„Балада за лонецот и капакот“, третиот филм на Вардан Тозија, е единствениот долгометражен проект подржан на Конкурсот во прв рок на Агенцијата за филм. Филмот на Тозија, во продукција на „Минимал колектив ДООЕЛ Скопје“ доби 19.000.000 (околу 307,500 евра). Тозија е автор на наградуваните „М“, што имаше премиера во 2023, и „Џган“ во 2016. Како што објави Агенцијата, од вкупниот буџет од 35,7 милиони денари (околу 578.000 евра), освен ...

Самир Пајтон и Бранко Караколев од Нов Дојран, на своја инициатива и доброволно, веќе три недели го чистат отворениот канал на хидросистемот „Ѓавато“. Со лопати и вили го чистат наталоженото ѓубре во каналот изграден пред 20-ина години, а со моторни тримери ја косат тревата долж целиот канал. Идејата им дошла лани во ноември, кога по неколку години неработeње беа пуштени во употреба пумпите од страна на министерот Иџет Мемети и пратеникот ...

Три месеци е затворена улицата Мариовска односно патот кон Теферич во скопската Општина Кисела Вода. Улицата е со прокопи и пропаднат и испукан асфалт поради што се случија неколку сообраќајни несреќи, по што беше затворена за сообраќај. Во меѓувреме, како што велат граѓани кои секојдневно го користат овој пат и живеат во Сопиште, Горно и Долно Соње, ништо не се прави да се санира и повторно да биде пуштен во употреба. „Станува збор за 70 ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе му се придружи на Владимир Путин на воена парада во Пекинг следната недела, што ќе биде негова прва меѓународна мултилатерална средба. Со парадата за Денот на победата на 3 септември, Кина ќе одбележи 80 години од предавањето на Јапонија и крајот на Втората светска војна. Меѓу 26-темина странски шефови на држави и влади нема да има западни лидери, а од Европската Унија доаѓа само словачкиот премиер ...

Составот на идниот Совет на Општина Велес, ќе ја доднесе одлуката за цената на ѓубрарината за правните лица, на која реагираа стопанствениците од Општината. Ова беше заклучокот од Иницијативата за тарифата за собирање и транспорт на комунален отпад да се определува врз количеството и видот на отпад и да се утврдува во денари по метар кубен за сите правни субјекти. Таа се најде на седница на Советот, но бидејќи е во тек изборниот процес за ...

Општинскиот Совет на Штип ги одобри барањата на пет основни и четири средни училишта за корекции во структурата на паралеките што досега ја имаа во претходната учебна година. За новата 2025/2026 година, сите поднесоа барања за добивање согласност за комбинирани и паралелки со помал број ученици. Раководителката на Секторот за јавни служби, образование и локален економски развој, Снежана Санева, вели дека Советот даде согласност на сите ...

Монографијата за композиторот, инструменталист и диригент Кире Костов се промовираше синоќа во Битола, неговиот роден град каде што ги направил првите чекори во музиката. Костов почина во 2023 на 74 години. Автори на книгата се Снежана Атанасова-Чадиковска и Марко Коловски. На промоцијата во Офицерскиот дом говореше неговата сопруга Кармен Костова, која е и издавач на монографијата, евоцирајќи спомени како лесно му одело да пишува песни. ...

Најмалку осум луѓе загинаа, откако Русија ноќеска жестоко го нападна Киев, објави Володимир Зеленски. Министерот за внатрешни работи Игор Хлименко кажа дека меѓу загинатите се две деца, додека градоначалникот на Киев, Витали Кличко, рече дека има најмалку 38 повредени во огромниот напад со дронови и проектили. „Кремљ избра балистика место преговарачка маса. Време е за нови, потешки санкции за Русија“, напиша Зеленски на Икс. Овој напад уследи ...

„Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска вечерва ќе ја отвори натпреварувачката програма „Хоризонти“ на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал, а на 29 август документарецот „Силјан“ на Тамара Котевска ќе игра прикаже вон конкуренција во програмата за документарци. „Мајка“, првиот филм на Митевска на англиски јазик, по сценарио нејзино и на Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, е инспириран од животот на Мајка Тереза, особено од ...

Маж облечен во црно уби две деца и рани најмалку 17 луѓе откако пукал за време на миса во католичко училиште во Минеаполис, објавија властите. Убиените деца се на возраст од осум и десет години. Напаѓачот во 20-ти години испукал десетици куршуми низ црковните прозорци, по што се самоубил. Властите кажаа дека бил вооружен со автоматска пушка, сачмарка и пиштол. „Ова беше намерен чин на насилство врз невини деца и други луѓе кои се молеа. ...

Проектот за спортската сала во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во битолското село Бистрица е на ревизија, а за реконструкција на школскиот објект во што спаѓа и санацијата на оштетениот ѕид и замената на покривот со азбест, се подготвува јавна набавка за изработка на проектна документација. Ова се одговорите од Општина Битола на прашањата од САКАМДАКАЖАМ.МК, зошто нецела недела пред почетокот на новата учебна година уште не се ...

Граѓаните ќе можат да пријават неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции, Министерот за здравство Азир Алиу. Алиу ги повика граѓаните да пријават евентуални неправилности преку алатката Пријавете неправилност, достапна на веб-страницата на Министерството. „Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со ...

Осумдесет и второто издание на гламурозниот Венециски филмски фестивал се отвора денеска со премиерата на новиот филм на Паоло Сорентино, „La Grazia“. Во следните десет дена, фестивалот ќе пречека бројни холивудски ѕвезди и славни режисери, како Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Двејн Џонсон, Емили Блант, Ендрју Гарфилд, Ема Стоун, Гилермо дел Торо и Кетрин Бигелоу, но и ќе се соочи со демонстрации на активисти кои сакаат да го свртат вниманието ...

Русија има негативен став за европските предлози за безбедносни гаранции за Украина и нема да прифати никакво присуство на трупи на НАТО во земјата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. „Напорите на Доналд Трамп за завршување на војната во Украина се многу важни и се надеваме дека ќе продолжат“, рече Песков. Како дел од можно мировно решение, европските сојузници на Украина работат на сет гаранции за земјата кои би ја заштитиле од ...

Три лица утринава во Кавадарци претепале до смрт 43-годишник. Смртта му била констатирана во 05.25 часот. Ова не е изолиран случај, зашто последните неколку билтени на Министерството за внатрешни работи се полни со тепачки низ цела Македонија. Се тепаат малолетници, возрасни лица тепаат и повредуваат свои и туѓи деца, пријавена е и мајка што го претепала своето дете, тепани се луѓе во свој двор, се бодат со ножеви на јавно место… „Во 04.56 ...

Народната банка подготвува нови мерки со кои ќе се олеснат условите за станбен кредит за граѓаните кои првпат купуваат дом, додека критериумите за оние кои купуваат недвижности како инвестиција значително ќе се заострат. Ова го најави гувернерот Трајко Славески по средбата со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, додавајќи дека мерките се очекува да бидат објавени за една до две недели. Целта, според него, е да им се помогне на ...

Истражителите открија фиктивни компании во Италија, Франција и Германија и запленија имот од милиони евра на Азурниот Брег во акција против перење пари од страна на италијанската мафија. Заедничката истрага на агенции од Рим, Марсеј и Минхен со помош на Европол беше насочена против група што ѝ припаѓа на Камора, објави канцеларијата на јавниот обвинител во Марсеј. Бандата префрлала пари на банкарски сметки во Италија, Франција, Германија и ...

Професорот и декан на Градежниот факултет Скопје при државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ денеска објавувајќи ја кандидатурата за градоначалник на Скопје, најави дека со стручност, знаење и компетентност Скопје може да биде чист, функционален и безбеден град. Марковски кој е кандидат на граѓанската платформа „Независни заедно“ рече дека се нафатил да биде кандидат за градоначалник поради проблемите со кои сите ние се соочуваме како ...

Доналд Трамп кажа дека планира да бара смртна казна за секој убиец во главниот град Вашингтон. Според него, тоа би била превентивна мерка. Трамп нареди распоредување на стотици припадници на Националната гарда и на други федерални служби во Вашингтон за да се борат против „целосното беззаконие“ во градот, навестувајќи дека ова ќе го спроведе и во Чикаго, Балтимор и други градови. Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, ги отфрли ...

Украина првпат потврди дека руските сили преминале во источниот индустриски регион Днипро и се обидуваат да се утврдат. „Ова е прв напад од вака голем обем во регионот Днипро, но руското напредување е запрено“, изјави Виктор Трехубов од Оперативната стратешка група на украинската војска во Днипро. Русија летово тврдеше дека влегла во оваа област откако нејзините трупи напредуваа низ Доњецк. Во почетокот на јуни, руски функционери кажаа дека ...

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу доби казна откако објави видео како вози пребрзо на автопат, проследено со хаштагот „Турција забрзува“. Уралоглу се снимал на автопат покрај Анкара и го објавил видеото на Икс. Додека вози слуша фолк песни и исечоци од говори од претседателот Реџеп Таип Ердоган. На видеото на моменти се гледа брзинометарот, кој покажува дека возел со брзина од 190 до 225 километри на час. Најголемата ...

Со цел да се обезбеди непречено функционирање на Гимназијата во Демир Хисар, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола дал насоки на СВР Битола да ги врати печатите на Општина Демир Хисар како основач на училиштето и надлежен орган за надзор и управување. Од Обинителството соопштија дека до Општината било доставено известување со насоки да обезбеди правилно чување и користење на печатите, но и да ја разгледаат ...

Централното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица бара од Општина Битола под итно да го санира ѕидот од школото што беше оштетен при рушењето на стариот објект, каде ќе се гради училишна спортска сала и да се замени дел од покривот од азбест зашто Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе забрани користење на една од училниците. Тие бараат да се променат покривите и таваните во подрачните училишта кои се во очајна ...

Штипски рибари кои биле на риболов на реката Брегалница кај селото Пенуш, Штипско, сигнализираат дека неколку часови по риболовот наеднаш во реката почнала да тече млечнобела течност и многу брзо во ревирот каде тие рибареле се јавил помор на риба. „Ние рибараме со дозволи и на спортски начин, а инспектори кога доаѓаат на терен нас нè малтретираат и ни бараат секаква документација, а за вакви случаи како што е овој со поморот на рибата нив ...

Македонија донесе нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, целосно усогласен со најновата европска НИС2 директива. Со законот се воведуваат строги обврски за компаниите и институциите од 16 клучни сектори, кои отсега ќе мора да применуваат задолжителни безбедносни мерки и да пријавуваат сериозни сајбер напади во рок од само три часа од дознавањето, или ќе се соочат со парични казни. Новата регулатива која, како што велат од ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) инсталирала нова, софистицирана опрема за мерење на водостојот на Вардар и неговиот проток во Велес. Опремата која е набавена од хрватската фирма „Геолокус“ е поставена на Хидролошката станица Велес, лоцирана на Стар мост. Целта е подобрување на хидролошкиот мониторинг во државата. „Во изминатиот период се вршеа тестови и проверки пред официјалниот почеток на работа. За јавноста да се запознае со ...

Комисија составена од доктори од повеќе клиники и болници, како и претставници од Фондот за здравство (ФЗОМ) и Министерство за здравство ќе прави анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Министерот за здравство Азир Алиу ја формираше комисијата откако кардиохирурхот Сашко Кадев обвини за непотребни операции во приватното здравство. Интерната комисија е составена од врвни екперти во ...

Деканот на Градежнниот факултет на државниот универзитет „Свети Кирил и Методија“ Горан Марковски е кандидат за градоначалник на Град Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“ на претстојните локални избори. Кандидатурата на професорот Марковски е поддржана од граѓанските иницијативи на „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. „Професор д-р Горан Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво ...

Турските власти уапсија четири лица во врска со смртта на двајца холандски браќа од 15 и 17 години, кои беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул. Меѓу осомничените се сопствениците и двајца вработени во двата ресторана што тинејџерите ги посетиле во квартот Таксим. Според турските медиуми, тројца од осомничените биле условно ослободени по испрашувањето, а четвртиот бил ставен во домашен притвор. Браќата, кои биле на одмор со својот ...

Доналд Трамп најави дека неговата влада ќе го промени името на министерството за одбрана во министерство за војна. Тој додаде дека Пентагон веројатно за една недела ќе го врати своето некогашно „поагресивно име“. И Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет постојано жалат за промената на името, што се случила по Втората светска војна. „Кога победивме во Првата и во Втората светска војна се викало Министерство за војна. На сите им се допаѓа што ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
44%
1009
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
43%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
48%
1010
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
44%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.45
59%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
69%
1011
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
30%
1008
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
39%
1008
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
59%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
3.6
40%
1012
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
71%
1011
Currency

61.64

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Иридиум

259874.72

Паладиум

49383.55

Родиум

369733.59

Алуминиум

3.42

Сребро

2840.84

Бакар

11.40

Калај

48.18

Платина

65169.56

Злато

166450.52

Рутениум

56199.51

Кобалт

66.14

Цинк

3.27