Претседателот на САД, Доналд Трамп, верува дека Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) би направила грешка ако го замени својот претседател, Џани Инфантино. – ФИФА би направила ужасна грешка ако, од која било причина го замени претседателот Џани Инфантино. Тој е фантастичен, штотуку го организираше најуспешното Светско првенство во историјата, четири пати поголемо од сите претходни Светски првенства. Ако си оди, Мундијалот никогаш повеќе ...

Кокаин вреден повеќе од 200 милиони британски фунти, односно околу 270 милиони долари, бил откриен скриен во пратка со банани на британско пристаниште, соопшти британската Национална агенција за борба против криминалот. Граничните власти минатиот четврток заплениле 2,9 тони кокаин во пристаништето Лондон Гејтвеј во Есекс. Пратката, чија вредност се проценува на 232 милиони британски фунти, била скриена меѓу товар со банани испратен од Јужна ...

Украина ќе продолжи да изведува напади врз цели длабоко на руска територија за да и покаже на Русија и на нејзините граѓани дека е неопходно да се прекине војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Бележиме уште еден успех на нашите украински одбранбени сили – погоден е уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, и тоа на значително растојание – повеќе од 2.500 километри. Се наоѓа во Тоболск, во Сибир. Сега ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот ...

Унгарскиот Парламент денеска ќе гласа за нов претседател на државата, откако владејачката партија „Тиса“ на премиерот Петер Маѓар за функцијата го предложи поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака. „Убедени сме дека искуството на Андраш Бака и професионалната независност што ја покажуваше во текот на целата кариера претставуваат значајна предност во моментот кога заеднички се подготвуваме да ги поставиме темелите на новиот ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, две лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана и две лица возеле без возачка ...

Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки, се вели во реакцијата од Министерството за здравство. Министерството за здравство, се вели во реакцијата, ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ, и истовремено, очекуваме ...

Во периодот од 22.00 часот на 08.08.2026 до 04.00 часот на 09.08.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територија на целата државата, насочена кон санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за безбедност на ...

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од кои шест се активни, два се под контрола, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај местото викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струга кај с. Долна Белица - ниска вегетација; во Општина Центар Жупа кај с. Плареник - сува трева ...

Првите 30 електрични автобуси се очекуваат да стигнат во државава во декември или во јануари, а набавката на вкупно 150 се очекува да заврши за година и половина. Била поднесена една жалба која денеска е отфрлена од Второстепената комисија за жалби по јавни набавки, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Заврши и процесот на жалби, имаше една жалба поднесена, денеска беше отфрлена од Второстепената комисија, ...

Најмалку 20 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди северозападниот дел на Колумбија, пренесе Скај њуз. Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри. Гувернерката на колумбискиот западен регион Чоко, Нубија Каролина Кордоба-Кури, изјави дека во главниот град на тој регион, Кибдо, има „значителна штета“ на зградите и повеќе ...

Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормуската Теснина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. Таксите и надоместоците ќе се наплаќаат за поморските услуги што им се ...

Македонија почна да ја раскажува својата 35-годишна приказна низ музика, стих, театар и современ сценски израз. На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид синоќа започна големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, во кој повеќе од 30 изведувачи ги споија различните генерации, жанрови и музички јазици во приказна посветена на 35 години независност. Како што вели режисерот Дејан Пројковски идејата за целиот проект започнал од ...

Странските државјани кои возат низ македонските патишта поминуваат без казна доколку ги улови системот Безбеден град. Додека домашните возачи секојдневно внимаваат на секој километар на час за да не добијат казна, за возилата со странски таблички овие камери сe уште не важат. Проблемот е особено изразен во летниот период, кога илјадници странски возила транзитираат низ земјава. Ова значи дека доколку странски државјанин ја надмине дозволената ...

Во наредните денови сообрќајната полиција ќе ги добие брзите тестови за дрога, но се уште не се знае кога сообраќајците ќе почнат да ги користат. Тестовите на плунка ќе детектираат присуство на психоактивни супстанци како ТХЦ-то од марихуаната, кокаинот, амфетамин, метанфетамин, морфиум, хероин, екстази, седативи. Одговор полициските службеници ќе добијат за десетина минути. Меѓутоа, се јавува една дилема – колку овие тестови ќе бидат ...

За нешто помалку од две недели истекува периодот во кој поранешниот вицепремиер, Артан Груби, може да остане во домашен притвор. Ако до крајот на идната недела, за него нема обвинение, судот ќе го укине притворот за Груби и ќе му одреди поблаги мерки за обезбедување. Според Закон, во тек на истрага, притворот не може да трае повеќе од шест месеци. Закон за кривична постапка, Член 171: „Вкупното траење на притворот во истражна постапка, не ...

СДСМ бара кривична одговорност од врвот на здравствените власти за водата во Гостивар. Опозицијата обвинува дека одговорните лица во институциите не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загаувањето на водата. СДСМ поднесе кривпчни пријави против министерот за здравство, директорите на ИЈЗ, ДСЗИ и ЦЈЗ Тетово. Од партијата обвинуваат дека 4 недели власта се поигрува со здравјето на луѓето и се ...

По 30-часовна битка изгаснат е пожарот на депонијата во Крива Паланка. Екипите работеа до доцните вечерни часови. Целосното гасење завршило околу 22:30 часот. Денеска на депонијата се очекува да бидат донесени околу 50 камиони со земја, со која ќе се покријат и натрупаат критичните делови за дополнително да се обезбеди просторот. Денеска целата држава е со ВИСОК метеоролошки индекс на пожар, покажува Македонскиот шумски систем. „Целата ...

Македонија втора недела е под топлотен бран. Иако жештината не попушта, а температурите се околу 40-от степен, се уште не се исполнети условите за прогласување црвена фаза, која вклучува вонредни мерки за сите граѓани, а ризичните групи: хронично болните и трудниците треба да бидат одлободени од работа. -Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, за прогласување црвена фаза потребно е да се пробие прагот од два ...

Значително поевтинување на горивата од полноќ. Бензините ќе се точат за 4 денари помалку, а дизелот за 8 денари по литар. Новата цена на Еуросупер 95 октани ќе изнесува 87 денари , на 98-цата 89 и на дизелот 91,5. Одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика се должи на пониските цени на нафтата на светските берзи изминатата недела, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот. Сепак, очекувањата се дека по намалени цени ќе се ...

Кога сме под силен стрес или чувствуваме анксиозност, телото може да влезе во состојба на зголемена вознемиреност. Во такви моменти, едноставна техника која може да помогне е ставање коцка мраз или ладна облога, на задниот дел од вратот. Според Cleveland Clinic, ладната стимулација на оваа област може да помогне телото да се смири и да го намали чувството на преоптовареност. Физичкото чувство на студ истовремено може да го насочи вниманието ...

Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат за неколку степени. МИА Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ...

На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, нема ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Најголемо намалување има кај дизелот, чија цена се намалува за 8 денари за литар. Од 11 август од 00:01 часот, максималната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 91,50 денари за литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за по 4 денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ...

На официјална државна прослава по повод 35 години независност, платена со милиони евра народни пари, Владата на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамота. Не го сменија името, но успеаја да го сменат знамето. Нова верзија на знамето за држава со политика, како што вели Мицкоски др: „Нема воз за ЕУ, има само вагон што сами си го клатиме.“ За Мицкоски и ВМРО знамето е уметничка инсталација. Нова верзија со 12 краци. Ова е само уште еден ...

Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). - Активни пожари: Општина Штип - с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод - место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино - воениот полигон Криволак (ниска вегетација), ...

По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен ...

Имињата на бранителите кои пред 25 години го положија својот живот за татковината кај месноста Љуботенски Бачила, да се спомнуваат со гордост, а нивното дело да биде вечен потсетник за нивната храброст и љубов кон татковината, напиша денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски на својот фејсбук профил. Како што наведува Мисајловски, храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации. - На денешен датум, ...

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...

Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари - МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34