Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
САД вратиле десетици милијарди долари собрани преку царини откако Врховниот суд ги прогласи за нелегални. Досега по овој основ биле исплатени 81 милијарда долари оваа фискална година, која започна во октомври 2025, во споредба со пет милијарди долари претходната година. Повратот на средства започнал во мај, откако Врховниот суд на САД во февруари пресуди дека голем дел од новите глобални царини на Доналд Трамп се нелегални. Тоа значеше дека ...
Поранешната претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска за кривично дело Оддавање службена тајна и Компјутерски фалсификат денеска во Кривичниот суд од судијата за организиран криминал и корупција Иле Трпков, првостепено осудена е на условна затворска казна во траење од една година. Се работи за праќање на тајни податоци на осомничен во истрагата „Адитив“, нејзин пријател. Таа е соизвршителка со ...
Повеќе од половина од камионите на ЈП „Комунална хигиена“ за собирање ѓубре се расипани или хаварисани, поради што низ Скопје ненавремено се собира ѓубрето, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија за работата на претпријатието во 2024 година. Во овој период, градоначалничка на Скопје беше Данела Арсовска, а директори на „Комунална хигиена“ беа Гоце Трајковски (в. д. директор од 10.10.2023 до 07.02.2024 и директор од 08.02.2024 до ...
Бугарскиот премиер Румен Радев ја одби поканата на Емануел Макрон да учествува на средбата на коалицијата за помош на Украина, што се одржа во Париз, велејќи дека неговата земја не припаѓа таму. „Ние нема да учествуваме во коалиција која инсистира на продолжување на финансиската и воената помош за Украина. Ние не даваме таква помош затоа што верувам дека решението на овој конфликт не е во неговото продолжување со воени средства, туку во силна ...
Панче Аџиов (23) е прогласен за виновен, а петчлениот кривичен совет од Основниот суд во Велес му одредни казна од пет години затвор за тешката сообраќајна несреќа во близина на селото Чичево во август минатата година, кога загина едно лице, а три беа повредени. Тој доби и забрана за управување на возило од Б-категорија во траење од една година. Продолжени се и мерките на претпазливост да не го напушта живеалиштето (Градско), повремено да се ...
Украина и клучните европски сојузници објавија коалиција за воздушна одбрана што би вклучувала заеднички развој на нов систем за борба против балистички ракети како алтернативно и поевтино решение на американскиот систем „Патриот“. На самитот на Коалицијата на волните во Париз, лидерите на десет земји и десетина фирми од одбранбениот сектор разговараа за формирање она што го нарекоа Интегрирана коалиција против балистички ракети. „Веруваме ...
Унгарскиот парламент гласаше за отстранување на претседателот Тамаш Суљок од функцијата, кој се смета за лојалист на поранешниот премиер Виктор Орбан. Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар го искористи своето двотретинско мнозинство за да го усвои 17. амандман на уставот, со што заврши мандатот на Суљок и на претседателот на уставниот суд, Петер Полт. Суљок сега има пет дена да го потпише амандманот или да го упати до уставниот суд. Ако ...
Обединетите Арапски Емирати го обвинија Иран за дрзок напад врз два танкера во Ормускиот Теснец, при што загина едно лице, додека САД извршија напади врз Иран трета ноќ по ред. Ова следува откако Доналд Трамп објави дека ја враќа поморската блокада на иранските пристаништа и дека САД ќе наплаќаат патарина од бродовите кои минуваат низ Теснецот. Иранското министерство за надворешни работи возврати на ова дека Иран останува чувар на Ормускиот ...
Во Собранието вечерва беа избрани новите 8 министри во Владата предложени со владината реконструкција. За изборот на новите министри гласаа само пратениците од власта односно 69 пратеници, откако опозицијата ја напушти седницата поради навредите кои кон нив ги упатил новиот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, кој до изборот беше министер за односи со заедниците како кадар на Демократската партија на Србите. Нов министер за ...
Анализата на наодите на стручните комисии за давање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице, спроведена од Министерството за здравство, покажа дека проблемот со честото поднесување документи не произлегува од потребата рокот да биде продолжен, туку од неправилна примена на постоечкиот Правилник, велат од Министерството. Министерот за здравство во Алиу на 11 јуни кажа дека државата губи повеќе од 2 милиона евра годишно ...
Министерот за европски прашања и вицепремиер, Беким Сали, ја претставува Македонија на официјалните манифестации во Париз со кои Франција го одбележува својот национален празник, 14 Јули – Денот на Бастилја. Покрај домаќинот, францускиот претседател Емануел Макрон, на настаните учествуваат околу триесетина европски лидери, меѓу кои и британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск. Како што ...
Актуелниот министер за односи меѓу зедниците Иван Стоилковиќ, кој сега е предлог за нов министер за локална самоуправа, на денешната седница за реконструкција на Владата ги пцуел и навредувал пратениците. Пратениците од опозицијата поради навредите од Стоилковиќ побараа седницата да биде прекината, и рекоа дека е неприфатливо ваквото однесување на актуелен министер и кандидат за министер во друг ресор. Како што кажаа пратениците, Стоилковиќ, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница го нарече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи дека е фрустриран и мизогин лик, откако тој на седницата за реконструкцијата на Владата ја критикуваше работата на премиерот. Битиќи рече дека нема никакви економски резултатите, процесот на евроинтеграции е закочен и Владата не прави ништо по тоа прашање, како и дека во земјава владее авторитарен режим. „Човек кој што е полн со ...
Доналд Трамп изјави дека САД ја обновуваат блокадата на иранските пристаништа и ќе се погрижат Ормускиот Теснец да остане отворен, откако двете страни разменија повеќе напади со ракети и дронови во изминатите денови, што ги загрози идните мировни преговори. „Ормускиот Теснец е отворен и ќе остане отворен, со или без Иран. Ја враќаме блокадата на Иран. Од овој момент, па натаму, САД ќе бидат познати како чувари на Ормускиот Теснец, но како ...
Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство на Македонија и Здружението на јавните обвинители денеска реагиа што а Уставниот суд не постапува по поднесените иницијативи против тоа што по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на платите на обвинителите. Државниот обвинител Ненад Савески неодамна во тв-интервју кажа дека обвинители му кажуваат оти ќе си побараат отказ и ќе конкурираат на огласите за судии, на кои никој не им ...
Четири часа и две големи паузи за координации беа потребни за усвојување на дневен ред на Советот на Општина Тетово за денешната 15. седница, чија работа ја напуштија советниците од ДУИ, иако беше прифатен нивниот предлог да има точка за преименување на 67 улици. Овој предлог, освен од ДУИ, беше изгласан и со гласовите на советниците на ,,Вреди”, додека останатите советници гласаа против и воздржано. Советниците од ДУИ не се согласија нивниот ...
Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и битолската Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола го отворија првото советувалиште за медикаментозен абортус надвор од Скопје. Со тоа се прошири пристапот до безбеден абортус и современи услуги за сексуално и репродуктивно здравје во државата. Ова советувалиште, по она во Скопје, е второ во рамки на јавното здравство во Македонија. Медикаментозниот абортус е безбедна, високо ...
Битката на пожарникарите да го стават под контрола големиот шумски пожар што беснее јужно од Париз влегува во вториот ден. Пожарот во шумата Фонтенбло, опишан од официјалните лица како крајно опасен и исклучително обемен, делумно го затвори главниот автопат север-југ во Франција. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез посочи дека пожарот можеби е подметнат, откако официјални лица изјавија дека се проширил на 800 хектари во шумата на околу ...
Во продолжение на сведочењето, односно презентацијата на градежното вештачење, клучниот доказ на Обвинителството во обвинението против 34-та обвинети за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, професорот Горан Марковски од Градежниот факултет Скопје, прикажа два цртежа на видеобим: основата на објектот додека функционирал за лесна индустрија и основата на објектот додека функционирал како угостителски објект. „Ќе го земам само ...
Одбележани се 75 години од смртта на Панко Брашнаров, првиот претседавач на заседанието на АСНОМ на 2 август 1944 одржано во манастирот „Св. Прохор Пчински“. Тој почина на 13 јули 1951 на Голи Оток, Хрватска, како политички затвореник на власта, а целиот негов живот го посветил на борбата за социјални права и слобода. За податок кој досега не беше познат сведочеше Крсто Гочев, син на велешанец, кој исто така бил на Голи Оток. Информацијата ...
Европската Унија не успеала да договори санкции за рускиот патријарх Кирил откако Бугарија ставила вето на предлогот на состанок што се одржал зад затворени врати, изјавија извори за „Јуроњуз“. Бугарија се спротивставила и на казнувањето на Вагит Алекперов, руски милијардер со врски со Кремљ и „Лукоил“. Двете имиња биле тргнати од предлог-листата за санкции на вчерашен вонреден состанок на евроамбасадорите, на кој требало да се постигне ...
Европските земји пријавија повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што го зафати западниот дел од континентот кон крајот на јуни, покажаа официјалните податоци. Огромно мнозинство, повеќе од 9.000, биле луѓе на возраст од 65 години и повеќе, според податоците објавени од „EuroMOMO“, мрежа поддржана од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација. „Да се има ...
Во денешното рочиште против 34. обвинети за катастрофалниот пожар во Кочани на 16 март 2025 во кој загинаа 63 млади и над 230 беа повредени, Обвинителството продолжи со докази од направеното градежно вештачење од повеќе професори, на чело со Горан Марковски од Градежниот факултет во Скопје. „Ова е еден од поважните докази во предметот, ве молам зборувајте јасно и полека и секако, треба да положите заклетва пред овој Суд дека ќе ја зборувате ...
Американските и иранските сили разменија напади со ракети и беспилотни летала, при што Иран ги таргетираше американските воени објекти во државите во Заливот и објави дека повторно го затворил Ормускиот Теснец, зголемувајќи ги цените на нафтата. Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападнала американски воени бази во Бахреин и Кувајт, уништила радарски системи во Оман и нападнала резервоари за гориво и складишта за муниција во ...
Анализата на наодите на стручните комисии за давање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице, спроведена од Министерството за здравство, покажа дека проблемот со честото поднесување документи не произлегува од потребата рокот да биде продолжен, туку од неправилна примена на постоечкиот Правилник, велат од Министерството. Министерот за здравство во Алиу на 11 јуни кажа дека државата губи повеќе од 2 милиона евра годишно ...
Во изминатите два месеца откриени и отстранети се уште 375 неексплодирани убојни средства од Првата светска војна на истата приватна парцела во старата касарна во Битола, каде до 5 мај беа пронајдени, отстранети и уништени вкупно 1.067 парчиња минофрлачки, тромблонски гранати и рачни бомби. Според пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), досега вкупно се откриени 1.443 парчиња. Од нив 1.067 се уништени на ...
Преполн Антички театар и повеќе од 4.000 гости го одбележаа свеченото отворање на 66. издание на фестивалот Охридско лето. На сцената на Античкиот театар настапија светските оперски пејачи сопранот Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) под диригентската палка на италијанскиот маестро Марко Боеми. Со извонредните интерпретации тие ја воодушевија ...
Сем Нил, разновидниот новозеландски актер чија кариера опфати добитници на Оскар и блокбастери како „Пијано“ и „Паркот Јура“, почина на 78-годишна возраст. Смртта на Нил беше објавена преку соопштение споделено на неговиот инстаграм профил. Не е наведена причината за смртта, но Нил неодамна откри дека е излекуван откако му беше дијагностициран еден вид на рак на крвта во 2022 година. „Загубата беше ненадејна и неочекувана, но благословена од ...
Голем пожар зафати бар во Бангкок, при што загинаа најмалку 27 луѓе, а повеќе од 20 се критично повредени. Пожарот избувнал близу бината во барот во популарната област Чатучак, при што брзо се проширил, исполнувајќи го просторот со чад, изјавија очевидци. Пожарникарите кои пристигнале на местото набргу после полноќ го изгаснале пожарот за половина час. Најголемиот број на жртвите се пронајдени во тоалетите, каде што веројатно се обиделе да ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко поднесе оставка денеска, во период кога претседателот Володимир Зеленски започна голема владина реконструкција. Во објава на социјалните мрежи, Зеленски соопшти дека Украина ја менува својата политичка стратегија. Според неговите зборови, за секој приоритетен правец во надворешната политика ќе биде одговорно конкретно лице со значително искуство, способно да го спроведе она што е договорено на ниво на ...