– Американскиот сенатор од Јужна Каролина, Линдзи Греам почина синоќа, објави неговата канцеларија на платформата Икс. Греам почина на 71-годишна возраст, а според американските медиуми, синоќа во неговиот дом била повикана брза помош по пријава за срцев удар. Неговото последно појавување беше пред два дена, кога во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Греам беше еден од најистакнатите сојузници на претседателот ...

Гувернерот на руската Ростовска област, Јуриј Сљусар изјави дека украински дрон погодил танкер, кој од Азовско впловил во Црно Море. По нападот на бродот избил пожар, што набрзо бил изгаснат. Нема опасност од истекување на нафта, бидејќи резервоарите биле празни. Во нападот нема повредени лица. Украинската армија изминатите дена спроведува кампањата да го спречи снабдувањето со гориво на руските сили и да го изолира окупираниот полуостров ...

Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“ од Кочани денеска го организира 19. традиционален Петровденски планинарски марш на релација Пониква – Раткова Скала. Маршот, што секоја година собира голем број планинари, рекреативци и љубители на природата од Македонија и странство, започна во 7:00 часот од местото викано „Аеродром“ на Пониква. Патеката е долга шест километри во еден правец, а пешачењето трае приближно три часа. Организаторите ...

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд ...

Апостол Петар, познат и како свети Петар и Кифа – оригинално име Симеон син на Јона – бил еден од дванаесетте апостоли на Исус. Неговиот живот е видно прикажан во новозаветните евангелија и во Делата на апостолите. Петар бил галилејски рибар на кого Исус му доделил водечка улога, кој наводно му ги дал клучевите од небото и го нарекол „карпа“ на која ќе се изгради црквата. Иако подоцна не се покажал задоволително како ученик во неколку клучни ...

Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај. Галички ...

Тројца планинари синоќа успешно биле извлечени од планината Бистрица. Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во 18:46 часот, во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово била примена пријава од лице кое побарало помош за извлекување од планината Бистрица, поради заглавеност на непристапен и тежок терен. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), според добиените информации, станувало збор за група ...

Романски државјанин синоќа бил успешно пронајден во кањонот Матка, откако побарал помош преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето се изгубило при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. Веднаш по приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи (ЦУК( ги презел сите неопходни активности и ги известил Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 кг, на брегот на Дојранското Езеро. Како што информираат од Дирекцијата, гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за „хаубица“ М14, а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион. МИА ...

– Репрезентацијата на Англија со двата гола на Џуд Белингем стигна до победата од 2:1 против Норвешка, која пак имаше водство од 1:0. Со овој триумф Англија обезбеди полуфинале на Светското првенство. Норвешка поведе преку Андреас Шјелдеруп во 36.минута. На полувреме беше 1:1 откако Англија преку Белингем изедначи во 45+2 минута, а откако немаше победник во регуларниот дел се играа продолжетоци. Повторно човек за одлука за Англија беше ...

Европската одбрана не треба да биде ограничена само на границите на ЕУ, туку треба да добие вистинска континентална димензија преку партнерства со земји кои ги вклучуваат Турција, Обединетото Кралство и Украина, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето. Во коментари за италијанскиот дневен весник „Ла Стампа“ објавени денеска, Крозето се осврна на сигналите дека САД би можеле да го намалат својот ангажман во Европа, велејќи се ...

Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Северна Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на ...

Министерството за здравство на Турција издаде предупредувања за граѓаните во врска со внесот на течности и исхраната поради зголемените температури и влажноста во текот на летните месеци. Во соопштението се советува избегнување на мрсна храна, пржена храна и печива колку што е можно повеќе, а се препорачува подготовка на оброците со варење, печење на скара, динстање или готвење во мала количина вода. Исто така, се препорачува зголемување на ...

Четири републикански и демократски членови на американскиот Сенат соопштија на социјалните мрежи дека добиле одобрение од Белата куќа Конгресот да ги разгледа новите санкции против рускиот енергетски сектор. „Горди сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со администрацијата на Трамп за унапредување на нашето ажурирано законодавство во врска со санкциите против Русија“, наведоа републиканските сенатори Линдзи Грејам и Роџер Викер ...

Маркетите кои неосновано ги зголемиле профитните маржи, ќе бидат предупредени и повикани да ги намалат. Средбата со нив нема да биде во Владата, туку во министерството за економија следната недела. Таму ќе се бараат причините зошто и покрај намалените набавни цени на одредени производи, продажните останале исти. Премиерот Мицксоски вели дека анализата на пазарната инспекција е готова, каде е нотирано дека некои трговци ги зголемиле бруто ...

Американскаат админстрација бара Иран јавно да изјави дека Ормускиот теснец е отворен за меѓународна пловидба и да вети дека ќе престане да пука врз комерцијалните бродови како дел од преговорите што треба да се одржат во Оман во текот на денот. Трамп изјави дека двете страни се согласиле да продолжат со разговорите и покрај борбите оваа недела околу Ормутскиот теснец, што Белата куќа ги сметаше за кршење на прекинот на огнот.Иранскиот ...

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода О.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“ по член 237 и член 238 од Кривичниот законик. - Првото кривично дело го сторил на 12.06.2026 на кеј „Димитар Влахов“, каде заедно со уште две други лица физички нападнале 38 годишен маж и му одзеле велосипед и паричник со пари и документи. Второто кривично дело ...

На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46) кој возел мерцедес со брзина од 203 километри на час, а дозволено било 120. - При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, но и дека е направена анализата за цените и маржите на околу 600 до 700 производи. Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во градежните активности за реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Мицкоски рече дека во најкус можен рок ќе бидат преземени соодветни мерки. – Очекуваме во најкраток ...

Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо, порача денеска од Штип, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој одговараше на прашањето дали наскоро ќе се донесе Изборниот законик и кој е ставот на ЗНАМ по ова прашање. Димитриевски посочи дека за нив како партија воопшто не е спорно гласањето на дијаспората. -За нас како ЗНАМ, воопшто не е спорно гласањето на нашите граѓани кои што живеат или работат привремено во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“. Како што соопшти Кабинетот на претседателката, таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ...

Поголема едукација за создавање квалитетен кадар, отворање туристички информативни центри и многу поагресивна промоција надвор од државата се дел од предлозите на туристичките работници од Југоистокот за новата Национална стратегија за развој на туризмот 2027–2032 година. На работилницата што се одржа во Струмица, тие потенцираа дека и покрај сите убавини, регионот е речиси невидлив за странските гости. Дека е потребна поголема видливост и ...

Не се точни информациите кои во последниот период кружат на социјалните мрежи дека во Прилеп бројот на лица инфицирани со ХИВ вирусот е зголемен за околу 50-тина лица, демантираат од Центарот за јавно здравје од Прилеп, од каде потенцираат дека од 1987 година од првиот регистриран случај во градот досега има 37 лица регистрирани лица со ХИВ/СИДА од кои 23 се ХИВ позитивни, 14 се болни од СИДА и има 7 починати лица. Од овие 37, 3 лица се ...

Новиот топлотен бран го зголеми бројот на повици во скопската Брза помош. Екипите дневно имаат по 70-тина интервении, а една третина се на јавни места. Последните 3 дена во едно деноноќие регистрираат и по 7-10 колапси, а само денеска до пладне 5- мина граѓани се онесвестиле поради високите температури. Како што велат од Службата интервенирале и кај млади и претходно здрави лица, но и кај социјално ранливи и бездомници кои остануваат на ...

Продолжуваат инфраструктурните капитални инвестиции во Охрид. Министерката за образование Јаневска најави дека покрај зафатите за реновирање на Регионалниот центар за стручно образование, Електро-машинскиот центар, а годинава или до почетокот на идната година ќе започне и целосната реконструкција на Студентскиот дом кој е во лоша состојба момeнтално затворен и во процес на промена на раководството. Со вкупна вредност од 100 милиони денари се ...

Додека Брисел следната недела станува центар на евроинтеграциите за дел од земјите од Западен Балкан, Македонија останува само набљудувач. Во вторник, на четири големи меѓувладини конференции, Црна Гора и Албанија ќе направат огромен чекор напред кон ЕУ со затворање на три клучни поглавја, а нови кластери се отвораат и за Украина и Молдавија. Но, на овој густ европски календар, Македонија ја нема никаде. За опозицискиот лидер Венко Филипче, ...

Речиси без шанси останува донесувањето на Изборниот законик до среда, рокот кој го определи Брисел за целосно исполнување на реформската агенда за да се добијат дополнителни 4 милиони евра од Планот за раст. Лидерот на СДСМ цврсто на ставот дека не попушта за гласање на дијаспората надвор од гласачко место. Бара оваа одредеба да се тргне и за неа евентуално да расправа експертска работна група до 2028 година. Филипче смета дека постојните ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, информираат од Владата. Мицкоски потоа ќе изврши увид на реконструираната улица „Кленоец“ во општина Охрид. Како што соопштуваат од Владата предвидено е премиерот да даде изјава за медиумите. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека формира посебна команда која ќе се фокусира на длабоките напади врз Русија, а ќе формира и нова сила за брз одговор, која ќе вклучува сили за напад и единици за беспилотни летала. Руската енергетска инфрастуктура илјадници километри оддалеченост изминатиот период е цел на украинските напади со дронови. Последните недели, Украина речиси секојдневно пријавува напади, а ...

Од северните и источните делови на Тајван евакуирани повеќе од 14.000 луѓе, првенствено од планинските региони, поради тајфунот Бави. Иако Бави слабее и не се очекува да го погоди брегот на Тајван, властите во Тајпеј презеде мерки на претпазливост за да спречат евентуални жртви. Откажани се 917 меѓународни летови, како и сите 274 домашни летови Во речиси сите градови и окрузи на Тајван денеска е неработен ден поради тајфунот. А железничкиот ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.13
30%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
4.0
52%
1021
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.49
45%
1024
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.35
34%
1019
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.07
32%
1018
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.2
64%
1024
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
8.05
36%
1013
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
0.75
34%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.51
33%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
7.15
54%
1019
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.24
44%
1024
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
5.27
76%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Иридиум

252383.36

Бакар

13.39

Злато

141562.95

Алуминиум

3.36

Паладиум

43596.41

Кобалт

56.29

Родиум

278907.73

Цинк

0.00

Платина

56263.81

Рутениум

53852.50

Калај

55.56

Сребро

2099.49