Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Во 2025 имало речиси 5.000 деца на листите на чекање во градинките. Повеќе од 79.000 деца на возраст од 0 до 6 години не се запишани во некој облик на градинка, а за да се постигне националната цел од 65 проценти запишани деца во градинка до 2032 година, потребни се околу 19.000 дополнителни места, се вели во анализата на УНИЦЕФ. На конференцијата „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, беа презентирани наоди и препораки ...
Треба да се оди почесто на пошумување, вели Кирил Сотировски, професор на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК. „Постои таканаречено одржување на шуми или менаџмент. Мора да се инвестира во шумите. Значи, не е само насади и толку. Најчесто се насадува погусто отколку што треба да биде ...
Барак Обама и формално го отвори својот претседателски центар во Чикаго, повикувајќи на одбрана на демократијата, додека на сцената му се придружија тројца поранешни американски претседатели, како и бројни политичари, музички и спортски ѕвезди и други светски познати личности. Ова беше очигледна спротивност на неодамнешните настани организирани од Доналд Трамп, кои беа игнорирани од пошироката јавност. Без да го именуваат сегашниот жител на ...
Фирма ангажирана од ФФМ изведува градежни работи на помошното фудбалско игралиште во Велес, со цел отстранување на недостатоците констатирани од комисија на Општина Велес, кажа градоначалникот Марко Колев. Помошното игралиште започна да се гради во мандатот на претходното раководство на ФФМ, но не беше изградено според проектот, па локалната власт одби да го прими додека не се санираат недостатоците. „На сегашното раководство на ФФМ им ги ...
Најмалку 18 луѓе се убиени во денешните израелски напади врз јужен Либан, додека израелската војска објави дека четворица нејзини припадници загинале во еден од најсмртоносните инциденти од почетокот на последната ескалација. Либанското министерство за здравство кажа дека интензивните напади, кои почнаа ноќеска, ги отежнуваат спасувачките напори и евакуацијата, додавајќи дека бројот на жртви би можел да расте. Израел соопшти дека нападите ...
Жителите на скопската населба Хром четврти месец се без автобуски превоз. Автобусот со број 4 не доаѓа во Хром од 3 март, откако Општина Ѓорче Петров почна со градежни работи за поставување на атмосферска канализација и реконструкција на улицата Воин Драшкоци. Улицата е долга 900 метри, а градежните работи за поставување на цевките сè уште траат. Допрва треба да се реновираат тротоарите, да се поставуваат рабници, нови шахти и целосно корнење ...
Швајцарија објави дека разговорите САД-Иран планирани за денеска во оваа земја се откажани, што следува откако американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс кажа дека нема да патува на средба со иранските преговарачи. Со овие разговори требаше да почнат сложени преговори за спроведување на 14-те точки од меморандумот за разбирање, што веќе го потпишаа претседателите на САД и Иран. Според иранската новинска агенција „Тасним“, иранските преговарачи ...
Вечерва (петок, 19 јуни) во 20:30 часот во Кинотеката ќе има проекција на филмот „Самоуништување“ на Ербил Алтанај, во чест на 30-годишнината од премиерата. Филмот е снимен по сценарио на Сашко Насев, со Јовица Михајловски во главната улога. Михајловски беше и продуцент на филмот. „Самоуништување“ е црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија, чија премиера беше во мај пред 30 години. Покрај Михајловски играат ...
Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, ги нападна израелските критичари на договорот со Иран, велејќи дека Доналд Трамп е единствениот сојузник на Израел, укажувајќи на милијарди долари вредната американска одбранбена помош што ја добива земјата. Додека администрацијата на Трамп го бранеше својот договор за завршување на војната со Иран, Венс реагираше на извештајот дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е бесен поради договорот. Венс ...
Европратениците и членките на Европската Унија постигнаа договор за нови правила за заштита на правата на авиопатниците. Со нив, на семејствата ќе им се овозможи бесплатно резервирање соседни седишта во авиони, а од авиокомпаниите ќе се бара поголема транспарентност во прикажувањето на цените на билетите, објави „Дојче веле“ на македонски јазик. Според новите правила, при онлајн пребарување на авионски билети ќе се прикажуваат цени кои ...
Двајца поранешни претседатели на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Проневера во службата, се меѓу 18 физички и 8 правни лица кои се опфатени во истражна постапка за проневера на над 2,9 милиони евра, соопшти Управата за финансиска полиција (УФП). По спроведена предистражна постапка од истражителите на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на ...
Седумнаесетмина луѓе се повредени во Московскиот регион во денешниот украински напад со дронови, изјави гувернерот Андреј Воробјов, при што вторпат оваа недела беше погодена и запалена рафинеријата на „Газпром-Нефт“, најголема во регионот. Москва беше изложена на најголемиот украински напад од почетокот на војната, при што кон неа биле лансирани речиси 200 дронови. Володимир Зеленски изјави дека Украина уште еднаш ја погодила Москва со ...
„Тажно е што понудија дел од апликантите, очигледно беше нудењето на брза заработка со некаков си настап кој ќе помине-замине три дена и ќе биде пу-пу не важи, но не се согласивме со тоа“, рече актерот Петар Горко, член на комисијата за селекција на програмата на годинешното 18. издание на Битфест. Од 140 апликации, прифатени се 70 настани за чиј избор главниот критериум беше квалитетот. Тоа го најавува и самиот почеток на битолското културно ...
Треба да се оди почесто на пошумување, вели Кирил Сотировски, професор на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК. „Постои таканаречено одржување на шуми или менаџмент. Мора да се инвестира во шумите. Значи, не е само насади и толку. Најчесто се насадува погусто отколку што треба да биде ...
Децата кои биле вакцинирани против ХПВ (хуман папилома вирус) на возраст од 12 до 13 години имаат речиси нула ризик да починат од рак на грлото на матката пред да наполнат 30 години, покажува ново значајно истражување во Англија. Првата студија од ваков вид открива дека бројот на смртни случаи значително се намалил откако вакцината почнала да им се нуди на девојчињата од училишна возраст во 2008, а благодарение на неа досега биле спасени ...
Властите во источниот дел на Крит уапсија тројца таксисти осомничени за измама на патници, соопшти полицијата. Според полицијата, тројцата мажи биле фатени на 15 јуни во рамките на акцијата спроведена од полицајци во Агиос Николаос. Во соопштението се вели дека осомничените, на возраст од 48, 47 и 25 години, од своите клиенти барале повисока цена за превоз од онаа што била прикажана на таксиметарот и на издадените сметки. Полицијата соопшти ...
Новото раководство на Јавното претпријатие (ЈП) „Еко Струга“ обвинува дека претпријатието, кое стопанисува со јавните паркиралишта во Струга, било оставено во сериозни финансиски проблеми и без соодветни механизми за контрола. Според директорот Абдулади Шазиманоски, при преземањето на функцијата бил затекнат долг од над 1,5 милиони денари (околу 25.000 евра), како и бројни неправилности во работењето. Од претпријатието велат дека при увидот ...
Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), Управата за финансиска полиција (УФП) и Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП, ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави ново преиспитување на распоредувањето на американските трупи во Европа и се закани дека ќе задржи дел од американските давачки кон НАТО доколку некои сојузници не ги исполнат своите обврски за трошоци за одбрана. Обраќајќи се пред министрите за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел, Хегсет рече дека анализата ќе трае до шест месеци и ќе вклучува консултации со Конгресот на САД, кој законски ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заплови со Вардарската регата. Тој како велешанец со неговите другари од младоста се пушти по Вардар заедно со уште 60-тина други учесници. Министерот нема да патува до Солун, каде е крајната цел на петдневното пловење, туку до Градско. Љутков претходно и како претседател на Советот на Општина Велес има учествувано на регатата. „Регатата имаше падови и подигнување, се надеваме дека по овие 2-3 ...
Вишиот суд во Белград им изрече затворски казни на родителите на тинејџерот Коста Кецмановиќ, кој го изврши масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023. На повтореното судење, Владимир Кецмановиќ доби 14 и пол години затвор, а Миљана Кецмановиќ две години и 11 месеци затвор. Владимир беше обвинет за тешко дело против општата безбедност и за запуштање и занемарување на малолетниот син, додека Миљана во ...
Доналд Трамп ги пофали кинескиот претседател Шји Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин што биле неутрални за време на војната со Иран, велејќи дека тие не ги попречиле неговите напори да ги ограничи нуклеарните амбиции на Техеран. „Само сакам да им се заблагодарам за тоа што постапија многу добро“, рече Трамп по усвојувањето на договорот за прекин на огнот со Иран. Зборувајќи на прес-конференција на самитот на Г7 во Франција, Трамп ...
Режисерот Милчо Манчевски ја доби престижаната награда „Пезаро Нова кинематографија 62 за достигнувања во светската кинематографија“, на Филмскиот фестивал во Пезаро, Италија. Фестивалот му оддава специјална почест на Манчевски со одбележување 25 години од неговиот филм „Прашина“, а ќе има и италијанска премиера на „Бикини Мун“ и промоција на нова книга за неговото творештво. Покрај филмските проекции, авторот ќе одржи и мастерклас посветен ...
Украина денеска го изведе најголемиот напад со дронови врз Москва во последните две години, објави агенцијата „ТАСС“, што предизвика пожари во и околу главниот град и доведе до евакуација на најголемиот аеродром во земјата. Видеоснимки објавени на социјалните мрежи покажуваат огромни столбови црн чад над градот, додека на едно видео можат да се слушнаат дронови како зујат на небото. Нападот се случи неколку часа пред средбата на Владимир ...
Европскиот парламент (ЕП) го усвои извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година на пленарна седница во Стразбур. Резолуцијата беше поддржана од 411 европратеници, додека 120 гласаа против. Во извештајот се критикуваат недостатокот на реформи и демократските состојби, а европратениците гласаа и историските прашања да останат дел од текстот. Амандманот 3, предложен од известувачот Томас Вајц, со кој требаше да се избрише ставот 73 од ...
Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, го потпишаа првичниот договор за завршување на војната, кој веднаш стапува во сила. Тој предвидува повторно отворање на Ормускиот Теснец, создавање фонд за обнова на Иран од 300 милијарди долари и укинуваање на сите американски санкции за Иран. Сепак, за иранската нуклеарна програма, главната причина за почетокот на нападите, ќе се преговара во следниот 60-дневен период. Трамп ...
Високи американски функционери ги открија деталите од меморандумот за разбирање со Иран по неколкудневна тајност, а Иран сугерираше дека договорот за завршување на војната би можеле да го потпишат претседателите Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан. Таквата церемонија би претставувала голем чекор за двете земји, кои ги прекинаа дипломатските односи во 1980 поради заложничката криза во амбасадата на САД во Техеран. Иран досега не го објавил ...
Поднесена е кривична пријава против пет лица од Скопје кои формирале медиумски канал и преку него повикувале и поттикнувале формирање на терористичка група по примерот на радикалната исламистичка организација ИСИС, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на ...
Водечката француска издавачка куќа „Галимар“ пред 475 француски книжари го претстави „Тони“, првиот роман на македонската писателка Румена Бужаровска. „Галимар“ ќе објави „Тони“ на 3 септември годинава, во превод на Клое Бијон. По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е објавено од „Галимар“, издавач што постои 114 години. „Тони“ го објави македонската издавачка куќа „Три“ во ...
Европскиот парламент ја повика Албанија да прекине со изградбата во заштитените подрачја, зголемувајќи го притисокот врз премиерот Еди Рама во врска со предложеното луксузно одморалиште поврзано со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Во Албанија веќе 18 дена има континуирани протести против проектот, наречени „Фламинго револуција“, како и демонстрации организирани од дијаспората во САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, ...