Со европски пари, а во рамките на проектот „Волонтери во акција за безбедност на граѓаните и заштита на природата“ кој е дел од ИПА 3 програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, Охрид добива брод-амбуланта. Станува збор за современо и опремено пловило кое ќе патролира во Охридското Езеро и ќе ја зголеми безбедноста на локалното население и големиот број посетители. Дел од активностите кои ги потпишаа Министерството за ...

Владимир Путин порача дека не сака војна со Европа, но е спремен за неа ако таа сака да се бори против Русија. Тој збореше неколку часа пред средбата со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, со кого ќе разговара за американскиот план за крај на војната во Украина. Овој план првично се состоеше од 28 точки, но по критиките од Киев и европските земји дека ја фаворизира Русија и ѝ дава премногу отстапки, беше ревидиран и намален на ...

Уставниот суд останува со уште еден судија помалку,откако денеска судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска си поднесе неотповиклива оставка, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Уставноот суд. Пратениците веднаш биле известени, откако Дабовиќ-Анастасовска оставката ја поднела до претседателот на Собранието Африм Гаши. Сега Уставниот суд останува со само 7 судии, по дискутабилното разрешување на уставната судијка Елизабета Дуковска, на чие ...

Не се преземени сите активности за имплементација на Истанбулската конвенција, не се одвојуваат доволно пари за заштита на жртвите од семејно насилство, нема доволно сместувачки капацитети и недостасува стручен кадар, се дел од забелешките во извeштајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) „Имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската Конвенција)“. ...

Поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини е едно од трите лица уапсени во обемна истрага за измама за финансирање на Академијата за млади дипломати во Бриж. Белгиската полиција изврши рации во канцелариите на дипломатската служба на ЕУ, Колеџот на Европа и во приватни домови како дел од истрагата за наводна злоупотреба на средствата на ЕУ, според луѓе запознати со истрагата и сведоци. Портпаролот на Колеџот, каде што ...

Кавадарчанецот Илија Панов (43) доби 16 години затвор откако судијата Зоран Јосифовски од Основен суд Кавадарци го прогласи за виновен за убиство со умисла. На Панов му е продолжен притворот до правосилноста на пресудата. Тој беше обвинет дека во неутврден момент меѓу 20 и 22 јануари годинава ја убил својата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52), исто така од Кавадарци. Делото го извршил во станот во кој престојувала Серенакова на ...

Сите 35 обвинети се изјаснија за невини на денешното судско рочиште за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс” во Кочани на 16 март 2025 година, кога загинаа 63 млади луѓе и деца, а над 200 беа повредени. За невини се изјаснија и претставниците на трите обвинети фирми, меѓу кои и таа за обезбедување „Рубикон”, чиј сопственик Александар Нацев е меѓу обвинетите, а чии вработени, по инструкции на менаџментот, дозволиле да се внесе и ...

Шеснаесет лица со попреченост учествуваа на модна ревија во Струмица во рамките на манифестацијата „Убави сме, свои сме“ што ја организира здружението за поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“. Облечени во креации од спонзори и во придружба на познати личности во заедницата, децата покажаа дека умеат и знаат да бидат и манекени само ако некој им помогне. Модната ревија ја отвори градоначалникот на Струмица Петар Јанков со 15- годишните ...

Иран го осуди наградуваниот режисер Џафар Панахи на едногодишна затворска казна поради „создавање пропаганда против политичкиот систем“, кажа неговиот адвокат. Панахи е осуден во отсуство бидејќи моментално е во САД, каде што неговиот последен филм „Тоа беше само несреќа“ победи во некои од главните категории на доделувањето на наградите Готам во Њујорк. „Тоа беше само несреќа“ бил незаконски снимен во Иран и потоа победи на Канскиот ...

Собранието заедно со Црвениот крст ќе организира волонтерски ден на 5 декември, при што пратениците ќе посетат и е волонтираат на неколку пунктови за ранливи категории во Скопје. Досега, како што кажаа од кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши, од 120 пратеници само 15 се пријавени дека ќе волонтираат. „Ние испративме покани за овој волонтерски ден до сите пратенички групи. Досега се пријавени 15 пратеници, но ние и во наредните ...

Денешното судско рочиште за поажрот во нелегалната дискотека „Пулс“ во Кочани со 63 жртви и над 200 повредени, почна со укор од судијката Диана Груевска-Илиевска кон обвинетиот Џеваир Камбери, кај кого полицијата во затворот во Шутка нашла 13 мобилни телефони и лаптоп. Таа му рече на обвинетиот дека за ова следи самица, но сега ќе добие само укор. Обвинителите реагираа дека често се случува во затворите да има мобилни телефони и дека не треба ...

На странците кои ќе направат прекршок на патиштата низ земјава не може да им се забрани излез, но ќе добијат известување дека нема да можат да влезат на граница ако не ја платат казната, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Вчера почна пробниот период на проектот „Безбеден град“ кој ќе трае еден месец, а од 1 јануари 2026 ќе стартува и казнувањето. Од вчера камерите поставени на улиците снимаат сообраќајни прекршоци. ...

Десетици илјади луѓе се собраа во Софија и во неколку други бугарски града вчера, протестирајќи против буџетскиот план за 2026 година, првиот изготвен во евра, пред земјата да ја усвои заедничката валута на 1 јануари. Некои демонстранти се судрија со полицијата, која ги штитеше канцелариите на владејачките партии во Софија и фрлаа камења, шишиња и петарди врз полицајците. Градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, ги опиша демонстрациите во ...

Доналд Трамп наводно му дал ултиматум на Николас Мадуро да ја предаде власта, што венецуелскиот претседател го одбил, барајќи глобална амнестија за себеси и своите соработници. Трамп во неделата потврди дека телефонски разговарал со Мадуро, без да изнесе детали. „Нема да кажам дали поминал добро или лошо, тоа беше телефонски разговор“, кратко кажа Трамп. И од американската и од венецуелската влада не кажаа ништо повеќе за повикот, што наводно ...

Воените заповедници го известија Владимир Путин дека руските сили ги зазеле градовите Покровск и Вовчанск на првата линија на фронтот и дека напредуваат на други места. Украина досега не го признала падот на двата града, кои се наоѓаат во регионите Доњецк и Харкив. Објавата дојде во пресрет на посетата на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва, каде што ќе разговара со Путин за ревидираниот американски мировен план за ...

Емануел Макрон кажа дека само Украина може да решава за своите територии во мировните разговори со Русија откако денеска го прими Володимир Зеленски во Париз, ден пред средбата на американската делегација со Владимир Путин во Москва. Европските лидери му дадоа поддршка на Зеленски по американско-украинските разговори за ревидирање на мировниот план за Украина, кој во прв момент силно ја фаворизираше Русија. Зеленски кажа дека изменетиот план ...

Стотици илјади овци и кози се уништуваат во Грција поради ширењето на заразна болест, што би можело да влијае врз производството и извозот на светски познатото сирење фета. Овчи и козји сипаници се вирусна инфекција. Првите случаи беа откриени во северна Грција во август 2024, а болеста оттогаш се прошири низ многу региони во земјата. Според најновите податоци од Министерството за рурален развој и храна, до средината на ноември биле ...

Босанската поп пејачка Џејла Рамовиќ и нејзиниот бенд од четворица музичари добија казни од по сто евра, затоа што на 29 ноември без работа дозвола настапиле во локал во Кичево. Ова е пресудата на Основен суд Кичево по прекршочната пријава која ја поднесе СВР Охрид. Настапот во локалот бил прекинат пред самиот крај. „На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов ...

Учениците од Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола, позната и какао Горна гимназија, ќе го изведат уметничкиот перформанс „Слово љубве“ како завршна манифестација од Државната програма за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Перформансот ќе биде дел од настаните на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола за одбележување на патрониот празник. Свеченоста ќе се одржи на 4 декември, на ...

Во првите 12 часа од пробното снимање на улиците се регистрирани 65.000 сообраќајни прекршоци, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од нив, за поминување на црвено светло се 2.800 прекршоци, а нерегистриран автомобил возел 1.000 граѓани. „Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите ...

Новогодишна латино-музичка идила, вели пијанистот Симон Трпчески за Новогодишниот концерт на 20 декември во Скопје, со кој ќе прослави 25 години кариера. Концертот на пијанистот со светска кариера го организира „Прагма продукција“ во соработка со Националната опера и балет (НОБ), а ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“. На концертот ќе диригира Сашо Татарчевски, а ќе настапи ансамблот „Македонисимо“, Оркестарот на НОБ, концерт-мајсторот ...

Странските директни инвестиции (СДИ) во земјава за првите девет месеци од 2025 година изнесуваат 209,4 милиони евра, што претставува драстичен пад во споредба со истиот период минатата година, кога тие надминуваа 840 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка за позначајни движења во платниот биланс. Според податоците, состојбата е особено лоша во третиот квартал од 2025 година, кога наместо влез на пари, регистриран е ...

Кремљ потврди дека американскиот специјален пратеник Стив Виткоф утре ќе се сретне со Владимир Путин во Москва за да разговараат за последниот американски предлог за крај на војната во Украина. „Средбата со Виткоф е планирана за вторник и ќе се одржи во втората половина од денот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Виткоф треба да допатува со зетот на Трамп, Џеред Кушнер, за да разговараат за мировна рамка што американски и украински ...

Неколку дена откако јавно беше објавена пресудата за двајцата обвинети гинеколози за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе од Дојран, почина еден од нив, Венци Чалков од Гевгелија. Тој е третиот од четворицата обвинети кои починаа во текот на десетгодишниот судски процес. Породувањето беше извршено во Општата болница Гевгелија. Врховниот суд делумно ја прифати жалбата на Вишото обвинителство Скопје и условната затворска казна на ...

Од денеска камерите поставени на улиците ќе снимаат сообраќајни прекршоци. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека почнува пробниот период на проектот „Безбеден град“ кој ќе трае еден месец, а од 1 јануари 2026 ќе стартува и казнувањето. „Од 1 декември ќе започне пробниот период каде сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок“, велат од МВР. Како што велат од МВР, на почеток ќе се евидентираат ...

И газдата на компанијата „Дурмо турс“ Дурмиш Белули не се појави денеска на први декември во затворот „Идризово“ да почне да ја одлежува затворската казна од 10 години за страотната сообраќајна несреќа кај Ласкарци по превртувањето на негов неисправен автобус. Тогаш загинаа 16 патници, над 30 беа повредени. Според судијата за извршување санкции од Основниот суд Гостивар, Дурмиш Белули добил уште едно одложување во бесконечната серија ...

Државниот пазарен инспекторат најавува засилени контроли во кафеаните и кафулињата за новогодишните прослави и забави. Од Пазарната инспекција велат дека ќе биде контролирано и дали во објектите има поголем број на гости од дозволеното. „Апелираме до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, работното време, Законот за заштита ...

Поплавите и свлечиштата што опустошија делови од Тајланд, Малезија, Индонезија и Шри Ланка во последните денови однесоа повеќе од 1.000 животи, според властите. Бројот на жртви во поплавите во Индонезија се искачи на 502, соопшти националната агенција за управување со катастрофи, а уште 508 лица се водат како исчезнати. Над 350 лица загинаа во Шри Ланка, а уште толку се водат како исчезнати. Поплавите во главниот град Коломбо достигнаа врв ...

Основачот на швајцарската организација за право на смрт „Дигнитас“ почина со асистирано самоубиство, соопшти групата. Лудвиг Минели починал неколку дена пред неговиот 93. роденден. Групата му оддаде почит на Минели, велејќи дека тој цел живот се борел за „слобода на избор, самоопределување и човекови права“. Минели ја основал „Дигнитас“ во 1998, која оттогаш им помогнала на илјадници луѓе да умрат. Во последните децении, некои земји го ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека имале продуктивни разговори со Украина за договор за крај на војната со Русија, но дека има уште работа. На четиричасовните разговори во Флорида, украинската делегација ја предводеше секретарот на Советот за национална безбедност Рустем Умеров, додека во американскиот тим беа и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џеред Кушнер. Умеров беше назначен за главен ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
68%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
92%
1013
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1013
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
75%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.79
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
87%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
70%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.86
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
84%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
2.05
92%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Платина

55170.68