Споменикот на војводата Александар Турунџев, кој осум години стоеше во дворот на Општина Битола, синоќа беше свечено откриен на кружниот тек кај Ат-пазар, местото каде што бил погубен пред 120 години. На церемонијата присуствуваше и поранешниот градоначалник Владимир Талески, кој беше осуден на седумгодишна затворска казна за злоупотреби со превозот на ученици, а во чиј мандат беше инициран и набавен споменикот. Проектот за поставување на ...

Бунтовничкото движење на Хутите од Јемен потврди дека нивниот самопрогласен премиер, Ахмед Галеб Насер ал-Рахави, е убиен во израелски воздушни напади извршени претходно оваа недела. Групата, која е поддржана од Иран, соопшти дека и неколку други високи функционери загинале кога израелските одбранбени сили (ИДФ) во четвртокот ја гаѓале јеменската престолнина Сана. ИДФ тогаш објави дека нападнала „воена цел“ на Хутите во областа на Сана, без ...

Со бригадирски поздрав „Здраво“, акцијаши-ветерани од сите поранешни југословенски републики се собраа во Штип за да го одбележат јубилејот – 50 години од Сојузната младинска работна акција (СМРА) „Плачковица“, која се одржуваше од 1975 до 1978 година. Облечени во акцијашки униформи, тие се построија во дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“, каде многумина од нив се сретнаа повторно по половина век, евоцирајќи спомени од младоста. ...

Скопје попладнево го зафати невреме со силен ветер, а според Пожарната бригада, најголем проблем настана со пожарите. Оттаму рекоа дека попладнево имаат премногу интервенции и замолија да се јавиме подоцна. Но, ветрот направи проблем и со дрвјата во населбите Карпош, Капиштец и други. Лимен покрив падна на булевар Партизански одреди, спроти бензинската „Окта“, а дрво во Капиштец. Има пожари кај хотелот „Александар Палас“, во Нерези на Водно и ...

Предлозите комерцијалните авиони да оперираат со само еден пилот во пилотската кабина на комерцијални летови се суспендирани, откако извештајот за европскиот регулатор покажа дека тоа би го направило летањето поопасно. Тригодишен истражувачки проект нарачан од Агенцијата за воздухопловна безбедност на ЕУ (ЕАСА) заклучи дека и покрај напредокот во технологијата, нема доволно докази дека летањето со еден пилот може да биде безбедно како со ...

Поранешниот претседател на украинскиот парламент, Андриј Парубиј, е убиен во Лвив, соопштија украинските власти. Полицијата добила пријава за пукање во областа Франкивск во Лвив, западна Украина, околу пладне по локално време во сабота. Според непотврдени информации, во Парубиј повеќепати пукал напаѓач на електричен велосипед маскиран во курир. Парубиј (54) се истакна како дел од украинското движење Мајдан, кое се залагаше за поблиски врски ...

Професионалните војници на АРМ со кои влеговме во НАТО, по навршување на 45 години го губат работното место, бидејќи се вработени привремено и не може да им се трансформира договорот за постојано работно време во Армијата. Тие се единствената категорија вработени во Армијата кои немаат можност за склучување на договор за вработување на неопределено време, т.е. без можност на трансформација на работниот однос и се ставени во понеповолна ...

Бројот на невработени лица во Германија за првпат по повеќе од една деценија ја надмина бројката од 3 милиони, откако во август се зголеми за 46.000, соопшти денеска Сојузната агенција за вработување. Стапката на невработеност се зголеми за 0,1 процентен поен во споредба со јули и сега изнесува 6,4%. Иако бројките не се неочекувани поради економскиот пад и сезонските флуктуации, тие ја нагласуваат итната потреба од реформи за поттикнување на ...

Кристијан Брикнер, главниот осомничен на германските истражители за исчезнувањето на Медлин Меккен, ќе биде ослободен од затвор за неколку недели, потврдија локалните власти. Водечкиот обвинител во истрагата, Ханс Кристијан Волтерс, за „Би-Би-Си“ изјави дека Брикнер, кој отслужува затворска казна во северна Германија за силување, ќе биде ослободен најдоцна до 17 септември. Волтерс додаде дека верува оти 48-годишниот германски државјанин е ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли предлозите за создавање тампон-зона меѓу украинските и руските сили како дел од мировен договор, тврдејќи дека таквата идеја не ја одразува реалноста на модерното војување. „Само оние кои не ја разбираат технолошката состојба на денешната војна предлагаат тампон-зона“, изјави тој пред новинарите во петокот. Неговите коментари следуваат по извештајот на „Политико“ дека европските лидери ...

Федералниот апелациски суд во Вашингтон во петокот пресуди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги пречекорил своите претседателски овластувања со воведувањето на повеќето од неговите царински политики кои предизвикаа реакции низ целиот свет. Оваа одлука се смета за најголем удар врз трговската политика на Трамп досега и најверојатно ќе значи дека Врховниот суд ќе мора да одлучува за законското право на претседателот да ја ...

1 Да не сте чуле, да не има случајно некои специјални партиски продавници каде што има посебни цени само за членови на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата? Ако на премиерот Христијан Мицкоски и на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска целта им е да нѐ уверат дека стандардот расте и покрај растот на инфлацијата, тогаш воопшто нека не си го трошат времето кај своите лојални гласачи. Ним ако партијата им рече дека стандардот им расте, ќе ...

Украина и нејзините сојузници ќе почекаат до 1 септември за да видат дали Русија е спремна да прифати билатерална средба за крај на инвазијата, изјави Володимир Зеленски. Тој додаде дека очекува одговор од партнерите доколку Русија не го испочитува овој краен рок. „Ние веруваме дека Владимир Путин сака да ја продолжи војната“, рече Зеленски, додавајќи дека Русија има доведено околу 100.000 војници во околината на источното упориште Покровск ...

„Белиот штрк е симболично животно во Македонија, тесно поврзано со векови миграција на овие простори, не само економски, туку и поради војните, поврзано е со историјата на земјата и регионот. Штркот е особено важен за екосистемот и поврзан е со луѓето, тие се козависни едни од други. Лично ме заинтригира да ја анализирам оваа врска присутна во македонскиот фолклор како симбол на слобода, дом и семејство“, кажа режисерката Тамара Котевска на ...

Полицијата вчера, при напуштање на Македонија на граничниот премин Блаце, уапсила хрватски државјанин оженет за скопјанка, која ја претепал бремена и ја раскрварел, го повредил и 5-месечното неродено бебе и тргнал да бега. Во системот тој веќе бил означен под „апси“ и веднаш бил уапсен и однесен пред обвинител. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје отворил истрага против насилникот под сомнение за кривичното дело Телесна ...

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) под водство на директорот Бојан Христовски, доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден од своите поранешни директори, како и група вработени, зашто од 2019 до 2024 година, следеле опозиционен лидер и неколку медиуми. Извори од АНБ велат дека незаконски бил следен и обвинител, министер од претходната влада, како и неколку новинари. Внатрешната истрага во АНБ по смената на власта и по ...

Владата ќе отвори ресурсен центар кој ќе им помога на Општините да изработуваат проекти и да аплицираат за добивање средства за развој на општината. Како што кажа министерот за локална самоуправа Златко Перински, Општините немаат капацитетите за подготовка на проекти преку кои ќе привлекуваат средства во своите општини. „За да се одговори на овој децениски предизвик со кој се соочуваат општините потребен е систематизиран пристап и поврзување ...

Иако Уставните судии во февруари децидно кажаа дека ако за 6 месеци Собранието не ги направи измените на Кривичниот законик (КЗ), односно не донесе нов со кој ќе се сменат одредбите што ја застаруваат корупцијата, тие ќе седнат и ќе изгласаат укинување или поништување на постоечките, тоа сепак нема да се случи. Место Уставниот суд да оди директно на гласање (бидејќи расправата е завршена и постапка за уставноста е поведена), сега допрва ќе му ...

Казна затвор и трајно одземање на колите се дел од казните од проектот „Безбеден град“, со кој преку камерите на улиците ќе се регистрираат сообраќајни прекршоци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска кажа дека проектот „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1 јануари 2026 година. „Пред формално да почне со употреба, најмалку еден месец претходно ќе почнеме со тест период во кој граѓаните ќе бидат информирани дека ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека е згрозена откако фотографии од неа и други жени се појавија на порнографски сајт, барајќи прекршителите веднаш да бидат идентификувани и казнети. Фотографии од сестрата на Мелони, Аријана и од опозициската лидерка Ели Шлајн исто така беа откриени на платформата „Фика“ (Phica), која има повеќе од 700.000 претплатници. Сајтот вчера беше затворен од неговите менаџери, кои ги обвинија корисниците ...

Премиерот на хутската влада и други високи функционери на групата поддржана од Иран се убиени во вчерашниот израелски воздушен напад во Сана, објавија јеменските и израелските медиуми. Израел досега не го потврдил ова. Јеменските медиуми објавија дека хутскиот премиер Ахмед ал-Рахави загинал во израелски напад врз станбена зграда, при што загинале и неколкумина негови блиски соработници. Ова наводно бил одвоен напад од оној чија мета биле ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц кажа дека директни разговори помеѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски нема да се случат, иако владата на Доналд Трамп продолжува со притисокот да се склучи мировен договор во Украина. „Без разлика што беше договорено на средбата помеѓу Трамп и Путин, кога бевме сите заедно во Вашингтон беше јасно дека нема да има директна средба Путин-Зеленски“, кажа Мерц пред вечерата со Емануел Макрон во неговата летна ...

Европска комисија предложи укинување на царините за увоз на американска индустриска стока во замена за намалени американски царини за европски автомобили, што е клучен дел од трговскиот договор што ЕУ и САД гo склучија минатиот месец. Ова е првиот чекор на ЕУ во спроведувањето на рамковниот договор помеѓу Доналд Трамп и Урсула фон дер Лајен, со кој Брисел прифати широка царина од 15% за да избегне штетна трговска војна. САД притоа се ...

„Силјан“, третиот документарец на Тамара Котевска, денеска ќе има светска премиера вон конкуренција на 82. Вeнециски филмски фестивал. Во Венеција филмот ќе има вкупно 7 проекции, три денеска и 4 на 30 август. Истовремено, Котевска на Венецискиот филмски маркет пред финансиери и дистрибутери ќе го претстави својот нов, четврти документарец „Мамутите кои избегаа од царството на Елрих хан“ снимен во Сибир. „Силјан“ е филм за иселувањето во ...

Актуелниот в. д. градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски, денеска ја објави независната кандидатура за градоначалник на градот за претстојните Локални избори на 19 октомври. Крстевски, како независен советник, за в. д. градоначалник беше избран на 14 април. „Заслужуваме безбедено, чисто и модерно Кочани — град кој ќе се развива со срцето на Европа, но управуван од волјата на сопствените граѓани. Во изминатите четири месеци, иако ...

Република Српска ќе одржи предвремени избори на 23 ноември, објави изборната комисија на БиХ, и покрај противењето на нејзиниот лидер Милорад Додик и регионалниот парламент. Изборната комисија распиша избори за нов претседател на Република Српска во обид да ја реши кризата, откако на Додик му беше одземен претседателскиот мандат, но тој одби да се повлече. Додик кажа дека неговата партија Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД) нема да ...

Германската влада усвои нацрт-закон за воведување доброволна воена служба. Законот би можел да доведе и до регрутација доколку се потребни повеќе војници. Задолжителниот воен рок во Германија беше укинат во 2011 за време на Ангела Меркел. Канцеларот Фридрих Мерц го издвои зајакнувањето на германската војска како приоритет со оглед на заканата од Русија и рече дека „сега сме повторно на патот кон армија со воен рок“. „Сакаме да можеме да се ...

Стружани бараат возобновување на храмот „Пресвета Богородица“ кај параклисот „Воведение Богородично“ во близина на Женската плажа. Денеска, на литургија за празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, верниците уште еднаш побараа изградба на црквата која некогаш тука постоела. „Како деца сме доаѓале, сме палеле свеќа, имаше икона. Нашите дедовци, прадедовци кажуваа дека тука била црквата, а и сега се пронајдени темели од ...

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, го прогласи петок за ден на жалост по денешниот руски воздушен напад, во кој загинаа најмалку 17 луѓе, меѓу кои и четири деца. Тој кажа дека продолжува спасувачката операција во округот Дарницки, каде што делумно се урна една станбена зграда, во која живееле 120 луѓе. „Ова е еден од најголемите напади врз градот во изминатите месеци“, кажа Кличко. Првите експлозии во центарот на Киев се слушнале во три ...

Момче на 21 година загина во сообраќајката на патот кон село Чичево, Градско, а на скопксите клиники пренесени се две момчиња во животнозагрозувачка состојба и едно со тешки повреди. Сообраќајката се случила кога автомобилот со четирите жители од Градско и Ногаевци се враќал по полноќ од славата на манастирот во село Чичево. Тројцата сопатници од автомобилот биле надвор од него, а единстено возачот бил внатре и била побарана помош од ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
44%
1009
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
43%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
48%
1010
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
44%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.45
59%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
69%
1011
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
30%
1008
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
39%
1008
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
59%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
3.6
40%
1012
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
71%
1011
Currency

61.64

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Иридиум

259874.72

Алуминиум

3.42

Калај

48.18

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Паладиум

49383.55

Злато

166450.52

Цинк

3.27

Кобалт

66.14

Платина

65169.56

Родиум

369733.59

Бакар

11.40