Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Од Џалалабад денеска продолжија спасувачките операции со хеликоптери во обид да се стигне до селата во епицентарот на земјотресот што го погоди Авганистан. Нивна задача е да ги пренесат повредените во регионалната болница во овој источен авганистански град, јави Би-Би-Си. Според локалното население, многу луѓе сè уште се заробени под урнатините. Во планинскиот терен на Кунар, пристапот по пат до погодените области е тежок дури и во најдобри ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг, во пресрет на големата воена парада во кинескиот главен град, пренесе Би-Би-Си. Путин ги пофали односите меѓу двете земји, велејќи дека тие се на „невидено ниво“, додавајќи дека нивната „блиска комуникација ја одразува стратешката природа на руско-кинеските врски“. -Драг пријателе, и јас и целата руска делегација сме задоволни што ...
Процесот на проширување на ЕУ ќе биде главна тема на првата сесија на неформалната средба на министрите за европски прашања на 27-те земји членки на ЕУ и нивните колегите од државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина што денеска се одржува во Копенхаген. Според најавата на Данското претседателство со ЕУ, главниот фокус на дискусијата под наслов „Од Копенхаген, преку Копенхаген, до Копенхаген“ ќе биде ставен на различните аспекти ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо потврди дека за време на неговата посета на Пекинг ќе има билатерални средби со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот лидер Си Џинпинг, како и други високи функционери на Народна Република Кина. Фицо ја критикуваше Европската Унија поради одлуката да не испрати свои претставници на овој значаен собир, јави телевизијата Та3. Оваа недела Кина е домаќин на самитот на Шангајската организација за соработка ...
Без инциденти доцна синоќа во Белград заврши комеморативната прошетка на десетици илјади демонстранти кои одбележаа 10 месеци од загинувањето на 16 луѓе откако се урна реновираната бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Демонстрантите се собраа на повик на средношколците во државата – повод за тој протест, што се одржа во градови во Србија, е десет месеци од падот на настрешницата на железничката станица, несреќа што доведе ...
Археолошкиот локалитет Стоби годинава го посетиле над 13.100 посетители, од нив најбројни се странските туристи од САД, Австралија, Полска, Австрија, Швајцарија, како и од земјите од регионот – Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Хрватска, Словенија. Од НУ „Стоби“ за МИА информираат дека археолошкиот локалитет го посетуваат и домашни гости, но, како што велат, тие се во помал број. Најбројни посетители од земјава, посочуваат оттаму, се ученици ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 19-годишник со живеалиште во Гевгелија на 31 август бил затекнат од полициски службеници на улицата “Наум Евро” во Скопје, во ...
На територија на државава, според информациите од Центарот за управување со кризи, активни се шест пожари, а три се ставени под контрола. Активни се пожарите кај селото Марвинци во општина Валандово, кај селото Ајватовци во општина Илинден, кај селата Црнилиште и с. Долгаец во општина Долнени, кај селото Живиње во општина Куманово, кај селото Липково во истоимената општина и кај селото Никуштак, исто така во општина Липково. Под контрола се три ...
Документи за незаконско следење на премиерот Мицкоски додека тој беше опозиционер, обвинители, бизнисмени, како и новинари од страна на службени лица на Агенцијата за национална безбедност од 2019 година до лани, се предадени на Обвинителството и се чека истрага, вели директорот на АНБ Бојан Христовски. Тој потврди дека во изминативе години безбедносните служби повторно биле користени за политички и бизнис пресметки. Од Обвинителството за ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои три се активни, три под контрола и 11 пожари се изгаснати. Како што стои во соопштението од ЦУК, активни се пожарите во општина Илинден кај село Ајватовци каде што гори ниска вегетација, во општина Долнени кај селата Црнилиште и Долгаец каде што гори нискостеблеста вегетација, како и во општина Липково кај ...
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, денеска на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), изјави дека Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет и со уцени и санкции се обидува да ја одржи својата доминација. Тој наведе дека дискусиите и иницијативите изложени на Самитот на ШОС во Тјанџин, Кина покажуваат дека се формира мултиполарен свет. – Западните земји се обидуваат да го спречат тоа. Тие ...
Не се чувствуваат виновни двајцата обвинети во случајот „Геријатрија“. Поранешниот директор на Клиниката за Геријатрија Мухсин Арифи кој се гони за примање поткуп и Блерим Амити, кој посредувал пред Судот кажаа дека не чувствуваат вина. Арифи, според обвинителниот акт, побарал 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, пак, се понудил да посредува и ги примил парите, па на лице место бил фатен од ...
На 31.08.2025 во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани– с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор „имт“, управуван од В.Р.(35) и трактор „имт“, управуван од М.Р.(31), двајцата од с.Љуботен, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Е.С.(46) од истото село, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, утрово го посети општинското основно училиште „Киро Глигоров“ за да им посака успешен старт на првачињата и сите ученици по повод првиот ден од новата учебна година. Во своето обраќање, тој информираше дека од следната учебна година, се воведува бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение. „Денеска, првачињата го започнуваат своето најважно патување, најубавиот дел од ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно ...
Висока делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад, од утре ќе престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија. Делегацијата од Романија ќе биде пречекана со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, по што ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сaшко Лафчиски. Главни теми на средбата, ...
Се намалува бројот на работници во индустријата. Статистиката објави дека во првото полугодие имало за 4 отсто помалку вработени во споредба со истиот период лани, додека пак само во јули бројката изнесува 3,8 отсто. Најголеми отпуштања имало во преработувачката индустрија – посебно во производството на облека, текстил и кожа. Бројките се должат на намалните нарачки од странските партнери, велат од овој сектор. За многу ни се намалени нарачките. ...
Кои странски доктори ќе прават стручен надзор по наводите на Кедев за непотребни операции во приватни болници се уште не се знае. Од Министерството за здравство и денеска одговорија дека е во финална фаза формирањето на комисијата со експерти од европски земји, а кои се тие ќе ја информирале јавноста по комплетирање на тимот. Во игра беа кардиохирурзи од Словенија, Италија, Германија и Австрија. Две недели по информациите на интервентниот ...
Резолуцијата на СДСМ за црвени линии во преговорите со Бугарија јавноста ќе ја види до крајот на оваа недела. Како што најави опозицискиот лидер, целта е пратениците да се согласат дека по внесувањето на Бугарите во Уставот ново вето од официјална Софија ќе значи и крај на преговорите. Ја обвини Владата ги запрела преговорите и воопшто не е активна на полето на интеграциите За да бидат блокирани, преговорите со Европската Унија прво мора да ...
Ако до полноќ не се случи некое чудо, гласачки ливчиња на метро на овие избори нема да има. На 12 часа пред крајот на рокот кој истекува ноќеска 32 кандидати во 19 различни општини почнале постапка за собирање на потписи. Имајќи предвид дека им требаат само два, нивното учество на изборите е речи си сигурно. Најмногу независни кандидатури, шест, има во Прилеп. Пет се во Демир Хисар а по две во Македонска Каменица, Новаци и Битола. Во останатите ...
Обвинителството за организиран криминал и корупција постапува по трите предмети за следење на комуникации од страна на поранешното раководство на АНБ. Од ОЈО ГОКК до овој момент само потврдуваат дека трите предмети се распредели кај јавен обвинител. Откако од агенцијата во петокот брифираа дека на оваа листа се наоѓале новинари, јавен обвинител, министер од владата на СДСМ, но и тогашниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски, засега од ...
Училишното ѕвонче денеска повторно ги врати учениците во училишните клупи. Повеќе од 17 илјади првачиња за првпат ги запознаа наставниците и дојдоа на училиште. На стартот на новата учебна година 245 илјади ученици добија нови учебници, од нив 177.800 основци и 67.200 средношколци. Новитет е вештачката интелегенција кој ќе се воведе во наставата од второто полугодие. Ќе се обучуваат дел од наставниците, а ќе се применува во сите предмети. ...
Најмалку 800 лица загинаа, а повеќе од 2.500 се повредени во земјотресот што ја погоди североисточната авганистанска провинција Кунар, соопштија властите. - Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, при што загинаа над 800 лица, а околу 2.500 се повредени, соопшти портпаролот на авганистанската влада, Мавлави Забиула Муџахид. Тој истакна дека бројот на жртви може ...
Авионот во кој претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен леташе за Бугарија вчера попладне остана без GPS навигација и мораше рачно да слета, со помош на хартиени мапи. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавија за Фајненшл тајмс дека се сомневаат на руско попречување. „Целата област околу аеродромот остана без GPS“, рече еден од службениците. Авионот кружеше над Пловдив повеќе од еден час, по што пилотот одлучи да ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори својот став дека договор со Хамас за делумно примирје и ослободување на заложниците „не е на маса“, објавија денес израелските медиуми. За време на шестчасовната седница на израелскиот кабинет за безбедност, министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир се залагаше за гласање против предлогот за прифаќање на какви било делумни договори, на што Нетанјаху одговори дека „нема потреба од ...
Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот претседател Си Џинпинг за глобално управување и е заинтересирана да започне конкретно разгледување на кинеските предлози – изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во северниот кинески град Тјенџин. – Сè повеќе земји се обидуваат да соработуваат со ШОС, а искрениот интерес и вниманието на светската заедница кон оваа организација ...
Најмалку 48 лица се уапсени меѓу нив и бизнисмени, воени лица и полицаец во големата акција на грчката полиција на островот Крит за разбивање на криминална организација активна во трговија со дрога и оружје, уцени и перење пари, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Акцијата започнала вчера наутро и е во тек, а според „Катимерини“ претходела осуммесечна тајна истрага, додека од уапсените, 16 лица се веќе притворени. ...
Северна Македонија се позиционира на 51. место на Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година, со резултат од 1,799, што претставува пад од четири позиции во однос на минатата година, според извештајот на Институтот за економија и мир (IEP). Оваа позиција ја става земјата во средината на листата од 163 држави во светот, а е во рамки на регионот Западна и Централна Европа, кој останува најмирен во светот, иако бележи благ пад од 0,57 отсто во ...
Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 25.08.2025 до 31.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на ...