Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Во едно кафуле во Атина синоќа се случил вооружен инцидент во кој беа повредени две лица, турски државјанин и полицаец, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а информацијата ја пренесе и агенцијата „Танјуг“. Според изјави на сведоци, маж кој престојувал во кафулето, турски државјанин, излегол за момент да разговара со некого, но набрзо се вратил во паника, како да е следен. Набргу потоа, непознато лице пукало кон него, при што го погодило во ...
Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров преку видео-обраќање на својата Фејсбук страница испрати остро предупредување за состојбата во државата, укажувајќи на серијата трагедии кои се случија во изминатиот период, вклучително и вчерашната несреќа во Прилеп, повеќе сообраќајки, како и трагедијата во Кочани. Тој директно го прашува министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој неодамна престојувал во Дубаи, дали успеал да научи нешто од ...
Според извештајот на ЦУК за пожарите на отворен простор за периодот 13/14 јули до 07:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 24 пожари, од кои пет се сè уште активни, додека деветнаесет се изгаснати. Активни пожари се бележат во пет општини: Во општина Дојран, кај селото Николич, гори нискостеблеста шума. Во општина Чучер Сандево, во селото Горњани, исто така е зафатена нискостеблеста шума. Во општина Велес, пожар има во близина на селата ...
Голем пожар избувна во Злокуќани, каде горат и куќи. Според првичните информации, станува збор за тесни улици, каде многу тешко е да стигнат противпожарни возила. Пожарот брзо се ширел. На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Во 20:02 часот преку Е-112 добиена е ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на експресниот пат Прилеп–Градско, при што автомобил „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и паднал околу 40 метри во населено место, информираат од Основното јавно обвинителство Велес. Според првичните информации, возачот изгубил контрола во остра лева кривина, поминал преку веќе оштетена делница од заштитната ограда и излетал од патот. Во несреќата тешко е ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет. Честитајќи им го бракот на годинешните младенци, Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски, претседателката им посака среќен заеднички живот, полн со љубов, разбирање и деца и им подари „галичка пафта“ ...
На 12.07.2025 во 14.00 часот на улица „Браќа Миладинови” во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Љ.Т.(64) од Тетово. При вршење на увид на претходно случена сообраќајна несреќа, полициските службеници утврдиле дека Љ.Т. управувал патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистерски таблици, а било видливо дека е под дејство на алкохол и побарале да го алкотестират, ...
На 12/13.07.2025 во период од 23.20 до 04.50 часот, полициски службеници од НККР Пробиштип, ПСОН Штип, СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд, Управа за јавни приходи и Државен градежен инспекторат за урбанизам, во рамки на активности за откривање на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...
Во изминатите два дена, полицијата регистрираше низа инциденти на подрачјето на СВР Охрид и Кичево, вклучувајќи сообраќајна несреќа со тешко повредено лице, пожари во возила и случаи на семејно и јавно насилство. На 12 јули, во 06:40 часот, на кружниот тек кај улиците „15-ти Корпус“, „Железничка“, „7 Ноември“ и „Ристо Чадо“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно патничко возило „Рено“, управувано од 53-годишниот О.Ф. од с. ...
Панчо Чупаркоски и неговиот 13-годишен син Милан се жртвите на ликвидаторот Пеце Белото. Пред да го стори грозоморниот злочин, попладнето во 17 часот, објавил и фејсбук статус со морничава фотографија. Напишал: „Мојата сестра Љуба Чупаркоска и нејзиниот син … Ми украде и одзеде скоро Сее, останатото им го дадов Сам, но… Не играјте си со оние кои што немаат што да изгубат!“. Потоа го извршил злочинот. Screenshot Пријавата до МВР, дека ги нема ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати официјална честитка до архимандритот Георгиј по повод неговото хиротонисување и востоличување за епископ на Дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. „Со искрена радост и длабока почит, Ви го честитам хиротонисувањето и востоличувањето на челниот престол на Дебарско-кичевската епархија. Нека Господ Ви дарува крепко здравје, мудрост и сила во Вашето ...
Австралија нема однапред да се обврзе за евентуално испраќање свои трупи во случај на воен конфликт меѓу САД и Кина околу Тајван, изјави министерот за одбрана Пат Конрој во неделата. Изјавата е реакција на медиумски извештаи дека Пентагон врши притисок врз Канбера да појасни каква би била нејзината улога доколку избие војна во Индо-Пацификот. „Австралија нема да дискутира за хипотетички сценарија. Одлуката дали ќе учествуваме во некаква воена ...
Осум лица се санкционирани вчера во шумски подрачја во Струмичко поради непочитување на одлуката за забрана за движење во шуми, информираат од Министерството за внатрешни работи. На 12 јули, полициски службеници од СВР Струмица спровеле теренска контрола во шумски предели со цел да проверат дали граѓаните ја почитуваат мерката што е на сила од 1 јули до 31 август 2025 година. „При контролата беа затекнати осум лица кои се движеле низ шума без ...
Aмериканскиot претседател Доналд Трамп ги повика своите поддржувачи да престанат да ја напаѓаат неговата администрација поради новите податоци поврзани со случајот Џефри Епстин. Коментарите на Трамп доаѓаат откако Министерството за правда и ФБИ објавија дека нема докази за т.н. „список на клиенти“ или за уцени од страна на озлогласениот финансиски измамник и сексуален престапник. Во документите, исто така, се потврдува дека Епстин извршил ...
Со гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи и извонредните уметници од Националната Филхармонија на Република Северна Македонија, а под диригентката палка на маестро Едвин Оутвотер, во магичниот амбиент на Античкиот театар вчеравечер беше отворено 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во духот на годинешното мото „Трансформација на сетилата“, виртуозноста на уметниците беше оплеменета со 3Д мапинг на португалскиот ...
Крвава трагедија го потресе Прилеп доцна синоќа, каде во семејна куќа во центарот на градот беа пронајдени три безживотни тела – на 63-годишен маж, 43-годишен татко и неговиот 13-годишен син. Според официјалните информации од МВР, трагедијата започнала на 12 јули околу 21:20 часот, кога К.Ч. (43) пријавила дека од нивниот дом се оддалечиле нејзиниот сопруг П.Ч. (43) и нивниот син. Таа изјавила дека се сомнева оти двајцата се упатиле во домот ...
Двојно убиство и самоубиство вечерва се случило во Прилеп, дознава “Скопје1”. Според неофицијални информации од наши извори, драмата се одвивала за време на семејна веселба. “Скопје1” дознава дека вујко, убил внук и таткото на внукот, по што извршил самоубиство. Засега овие информации се непотврдени од институциите. На терен во месноста каде се случил ужасниот настан, има силно полициско присуство. “Скопје1” побара информации од МВР, а одговор ...
МВР ја откри причината за убиството на влезот од скопското село Батинци кое се случи вчера, а каде што 50-годишниот А.М. им подлегна на прострелни рани откако во него пукал Џ.М., осомничен дека делото го сторил од одмазда поради одбиван предлог за брак. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот е пријавен во 10:15 часот, а жртвата била веднаш пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што околу ...
Куќен притвор доби лицето С.Љ. кое Обвинителството го гони за физички напад и закани упатени кон градоначалничката Данела Арсовска. И второто лице, кое има исти иницијали, доби мерки, односно забрана да и се доближува на Арсовска. „С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал оштетената му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка; Додека на второ осомничениот, исто така со ...
Родителите на децата кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно обраќање до македонската јавност, откако нивната интервенција на синоќешниот Петровденски хепенинг предизвика поделени реакции. Во писмото тие нагласуваат дека нивното појавување пред сцената во Паркот на слободата не било чин на омраза или инает, туку очаен обид да спречат веселба изградена врз незарасната болка. „Синоќа, кога ...
По вчерашниот инцидент во скопската Општина Чаир, Министерството за внатрешни работи донесе одлука за одобрување 24-часовно полициско обезбедување на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Одлуката е донесена врз основа на безбедносна проценка подготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ). „Во текот на денешниот ден, градоначалничката ќе биде контактирана од надлежните служби за да се координираат активностите поврзани со ...
По инцидентот од 9 јули 2025 година, кога во близина на складиштето на АСД Метал Груп избувна пожар, а против две лица – Маја Караманова и Александар Николчев – беше поднесена кривична пријава за напад врз службено лице, компанијата упати јавно извинување до засегнатите лица и јавноста. Во писмено соопштение потпишано од управителката Маја Караманова, компанијата се извини на новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини, кои биле ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по вчерашниот инцидент на улицата „Севастополска“, при кој беше физички нападната градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Според обвинителството, првоосомничениот маж, кој се претставил како сопственик на нелегален објект во градба, ја навредувал и ѝ се заканувал на ...
Трката за кандидатурата за градоначалник на Скопје полека се заострува, особено во редовите на СДСМ, каде сѐ уште не е донесена конечна одлука, но неколку имиња веќе добиваат на тежина. Како најсериозни потенцијални кандидати се споменуваат Каја Шукова, актуелна потпретседателка на партијата и поранешна министерка за животна средина, како и Ѓорѓи Галетановски, претседател на градската организација на СДСМ и поранешен директор на Зоолошката ...
„Има одредени сомневања, во детали не би сакал да зборувам“. Ова беше одговорот на премиерот Христијан Мицкоски, прашан од новинарите, дали осомничен за намерно предизвикување пожари низ Скопје е функционер од ДУИ. Тој рече дека се водат истраги, се вештачат телефони. „Имаме одредени информации и основани сомневања, дека за она што се случи пред неколку дена во Скопје е организирана акција. Имаме приведени, одземени телефони. Доколку се ...
Целта на Бугарија е до европартнерите и до НАТО да испратат порака преку која ќе нѐ обвинуваат нас ние сме виновниците, вели премиерот Христијан Мицкоски по барањата од Бугарија за извинување и острата реторика кон Македонија. Според Мицкоски, светот и Европа виделе која е целта на Бугарија. „Целта не се разликува во ништо од целта на руското раководство во за Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и идентитетски ...
Премиерот Христијан Мицкоски не сака да ја коментира скопската градоначалничка Данела Арсовска, а институциите ги повика да постапуваат и да го решат инцидентот. „Државата има институции, ги повикувам да постапуваат по случајот. Што се однесува до градоначалничката на Скопје многу работи се кажаа, не би имал што да додадам“, рече кусо Мицкоски. Ова доаѓа откако вчера Арсовска во Чаир тврдеше дека била нападната, удирана со клоци и раце, а ...
Бугарскиот премиер Росен Жељазков го повика својот македонски колега Христијан Мицкоски да се извини за метафората со „лавот и глушецот“, која ја употреби во реакција на изјава од бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев. „Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини, бидејќи кога шеф на влада упатува такви навреди кон член на странска влада, тоа ги нарушува добрососедските односи и довербата, која е многу кревка во овие ...
Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се соочи со револтот на семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, откако се појави кај сцената во Кочани каде требаше да има забавен дел од програма за празникот „Петровден“ Причината за протестот беше одлуката на Општина Кочани да организира музичка програма, во време кога и матурите се откажаа. Присутните, длабоко повредени од одлуката, му го ...
„Очигледен е очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, штом повторно се потпираат на лажни анкети, фабрикувани во нивната партиска лабораторија. Мицкоски, по примерот на неговиот ментор Никола Груевски, троши 400.000 евра народни пари за платени анкети и измислени рејтинзи, надевајќи се дека со лажна слика ќе ја прикрие реалноста“, велат од СДСМ и додаваат: Наместо силна реакција за справување со пожарите, наместо вистинска грижа за ...