Врз повеќемина битолчани кои денеска се движеле низ градот, се струполија големи парчиња снег од покривите на зградите крај кои минувале. Температурата над нулата предизвика топење на снегот по улиците, но и од покривите на објектите низ градот, па големи парчиња паѓаат по тротоарите. „Крај дуќанот минуваа мајка и дете кога врз нив како бомба отпадна големо парче снег од покривот на зградата. Во себе содржеше и грутки мраз. За среќа не ги ...

Рускиот и иранскиот претседател Владимир Путин и Масуд Пезешкијан разговараа во Москва во пресрет на потпишувањето на договор за стратешко партнерство, кој вклучува потесна воена соработка, што би можело да го загрижи западот. Пезешкијан кажа дека можеби ќе го финализираат и договорот за изградба на нуклеарна централа во Иран со руска помош. „Ќе разговараме за сите области од нашата меѓусебна соработка и ќе потпишеме договор за сеопфатно ...

Починале брат и сестра близнаци стари само неколку недели од прилепското село Славеј, соопшти МВР. Момчето починало вчера во домот на родителите, а девојето во тешка здравствена состојба било однесено во Прилепската болница каде починало. Смртта на машкото бебе вчера била пријавена во полиција во 11 часот, а девојчето починало два часа подоцна. „На 16.01.12025 во 11.00 часот во полицијата во Прилеп од Општа болница Прилеп било пријавено дека во ...

Музичката менаџерка Симона Ѓорчева и режисерот Ненад Витанов се новите селектори на музичкиот и драмскиот дел од програмата на Охридско лето, соопшти Фестивалот. Директорот Ѓорѓи Цуцковски најавува дека заедно со селекторите ќе создадат свежа, интересна и квалитетна програма. „Со професионалноста и умешноста на новите селектори ќе внесиме свежина во програмата и убеден сум дека тоа ќе го препознае стручната критика и нашата верна публика. ...

Пратеничката Илире Даути од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ, на почетокот на денешната собраниска седница поднесе оставка, откако минатата недела ѝ беше изгласана интерпелација како претседателка на Комисија за социјална политика, демографија и млади. Таа побара од претседателот на Собранието Африм Гаши 15 минути за да ја образложи оставката, но тој ѝ одговори дека тоа ќе може да го направи на следната седница на 21 јануари. „Не ...

Дејм Џоан Плаурајт, една од најугледните британски театарски и филмски актерки и вдовица на Лоренс Оливие, почина на 95 години. Плаурајт имаше кариера долга 60 години и беше номинирана за Оскар во 1993. Таа се омажила за 22 години помладиот Оливие во 1961 откако играла негова ќерка во една претстава и потоа стана водечка членка на Националниот театар. Со Оливие остана до неговата смрт во 1989 и добија три деца. Родена во 1929, Плаурајт ...

Транзицискиот тим на Доналд Трамп го објави официјалниот портрет на новоизбраниот американски претседател во пресрет на неговата инаугурација на 20 јануари. Наспроти портретот од 2017 од првиот мандат, каде што е со широка насмевка, Трамп овојпат е претставен со сериозен изглед на лицето. Многумина го споредија новиот портрет со фотографијата на Трамп снимена при неговото апсење во 2023 во затворот во Атланта. Трамп тогаш беше обвинет за обидот ...

Последниот тест на огромната ракета „Старшип“ на „СпејсЕкс“ пропаднал неколку минути по лансирањето. Официјални лица од компанијата на Илон Маск кажаа дека горната фаза беше изгубена по проблемите што се појавија по полетувањето од Тексас. Ракетата се распаднала во вселената поради што авионите кои летале над Мексиканскиот Залив морале да го променат курсот за да го избегнат паѓањето на остатоците. Осум минути по полетувањето, контролата на ...

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека е постигнат договор со Хамас за ослободување на заложниците. „Премиерот Нетанјаху е известен од преговарачкиот тим дека е постигнат договор за ослободување на заложниците. Премиерот му наложи на безбедносниот кабинет да се состане денеска и да го одобри договорот. Семејствата на заложниците се известени и почнати се подготовките за враќање на заложниците во Израел“, соопшти ...

Почина култниот американски режисер Дејвид Линч, соопшти неговото семејство. Имаше 78 години. Линч е легендарен сценарист и режисер, автор на култната ТВ-серија „Твин Пикс“, на филмовите како „Сино кадифе“ и „Малхоланд дрјав“, „Ирејзерхед“ и „Човек слон“. Линч го сними својот прв филм во 1977 и веднаш се етаблираше како еден од најспецифичните и највлијателни филмаџии во Холивуд. Неговата драма од 1980 „Човек слон“ беше номинирана за дури осум ...

Велешанецот С. Д. (47) на 5 јануари вечерта бил каснат од видра во месноста Капиновски Вирови, преградени на реката Бабуна. Тој е 45. случај на човек каснат од видра во светот, според евиденцијата Националната медицинска библиотека на САД. Според документацијата на библиотеката, вкупниот број на каснати лица од видра се води од 1875 до 2010 година, а најголем број случаи се регистирани во Флорида. „Во езерцата чувам крапови и вечерта околу 20ч ...

Вишото јавно обвинителство отвори истрага против возачот кој денеска удри студентка за време на блокада на сообраќајот во Белград и неколку метри ја носеше на покривот на автомобилот, по што таа падна на асфалтот. Триесет и осумгодишниот возач избега од местото на настанот, за подоцна да биде приведен. Студентката на Правниот факултет се наоѓала на тротоарот кога била удрена од автомобилот. Таа со тешки повреди, но во свесна состојба била ...

Нов директор на гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница е професорот по спорт и физичка култура Зоранчо Ангелов, откако градоначалникот на Виница Миле Петков на 14 јануари ја верификувал одлуката на Училишниот одбор за изборот врз основа на јавен оглас. Лани во октомври, поголем дел од професорите цел месец ја бојкотираа наставата зашто градоначалникот незаконски назначи нивна колешка за в. д. директорка. Колективот сега соопшти дека незаконски ...

Списокот гости за инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари укажува дека таа ќе биде како собир на десничарски популисти. Трамп поканил многу странски лидери со кои разговарал по телефон или ги пречекал во неговата резиденција во Мар-а-Лаго во Флорида, како аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и кинескиот лидер Шји Џинпинг. Додека европските центристи се игнорирани, голем простор ќе биде отстапен за крајнодесничарските и националистичките ...

Бурекчилница во Битола за верскиот празник Василица измамила поголем број битолчани кои учествувале на традиционалното вртење мазник со паре, со тоа што на купувачите кои кај нив порачале мазник им открила каде се наоѓа среќната паричка. На овој начин, наместо парето да падне случајно кај некој од учесниците во традиционалното вртење мазник, некои од василичарите знаејќи го каде се наоѓа повторно си го наместиле да заврши кај нив. Народот верува ...

Земјоделците од 14 села на потегот од Гостивар до Жеровјане денеска протестираа пред гостиварската подружница на АД „Водостопанство“ загрижени од, како што велат, незаконското намалување на капацитетот на каналот за наводнување направено од страна на Општина Гостивар. Тие велат дека со ова ќе биде загрозена нивната егзистенција бидејќи ова лето ќе немаат доволно вода за да ги наводнуваат своите ниви. При вршење градежни активности, за ...

Бугарскиот парламент денеска ја изгласа новата влада, што ќе ја предводи Росен Жељазков, поранешниот спикер на парламентот. ГЕРБ на Бојко Борисов победи на изборите во октомври, седми во последните четири години, но мораше да води тешки преговори со други партии за формирање коалиција. Жељазков, кој беше предложен од најголемата парламентарна група ГЕРБ-СДС, во средата го доби мандатот од претседателот Румен Радев. Жељазков доби поддршка од 125 ...

„Блу ориџин“, вселенската компанија на Џеф Безос, ја лансираше својата прва ракета во орбитата во обид да ја предизвика доминацијата на „СпејсЕкс“ на Илон Маск. Ракетата „Њу Глен“ полета денеска од Кејп Канаверал во Флорида, но компанијата не успеа да го спушти главниот мотор или бустер на платформа во Атлантскиот Океан. И Маск и основачот на „Амазон“ сакаат да го наполнат небото со сателити, да постават приватни вселенски станици и да ...

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение за ексдиректорот на ЈКП „Гази Баба – 2007“ Влатко Митовски за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Митовски се товари дека во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, вработил лица за чистење, за што биле плаќани од општинскиот буџет, а тие не чистеле ниту биле во земјава. „Обвинетиот како в.д. директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“, со ...

Водечкиот пакистански авиопревозник се соочи со големи критики откако објави реклама која прикажува авион како се движи кон Ајфеловата кула. Со рекламата се најавува враќањето на летовите на „Пакистан ерлајнс“ кон Париз и е проследена со текстот „Париз, доаѓаме денеска“. Некои корисници на социјалните мрежи забележаа дека рекламата наликува на терористичките напади на САД од 11 септември 2001. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф нареди истрага за ...

И Џо Бајден и неговиот наследник во Белата куќа Доналд Трамп ги преземаат заслугите за постигнатиот договор за примирје во Газа, што се спремаше со месеци, но беше помогнат и од претставеник на Трамп. Потврдувајќи го договорот, Бајден синоќа кажа дека тој во голема мера е заснован врз рамката на договорот што тој го подготви во мај. „Планот беше развиен и преговаран од мој тим, а ќе го спроведува новата администрација. Затоа му кажав на мојот ...

Затвореничките во Казнено-поправниот дом (КПУ) „Идризово“ ќе бидат дел од креативни работилници за стекнување нови вештини, преку инцијативата на модната дизајнерка Ирина Тошева. Во моментов, иницијативата е во почетна фаза, вели Тошева, веќе потпишале меморандум за соработка со КПУ „Идризово“ и постои отвореност, волја и идеи за производи. „Меѓутоа, додека не се создадат основните услови за работа, не можеме официјално да започнеме со ...

Општина Охрид за тридневната прослава за дочекот на Нова година на градскиот Плоштад „Свети Климент Охридски“ потроши околу 19.000 евра за поставување бина, озвучување, осветлување и поголем дел за хонорари за музичарите кои настапија во празничната програма, Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак, охридската група „Тејк фајв“, и диџеите Гец и Фејс. На 30 декември на градскиот плоштад се одржа стендап шоу „2 Мадрс брадрс“ на Никола Тодороски и ...

Германската економија се намалила втора година по ред во 2024, што е најдолгата рецесија за најголемата европска економија во повеќе од две децении. Германскиот бруто домашен производ (БДП) се намалил за 0,2 отсто во споредба со претходната година, покажуваат прелиминарните податоци објавени од Сојузниот завод за статистика. Економијата на земјата забележа пад од 0,3% во 2023. „Германската економија веројатно нема да излезе од стагнација и оваа ...

Џо Бајден предупреди дека во Америка се создава опасна олигархија, одржувајќи го својот проштален говор додека се подготвува да стави крај на својата повеќедецениска политичка кариера. „Денес во Америка се обликува олигархија на екстремно богатство, моќ и влијание, што се заканува на нашата демократија и нашите основни права и слободи. Овој ултрабогат технолошко-индустриски комплекс би можел да има неконтролирана моќ над Американците“, кажа ...

Општина Центар за новогодишното украсување и предновогодишната забава на Боемската улица потроши 65.000 евра, а Општина Кисела Вода за дочекот потроши 47.000 евра. Градоначалничката Данела Арсовска не кажува колку пари чинеше украсувањето на Скопје и прославата на Плоштад Македонија. Од Општина Центар велат дека за украсувањето на улиците и парковите се потрошени 3.700.000 денари (60.000 евра). За предновогодишната детска забава и вечерната ...

Преговарачите постигнаа договор за крај на војната помеѓу Израел и Хамас во Газа откако во 15-месечниот конфликт загинаа повеќе од 46.000 Палестинци и се засилија тензиите на Блиски Исток. Договорот, кој допрва ќе биде објавен јавно, ќе почне со шестнеделна фаза на примирје, која вклучува постепено повлекување на израелската војска од Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во замена за Палестинците во израелските затвори, ...

Советниците на Доналд Трамп признаваат дека ќе бидат потребни месеци за да се најде решение за војната во Украина, што е спротивно на неговото најголемо ветување за надворешната политика – дека ќе постигне договор за мир уште првиот ден во Белата куќа. Двајца соработници на Трамп, кои со него имаат разговарано за војната во Украина, кажаа за агенцијата „Ројтерс“ дека се разгледува неколкумесечна временска рамка за решавање на војната, опишувајќи ...

На Клиниката за ортопедија во Скопје изминатиов период извршени се две трансплантаци на коски од починати дарители. Имплантирана е коска од починат дарител на два прста кај 13- годишно дете со брахидактилија, а изминатото деноноќие извршена е трансплантација на 19-годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа. „13-годишното дете имаше вродена мана, скратени прсти на стопалата. Заедно со колегата д-р ...

Актерката Тамарa Ристоска ќе учествува на престижната програма Берлинале талентс на годинашниот Берлински филмски фестивал, кој ќе се одржи до 13 до 23 февруари. На 23. издание на оваа програма Ристоска е избрана меѓу 3,836 пријавени од 123 држави, а таа е единствената учесничка од регионот. Берлинале талентс е платформа за развој на филмски таленти, која ја истражува уметноста и процесот на создавање филмови. Основана во 2003, оваа програма е ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
41%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
1.03
57%
1021
weather icon

Загреб

28ᴼ / 25ᴼ
0.0
58%
1023
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
53%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.97
52%
1019
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.51
73%
1023
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
8.23
55%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
30%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
58%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
48%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
10.8
47%
1014
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75