Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предлага најголемо активирање на нафта од стратешките резерви во историјата, со цел да се ограничат цените на суровата нафта, кои се зголемија американско-израелската војната против Иран. „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори објави дека на вчерашниот состанок на ИЕА било договорено да се активираат итните резерви. Но, секоја од 32 земји-членки на ИАЕ денеска треба да донесе одлука. ...
Илјадници автори објавија „празна“ книга наречена „Не ја крадете оваа книга“ во знак на протест против компаниите за вештачка интелигенција (ВИ) за кои тврдат дека ја користат нивната работа без дозвола или надомест. Околу 10.000 писатели учествуваа во проектот, меѓу кои Казуо Ишигуро, Филипа Грегори и Ричард Осман, објави Гардијан. Книгата не содржи текст, туку само список на имиња на автори, а копии ќе бидат дистрибуирани во вторник до ...
Лука Дончиќ потврди дека ја прекинал врската со својата свршеница Анамарија Голтес и оти води правна битка за старателство над нивните две ќерки, потврди ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс за „ЕСПН“. – Ги сакам моите ќерки повеќе од сè. Направив сè што можев за да бидат со мене во САД во текот на сезоната, но тоа не беше можно. Неодамна донесов тешка одлука да ја прекинам мојата врска. Сè што правам е за среќата на моите ќерки. Секогаш ќе се ...
Американските сили погодија 10 ирански бродови кои се обидуваа да постават поморски мини, информираше претседателот на САД Доналд Трамп на социјалните мрежи. Тој, исто така, ја смени својата претходна објава за иранските напори за поставување мини во Ормускиот теснец, додавајќи два реда во кои ветува дека ќе ги уништи бродовите „насилно“. Трамп претходно му се закани на Техеран со „досега невидени последици“ по медиумските извештаи дека Иран ...
Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски Евреи, кои на овој ден беа насилно одземени од своите домови, од своите семејства и од своето Скопје, испратени кон сигурна смрт во логорот Треблинка, напиша во објава на Фејбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Ова, како што поочува скопкиот градоначалник, е болка што сè уште живее во сеќавањето на нашиот град. -Тие беа наши соседи, пријатели, еснафи - луѓе ...
Иранските вооружени сили во текот на ноќта започнаа масовен бран напади со ракети и дронови насочени кон Израел и повеќе држави во Персискиот Залив. Додека израелската ПВО пресретна голем дел од проектилите, иранските медиуми блиски до Револуционерната гарда го опишаа нападот како најобемната операција од почетокот на војната. Според израелските воени извори, ракетите кои не биле соборени паднале во ненаселени подрачја, но армијата веќе ...
Шест лица загинаа, а најмалку четворица се повредени во пожар во автобус што сообраќал на редовна линија во западна Швајцарија, соопшти полицијата синоќа, цитирана од ДПА. Тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата во кантонот Фрибург. Еден вработен во брзата помош е исто така повреден за време на спасувачките операции. Несреќата се случила во општината Керцерс, западно од главниот град Берн. „Можно е намерни дејствија ...
Белата куќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „не би бил задоволен“ ако Русија споделува разузнавачки информации со Иран во војната, но се воздржа од какви било остри критики кон Москва. „Претседателот и специјалниот пратеник Стив Виткоф рекоа дека ѝ пренеле порака на Русија дека ако ова навистина се прави, тие нема да бидат задоволни и дека се надеваат дека тоа нема да се случи“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин ...
Два танкера се погодени со непознати проектили во Ормускиот Теснец, додека во меѓувреме се пријавени и нови напади врз американски воени бази во Катар, Кувајт и Ирак, во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Британската служба за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека денеска уште еден товарен брод бил погоден со непознат проектил во Ормускиот Теснец, по што избувнал пожар на пловилото. Екипажот бил евакуиран, а ...
Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „жив и во добра здравствена состојба“, и покрај раните здобиени во воените дејства, изјави денеска Јусеф Пезешкијан, советник во Владата и син на иранскиот претседател. „Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав неколку пријатели кои се поврзани со него. Ми рекоа дека, фала му на Бога, тој е жив и здрав“, напиша Пезешкијан на платформата Телеграм. Иранската државна телевизија го опиша ...
Во периодот од 01.03.2026-10.03.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6.264 издадени платни налози, 1.800 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 151 лице, од кои 32 за возење под дејство на алкохол, еден за возење ...
Во станбено-деловен објект на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово е откриена кражба на електрична енергија вредна над 56.000 евра, информираат од тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија. По извршените контроли, било утврдено дека објектот, во кој работат ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина, противправно користел електрична енергија преку специјално изработена подземна шахта. Според наодите, бил ...
Денес наутро во 08:56 часот во СВР Тетово, од Територијалната противпожарна единица Тетово било пријавено дека на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово настанал пожар во куќа. Откако пожарот бил локализиран, било забележано дека во внатрешноста има едно починато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Денес наутро во 08:56 часот во СВР Тетово, од Територијалната противпожарна единица Тетово било пријавено дека на улицата „Вон ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 0, а максималните ќе достигнат до 19 степени. До крајот на работната недела ќе се ...
Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, причина за прекинот се зафати во електродистрибутивната мрежа. Од 08:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на бул.„Партизански одреди“ бр. 125-2 во општина Карпош, од 9 до 13 часот дел од корисниците на ул.„Шидска“ кај менувачницата Срна во ...
Вчера (10.03.2026) во периодот од 09.00 до 14.00 часот, на подрачја на повеќе Сектори за внатрешни работи, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, насочена кон санкционирање на прекршоци сторени од возачи на товарни моторни возила. При контролата изречени се вкупно 37 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, 12 мерки се ...
Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред спомен обележјето во поранешниот Монопол во Скопје, а ќе се обрати и на настанот организиран по повод одбележувањето на годишнината. Исто така, и собраниска делегација во состав: Љупчо ...
Македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, а побарале да бидат евакуирани, денеска од Ријад ќе се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата. За евакуацијатa од Ријад се пријавени 153 патници. Од нив, 96 се од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и 9 од Саудиска Арабија. -Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е ...
Најстудено утрово беше во Берово каде беа измерени минус 6 степени. Минус три степени беа измерени во Битола, додека минус 2 во Скопје-Петровец. Се очекува температурите денеска да достигнат до 20 степени. Во Крива Паланка, Претор, Струмица, Mаврови Анови, Попова Шапка беа измерени минус 1 степен, во Тетово, Прилеп, Велес, Демир Капија, Гевгелија нула степени, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Kрушево еден степен и два степени во Штип, Охрид, ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на булеварот „Видео Смилевски – Бато“ во скопската населба Ново Лисиче, непосредно пред трговскиот центар „Лиса“. Според првичните информации, во несреќата учествувале две возила, а на местото на настанот присутни се полициски екипи. Засега нема официјални информации, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот. Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на булеварот „Видео Смилевски – Бато“ ...
Нa 29 март, поточно ноќта меѓу сабота и недела, точно во 2 часот наутро, стрелките на часовникот се поместуваат на 3 часот. Во тој миг, еден час од нашиот викенд исчезнува. Правилото е едноставно: Напролет, стрелките одат напред. Со други зборови, се движиме кон летото и подолгите денови, иако имаме еден час помалку за сон. И, за разлика од дел од луѓето, повеќето паметни телефони и часовници автоматски ќе се приспособат на новото време. ...
На 10.03.2026 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е поднесено барање до Основниот граѓански суд Скопје за итна мерка за отстранување од дом за Љ.Б. (68) од Скопје поради извршено семејно насилство. На 09.03.2026 во 22:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Б. постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода упатувал закани со остар предмет кон ...
На 10.03.2026 околу 06:00 часот во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Неготино го лишија од слобода Р.М.(24) од с.Студеничани, скопско. Претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници Полициската станица за ...
Девет предмети за дискусија, едно барање за преиспитување на одлука на Уставниот суд и два предлога за донесување на конечни одлуки се на дневен ред на денешната седница на судот. Меѓу иницијативите што ќе се најдат на дневен ред е и онаа со која се оспорува терминот „привремен“ во Законот за таксата за привремен престој, поднесена од Славко Лазовски, кој смета дека овој термин не е усогласен со современите уставни вредности. Судот ќе ја ...
На 10.03.2026 во 22:30 часот на место викано „Краварски пат“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода С.E.(62) од Република Турција. При преглед во патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки,кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатно–транзитен центар Винојуг во Гевгелија за ...
Судијата Савески е сè поблиску до функцијата државен јавен обвинител. Извесно е дека ќе го добие потребното мнозинство од најмалку 61 пратеник во парламентот, иако од неговото номинирање од Владата поминаа само неколку часа. Она што е неизвесно е дали на пратениците од власта ќе им се приклучат и оние од опозицијата. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ целосно застануваат зад изборот што го направија на Илинденска: дека од понудените ...
Американската компанија за производство на автомобилски делови „Гентерм“ лоцирана во ТИРЗ Прилеп ќе отпушта работници поради осовременување на своето производство, ова денеска го потврди заменик министерот за економија Марјан Ристески. Засега нема официјална потврда за колку ќе се намали бројот на вработени во оваа компанија, неофицијално се зборува дека ќе се отпуштат околу 400 лица поради одлив на производството во Мароко и дел повторно ...
Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, одржа итна седница во проширен состав, со присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот за правда Ален Деребан, претставници на Јавното обвинителство, ...
Вкупно 14 пријави за семејно насилство се евидентирани деновиве, четири лица се лишени од слобода, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Во гостиварско село денеска полициски службеници од ОВР - Гостивар го лишиле од слобода А.Р., на возраст од 21 година, постапувајќи по претходна пријава од неговата невенчана 23-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и физички ја нападнал, при што употребил и остар предмет. Во ОВР - ...
Владата го избра судијата Ненад Савески како предлог за нов републички јавен обвинител. Собранието следната недела ќе треба да го изгласа, со мнозинство од 61 пратеник. Но како Владата одлучи дека судијата од Кривичниот суд е подобар кандидат од останатите три обвинителки, Анита Тополова Исајловска, Ленче Ристовска и Лидија Раичевиќ? Портпаролката вели дека се водела конструктивна дискусија на Владината седница и се раководеле од принципите ...