Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер, при што беше оценето дека македонско-германската соработка во рамки на НАТО придонесува за зајакнување на регионалната стабилност и безбедност. Како што соопшти Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова истакнала дека посетата на генералот Бројер претставува уште една потврда за ...
Санацијата на свлечиштето на патот за Tеферич во Кисела Вода го презеде Министерството за транспорт и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација - информира денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Министерството го презеде проектот откога е утврдено дека Општината и Градот немаат капацитет за надминување на проблемот со исклучително сериозното свлечиште. Веќе е ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а друг е ставен под контрола. Активен е пожарот во нива во селото Србица во Општина Кичево, а под контрола е пожарот во селото Бајково во Општина Ново Село, со кој е зафатена ниска вегетација и мешана шума. МИА Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево на Фејсбук информираше дека во Министерството за одбрана остварил средба со началникот на Генералштабот на германските вооружени сили, генералот Карстен Бројер, кој е во официјална посета на нашата држава. - Разговаравме за нашата одбранбена соработка која се темели на доверба, заеднички вредности и посветеност кон колективната одбрана, како и за можностите за нејзино понатамошно ...
Американската ковница ќе издаде во оптек серија пригодни монети од еден долар со ликот на претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, соопшти министерот за финансии Скот Бесент. На предната страна од монетите ќе биде прикажан ликот на Трамп, заедно со натписите „Liberty“, „In God We Trust“ и „1776–2026“, додека на задната страна ќе биде белоглавиот орел од претседателскиот ...
Иран предупреди дека ќе возврати со масовни напади доколку САД ја нападнат критичната инфраструктура на земјата, откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со удари врз иранските енергетски и инфраструктурни објекти. Во соопштението што денеска го пренесе иранската новинска агенција „Фарс“, Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“ наведе дека секој таков напад ќе ја направи инфраструктурата на Блискиот Исток легитимна цел за ...
На островот Лимнос во Грција, туристи добиле казна од 250 евра откако биле затекнати како користат SUP-даска без задолжителен спасувачки елек. Тие изјавиле дека не биле запознаени со правилото и дека никој претходно не ги информирал дека носењето елек е обврска. Сепак, според важечките грчки прописи, секој што користи SUP-даска мора да носи спасувачки елек. Покрај елекот, правилата предвидуваат и други ограничувања: SUP-даска не смеат да ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од активностите за надминување на проблемите со престојот на македонските професионални возачи во шенген-зоната и истакнува дека со процесот што државата го води самостојно преку билатерални разговори веќе им се издаваат долгорочни работни визи. - Ние разговорите ги водиме билатерално. Имавме активности што беа јавни, но имаме и доста активности на ...
Жена од Прилеп пријавила во полиција дека била измамена за околу 700.000 денари од лице со кое комуницирала преку социјални мрежи. Според пријавата, комуникацијата започнала во февруари годинава, кога лицето побарало финансиска помош, тврдејќи дека парите му се потребни за лекување на неговото болно дете. Верувајќи во приказната, жената во неколку наврати му уплатила вкупно околу 700.000 денари. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и ...
Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да одржи седница. Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на ЕСС, а Министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование. На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменковска, ќе извршат увид во реконструираната улица „Лазар Димитров" во Кисела Вода. Општината ја реализира обновата на улицата, во должина од 800 метри, во соработка со Министерството за транспорт. Предвидени се изјави за медиуми на Николоски и Стаменковска. МИА Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и ...
Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. ...
Од почетокот на јули во земјата потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувачниците во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново - Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментот, според АХВ, има вкупно 17 потврдени жаришта со заболнени над 2.700 животни. ...
Македонскиот државјанин Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар. - Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се разајаснат сите околности, објавија ...
Косовски државјанин е лишен од слобода откако избегал при царинска контрола на граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, синоќа околу 22 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје го привеле 24-годишниот косовски државјанин Р.Е. Претходно, на граничниот ...
Уставниот судија Гоце Наумовски оставката да ја доставил до Собранието, а неофицијално од Законодавниот дом велат дека писмено образложената оставка се наоѓа во собраниската архива и наскоро треба да биде проследена до Претседателот на Собранието, Африм Гаши. Неофицијално, Наумовски, оставката ја поднел од лични причини. Гоце Наумовски беше избран за Уставен судија во февруари годинава по предлог на Собранието. Уставниот судија Гоце ...
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата учествуваа на постројување што се одржа на пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што соопштуваат од ДЗС, со постројувањето било утврдена реалната бројка на доброволни пожарникари кои се подготвени организирано да се вклучат во гаснењето на летните пожари на ...
Судот го прифати предлогот на Основнотно јавно обвинителство Скопје и им определи 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, судот притворот е поради постоење на опасност од бегство и влијание врз сведоци. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека, по спроведена ...
Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, следуваат јавни презентации за студиите по што следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој потврди дека рокот за старт на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски. - ...
Времето до понеделник ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Особено високи температури се очекуваат утре и во текот на викендот, кога максималната дневна температура насекаде во земјава ќе надмине 31 Целзиусов степен. Од вторник се очекува промена на временските услови. Според прогнозата, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. МИА ...
Источниот регион наскоро ќе добие специјализиран центар наменет за рехабилитација и поддршка на децата и младите со попреченост. Во Штип заврши изборот на компанијата која ќе го реализира проектот, а следниот чекор е адаптација на просторот во средното текстилно училиште според потребите на идните корисници. Објектот треба да обезбеди современи услови за дневен престој, индивидуален пристап и стручни услуги за околу 40 деца и младинци, како и ...
Со новите законски решенија за урбанистичко планирање и градење, надмината е досегашната правна празнина и создадена е рамка за изградба на дата центри во државата. Иако сè уште нема конкретни иницијативи од приватниот сектор, државата сериозно размислува за изградба на државен дата центар со цел заштита на институциите и зголемување на сајбер безбедноста, посочи министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски денеска по увидот во ...
Актуелниот светски шампион Аргентина успеа да се избори за финалето на Светското првенство во фудбал 2026 откако во полуфиналето вечерва со пресврт стигнаа до победата од 2:1. Аргентина титулата ќе ја брани во недела против селекцијата на Шпанија. Првото полувреме мина со премногу тактика и на полувреме беше 0:0. По десет минути игра англичаните поведоа со голот на Ентони Гордон. Во тогаш започнаа нападите на Аргентина, а голманот на Англија ...
Нашите натпревари на ова Светско првенство се импресивни, изјави воодушевено аргентинскиот селектор Лионел Скалони по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето. Актуелниот светски првак беше во гол негативата во полуфиналето во Атланта, откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, по што следуваше 40. минутна опсада кон голот на Џордан Пикфорд. Аргентинците напаѓаа од сите страни со сите орудија и ...
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн рече дека се чувствува ужасно по поразот во полуфиналето од Аргентина со 2-1 и неуспехот да се пласираат во финалето на Светското првенство, кое Англичаните го чекаат од 1966 година. „Чувството е ужасно, не бевме доволно добри за ова ниво“, изјави Кејн по натпреварот што синоќа се одигра во Атланта. Англија водеше до 85. минута, но Аргентинците го свртеа резултатот во своја корист во ...
Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од противпожарната служба интервенирале со осум пожарникари и три возила, а со употреба на ...
Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади. Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“. Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази по повторното воведување на поморската блокада на ...
Украинскиот главен град Киев рано утрово бил цел на масовен руски напад со балистички ракети, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Кличко на „Телеграм“ објави дека било погодено магацинско складиште во западниот дел на градот, а остатоци од соборени дронови паднале на спротивниот брег на реката Дњепар, каде избувнал пожар. Пожарот бил локализиран, а изгаснат бил и пожарот што настанал во уште едно погодено складиште во друг дел од Киев. ...
Јавно и најостро ги демантирам изнесените наводи од страна на адвокат Зоран Зафировски од Кочани, бранител на обвинетиот Мазлум Рамаданов во постапката која се води против полициски службеници за предметот “Пулс” под КОК-15/26 на Основен кривичен суд Скопје, а кои наводи се изнесени во изјава дадена за медиумите на ден 15.07.2026 година веднаш по завршување на рочиштето по предметот. Имено, во изјавата се наведува дека одбраната целосно ме ...
Апелациониот суд Скопје ја потврди осудителната доживотна казна затвор за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, додека ослободителна пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски ја укина и предметот го врати на повторно судење. Одлуката Апелација ја донела на нејавен дел од седница одржана на 10 јули годинава, откако претходно на 11 мај одржа јавна ...