Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Високите температури но и ненедејните временски промени со летни бури и пад на температурите ризик за посетителите на планина.Спасителите апелираат на поголема внимателност до љубителите на природата за максимална претпазливост, движење само по обележани патеки, носење соодветна опрема, храна, вода и телефон со полна батерија, како и навремено пријавување на движењето. Охрид со своите природни убавини има услови за развој на планински туризам ...
На 75 годишна возраст по долга и тешка борба со здравствените проблеми почина доајенот на македонскиот хумор,актерот Гоце Тодоровски. Еден од најпочитуваните актери во историјата на македонското глумиште ја заврши својата животна кариера. Веста за заминувањето ја потврди неговата ќерка Сашенка Тодоровска. Во емотивната порака напиша дека Гоце имал огромна желба за живот, но за жал, неговото срце не издржало. „Уште кога си замина кумац Ванчо, ...
Малолетници го полнат полицискиот билтен – без возачка управаат автомобили и мотори, а предизвикуваат и сообраќајки.. Во само едно деноноќие, контролите на сообраќајната полиција откриле три случаи на недозволено управување на моторни возила во кои зад управувачот седеле малолетници.. Според билтенот на МВР, сите тројца биле лишени од слобода.. 16 годишник од селото Алдинци доцна синоќа со автомобил Мерцедес се возел низ селото Кривогаштани, ...
Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги се до полноправно членство во ЕУ, ваква порака му пренел шефот на македонската дипломатија Муцунски на средбата со шпанскиот државен секретар Фернандо Мариано Сампедро Маркос кој е во посета на Македонија. Како што соопштија од МНР по средбата, во фокусот на разговорите биле европската интеграција на Македонија и процесот на проширување. Ја ...
Дополнетиот Ребаланс на буџетот влезе на Пленарна седница во Собранието. За опозицијата е признание за слаб институционален капацитет, за власта, пак, средствата од ребалансот се за реализација и комплетирање на сите планирани и почати капитални проекти. Првата финансиерка, Гордана Димитриеска Кочоска образложувајќи го ребалансот пред пратениците кажа тој е одговор на предизвиците што ги носи неизвесноста на глобално ниво и континуитетот на ...
Подолга инкубација на некои бактерии и вируси, непочитување на мерките и зараза од контакти – ова се дел од причините зошто се уште има поголем број на гостиварци кои бараат лекарска помош поради стомачни тегоби. Според графиката што ја објавува министерството за здравство, вчера во болницата и здравствениот дом во Гостивар на преглед биле 127 граѓани и од 14 ти досега регистрирани се 4197 болни. -Почитувањето на мерките ќе го ограничи бројот ...
Во водата во Гостивар повеќе нема фекалии, но се уште е небезбедна за пиење. По десетина дена, ова е делумно олеснување за гостиварци кои од денеска водата ќе може да ја користат како техничка, за бањање, миење садови и во домаќинството, но се уште не смеат да ја користат за готвење. Анализите на ЈП Водовод покажале дека во последните мерења нема штетни материи, но не смее да се користи како питка вода. „Бевме на терен секојдневно, екипите ...
Дваесет и осумгодишен државјанин на Словенија е лишен од слобода во Охрид по пријава дека физички ја нападнал својата 21-годишна девојка. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 26 јули околу 06:30 часот. Полициски службеници од СВР Охрид го привеле К.Г. (28) пред казино на улицата „Абас Емин“, откако било пријавено дека во станот во кој престојувале во Охрид, тој агресивно се однесувал и ја нападнал девојката. По предлог на ...
Скопјани ќе плаќаат поскапо централно греење уште пред стартот на новата грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за корекција на цените на топлинската енергија, а новите тарифи ќе почнат да се применуваат од 1 август. Најголемо зголемување ќе имаат домаќинствата кои се снабдуваат преку „ЕСМ Снабдување“, каде цената на топлинската енергија расте за 5,96 проценти. Поскапување ќе има и кај останатите снабдувачи, ...
Повторно поскапуваат горивата – бензините за 3, дизелот за 4 и пол денари. Од полноќ, бензинот ЕУРОСУПЕР БС -95 ќе се точи за 93 денари, 98-октанскиот за 95, а дизелот за 98,5 денари по литар. Доколку продолжи трендот на поскапување на светските пазари, Владата кон крајот на неделава би можела повторно да интервенира со мерки за ублажување на ценовниот удар. Или дополнително ќе се кратат акцизите или ќе се намалува ДДВ-то. Ова го најави ...
Три лица беа убиени синоќа во пукање на фестивал на храната во Сиетл, а неколку се повредени, вклучувајќи и едно дете. Полицијата уапси еден осомничен и бара втор осомничен, и верува дека двајцата всушност пукале еден кон друг и дека нема закана за јавната безбедност. „Сè уште се обидуваме да откриеме што се случи“, рече помошник началникот на полицијата во Сиетл, Тајрон Дејвис, додавајќи дека полицијата нема опис на осомничениот кој ...
Иран упати ново предупредување до Бугарија поради одлуката да им дозволи на американски авиони да користат бугарски воени бази за полнење гориво додека учествуваат во операции во Заливот. Ова е трето вакво обраќање од Техеран, а следуваше кратко време откако американскиот претседател Доналд Трамп му изрази благодарност на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, објави „Euronews“. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни ...
Разорните шумски пожари што беснеат во југозападна Франција зад себе оставаат сцени на целосно уништување додека 220.000 луѓе, вклучувајќи туристи и локални жители се евакуирани. Според последните информации, околу 240 куќи се изгорени, а 75 пожарникари се повредени во обид да ја запрат огнената стихија што се приближува кон Бордо. Францускуските пожарниакри се надеваат дека намалениот ветер ќе им даде подобра шанса да ги локализираат ...
Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми. -Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите.... - објави неговата ќерка. Гоце ...
Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски. Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување храна. - По ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против управител и сопственик на правно лице и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување. Според наводите, во периодот 2024-2025 година не бил пријавен и платен законскиот надоместок за отпад од увезен текстил во износ од 3.852.067 денари, со што бил оштетен Буџетот на државата. Како што соопштуваа од Управата, ...
Невремето што неодамна ја зафати општина Чешиново-Облешево не ги поштеди ниту штрковите. Неколку птици беа повредени, а додека дел од нив закрепнуваат, локалната самоуправа најавува отворање на првиот центар за рехабилитација на штркови во Македонија. - За дел од популацијата што е на наша територија, а е повредена, да најдеме соодветен згрижувачки центар. Со една личност од Ранковци, која се грижи за нив, имаме одлична комуникација и таа ни ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти, така што од полноќ бензините ќе поскапат за три денари по литар, дизелот за 4,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за пет денари по литар. Според одлуката на РКЕ, од 28 јули во 00:01 часот, максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР ...
Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата ...
Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид ...
Макроекономските и фискалните остварувања во првата половина од годината условени од надворешните случувања ја наметнаа потребата од ревидирање на иницијалните проекции на Буџетот со цел да обезбедиме дополнителни средства за сервисирање на најприоритетните обврски што произлегоа од потпишаните колективни договори, повеќе средства за земјоделството, за социјалната заштита и општините и, пред сè, повеќе средства за капитални расходи, истакна ...
Од утре следува период на сончево и топло време со мала локална облачност и постепен пораст на дневните температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен и северозападен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 21 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална ...
На 27.07.2026 околу 01:35 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Солидарност“ во Штип, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.С.(22) од Штип, паднал сопатникот Н.А.(21) од Штип. Притоа, сопатникот Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за ...
На 26.07.2026 во 06.30 часот прд казино на ул.„Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Г.(28) од Словенија, постапувајќи по претходна пријава дека, во станот во кој престојувале во Охрид, агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата 21-годишна девојка. Од Основен суд Охрид му била определена мерка притвор во траење од осум дена и бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Охрид за ...
Авионска дезинсекција против возрасни комарци на подрачјето на Скопје ќе се спроведе на 30 и 31 јули, доколку временските услови бидат поволни, соопшти денеска Град Скопје. - Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира на 30 и 31 јули, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што ...
Епскиот филм „Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан, продолжува да доминира на кино-благајните и во вториот викенд од прикажувањето, потврдувајќи го статусот на еден од најголемите филмски хитови годинава. Според најновите проценки на филмското студио, остварувањето инкасирало 87 милиони долари на американскиот пазар во текот на вториот викенд, при што забележало пад од само 30 проценти во однос на дебитантскиот викенд – резултат што ...
Германскиот мултинационален автопроизводител „Бе-ем-ве“ (BMW) повлекува вкупно 744.234 возила ширум цел свет, поради дефект на стартерот што може да предизвика пожар. Повлекувањето опфаќа 42.300 автомобили во Германија, соопшти Германскиот федерален орган за моторен транспорт (KБA). Ова е трето големо повлекување од ваков вид за краток временски период, но причината е поразлична од претходните. Овојпат причината е грешка во производството. ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, им се обрати на критичарите на Светското првенство во 2026 година. – Многу ми е жал што бевте толку обземени од омраза и критики па пропуштивте сè. До сите што го трошеа своето време и енергија на омраза, медитирајте, молете се, насмевнете се, поминете време со вашите најблиски или гледајте фудбалски натпревар, напиша Инфантино на социјалните мрежи. За потсетување, на неодамнешниот Мундијал се случија ...
Израел ќе им дозволи на мултинационалните безбедносни сили да влезат во Појасот Газа, како што е предложено во планот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа неименуван израелски функционер. Тој додаде дека мисијата, наречена Меѓународни сили за стабилизација, ќе вклучува 200 членови од „пријателски земји како што се Уганда и Мароко“, кои ќе бидат распоредени во области кои не се под израелска контрола. ...