Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека потпишал указ за формирање на посебна команда во рамките на вооружените сили, чиј фокус ќе биде остварување долгорочно и глобално влијание врз Русија. Како што кажа Зеленски во своето обраќање, ова тело ќе ги насочи сите расположливи ресурси за дополнително намалување на воениот капацитет на Москва. Одлуката доаѓа по повеќемесечната кампања со беспилотни летала насочена кон клучната ...

Агенцијата за управување со одземен имот повторно ги става на продажба трите запленети станови на поранешниот премиер Никола Груевски, кои беа конфискувани во судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“. Ова е повторен обид за продажба на недвижностите на Водно со поглед на Скопје, откако првата аукција пред една година заврши без успех. Според огласот, два од апартманите имаат површина од по околу 200 квадратни метри и дополнителни тераси ...

Технолошкиот гигант Мета итно ја отстрани новата опција која им овозможуваше на корисниците да применуваат алатки за вештачка интелигенција за создавање лажни слики од содржини на Инстаграм. Оваа функција беше промовирана како дел од поширокото претставување на новиот генератор на слики „Мјуз Имиџ“ (Muse Image). Новата алатка нудеше можност за означување јавни профили на Инстаграм во рамки на четботот на Мета, по што содржината од тие профили ...

САД бараат од Иран јавно да соопшти дека стратешкиот Ормуски теснец е отворен и да се обврзе дека ќе престане да пука кон комерцијални бродови, во рамки на преговорите што во сабота треба да се одржат во Оман. Американските медиуми пренесуваат изјави на неименувани официјални лица кои тврдат дека Техеран во приватни разговори со советниците на претседателот Доналд Трамп признал дека нападите врз бродовите биле грешка. Според истите извори, ...

Сенатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје скоро два месеца не му одговара на Министерството за здравство за предлогот да се воведе тригодишна студиска програма за медицинска служба за итна помош и тријажа. Ова медицинско звање, познато и како парамедик, опфаќа медицински лица обучени да дадат итна помош или тријажа во случај на несреќа. Министерот за здравство во заминување Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите ...

Легендарниот актер Ентони Хопкинс потпиша за издавачката куќа „Дека класикс“ и ќе го објави својот прв музички албум на 88 години, насловен „Life Is a Dream“. Тој ќе содржи оригинални композиции создавани во изминатите шест децении, кои се изведени од Филхармонскиот оркестар од Лондон, под диригентство на Густаво Дудамел. Хопкинс почнал да свири пијано на четири години, а со компонирање почнал како тинејџер. Првиот објавен сингл од албумот е ...

Музеј во Ротердам истури над 360 килограми путер од кикирики на подот за да му оддаде почит на холандскиот уметник Вим Схиперс, кој почина минатиот месец. Оваа количина путер е доволна за околу 15.000 сендвичи. Концептуалниот уметник, кој почина на 83 години, првпат го создал делото „Под од путер од кикирики“ во 1969 година. Тоа било дел од неговата „Серија на подни облоги“, која вклучувала подови покриени со парчиња стакло и со сол. ...

Шестмината работници од фирма во штипската трговско-индустриска зона (ТИР) кои го пријавиле труењето со храна се сомневаат дека се затруле од цезар-салатата што ја јаделе за време работниот ручек во фабриката на 8 јули. Од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Штип, велат дека последниот збор ќе го каже Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кој единствено во земјава ја има лиценцата во своите лаборатории да испитува исправност на храна. Денеска биле ...

Ќе се ограничи возраста на студентите до кога можат да бидат сместени во студентски домови, кажа денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставувајќи ги измените на Законот за студентски стандард. „Детектиравме студенти кои со години се сместуваат во домовите, законски наоѓаат начини и ги користат услугите за 3.400 денари да живеат во месецот со сите покриени трошоци за храна, вода, струја и така натаму. Едноставно, ...

Шеесет и едногодишен патник од Србија е повреден во денешниот инцидент на авион на „Рајанер“, кој принудно се врати на аеродромот во Солун откако бил откриен дефект на мотор додека летал над Македонија. Грчките медиуми објавија дека тој бил спасен од безбедносниот појас и од другите патници, кои го држеле и влечеле за да не излета од авионот низ скршениот прозорец. За време на спуштањето, дел од оштетениот мотор се одвоил и удрил во прозорец ...

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Кога се работи за деца-сторители на кривични дела, класично истрага не се ...

Во Гостивар почина 14-годишно девојче по пад од лулашка во парк. Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен во синоќа, кога од Медицинскиот центар Гостивар известиле дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш. Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. „На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш. Н. (14) од Кавадарци, ...

Претставата „Кориолан“ на Битолскиот театар, по текст на Вилијам Шекспир и режија на Американецот Џон Блондел, на 15 јули ќе има премиера на „Охридско лето“, а на 21 јули ќе игра на „Шекспир фринџ фестивал“ во Верона, Италија. Блондејл по 9 години повторно режира во Битолскиот театар, а „Кориолан“ е негова петта претстава тука и четврта режија на Шекспир. Трагедијата е напишана во 1608 година, а наликува како да ја обработува денешницата. ...

Авион на „Рајанер“, кој летал за Минхен, безбедно се вратил на аеродромот „Македонија“ во Солун денеска откако претрпел сериозен проблем на моторот за време на летот. Еден патник е лесно повреден од остатоци од моторот. Пилотите го откриле проблемот додека авионот бил над Македонија и одлучиле да се вратат во Солун зашто дефектот не можел да се реши во воздух. За време на спуштањето, дел од оштетениот мотор се одвоил и удрил во прозорец на ...

Во првите шест месеци од оваа година, двата македонски аеродрома опслужија 1.955.648 патници, што е зголемување од 28% во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска ТАВ Македонија. Во истиот период беа реализирани 13.167 летови од двата аеродроми, односно 7,6% повеќе споредено со првите шест месеци од 2025 година. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374.714) во однос на истиот ...

Двајца украински разузнавачи се обвинети за убиството на Анастасија Березовска, осомничена дека го извела бомбашкиот напад во Монако, во кој беа повредени контроверзниот украински бизнисмен Вадим Јермолаев, неговата сопруга и нивниот 13-годишен син. Активниот и одликуван офицер на украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) Владислав Реут, кој пред неколку дена ги одвел истражителите до гробот на Березовска во шума близу Киев, првично ...

Убиениот врховен водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е погребан во најсветиот храм во земјата, соопштија државните медиуми утрово, откако огромни толпи се собраа на неговoто испраќање, а неговиот син и наследник Моџтаба Хамнеи сè уште е скриен од јавноста. Погребот во Машад во североисточен Иран се одржа по една недела масовни погребни поворки, собири и церемонии, што се совпаднаа со обновувањето на конфликтот со САД по неколку недели ...

Се урива познатата скопска сендвичара „Седмица“ спроти Грчката амбасада, за да се гради зграда. Од пред неколку дена со градежна механизација се урива куќата во која 30 година се наоѓаше сендвичарата. Просторот е заграден со тараби, а инвеститорот кој на овој простор ќе гради зграда поставил известување дека од 4 јули започнуваат со градежни работи на објектот. Од Општина Центар не добивме одговор на нашите прашања за колкав објект е издадена ...

Најмалку 12 луѓе загинаа во шумски пожар во југоисточната шпанска провинција Алмерија откако паднал далновод. Некои од жртвите се пронајдени во изгорени автомобили. Властите не ја потврдија причината за пожарот, но очевидци изјавија дека паднал далновод, по што огнот брзо се проширил на околната шумска област. „Бројот на починати во пожарот во Лос Гаљардос порасна на 12, а шест луѓе се повредени. Ова е голема трагедија“, изјави шефот на ...

Шест пријави за труење со храна од вработени во фирма во трговско-индустриската (ТИР) зона во Штип се поднесени на 8 јули во Одделението за епидемиологија и социјални услуги при Центарот за јавно здравје. „Стручни лица од Центарот излегоа на увид во објектот на операторот со храна каде бил извршен разговор со одговорните лица, биле дадени препораки и мерки, наложено било генерално механичко чистење на просториите и биле направени и санитарни ...

Борбен авион „Ф-16“ на грчките воздухопловни сили се запали при принудно слетување на аеродромот на Закинтос, затворајќи еден од најпрометните терминали за летни одмори во Грција. Авионот, кој бил на тренинг лет, слетал откако се појавил технички дефект. „Пилотот е во добра здравствена состојба. Причината за инцидентот се истражува“, соопштија воздухопловните сили. Грчките медиуми објавија дека авионот добил индикација за пожар пред ...

Винарската визба „Тиквеш“ денес ја одржа традиционалната годишна средба со своите кооперанти. Средбата годинава беше посветена на развојот на одржливото лозарство и примената на современи технологии и практики што овозможуваат производство на поквалитетно грозје, поефикасно користење на природните ресурси, заштита на животната средина и на биодиверзитетот и поголема отпорност на лозовите насади на климатските промени. На средбата, на која ...

Германија постигна договор за купување американски крстосувачки ракети „Томахавк“ и нивно стационирање во земјата, објави канцеларот Фридрих Мерц. Договорот за ракетите со долг дострел, кои се користат за погодување цели длабоко во непријателска територија, беше постигнат на маргините на самитот на НАТО во Анкара. „Ова ќе затвори важен стратешки јаз во нашата одбрана, а во исто време ќе работиме на развој на наши, европски системи и нивно ...

Аргентински пилот се фрлил од авион среде лет откако ѝ рекол на жената на која ѝ бил инструктор сама да го приземји авионот. Четириесет и двегодишниот Леандро Андрес Бертацо бил пронајден мртов по инцидентот, што се случил во Толедо во централна Аргентина викендов, соопшти аргентинското јавно обвинителство вчера. Бертацо го управувал авионот „цесна 150“ со 22-годишна ученичка по име Росарио. Во еден момент ѝ рекол „Знаеш што треба да ...

Во Основниот суд Куманово денеска започна судскиот процес против Трајче Бојковски (25) од селото Драгоманце, обвинет за 4 убиства и два обиди за убиства на жени во повеќе села Општината Старо Нагоричане. На почетокот на рочиштето обвинетиот само гледаше во таванот и испушташе неконтролирани звуци, држејќи се за глава, а не даде ни лични податоци. Судијата заклучи дека обвинетиот не е во можност да одговара на прашањата на судот и воопшто не е ...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование Весна Јаневска денеска во населбата Буковски Ливади во Битола извршија увид во реконструкцијата на училиште кое сѐ уште е во фаза на карабина. При посетата Мицкоски не влезе во стариот објект што се реконструира, а претходно беше запуштен и руиниран. Од реконструктивниот зафат досега се ставени плоча, покрив и некои други реконструкции и зацврстување на градбата. Но, градбата уште ...

Владимир Путин ги отфрла повиците за преговори со Киев, изјавија за „Ројтерс“ три извори блиски до Кремљ, а серијата напади врз руските рафинерии и пристаништа ја зајакнуваат неговата решеност да продолжи да војува засега. Тие рекле дека Путин веројатно ќе го засили конфликтот во наредните месеци. Ова следува откако Доналд Трамп изјави дека Путин сака војната да заврши и дека решението е поблиску одошто луѓето сфаќаат. Трамп минатата недела ...

Од 1 август лекот „фостер“ ќе биде без доплата, а партиципацијата ќе чини 280 денари, кажа денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. Лекот „беклометазон/фомротерол“ или познат како „фостер“ е инхалациска терапија за астма и за хронично опструктивна белодробна болест. Изминатиов период цената на „фостер“ од 300 скокна на 1.081 денар, по што реагираа пациeнтите кои го користат. Цената од 280 денари ќе стапи ...

По минатонеделната презентација на СМС-пораки и вибер- комуникации со полициски началници, инспектори и вработени во секторот економија кои праќале дојави за контроли во кочанската дискотека „Пулс”, денеска на судењето за пожарот со 63 загинати и над 200 повредени обвинителството продолжи да презентира екстрахирани податоци од мобилни телефони на обвинетите. „Ќе има контрола, спремни да сте”, „Биди исправен, ќе има контрола”, дојавуваат ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-мај 2026 година изнесува 3,53 милијарди евра, што претставува пораст од 5,7 отсто во однос на истиот период од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), вредноста на увезената стока во истиот период изнесува 4,96 милијарди евра или за 5,91 отсто повеќе во споредба со првите пет месеци од минатата година. Во овој период, земјата бележи ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.94
47%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
55%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.58
61%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.88
61%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.41
57%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.43
83%
1015
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
51%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.34
34%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.58
44%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
74%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.18
45%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
5.71
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Паладиум

41120.80

Бакар

13.07

Иридиум

252383.36

Родиум

265243.66

Сребро

1880.63

Платина

52437.87

Калај

54.37

Кобалт

56.29

Злато

131085.02

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.19