Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Поради голем дефект на цевководот кој поминува под улицата „Леце Котески“ во Прилеп од утринава од 5.30 часот е поплавен дворот и дел од објектите на ТППЕ Прилеп. Екипите на ЈКП „Водовод и Канализација“ и од Дирекцијата за заштита и спасување скоро цел ден се борат да го лоцираат дефектот тоа засега е безуспешно. Поради поправките исклучен од водоснабдување е целиот овој реон на градот. „Би упатил еден апел за разбирање до граѓаните кои ...
Апелацискиот суд во Нови Сад денеска го потврди обвинението против поранешниот српски министер за транспорт Горан Весиќ и уште пет лица за падот на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица. Со одлуката на Апелацискиот суд се поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад од 24 декември 2025 година и се потврди обвинението на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад за Горан Весиќ, неговата ...
Рекордни пријави за остварен доход од речиси 10 милијарди евра стигнале во Управата за јавни приходи. Бројките покажуваат раст на пријавениот доход минатата година од над 1,2 милијарди евра во споредба со претходната , а со тоа и повисок пресметан данок на личен доход, кој достигнува околу 650 милиони евра. Најголем дел од пријавите се од работен однос, што покажува дека платите се доминантен извор на приходи кај граѓаните. По овој основ ...
Поскапуваат горивата. Регулаторната комисија ги донесе новите цени. Од полноќ, бензините одат нагоре за денар и пол. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 87 денари, а 98-октанскиот ќе чини 89 денари. Литар дизел, пак, поскапува за 5 и пол денари и ќе се точи по 88 денари. Ова доаѓа откако нафтата на светските берзи минатата недела скокна поради новите тензии на Блискиот Исток. Од Регулаторна објаснуваат дека „референтните цени на нафтените ...
Европските земји регистрирале повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни, покажуваат официјалните податоци. Научниците наведуваат дека топлотниот бран на крајот на јуни би бил „скоро невозможен“ без климатските промени предизвикани од човекот, што ги прави топлотните бранови почести и поинтензивни. Податоците, собрани од националната статистика за смртност ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, кој се бара поради бегство од Полициската станица во Кочани. Според информациите од МВР, Александар Лазаров е баран по централна и меѓународна потерница, распишана по барање на Основниот суд во Кочани. Потерницата е распишана поради сторено кривично дело по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Надлежните ...
Во Скопје денеска официјално беше основана Кинеско-македонската стопанска комора, чија цел е да ги зајакне економските врски меѓу Македонија и Кина, да го зголеми извозот на македонски производи на кинескиот пазар и да поттикне нови кинески инвестиции во земјава. Комората е формирана од компании од секторите градежништво, енергетика, туризам и винарство. На промотивниот настан беше оценето дека најголем потенцијал за билатерална соработка има ...
Нов покрив, водовод, канализација, ѕидови, простории и тоалети. Градежна офанзива во касарната Ќојлија. По години работа во дотраени услови, војниците треба да добијат значително подобри услови за работа и престој. Министеорот за одбрана денеска прошета со градежниците за да провери како се одвиваат градежните работи. Според најавите, касарната треба да добие целосно нов изглед до септември. „Се ќе биде променето, апсолутно се. Од под, нови ...
Се заобиколувале закони, а безбедносните стандарди биле игнорирани.. Градежното вештачење изработено од професорот Горан Марковски, открива низа пропусти во пренамената и реконструкцијата на објектот во кој работела дискотеката „Пулс“.. Анализата на материјалите, документацијата и законите, покажала дека пожарната опасност, била целосно занемарена.. „Градежното вештачење за жал покажа дека во случајот „Пулс“ системот, односно институциите и ...
Изгоре автомобилот на обвинетиот судијата Ѓоко Ристов против кого се води истрага за перење пари и криење имот. Возилото марка пасат половично е изгорено а пожарот оштети уште две возила околу него. Автомобилот на судијата бил паркиран пред зградата каде тој живее и каде издржува мерка куќен притвор. Пожарот избувнал рано утринава а опожарен е дел и од деловен објект во приземјето на зградата. Засега нема информации дали пожарот во кој изгоре ...
Турната во ќош. Шамари, боксови, клоци. Ново видео со врсничко насилство, овој пат од Куманово објавено на социјалните мрежи. Три девојчиња малтретираат врсничка додека таа бара да престанат. Сите четири девојки зборуваат на албански јазик. Полицијата го истражува случајот, но засега не дава конкретни информации за случајот. - Во врска со објавеното видео за кое прашувате ве известуваме дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово ...
И покрај тоа што пропадна првиот обид на Левица да одржи опозициски состанок за пеглање на разликите околу Изборниот законик, од партијата на Апасиев не се откажуваат од можноста да се дојде до предлог што потоа ќе ѝ биде понуден на власта до среда, како краен рок за донесување на законот. Пречистен текст со предлог-решенија за новите изборни правила, вклучително и една изборна единица, подготвен од Левица, вечерва треба да стигне до ...
Собранието, денеска, на 112. седница, на предлог на премиерот Христијан Мицкоски, во рамките на реконструкцијата на Владата ги разреши министрите: за правда - Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство - Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците - Игор Стоиљковиќ, за здравство - Азир Алиу, за туризам и култура - Зоран Љутков, за социјална политика, демографија и млади - Фатмир Лимани, за локална самоуправа - Златко ...
На 12.07.2026 во 13:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на локалниот пат Штип-с.Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В.(50) од Штип и мопед без регистарски ознаки, управуван од 14-годишник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, додека со телесни повреди неговиот 12-годишен сопатник, констатирани во Клиничка болница Штип. По ...
За нови министри предлагам луѓе кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска - да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот - порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието образложувајќи го пред пратениците предлогот за именување нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата. Мицкоски порача дека реконструкцијата ...
Во мај годинава, во земјава се евидентирани 131 723 туристи, од кои 106 756 странски, а 24 967 домашни, објави Државниот завод за статистика Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236 727, од кои 75.8 % се од странските, а 24.2 % од домашните туристи. Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај ...
На 12.07.2026 во 19:35 часот на патот Тетово-Гостивар поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена брзина на движење на возило од 179 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч. По насоки на јавен обвинител возачот Л.М.(27) од Тетово е лишен ...
На 11.07.2026 во 23:20 часот во с.Јакимово, виничко, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница во содејство со полициски службеници од ОВР Виница ги лишија од слобода К.С.(28) и М.С.(31), двајцата од с.Јакимово. При преземање марки и активности по претходно изготвен план, полициските службеници се обиделе да сопрат патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, кое К.С го управувал, а М.С. ...
Се отвора ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина. Од денеска и официјлано почнува да функционира Кинеско-македонската стопанска комора, чии основачи се компании од различни сектори: градежништво, енергетиката, туризам, винарство. Целта на Комората е преку јакнење на деловните врски, да се зголеми извозот на македонски производи на кинескиот пазар, како и кинеските бизниси да ...
Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес спречи поголема материјална штета откако денеска попладне избувна пожар кај паркингот во близина на Автобуската станица во Велес. Дојавата во ТППЕ Велес била примена во 13:45 часот за запалено патничко моторно возило. По пристигнувањето на терен, пожарникарите утврдиле дека горела сува трева меѓу патот и паркингот, при што огнот зафатил и оштетил минимално шест ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на најновата ранг листа на ВТА објавена денеска и се наоѓа на 208. место со 367. бодови. Ѓорческа напредуваше 14. позиции поради нејзиниот одличен настап на овогодишниот грен слем турнир во Вимблдон. Триесетиедногодишната Ѓорческа успешно ги мина трите квалификациски рунди и стана првата македонска тенисерка со настап на грен слем турнир, пред да биде поразена во првото коло од ...
Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски. Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во ...
Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар што избувна во ноќен клуб во Бангкок, пред пожарникарите да успеат да го стават пламенот под контрола. Пожарот бил пријавен околу полноќ. Снимките објавени од спасувачките екипи покажуваат пламени јазици како излегуваат од влезот на објектот во северниот дел на тајландската престолнина, додека луѓе се обидуваат да избегаат, а густ црн чад се шири над зградата. Премиерот на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, ...
Европската Унија нема да ги укине санкциите против Иран се додека Техеран не се откаже од својата нуклеарна програма, регионалните дестабилизирачки активности и разработувањето балистички ракети, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. Нема да има никакво укинување на санкциите против иранскиот режим се додека тој не се откаже од својата нуклеарна програма, од својот револуционерен проект што го дестабилизира ...
Руската Федералната служба за безбедност (ФСС) денеска соопшти дека спречила серија планирани украински напади со беспилотни летала врз две руски воени воздухопловни бази длабоко во територијата на земјата. Според соопштението на руската служба за безбедност, украинските разузнавачки структури наводно планирале напади врз воздухопловната база „Украинка“ во далечниот исток на Русија, во Амурската област, како и врз базата „Шагол“ во ...
Цените на нафтата нагло пораснаа, а азиските берзи претежно паднаа по новите воздушни напади на САД врз Иран и одговорот на Иран – објавија американските медиуми. Цената на нафтата на брендот „Брент“ од Северното Море се зголеми за 4,7 проценти, на 79,59 долари за барел, а американската сурова нафта WTI доби 4,8 проценти, на 74,85 долари за барел. Цените на нафтата претходно се вратија на приближно предвоените нивоа откако двете страни ...
Министерството за надворешни работи на Иран утрово издаде соопштение во кое остро ја осудува серијата американски напади извршени врз Иран во текот на изминатите 24 часа. Во соопштението се предупредува дека нападите претставуваат сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност и ги поништуваат неодамнешните напори насочени кон ублажување на тензиите и промовирање на регионалната стабилност. Иран, исто така, ги обвини САД за кршење на ...
31-годишен маж е уапсен во Скопје откако со нож му нанел смртоносни повреди на својот татко. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јули околу 23:00 часот, на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Џ. (31) од Скопје. Според пријавеното, околу 22:35 часот во семејниот дом, неговиот татко Е.Л. (52), кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата ...
Ново вознемирувачко видео од случај на меѓуврсничко насилство се појави во јавноста, а овојпат инцидентот се однесува на настан во Куманово. Според информациите објавени од порталот „Слободен печат“, нападот се случил пред околу еден месец, додека вчера имало обид случајот да биде пријавен во полициска станица Куманово. Жртвата, како што се наведува, била повикана на разговор во полиција денеска. Снимката од нападот најпрво била споделена на ...
Во скопската населба Тафталиџе ноќеска изгоре автомобил, кој според неофицијални информации го користел судијата Ѓоко Ристов. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен околу 02:50 часот во СВР Скопје. Пожарот избувнал на патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р., на подрачјето на Карпош. Во пожарот биле оштетени и уште две возила – „Фолксваген туран“ сопственост на ...