Дури 153 наслови се номинирани за овогодинешниот, трети по ред, книжевен избор „Штефица Цвек“, организаран од „Pobunjene čitateljke“ од Србија, „Kulturtreger/Booksa“ од Хрватска, „Naratorium“ од Босна и Херцеговина и Коалиција „Маргини“ од Македонија. „Станува збор за жанровски различни дела (проза, поезија, хибридни ракописи, стрипови и книги за деца), објавени во текот на 2023 година, на споделениот јазичен простор на Босна и Херцеговина, Црна ...

На 89 години почина првиот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил избиран и на разни републички и сојузни општествено-политички функции. Од 1970-тите бил на високи функции во Сојузот на ...

Десетици илјади луѓе протестираа во Ерусалим, повикувајќи на итни избори и крај на војната во Газа. Израелската полиција соопшти дека девет луѓе се приведени. Многу Израелци изреволтирани од тоа што заложниците уште се држат во Газа и од тековната војна, го обвинуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху дека политичките интереси ги става пред сè друго. Тие ја обвинуваат владата дека ја изгубила контролата над осуммесечната војна во Газа и бараат да ...

На Правниот факултет „Јустијан Први“ во Скопје, утре (19 јуни) со почеток во 16 часот во Амфитеатар 1 ќе се одржи натпревар во раскажување организиран од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“. „Натпреварот претставува уникатна можност да се открие талентот и креативноста на младите раскажувачи – ученици од различни возрасти, настојува да помогне децата да го развијат јавното говорење и претставува дел од иницијативата на поттикнување на љубовта кон ...

Изложбата на визуелниот уметник Зоран Арсовски – Бабата насловена како „Нови хоризонти“ ќе биде отворена во четврток (20 јуни) со почеток од 19 и 30 часот во Центарот за култура во Крива Паланка во рамки на манифестацијата „Крива Паланка град на културата за 2024 година“. „Проекцијата на иднината и нејзиниот евентуален развој е во фокусот на проектот кој сакаме да ви го претставиме, а се работи за најновата изложба на академскиот сликар м-р ...

Јавниот долг се “спушти“ под 60%. Во првиот изборен квартал од годинава Јавниот долг изнесувал 58,6% од БДП. Идната Влада планира нов заем од 1 милијарда евра, пишува Порталб.мк Според економистите, оваа сума отвора повеќе прашања. Едно од нив: за што ќе се трошат парите? Новите заеми – нов “притисок“ за Јавниот долг, за што ќе се троши најавените 1 милијарда евра? Според последните достапни информации, на крајот на март, Јавниот долг на ...

Дворчето на Младинскиот образовен форум (МОФ) вчера го исполнија седумдесетина млади луѓе кои и покрај жешкото време се собраа да слушнат идеи на неколку креативци за социјален активизам и што тој значи за општеството. Вториот „ENGAGE Youth“ вчера попладне беше сцена за шестмина говорници од пет младински и активистички организации и иницијативи кои зборуваа за донирање велосипеди, ментално здравје, олеснување на пристапот за лица со ...

Младински образовен форум (МОФ) на 25 јуни со почеток од 12 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе ги промовира клучните наоди и препораки од истражувањето „Неискористен студентски потенцијал: истражување за стапката на успех на стипендиите доделени од МОН за студирање на универзитетите кои се рангирани на првите 100 места според Шангајската листа“ на кое Сања Божовиќ Стојкоска, Јоана Тренеска и Луција Чукеловска работеа ...

Шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), започнува утре (18 јуни) во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) и ќе трае до 20 јуни. „Филмските ентузијасти ќе може да ги проследат најновите филмски остварувања на домашните филмски таленти. ‘Златна рамка’ ќе започне традиционално, со свеченото собрание на ДФРМ, по што ќе ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатарот на новата Влада, Христијан Мицкоски, синоќа ги објави кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“ кои ќе бидат дел од новото владино раководство. Имено, од коалицијата „Твоја Македонија“ во новата Влада ќе има 15 министри од кои три вицепремиери. Од коалицијата „Вреди“ ќе имаат пет министерства и едно вицепремиерско место, а од партијата „ЗНАМ – За наша Македонија“ ќе предводат со две ...

Во вторник (18 јуни) со почеток во 19.30 часот во галерија „Метаноја“ во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ ќе се отвори изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски. „Владимир Илиевски во сликата ‘Создавање на светлоста’ ги има вткаено своите теоретски знаења, сликарски вештини, креативност, контемплативност и интертекстуалност во совршен спој. ‘Создавање на светлоста’ го сумира целиот опус од оваа збирка на дела посветени ...

Стрип издавачот „Бункер“ во рамките на едицијата „Апсолутни почетници“ го издаде десеттиот графички роман „Чанбара“ од италијанскиот авторски тандем Роберто Рекиони, сценарист и долгогодишен главен уредник на италијански стрип-серијал Дилан Дог и Андреа Акарди, цртач на некои од најпознатите италијански стрипови, како Текс Вилер. Преводот од италијански јазик е на Искра Димковска, лектурата на Татјана Б. Ефтимоска, а дизајнот, типографијата и ...

Викендов, повеќе од 60 волонтери обоиле околу 600м2 ѕидна површина на живеалиштата на бездомните кучиња во Јавното претпријатие (ЈП) Лајка. „Сакаме да ја искористиме оваа прилика јавно да им се заблагодариме на сите прекрасни луѓе и деца, од сите возрасти кои со нивната посветеност и труд беа навистина инспиративни и без нив немаше да успееме да направиме подобра средина за бездомните кучиња“, велат од ЈП Лајка. Фото: ЈП Лајка Оттаму додаваат ...

Во рамки на одбележување на Светскиот ден на бегалцитe – 20ти јуни, УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци во соработка со Младински Образовен Форум (МОФ) и Вондерленд театар од Скопје на 17 и 18 јуни, организираат изведба на претставата „Види, летам!“ во Охрид и Гостивар. „‘Види, летам!’ е претстава која е правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство. Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на ...

Младински Образовен Форум (МОФ) и Радио МОФ утре (17 јуни, понеделник) од 17 часот во дворот на МОФ го организираат второто овогодишно издание на „ENGAGE Youth“ – младински настан за социјален активизам. Целта е младите да се спојат, здружат, ама и да си споделат знаења и искуства на теми поврзани со нивниот граѓански ангажман, за разни иницијативи од образованието, социјалата, културата или екологијата, а притоа да се говори и за поврзаноста со ...

На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование… 1. [Фото] „Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“ – скулптура од ѓубре поставена на кејот во Охрид Уметничка инсталација од отпад направена од млади беше поставена на кејот во Охрид. Со скулптурата, млади од Охрид од клубот Артивизам при Младинскиот образовен форум (МОФ) испратија пораката против загадување на ...

Изложбата „Сосема обично“ од уметникот Владимир Илиевски ќе се отвори во вторник (18 јуни) во галеријата „Метаноја“ со почеток во 19:30 часот. Галеријата се наоѓа на улица Максим Горки бр. 19 во Скопје. „Соединување“, масло на платно 2021 Владимир Илиевски е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2023 г. реализирал петнаесет самостојни изложби во: ...

Деновиве почнува одбројувањето до годинешното издание на „Д Фестивал“ кое ќе се одржи од 28 до 30 јуни на веќе добро познатата локација за д-фестивалџиите во Дојран. Покрај неколкуте стејџови и бројните музички имиња најавени за 14-от „Д Фест“ и годинава во камп зоната ќе се одвива ПлоштАрт – збирното место за сите кои сакаат дружба со различни креативци по штандовите или да „исчилаат“ со филм, јога или тарот. По неколку години, може да се каже ...

Изложбата „Сосема обично“ од уметникот Владимир Илиевски ќе се отвори во вторник (18 јуни) во галеријата „Метаноја“ со почеток во 19:30 часот. Галеријата се наоѓа на улица Максим Горки бр. 19 во Скопје. „Соединување“, масло на платно 2021 Владимир Илиевски е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2023 г. реализирал петнаесет самостојни изложби во: ...

Српското електро – рок дуо „Буч Кесиди“ ќе го одржи својот прв голем соло концерт во Македонија на 5 јули на Стадионот на АРМ во Скопје. „Гласна музика, џускање, еуфорија, светкави костими и заразни битови – со спојот на инди – рок и синт – поп како своевидна друштвена хроника на љубовниот живот на младите и адолесцентите. Во 2019 година Буч Кесиди го освојуваат регионот и ги воспоставуваат сингловите ‘Нема љубави у клубу’ и ‘Недеља ујутру’ како ...

Викендот за гордоста – Скопје 2024 традиционално ќе се затвори со настанот „Срамота“ – вечер на раскажување квир приказни вечерва (16 јуни) во Театар Комедија во 20 часот. „Неколкумина раскажувач(к)и од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам што ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен ...

Дворовите на двата објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и три освновни училишта во Тетово од вторник ќе служат за паркирање возила, информира Општина Тетово. Бесплатното паркирање во училишните дворови кое е пракса на сегашната и претходната локална власт, се овозможува, како што велат оттаму, со цел да се олесни сообраќајот кој се зголемува во текот на летото. „Општина Тетово ги известува сите граѓани дека, почнувајќи од 18 јуни (вторник), ...

Вечерва (сабота, 15 јуни) во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) од 19 часот ќе се одржи танцовиот дует LOUNGE во изведба на Марга Алфеирао и Маријана Бененге. „LOUNGE претставува дует за две тела кои се идентификуваат како женски и заедно се движат низ состојби на активност и пасивно одморање, до уживање во траењето на повторувачките движења. Зборот lounge е глагол, со значење да седиш или да лежиш релаксирано, но и ...

ПСУ „Јахја Кемал“ и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално признание од Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за имплементирање на шах во училишната програма. Златната награда е доделена на ПСУ „Јахја Кемал“ поради највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на ...

Мултимедијалниот локациски перформанс „Алхемија на дивината“ ќе се изведе на различни локации на Вевчанските извори, во Вевчани, на 26 и 27 јуни 2024. Станува збор за перформанс кој обединува уметници од различни области. Изведувачки уметници се: Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг. Уметници – ментори на перформансот се ...

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“. „Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддава јавно признание за постигнатите резултати. Одлика на нашите ...

Бесплатен превоз за сите редовни ученици и во јавните и во приватните средни школи. Во училишниот инклузивен тим наместо двајца наставници, да учествуваат наставник и ученик избран од соучениците. Забрана за сегрегација и дополнување на основите за дискриминација со сексуална ориентација и родов идентитет. Ученикот правобранител да поминува обука за човекови права и дискриминација и проширување на програмата за заштита од насилство. Ова се дел ...

Во 2023 година, Агенцијата за заштита на лични податоци примила 234 претставки од граѓани кои се однесуваат на социјалните мрежи, покажува Годишниот извештај на оваа институција, пишува Мета.мк. Според причината за пријавување, најкарактеристични се претставките од физички лица кои се однесуваат на лажни профили, понатаму за пробиени (хакирани) профили, претставки кои се однесуваат за неовластено објавување на туѓи фотографии и видео снимки на ...

„Координати на болката“ е втора збирка поезија на Александра Спасеска која ќе биде промовирана вечерва (15 јуни) во 19 часот во кафе-книжарницата „Илика“. Промотор ќе биде Катерина Шекутковска која ќе разговара со поетесата, а стиховите ќе ги интерпретира актерката Александра Стојановска. „Авторката храбро ги истражува маркатните сцени, интимните релации и важните човечки фигури од сопствениот живот, правејќи ја поезијата сцена на којашто се ...

„Гола Планина“, под етикетата на својата издавачка куќа „Мртов коњ“, објави уште една компилација, овој пат со избор на теми од изминатата 2013 година. Се работи за песни од домашни бендови и музичари кои се дел од овој колектив што постојано расте и се развива, како дел од новиот македонски независен бран. „Втора година на делување на колективот Гола Планина, втора година го оддржуваме како традиција издавањето на компилациско издание со цел да ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
23%
1008
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
3.6
29%
1010
weather icon

Загреб

37ᴼ / 34ᴼ
1.03
23%
1011
weather icon

Софија

32ᴼ / 29ᴼ
5.66
28%
1012
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.5
22%
1011
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 31ᴼ
1.33
41%
1012
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
8.23
45%
1009
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
5.66
27%
1010
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.63
17%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
2.68
30%
1012
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 35ᴼ
2.57
26%
1010
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
11.32
39%
1011
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048