во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, вечерва гостуваше пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која дискутираше за кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Стојаноска на самиот почеток истакна дека Орце Ѓорѓиевски е профил на личност која му е потребна на Град Скопје, и е симбол на работа, чесност и посветеност. „Во однос на нашиот кандидат Орце Ѓорѓиевски, сметам дека тоа ...
Актерот Тони Михајловски кој е гостин во „Претрес со Ландов”, говореше и за локалните избори во Куманово пред четири години кога тој беше кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ. Михајловски вели дека неговата партија не застанала зад него и го предала. Го спомена и актуелниот пратеник од Куманово, Бране Петрушевски, кој ниту еден состанок на партијата не одржал за негова поддршка. „Тотална опструкција ми направија, ниту една ...
Гостин во „Претрес со Ландов” е Тони Михајловски, познат како Тони Шанац, актер, во 2001 година бил припадник на полициската единица Лавови, човек кој држел шанк на Охридска плажа. Го сака Охрид, но вели политиката на страна, јас сакам да одам и во Грција, не сум имал проблеми. Познат и гласен беше против менување на името. „Ништо помалку не сум го навредил Заев, колку што тој ме навредил мене. Не излажа сите.Би седнал на кафе со Заев но не би ...
Актерот Тони Михајловски кој е гостин во „Претрес со Ландов”, говореше и за состојбите во културата. Според него најлош министер до сега бил Ештреф Алиу, а најлош Слободан Унковски. Сепак, посочува, актуелниот министер Зоран Љутков ќе го надмине и најлошиот. „Тоа е министерот за култура, актер, кој доби 800 тужби од своите колеги актери, затоа он е јаден, тој е послушник, после им ја намали платата на колегите. Сам си пукаше во нога.Заробеник ...
Два од становите на поранешниот премиер Никола Груевски, одземени во предметот „Плацеви на Водно“, беа продадени вчера преку електронска аукција спроведена од Агенцијата за управување со одземен имот. Станува збор за двата стана на улицата Бихаќка, веднаш до дуплексот во кој Груевски живееше пред бегството. За нив, според информациите за „Фокус“, имало голема заинтересираност – се продале за речиси двојно повеќе од проценетата вредност. Станот ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека нема потреба од раздвојување на постапките за обвинетите во случајот за пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, во кој загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Според него, обвинителството има искуство со сложени предмети со повеќе обвинети и тоа нема да биде пречка за водење на ефикасна постапка. Ова доаѓа покрај предупредувањата од правниците дека предметот однапред, се осудува на пропаст. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска гo прими градоначалникот на Тетово, Билал Касами кој ја покани на македонската вечер во рамките на годинашната културно-уметничка и спортска манифестација „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“. На средбата, Касами ги претстави неговите заложби за развој и афирмација на културната димензија и спортот заради задоволување на потребите на младите и јакнење на меѓусебната почит. Исто ...
Поранешниот судија од Кавадарци, Лазар Нанев, кој во октомври лани беше разрешен од Судскиот совет поради 95 телефонски разговори со обвинет во предмет што самиот го водел, од 15 јули годинава е повторно вработен во МВР – како инспектор за општ криминалитет во кавадаречката полиција. Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ објаснуваат дека Нанев имал активно право на враќање на работа во рок од 30 дена по престанување на функцијата ...
„Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Од него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да се запре и секој договор со Бугарија што задира во нашето уставно уредување, во нашата култура и идентитет. Името ‘Македонија’ не е само име на држава – тоа е идентитет на народот кој живее во неа“, пишува митрополитот повардарски †Агатангел во својата колумна за „Нова Македонија“. Според него, Европа одамна ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска призна дека институциите во државата немаат точна и усогласена евиденција колку лекари има во здравствениот систем. Според него, податоците кои ги добива од различни институции се разликуваат, а тоа е, како што рече, „базичен системски проблем“. „Јас сѐ уште не знам точна бројка на доктори. И кога велам точна, мислам – бројка е бројка, не може да биде плус еден или минус еден. Ако тоа не го знаеме, ...
На 15 јули, во 23.45 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Штука мотоциклист со иницијали З.С. (33) од село Иловица загинал на лице место откако управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од патот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а телото на починатиот е предадено на ...