Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на НАТО самитот во Хаг, оствари средби со претседателот на Чешка, Петр Павел, премиерот на Република Естонија, Кристен Михал и со премиерот на Кралството Белгија, Барт де Вевер. На средбите соговорниците изразија задоволство од одличната билатерална соработка и партнерство во различни области и поддршка за евроинтегративниот пат на државава. Заблагодарувајќи му се на претседателот Петр ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забележаниот раст на туризмот во Македонија за 20 проценти, како и за тоа на што се должи растот и кои се очекувањата на Владата, изјави: „Да, тоа е добар податок во првите четири месеци од оваа година. Добар податок во смисла на тоа дека повеќе од 20% имаме и туристи и ноќевања. Тоа значи повеќе пари, за граѓаните кои ...

На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Бојковски истакна дека седницата за разрешување на претседател на Управен одбор не треба да се одржи поради тоа што Советот нема право да разрешува претседател на Управен одбор. „Седницата за разрешување на претседател на Управен одбор не треба да се одржи затоа што немаме право да разрешиме претседател на Управен одбор. Прва работа кој гласал, ...

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Сашо Петрушевски, денеска учествуваше на Регионалниот форум на MARRI, кој се одржа во Тирана, Република Албанија. На форумот беше дискутирано и едногласно усвоено Годишниот извештај на Регионалниот центар на MARRI за периодот јули 2024 – јуни 2025, како и Независниот финансиски извештај за 2024 година, што претставува значаен чекор кон транспарентност и ...

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување. Димитриевска рече дека тие немале докази „какви што сакаат да има“, но за нив неспорно е дека исказите на обвинетите се докази. „Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски, иако не слушнавме аргументи од судот, неспорен факт е дека само родителите ...

Александар Ѓорчески, татко на убиената Вања, е ослободен од вина. Судијата рече дека обвинителите не докажале вина кај него. „Јавниот обвинител не докажа дека надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил делото“, рече судијата Ивица Стефановски. Според Обвинителството, Ѓорчевски наводно им помогнал на останатите обвинети во планирањето на киднапирањето на неговата ќерка, преку давање информации директно до Љупчо Палевски. За разлика ...

Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски и Велибор Манев се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорческа. „На секој од обвинетите поединечно им одредува доживотен затвор“, рече судијата Ивица Стефановски. Случајот започна во ноември 2023 година, кога Панче прво беше пријавен за исчезнат, а неколку дена подоцна и малолетната Вања. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември, во близина на Велес и кај местото наречено ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс ја искористи говорничката бина на Републиканската вечера во Охајо за да ја претстави таканаречената „Трампова доктрина“ – нов надворешнополитички пристап кој, според него, комбинира јасно дефинирани интереси, агресивна дипломатија и прецизна употреба на воена моќ. Во обраќањето, Ванс го посочи неодамнешниот воздушен напад врз Иран како „исклучително успешен пример“ за новата стратегија: „Не само што го ...

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и со членови на СДСМ. Од таму Филипче зборуваше за првата година на ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека државата тоне, додека владините функционери се кријат зад празни зборови и лажни успеси. „Откако сфатија дека незадоволството расте и граѓаните се чувствуваат измамени, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најдоброто допрва ќе ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски престојува во Хаг како дел од македонската државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на покана на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте. Посетата се одвива по повод самитот на Алијансата. Муцунски учествувал на работна вечера во форматот Совет НАТО – Украина, на која присуствувале и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, како и високата ...

„Корумпираните кадри кои СДС ги има се очигледни, изборот на Костадин Ацевски за кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров е апсолутно политичко разочарување, кандидат кој е поврзан со контроверзии и сомнителни активности“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: СДС покажа дека располага само со несоодветни кандидати кои се олицетворение на урбанистичката мафија која поддржува агресивна бетонизација, на семејното насилство и на преоптоварување на ...

Иранските власти соопштија дека уапсиле над 700 лица поради наводна поврзаност со израелската разузнавачка служба Мосад, објавија државните медиуми. Агенцијата Nour News пренесе дека апсењата се случиле во изминатите 12 дена, откако започнаа израелските напади врз иранска територија. Според медиумот Fars News, близок до иранските безбедносни структури, приведените се нарекуваат „израелски платеници“, а при акцијата биле запленети и 10.000 ...

Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот претседател Александар Вучиќ разговарале за наводните испораки на српско оружје во Украина, за време на нивната средба во Москва по повод Денот на победата на 9 мај, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Темата беше допрена за време на разговорите“, изјави Песков за РИА Новости, реагирајќи на прашањата за можно ново затегнување на односите поради обвинувањата од руските разузнавачки ...

Иако Израелските напади се прекинати, стотици Иранци продолжуваат да бегаат од земјата, сведочи дописничката на BBC, Лајс Дусет, од главниот граничен премин со Турција. Натоварени со куфери и со замор на лицата, бегалците не кријат дека немаат намера наскоро да се вратат. „Ова е само привремено примирје“, вели еден маж, додека другите околу него молчешкум се согласуваат. Недовербата кон стабилноста е очигледна. Иако нападите привремено ...

Израелската армија соопшти дека седум нејзини припадници – еден офицер и шест војници – загинале вчера во борбите на југот на Појасот Газа, во реонот на Кан Јунис. Во одвоен инцидент, исто така на југот, еден израелски војник бил тешко ранет. Според израелски медиуми, загинатите војници се наоѓале во оклопно возило кога експлозивна направа поставена под него детонирала и предизвикала пожар. Во истиот реон минатиот месец израелската армија ...

Нападот на САД врз три ирански нуклеарни постројки изминатиот викенд беше едно од најкомплексните воени воздушни дејства во поновата историја. Седум „невидливи“ бомбардери B-2, со по двајца членови на екипаж, полетаа од базата Вајтман во Мисури, прелетаа половина свет и се вратија назад – во операција долга 37 часа без слетување, објави CNN. Учесниците во мисијата преживеале буквално физичка и ментална граница на издржливост. За време на ...

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја стартуваа кампањата „Купувај домашни земјоделски производи“, со цел да се стимулира растот на домашната економија и да се поттикне зголемена потрошувачка на македонски земјоделски производи. „Со оваа кампања не само што ја поттикнуваме побарувачката на пазарот, туку создаваме услови за земјоделците да се вратат на нивите и да го зголемат производството. Македонија треба да ...

Поради најавени високи температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје ги повика работодавачите и работниците на строго почитување на препораките за заштита при работа во услови на екстремна горештина. Работодавачите се должни: Да обезбедат вентилација и климатизација на работните простории. Да овозможат климатизирана просторија за разладување („засолниште“). Да ги организираат работните часови така што ќе се избегнува работа на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот остро го критикуваше Израел поради, како што рече, кршење на договорениот прекин на огнот со Иран, додавајќи дека е незадоволен и од Техеран и од Тел Авив, но особено од израелската страна. „Израел веднаш по договорот фрли бомби. Тоа не е во ред“, изјави Трамп пред заминувањето на самитот на НАТО, предупредувајќи ја израелската влада да не ги продолжува нападите. Од Израел пристигна смирен и ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според најавите, треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. За убиствата се обвинети Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски. Во обвинението стои дека обвинетите испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето Панче Жежовски од ...

Во Македонија денеска се очекува сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени. Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална дневна температура до 39 степени Целзиусови. Под влијание на топла воздушна маса од југ до петок времето ќе биде многу топло. Дневната ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТВ „Една година Влада“ истакна дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се обезбедуваат стратешки инвестиции за идните генерации како што се изградбата на брза железница, болници, но се разговара и за изградба на Чебрен и Галиште кои се од големо значење од повеќе аспекти. „Со пруга каде карго воз ќе движи со просечно 110 километри на час, ќе се зголеми ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Кавадарци, имаше средба со лозари, на којашто се разговараше за состојбата во земјоделството, посебен акцент на отсуството на развојни мерки од страна на Владата на ВМРО ДПМНЕ за поддршка на лозарството како извозно оринетирана гранка. Во обраќањето пред лозарите, Филипче посочи дека за една година ВМРО ДПМНЕ ги понижи и осиромаши сите земјоделци вклучително и ...

Дарко Златев, вујко на Надица – една од жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, објави видео посветено на 62-та млади што ги загубија животите. Во видеото, преживеаните и роднините пуштаат бели балони во небото како симбол на простување и вечна почит. Снимката е објавена по повод 100 дена од трагедијата. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Денес не стоите тука како жртви, туку како сведоци на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неодамна, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, одбил понуда за соработка околу ескалацијата меѓу Израел и Иран – враќајќи го фокусот на, според него, поважниот конфликт: војната во Украина. „Путин ми се јави и рече: ‘Можам ли да ти помогнам со Иран?’. Му одговорив: ‘Не, не ми треба помош со Иран. Ми треба помош со тебе’“, изјави Трамп пред поаѓање на самитот на НАТО во ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека грешка е што процесот на промена на јавниот обвинител Љупчи Коцевски не бил поагресивен. Тој смета дека чудни се пораките кога прво од опозицијата им кажале дека вршат притисок врз правосудството со обидот за разрешување на републичкиот обвинител, а потоа ги обвинуваа дека се во спрега со него и обвинителите, односно дека нарачуваат кој да се гони за пожарот во Кочани, а кој не. „Згрешивме што можеби ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија вели дека не сака да ја коментира истрагата за трагедијата во Кочани за да не влијае врз истата, но посочи дека нема да запре да ја критикува работата на судиите и обвинителите, бидејќи како што рече не е задоволен од испораката на правдата. „Јас не би давал квалификација колку сум задоволен или ...

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи и заклучоците на Комисијата за спроведување на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030, се активира фаза 3, кога се очекуваат вонредно високи температури, кои го загрозуваат здравјето на населението, особено на најранливите групи. Граѓаните потребно е најтоплиот ...

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцираше вицепремиерот Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција. Во своето излагање пред присутните, тој ги презентираше транспoртните политики на Македонија преку ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1019
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Софија

15ᴼ / 10ᴼ
1.03
52%
1019
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.45
93%
1019
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 7ᴼ
1.03
71%
1019
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
76%
1018
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1016
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.68
80%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
68%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056