Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска одржале работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот, како што посочува премиерот во објавата, разговарале за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – избегнување плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, осомничениот се обидел да избегне плаќање акциза во вредност од речиси пет милиони денари, пренесувајќи 5.000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица. Тој со камион – влекач со приколка, со ...

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска на прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука да го откочи процесот за вработување на уште 300 од вкупно 600 специјализанти, чие вработување е предвидено со одлука од 2024 година. Тој посочи дека процесот за нивно вработување треба да заврши до крајот на годинава. - По одреден застој се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се ...

Распишан е повик за изработка на физибилити студија и проектно решение за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, а се очекува постапката да биде комплетирана до крајот на годинава, изјави денеска во Делчево премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за иднината на патното поврзување на Пијанечкиот и Малешевскиот Регион, Мицкоски истакна дека во тек е првата фаза од подготовката на проектот. – Конечно е распишан ...

Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, на ул. Михаил Цоков бр. 1, секој работен ден од 9 до 15 часот, во рок од два месеци од денот на објавувањето на јавниот повик. Максималниот износ на еднократната парична помош ...

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар) во јуни годинава се зголемени за 0.5 проценти во однос на претходниот месец, а за 6.2 проценти во однос на јуни минатата година, објави Државниот завод за статистика. Во однос на мај регистрирано е зголемување на продажните цени во секторите Рударство и вадење камен за 3.7 проценти, Преработувачка индустрија за 0.4 проценти, Снабдување со ...

Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Андриј Сибиха соопшти дека Техеран не бара ескалација на тензиите со Киев, но дека мора да има обештетување за загубите предизвикани од украинскиот напад врз ирански трговски брод. Арагчи преку пост на платформата „Икс“ потврди дека Сибиха го уверил оти нападот бил ненамерен и оти Киев немал намера да ја влошува ситуацијата. „Ниту Иран ...

Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав. Бродот, што пловеше под знаме на Швајцарија требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода. По евакуацијата на патниците на брод останале 52 членови на екипажот. Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон ...

Во земјотресот со јачина од 7,1 степен што вчера го потресе подрачјето во близина на градот Кумамото загинаа најмалку 13 лица, а спасувачите итно трагаат по преживеани заробени под урнатините, изјави денеска јапонската премиерка, Санае Такаичи. „Се уште има луѓе кои чекаат да бидат спасени и ова е трка со времето. Ќе ги искористиме сите расположливи средства на терен за да спасиме и извлечеме што е можно повеќе луѓе“, изјави Такаичи пред ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови модели кинески хуманоидни и четириножни роботи, како и на нови кинески инвертори што се користат во соларни инсталации и центри за податоци, повикувајќи се на причини поврзани со националната безбедност и заштитата на американскиот синџир на снабдување во областа на вештачката интелигенција. Мерките ги објави Федералната комисија за комуникации (FCC) и стапија во ...

Во украински напади извршени вчера со беспилотни летала врз пограничната Белгородска област на Русија бил погоден автобус, при што се убиени најмалку три, а се повредени 19 лица, соопшти руското Министерство за одбрана. Автобусот бил погоден при гранатирање во градот Шебекино, во близина на границата со Украина. Осумнаесет од 19-те повредени патници биле пренесени во болница. Истовремено во напад со дрон врз трговски објект во село во ...

Вимблдон 2026 постигна рекордна посетеност од 550.151 гледачи во текот на двете недели, што е малку повеќе од минатогодишниот вкупен број, објави ESPN, повикувајќи се на „Ол Ингланд клубот за тенис и крокет“. Зголемувањето на посетеноста на 139-то издание на Гренд слем турнирот на трева беше олеснето од фактот дека првенството беше без дожд за прв пат од 2019 година. Вкупната посетеност ја надмина бројката од 2025 година за 1.381 гледач. Во ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, денеска ќе ги посети припадниците на лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во рамки на посетата, министерот ќе изврши увид во реновираниот објект кој е ставен во функција во касарната, како дел од активностите за подобрување на условите за работа и престој на припадниците на ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 37-та седница, на чиј дневен ред е изборот на заменик-претседател на Комисијата. Покрај изборот на заменик-претседател, членовите на ДКСК ќе разгледуваат и предмети од нивна надлежност, како и прашања и предлози. На дневен ред е и постапување по предмети поднесени од укажувачи. МИА Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 37-та ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика институциите на ЕУ нејзиниот буџет за претстојните години да биде помал за неколку стотици милијарди евра во споредба со предлогот на Европската комисија. Тој на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин истакна дека мора да се направат кратења во сите области. – Овие кратења се од суштинско значење, без оглед на тоа колку ќе напредуваме со новите сопствени ресурси – рече Мерц. Буџетот на ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска се сретна со американскиот претседател. Доналд Трамп, во Белата куќа, каде што разговараа за новите дипломатски напори за завршување на војната во Украина и за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, пренесува „Киев Индепендент“. По средбата, Зеленски изјави дека состанокот бил добар и откри дека разговарале за лиценцно производство на пресретнувачи за системот „Патриот“, како и ...

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Демократска Република Конго се зголеми на 3.262, вклучувајќи 1.437 смртни случаи, покажуваат најновите податоци што ги соопшти Министерството за здравство на земјата. Во соопштението се наведува дека најновиот број заболени во Конго речиси го достигна истото ниво што беше забележано за време на епидемијата во периодот од 2018 до 2020 година, која беше најголемата некогаш забележана во таа ...

– Дваесет и тригодишен маж денеска е обвинет за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на Франција, соопшти обвинителството во Драгињан. Пожарот кај Гро Бесијон, во департманот Вар, сè уште не е ставен под контрола, пренесува телевизијата БФМ. Дваесет и тригодишниот маж е обвинет за повеќе намерно предизвикани пожари во местата Брињол, Кабас и Ван-сир-Карами, соопшти заменичката обвинителка во Драгињан, Лоранс ...

61-годишна жена од Велес била касната од пајак црна вдовица додека работела во поле во велешкото село Еловец. По каснувањето почувствувала силни болки во раката и грбот, вртоглавица и грчеви низ целото тело, по што била примена во Ургентниот центар во Велес. Лекарите ѝ укажале итна медицинска помош, а по консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, таа била префрлена на понатамошно лекување. Пајакот бил донесен во болницата, каде што ...

Уапсен е македонскиот државјанин Андреј Танасковски кој пред една година се обиде да убие член на криминална банда од Будва. 19 годишниот Танасковски, бил пронајден во таен стан во Никшиќ. По распитот во полиција, Вишото државно обвинителство во Подгорица побарало негово задржување во траење од 72 часа. „На осомничениот му се става на товар дека на 7 август 2025 година во Будва, се обидел да го лиши од живот оштетениот Марко Љубиша – Кан на ...

Законот за правична и соодветна застапеност повторно ги вжешти политичките препукувања меѓу партиите од албанскиот блок. Пратениците од Европскиот фронт не се откажуваат од барањето законот веднаш да биде ставен на гласање, откако ги помина сите процедури. Обвинуваат дека овој закон заедно со останатите кои се носат со бадентер се чуваат за моментот кога опозицијата нема да биде присутна. Го повикаа собранискиот спикер Гаши да закаже ден и ...

Коментарите во унгарските медиуми за истрагата на милијардата евра што Македонија ја позајми од Унгарија само покажуваат дека македонската влада склучила поволен кредит за нас, вели премиерот Мицкоски по објавата дека новиот унгарски премиер Маѓар ќе го преиспитува заемот. Премиерот вели дека со тоа паѓаат во вода сите претходни обвинувања на македонската опозиција дека кредитот бил неповолен и дека премногу ги задолжува идните генерации. ...

Премиерот Мицкоски очекува следната недела да има поголемо намалување на цените на бензините и дизелот, откако суровата нафта на светските пазари падна на околу 86 долари за барел. Тој најави дека во понеделник Владата ќе направи нова анализа на цените, по што ќе се знае дали ќе има дополнително кратење на акцизите или намалување на ДДВ-то за нафтените деривати. „Знаете дека на секои две недели се анализираат акцизите. Сега завршува втората ...

По смирувањето на акутната фаза од епидемијата во Гостивар, здравствените власти воведуваат засилен надзор за да се спречи појава на заразна жолтица. Алармираат до матичните лекари и здравствените установи во Гостивар да се стави фокус на рано детектирање на симптомите кај граѓаните, а уверуваат дека се подготвени и за брзо тестирање и соодветен третман. До сега не дошол пациент со симптоми на жолтица, вели д-р Анета Кироска од Гостивар. ...

Седумдесет и шест годишен скопјанец со потврдена западно нилска треска, се бори за живот на Клиниката за инфективни болести. Сместен е на одделот за интензивна нега и е на респираторна поддршка. Во епидемиолошката анкета е наведено дека не патувал надвор од државата, а коморбидитетите се причина што вирусот предизвикал компликации. На инфективна на болничко лекување се уште четворица со вест најл вирусот, сите над 60 годишна возраст. - Кај ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не е завршен, како што се посочува, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...

Избувна пожар попладнево во велешката месност Дорутовец, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), поради ветрот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона „ер трактор“ на ДЗС. На терен се и пожарникарите на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75