МКЦ и Град Скопје распишуваат Јавен повик за учество на тема: ,,ВИА Скопје”, мурали на големи столбови или на рамна површина. Пријавување со скица на муралот е до 3ти септември на: info@mkc.mk, а учесниците ќе бидат избрани од трочлена комисија. Како што информираат организаторите, муралите кои содржат навредлива, несоодветна и неморална политичка , верска, национална и родова конотација нема да се земат во предвид а на избраните учесници им ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на изминатото деноноќие, имало вкупно 42 пожари на отворен простор, од коишто во моментов 11 се активни, 6 се под контрола и 25 се изгаснати. Активните 11 пожари се во: 1. Општина Македонски Брод: Јасен – кај викенд населба „Белица“ (борова шума); 2. Општина Ресени и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен (локализиран), додека на Охридска ...

Викенд-програмата на 15-то издание на „МакеДокс“ ги активира сите пет фестивалски локации. Вчера, во објектот Куршумли ан и на платото пред Музеј на Македонија се прикажуваа филмови од главната и краткометражната програма, во Сули ан се прикажуваше програмата на балканските кинотеки и студентските филмови, во МКЦ се одвиваше програмата за деца и млади, додека во „Лабораториум“, денеска, ќе се одржи Мастерклас со Инеке Смитс и Јероен Стаут со ...

Јапонија користи вештачка интелигенција за да се справи со отсуството на учениците и да ги подобри условите во училиштата, пишува „Анадолу“. Градот Тода од март годинава, користи вештачка интелигенција да ги анализира податоците од учениците и да се бори против неодењето на училиште. Овој систем за вештачка интелигенција, тестиран во текот на изминатата година, има за цел да им помогне на наставниците во идентификувањето и поддршката на ...

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) соопшти дека меѓу семејствата во Појасот Газа повторно се шири страв поради тоа што повеќе немаат каде да се засолнат, пишува „Анадолу“. УНРВА реагираше на најавата на израелската војска во врска со евакуацијата на некои делови од Ал-Маваси, за кои претходно тврдеше дека се „хуманитарна зона“ во Газа. „Стравот повторно се шири бидејќи семејствата немаат ...

Преку објава на социјалните мрежи од невладината „О2 Иницијатива“ соопштија дека се разочарани од изјавата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко планирање. „Со големо разочарување ја слушнавме најавата на претседателката Сиљановска – Давкова, за нејзината одлука да го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко ...

Во Македонија вчера имало вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, 8 се под контрола, а 27 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во моментов активни пожари има во: 1.Општина Македонски Брод: Јасен – викенд населба Белица (борова шума); 2. Општина Ресен и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, Општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон ...

Денеска (17 август), со почеток во 17 часот во градскиот парк во Скопје ќе се одржи „Skopje Creative Fest“. На настанот ќе учествуваат млади поединци во различни уметнички дисциплини, вклучувајќи пеење, танцување, стенд-ап комедија, цртање, поезија и правење филмови. Како што информираат организаторите, фестивалот е создаден за да овозможи средина без ограничувања на креативноста, стимулирајќи поврзување и соработка меѓу младите уметници, кои ќе ...

Заврши прекуокеанската авантура на македонските средношколци кои ја претставуваа Македонија на на светските првенства Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (ACP), кои се одржаа во Анахајм, Калифорнија. Младите таленти се вратија дома со високи резултати, учестувајќи во конкуренција од над 130 натпреварувачи од повеќе од 80 земји. Најголемото признание го доби Сердар Цветков од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, кој го ...

Дваесет изведувачи на две сцени се најавени на фестивалот „Parko 2047 – Underwater“, кој од денес до недела (16-18 август) ќе се одржува во Градскиот парк во Битола. Од „Парко продукција“ велат дека програмата со најшик изведувачи во „Океанот“, е поддржана од нивните генерални соработници на фестивалот, во консултација со нивните другари од „Пондер“ (ponder.mk). За вечер (петок, 16 август) на т.н. „Wrecked ship Stage“ се најавени Arthuros K ...

Фестивалот на креативен документарен филм вчера го стартуваше своето 15. јубилејно издание што се одржува под мотото „Копање емоции низ времето“. Под отворено небо на веќе добро познатата локација во Куршумли Ан, десетици луѓе вчеравечер имаа можност да ги погледнат краткиот документарен филм „Како се мери времето“ и долгометражниот „Целулоидно подземје“ (Обединето Кралство / Иран, 2023). „Краткиот документарен филм ‘Како се мери годината?’ ...

Сојузот за младинска работа информира дека е отворен нов Младински центар во Македонски брод. Тој се наоѓа во самиот центар на градот, сместен на улицата „Партизанска“ бр. 22, во непосредна близина на СОУ „Св. Наум Охридски“. „Со отворањето на овој центар, младите во Македонски Брод добија нов, безбеден и инспиративен простор за собирање, учење, забава и развој. Младинскиот центар ќе нуди различни активности и програми кои ќе ги поттикнуваат ...

„До каде е пречистителната станица за отпадни води“ е протестна уметничко-скулптурална акција која денеска беше поставена во реката Вардар. Акцијата е на Центарот за современи уметности и претставува повик кон властите за конечно почнување со изградба на пречистителна станица во Вардар. „Пречистителна станица е ургентна потреба. Вардар гледаме дека е син, меѓутоа тој е петта категорија загаден. Практично, сѐ почесто станува мртва река заради ...

Вчера се одржа завршната конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“, која е во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија, објави агенцијата Мета.мк. „Проектот обезбеди можност за практично јакнење на капацитетите и на граѓанските организации, младите луѓе, но и јавните институции за подобра поддршка на учество на младите луѓе и младинските ...

Од околу 8 милијарди луѓе на Земјата, повеќе од 4,4 милијарди немаат пристап до безбедна вода за пиење, покажува новото истражување објавено во списанието „Сајанс“. Како што информираат оттаму, добиените податоци од земјите со низок и среден раст преку компјутерска симулација се двојно поголеми од бројката пресметана од Светската здравствена организација. Истражувањето го спроведоа научници, меѓу кои и Естер Гринвуд од Швајцарскиот федерален ...

Електронско водење на целокупната медицинска документација, запазување на начинот на упатување на пациентите во здравствениот систем, но и инклузивен процес за проширувањето на Позитивната листа на лекови се приоритетните реформи што Лекарската комора ги истакнала на првата средба со новиот министер за здравство Арбен Таравари, одржана денес во просториите на Комората. „Сметаме дека е исклучително важно да се направи поедноставување на ...

Светската здравствена организација во средата ја прогласи мајмунската сипаница за глобална јавно здравствена криза по втор пат во две години. Властите во Шведска објавија дека е регистриран првиот случај на мајмунска сипаница (мпокс), вирусна инфекција која се шири преку близок контакт и е поопасна варијанта на болеста, пренесува Ал Џазира Балканс. „Во попладневните часови добивме и потврда дека имаме еден случај на потежок тип на сипаници во ...

Кинеската фармацевтска регулаторна управа одобри нова mRNA вакцина дизајнирана да ги таргетира позитивните тумори на вирусот Епштајн-Бар (EBV) за клинички испитувања во фаза I, пишува „Анадолу“. Развиена од ВестГен Биофарма, вакцината во мај доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови. Вакцината, исто така, успешно ги заврши раните испитувања за назофарингеален карцином и лимфом, кои се меѓу видовите на рак поврзани со EBV, ...

Вечерва (16 август) почнува 36. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ во истоименото охридско село. Оваа година публиката ќе има можност да ужива во стиховите на поети од Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија, „Оваа година наместо преку беседа, творештвото на поетот во фокус ќе биде претставувано преку разговор, во дослух со современите трендови. Исто така, се воведува настанот „Поетско интермецо“ преку кој ...

Високиот комесар на Обединетите нации (ОН) за човекови права Волкер Турк го осуди тековното израелско насилство во воено разурнатиот Појас Газа, пишува „Анадолу“. „Во просек, околу 130 луѓе умираат секој ден во Газа во последните 10 месеци. Секој ден се уништуваат домови, болници, училишта и храмови“, рече Турк. Тој ја истакна важноста и на заштитата на цивилите, цивилниот имот и инфраструктурата како што е наведено во меѓународното хуманитарно ...

Дваесеттина еколошки здруженија и иницијативи од Македонија денеска се собраа да упатат апел и барање до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпишува указот за прогласување на Законот за урбанистичко планирање, чии измени завчера експресно по скратена постапка беа изгласани во Собранието. Иницијаторот на измените, министерот за транспорт Александар Николовски, тврдеше дека измените се во корист на општините со цел да се ...

Израел сериозно го уназади Хамас и постигна сè што можеше воено во Газа, но никогаш нема да може целосно да ја елиминира групата, изјавија американските власти, а пренесува Њу Јорк Тајмс. Според високи американски претставници, континуираните бомбандирања само ги зголемуваат ризиците за цивилите, додека можноста за дополнително слабеење на Хамас е намалена. Во многу аспекти, воената операција на Израел направи многу поголема штета против Хамас ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите. Ваквата одлука доаѓа по донесената одлука на Владата од 13 август за продолжување на кризната состојба на целата територија, прогласена првично на 13 јули, заради зголемената појава на пожари. „Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции ...

Крива Паланка ќе биде домаќин на Europ’Raid, францускиот караван со над 600 Французи кои патуваат низ 20 земји од Европа, минувајќи 8.000 километри во авантуристичка обиколка со „Пежо 205“. „Во 17:15 часот големиот франкофонски хепенинг со македонски фолклор, ќе се одржи во Двор на ООУ “Св.Јоаким Крчовски”.Во 21:00 часот концерт ќе имаат BAD ASS ALL, на Летната сцена на Градскиот плоштад“, велат организаторите. Во рамките на овој настан, ...

Денес во рубриката #НизТвојотОбектив споделуваме фотографии од Виктор Милошески. „Имам работено во фирма каде сто секојдневно работев со фотографи низ целиот свет и им се восхитував на слободата и креативноста што ја имаа. Тоа ме натера да земам фотоапарат и да почнам да истражувам, дефинитивно не згрешив!“, открива тој за Радио МОФ. Вели дека фотографијата за него е можност да го доживее светот на нов начин, да го зачува и повторно да го живее ...

По втор пат од 2022 година, Светската здравствена организација (СЗО) во средата прогласи глобална здравствена криза поради епидемијата на мајмунски сипаници која брзо се шири низ африканскиот континент и се заканува да навлезе и на други континенти, пренесува Ал Џазира Балканс. Оттаму истакнаа дека повеќе од 14.000 случаи и 524 смртни случаи во Африка оваа година веќе ги надминале минатогодишните бројки. СЗО прогласи глобална здравствена криза ...

Во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, на 15 август (четврток) со почеток во 19,30 часот , ќе биде отворена изложбата „Потрети и нивните луѓе“ на уметничката Александра Гедеон. Како што информираат организаторите, оваа изложба на посетителите ќе им понуди нова перспектива за анализа на портрети преку која ќе можат да ги разберат карактерот и чувствата на портретираните лица. „Изложбата ‘Потрети и нивните луѓе’ е циклус кој ...

Климатски активисти преку разни акции на аеродромските писти го прекинаа воздушниот сообраќај на главните германски аеродроми, пишува „Анадолу“. Активистите од групата „Последна генерација“ добија пристап до аеродромите во Берлин, Келн-Бон, Нирнберг и Штутгарт, и ги принудија властите привремено да ги прекинат летовите поради безбедносни причини. Групата сподели фотографии и видеа од акцијата, прикажувајќи неколку активисти во портокалови ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска во Европската куќа во Скопје потпиша Грант договор со Европската Унија за основање на првиот Национален центар за побезбеден интернет „MkSafeNet“. Овој чекор, како што велат од Министерството за дигитална трансформација е дел од програмата Дигитална Европа, која предвидува вкупно 7.5 милијарди евра на ниво на целата ЕУ. Проектот ќе биде финансиран со грант од 673.354 евра од ...

Со 64 гласа „за“ и 11 „против“, пратениците во Собранието експресно ги изгласаа измените на Законот за урбанистичко планирање. Еко-активистите реагираат дека отсуствува јавна и стручна расправа за ваквите измени, кои можат да донесат нов урбанистички и сообраќаен хаос. Особено што Скопје, но и останати градови во Македонија, веќе се загушени со згради, а јавните простори и зеленилото ги снемува на сметка на паркинзи и бетон. View this post on ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
73%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
50%
1017
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
67%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.18
66%
1020
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.0
92%
1018
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.36
58%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
37%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1021
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 15ᴼ
2.06
55%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
7.72
69%
1015
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088