Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и битолската Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола го отворија првото советувалиште за медикаментозен абортус надвор од Скопје. Со тоа се прошири пристапот до безбеден абортус и современи услуги за сексуално и репродуктивно здравје во државата. Ова советувалиште, по она во Скопје, е второ во рамки на јавното здравство во Македонија. Медикаментозниот абортус е безбедна, високо ...
Битката на пожарникарите да го стават под контрола големиот шумски пожар што беснее јужно од Париз влегува во вториот ден. Пожарот во шумата Фонтенбло, опишан од официјалните лица како крајно опасен и исклучително обемен, делумно го затвори главниот автопат север-југ во Франција. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез посочи дека пожарот можеби е подметнат, откако официјални лица изјавија дека се проширил на 800 хектари во шумата на околу ...
Во продолжение на сведочењето, односно презентацијата на градежното вештачење, клучниот доказ на Обвинителството во обвинението против 34-та обвинети за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, професорот Горан Марковски од Градежниот факултет Скопје, прикажа два цртежа на видеобим: основата на објектот додека функционирал за лесна индустрија и основата на објектот додека функционирал како угостителски објект. „Ќе го земам само ...
Одбележани се 75 години од смртта на Панко Брашнаров, првиот претседавач на заседанието на АСНОМ на 2 август 1944 одржано во манастирот „Св. Прохор Пчински“. Тој почина на 13 јули 1951 на Голи Оток, Хрватска, како политички затвореник на власта, а целиот негов живот го посветил на борбата за социјални права и слобода. За податок кој досега не беше познат сведочеше Крсто Гочев, син на велешанец, кој исто така бил на Голи Оток. Информацијата ...
Европската Унија не успеала да договори санкции за рускиот патријарх Кирил откако Бугарија ставила вето на предлогот на состанок што се одржал зад затворени врати, изјавија извори за „Јуроњуз“. Бугарија се спротивставила и на казнувањето на Вагит Алекперов, руски милијардер со врски со Кремљ и „Лукоил“. Двете имиња биле тргнати од предлог-листата за санкции на вчерашен вонреден состанок на евроамбасадорите, на кој требало да се постигне ...
Европските земји пријавија повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што го зафати западниот дел од континентот кон крајот на јуни, покажаа официјалните податоци. Огромно мнозинство, повеќе од 9.000, биле луѓе на возраст од 65 години и повеќе, според податоците објавени од „EuroMOMO“, мрежа поддржана од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација. „Да се има ...
Во денешното рочиште против 34. обвинети за катастрофалниот пожар во Кочани на 16 март 2025 во кој загинаа 63 млади и над 230 беа повредени, Обвинителството продолжи со докази од направеното градежно вештачење од повеќе професори, на чело со Горан Марковски од Градежниот факултет во Скопје. „Ова е еден од поважните докази во предметот, ве молам зборувајте јасно и полека и секако, треба да положите заклетва пред овој Суд дека ќе ја зборувате ...
Американските и иранските сили разменија напади со ракети и беспилотни летала, при што Иран ги таргетираше американските воени објекти во државите во Заливот и објави дека повторно го затворил Ормускиот Теснец, зголемувајќи ги цените на нафтата. Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападнала американски воени бази во Бахреин и Кувајт, уништила радарски системи во Оман и нападнала резервоари за гориво и складишта за муниција во ...
Анализата на наодите на стручните комисии за давање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице, спроведена од Министерството за здравство, покажа дека проблемот со честото поднесување документи не произлегува од потребата рокот да биде продолжен, туку од неправилна примена на постоечкиот Правилник, велат од Министерството. Министерот за здравство во Алиу на 11 јуни кажа дека државата губи повеќе од 2 милиона евра годишно ...
Во изминатите два месеца откриени и отстранети се уште 375 неексплодирани убојни средства од Првата светска војна на истата приватна парцела во старата касарна во Битола, каде до 5 мај беа пронајдени, отстранети и уништени вкупно 1.067 парчиња минофрлачки, тромблонски гранати и рачни бомби. Според пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), досега вкупно се откриени 1.443 парчиња. Од нив 1.067 се уништени на ...
Преполн Антички театар и повеќе од 4.000 гости го одбележаа свеченото отворање на 66. издание на фестивалот Охридско лето. На сцената на Античкиот театар настапија светските оперски пејачи сопранот Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) под диригентската палка на италијанскиот маестро Марко Боеми. Со извонредните интерпретации тие ја воодушевија ...
Сем Нил, разновидниот новозеландски актер чија кариера опфати добитници на Оскар и блокбастери како „Пијано“ и „Паркот Јура“, почина на 78-годишна возраст. Смртта на Нил беше објавена преку соопштение споделено на неговиот инстаграм профил. Не е наведена причината за смртта, но Нил неодамна откри дека е излекуван откако му беше дијагностициран еден вид на рак на крвта во 2022 година. „Загубата беше ненадејна и неочекувана, но благословена од ...
Голем пожар зафати бар во Бангкок, при што загинаа најмалку 27 луѓе, а повеќе од 20 се критично повредени. Пожарот избувнал близу бината во барот во популарната област Чатучак, при што брзо се проширил, исполнувајќи го просторот со чад, изјавија очевидци. Пожарникарите кои пристигнале на местото набргу после полноќ го изгаснале пожарот за половина час. Најголемиот број на жртвите се пронајдени во тоалетите, каде што веројатно се обиделе да ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко поднесе оставка денеска, во период кога претседателот Володимир Зеленски започна голема владина реконструкција. Во објава на социјалните мрежи, Зеленски соопшти дека Украина ја менува својата политичка стратегија. Според неговите зборови, за секој приоритетен правец во надворешната политика ќе биде одговорно конкретно лице со значително искуство, способно да го спроведе она што е договорено на ниво на ...
Попладнето околу 17 часот, Штип беше погоден од половина час невреме проследено со грмотевици, дожд и силен ветер, кои предизвикаа откорнување на дрвја покрај улиците, како и покриви од гаражи и станбени објекти. Повредени нема. На улицата „Никола Карев“, која води кон таканареченото Ридарско Маало во штипско Ново Село, од силниот ветер се откорнале дрвја и ги оштетиле автомобилите паркирани покрај улицата. По пријавата од граѓаните кои ...
Познатиот музеј Соломон Р. Гугенхајм во Њујорк е меѓу објектите на Менхетен каде што е утврдено присуство на бактеријата која предизвикува легионерска болест, во рамките на најновата епидемија во градот. Градскиот здравствен сектор објави список од 31 зграда во населбата Апер ист сајд на кои им е наредено да ги исчистат и дезинфицираат разладните кули со цел да се спречи ширењето на оваа тешка форма на пневмонија. Специфичниот цилиндричен ...
Иран денеска изврши напади со ракети и беспилотни летала врз своите соседи во Персискиот Залив како одговор на претходните воени удари од страна на САД. Истовремено, Техеран објави дека стратешкиот Ормускиот теснец се затвора за сообраќај на неодредено време. Според информациите, цел на овие напади биле Јордан, Бахреин, Катар, Оман и Обединетите Арапски Емирати. Оваа последна ескалација на состојбите директно го загрозува ...
Десет лица се приведени во рамки на специјализирана операција на бугарската гранична полиција, спроведена против организирана шема за измами со рент-а-кар возила. Штетата од дејствувањето на групата се проценува на околу 900.000 евра, соопштија од граничната полиција. Во акцијата биле извршени претреси на 14 адреси низ Бугарија. Организаторот на шемата, заедно со уште тројца учесници, е кривично гонет. Според истражителите, организаторот ги ...
Собранието вчера објави јавен оглас со потпис на претседателот Африм Гаши, со кој се бара проектант за зајакнување на 6-те масивни влезни врати на Собранието, односно за набавка на нови, за заштита од толпа и од куршуми. Проектот се однесува и за изработка на нова огромна гаражна врата под Собранието. Според Проектната програма за изработка на безбедносните врати на Собранието со потпис на Гаши, а која што е закачена во тендерската ...
Американскиот сенатор Линдси Греам почина на 71-годишна возраст по кратка и ненадејна болест, соопшти неговиот кабинет. Службата за итна помош реагирала во неговиот дом во Вашингтон по повик за срцев удар во саботата навечер. Греам беше клучна фигура во Републиканската партија и со текот на времето стана еден од најблиските сојузници на Доналд Трамп, иако во минатото јавно ја критикуваше неговата кампања. По објавувањето на веста, Трамп го ...
Европската комисија ја потврди конечната одлука за повлекување на грантот од два милиони евра кој беше наменет за Венециското биенале за тригодишниот период од 2025 до 2028 година. Ваквиот чекор следува по евалуацијата на објаснувањата од страна на менаџментот на Биеналето во врска со контроверзното повторно отворање на рускиот павилјон, кои беа оценети како недоволни. Еврокомесарката Хена Виркунен преку објава на социјалната мрежа Икс ...
САД започнаа нов бран воздушни напади во Иран откако Техеран погоди трговски брод што минувал низ Ормускиот теснец. Иранската исламска револуционерна гарда претходно соопшти дека овој воден пат се затвора до понатамошно известување, упатувајќи предупредување за остар одговор кон секоја американска воена акција. По само неколку часа од американските воздушни удари, од гардата соопштија дека погодиле база на САД во Јордан. Во меѓувреме ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека се идентификувани одговорните лица кои дозволиле функционирање на складиште за оружје во станбена зона во близина на Киев, каде што во експлозии загинаа десет лица, и додаде дека тие ќе одговараат. Претходно неделава, руски напад врз гратчето Вишневе на западната периферија на Киев погоди складиште со оружје, по што се активираа серија секундарни експлозии во кои беа оштетени стотици ...
Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, изјави дека мора да се изврши одмазда за убиството на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, извршено од страна на Соединетите Американски Држави и Израел. Во соопштението објавено преку државната новинска агенција Фарс се наведува дека одмаздата е барање на целата нација и дека таа сигурно ќе се реализира. Во пораката упатена директно до починатиот лидер се дава ветување за одмазда на неговата ...
Експерименталната повторно употреблива ракета на Јапонија полета и безбедно слета при својот прв тест-лет, во обид на земјата да ја усвои клучната технологија за намалување на трошоците за лансирање и да стане поконкурентна на глобалниот вселенски пазар со кој доминира компанијата „СпејсЕкс“. Ракетата со ознака РВ-Икс полета, лебдеше во воздухот и се движеше хоризонтално пред да се спушти на земјата за време на летот кој траеше помалку од ...
Вработените во штипската фабрика „Адиент“, каде што неодамна се случи труење со храна, најавија тивок бојкот на фабричкиот оброк. Како и во текот на изминатата недела, тие превентивно ќе продолжат да си носат храна од дома. Оваа одлука доаѓа откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече парични казни и ја затвори кујната од каде што потекнуваше заразата. По увидот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска предупреди дека поради политиката на Христијан Мицкоски за „изолација и економско пропаѓање“, како што рече, Македонија остана на сстрана, сама и во неизвесност и презадолженост. „Остануваме на страна од сите финансиски и економски текови кои, како поддршка, можат и доаѓаат од Европа за земјите што ги остваруваат реформите и се приклучуваат кон Европската Унија, како, на пример, Црна Гора, за која во ...
1 Колку и да се трудам, не можам да замислам што ли се случува во мозоците на партиските послушници кои се избрани од граѓаните во Собранието, во општинските Совети, или во Советот на Град Скопје. Дали кога ќе станат сабајле си го оставаат половина мозок на наткасна покрај кревет и така, ослободени од здрав разум, одат да гласаат како што им кажала партијата? Еве, на пример, може ли некој да даде здраворазумски одговор зошто советниците на ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека чувствува одговорност исклучиво пред граѓаните, кои во моментов ја даваат поддршката за владините политики со кои се испорачува она што е ветено. Тој вели дека декемврискиот и претстојниот јунски извештај на Европската комисија покажуваат дека државата е најнапредна во регионот според спроведувањето на реформите, но додаде дека промената на Уставот и прифаќањето на она што го прифати претходната Влада ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од Охрид изјави дека спроведените евалуации на високообразовните институции во земјата покажале неправилности во работењето кај дел од нив. Поради тоа, како што рече, ќе следува одземање на акредитации и затворање на институциите што нема да ги отстранат недостатоците во законски предвидениот рок. Одговарајќи на прашања на новинарите, Јаневска рече дека сега активно функционира ...