Загадувањето со сулфур диоксид, прашина и азотни оксиди од термоелектраните на јаглен на Западниот Балкан продолжило и во 2023 година, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од објавен од Bankwatch. Во 2023 година, шест години откако правилата за контрола на загадувањето влегоа во сила преку Спогодбата за Енергетската заедница, загадувањето со сулфур диоксид од термоелектричните централи што користат јаглен, во Босна и Херцеговина, ...

Платформата Телеграм соопшти дека ќе ги споделува ИП-адресите и телефонските броеви на корисниците на властите доколку имаат валидни правни барања, што означува голем пресврт на политиката за компанијата, јавува Евроњуз. Одлуката на компанијата, која со години одбиваше да ја контролира платформата, доаѓа откако нејзиниот извршен директор и ко-основач Павел Дуров беше уапсен во Франција во август поради неуспех да управува со екстремистичка ...

Вечерва (25 септември), со почеток во 20 часот во културниот центар „Лабораториум“, Тихомир Јанчовски, ќе одржи поетски концерт со читање на неговата последна збирка поезија „Граматика на љубовта“. Како што информираат организаторите, на сцената заедно со Јанчовски ќе настапат Иво Солдатовиќ и Андреа Мирчевска, кои со своите музички перформанси ќе го збогатат амбиентот на вечерта. Книгата на Јанчовски може да се купи како влезница на настанот. ...

За 73 производи денеска стапи на сила одлуката за ограничување на бруто профитната маржа до 10%, во трговијата на мало и големо, со што се очекува намалување на основните прехранбени производи. Министерот за економија Бесар Дурмиши претходно истакна дека на листата на основни прехранбени производи, во т.н. есенска кошница се вклучени 73 производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните. Во листата на производи спаѓаат: -ориз ...

85% од жените во светот веќе се соочиле со некаква форма на дигитално насилство, а 13,3% тоа го искусиле до својата 15-та година. За разлика од домот, работата и улицата, дигиталниот простор нуди неограничена можност и полесен пристап за сторителите на насилство. Сексуалното насилство преку слики/видеа или аудио содржини е директна последица на брзиот технолошки развој, а ситуацијата се усложнува со појавата на вештачката интелигенција со која ...

Апликациите за Чивнинг стипендиите за студирање во Обединетото Кралство се отворени од 6 август до 5 ноември 2024 година, информираат од Британската амбасада во земјава. Чивнинг стипендиите се доделуваат на лица од секаков профил кои можат да покажат дека ја имаат посветеноста и вештините кои се потребни за да станат идни лидери. Апликантите мора да имаат реална и остварлива идеја со која ќе создадат позитивна промена во својата земја и мора да ...

Дворот на Младински културен центар (МКЦ) во Скопје вчера нешто пред 18 часот започна да се полни со деца, млади и стари луѓе дојдени да го прослават Меѓународниот ден на знаковен јазик. Пет говорници – членови на глувата заедница ги споделија своите инспиративни приказни со публиката, пренесоа дека сакаат да бидат слушнати и разбрани – за што им е потребен толкувач, како и поголема афирмација на македонскиот знаковен јазик. „Тука сме да ...

Оваа сабота (28 септември) во кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ ќе се случи новиот градски фестивал на „Култура Бета“, наречен „Ре-култура“. Фестивалот е донаторски, е посветен од заедницата за заедницата и има за цел собирање средства за организирање настани и објавување на самостојни изданија на „Култура Бета“. Во рамки на програмата на „Ре-култура“ ќе се одржат неколку настани каде што ќе се претстават повеќе млади уметници и културни ...

Младински културен центар, подоцна од вообичаеното, на 11 октомври од 19 часот го најавува 14. издание на фестивалот за нова музика „Здраво млади“. „11 Октомври – Денот на народното востание, МКЦ Скопје, ЗДРАВО МЛАДИ востание!“, стои во најавата на МКЦ. Од таму најавуваат дека влезот ќе биде слободен, а присутните ќе можат да проследат настапи на 17 различни, возбудливи, експлозивни артисти од 6 држави. „Програмата е реализирана со специјалната ...

Под силно обезбедување и целосна забрана за влез на секој што нема студентски индекс, вчера се одржаа избори за членови на Студентскиот парламент на Филозофскиот факултет во Нови Сад, пренесува агенцијата Мета.мк. Студенти од српската неформална група СТАВ вчера утрината биле нападнати пред зградата на Ректоратот на Новосадскиот универзитет, јави дописникот на Нова.рс од местото на настанот. Тие биле нападнати од мажи во црно кои наводно го ...

Филмот може да служи како дидактичко помагало во формалната настава во основното и средното образование, а освен тоа има потенцијал да прерасне и во наставен предмет – сметаат филмолози и стручни лица кои веќе неколку години ја промовираат оваа новина во јавноста. Но, додека се чека на дискусиите меѓу различни засегнати страни за да се случи тоа, веќе се случуваат работилници и предавања во кои млади се запознаваат со филмот преку дискусија и ...

„Да беа нашите барања порано исполнети, животните сега ќе беа заштитени, граѓаните далеку позаштитени отсега и здравствено и безбедносно и ќе се превенираа страшни финансиски загуби на општините. Енормни се оштетите за каснување. Тие приказни дел се лажирани, дел не се, но можеле да бидат спречени кога би ги вложиле овие средства во превенција на проблемот. Односно, во добра легислатива која ќе контролира и превенира фрлање на нови и нови кучиња ...

Во Старата скопска чаршија во клубот „Ла Кања“ во саботата вечер (21 септември) се случи „Децата на крајот на светот“, настан под закрила на колективот „Гола Планина“. Младите здружени сили од новиот македонски бран на присутните им понудија свежа музика, како дел од напорите на „голопланинци“ и другарите да ја збогатат независната сцена со нови културни содржини. А, и плус да „падне“ дружба. View this post on Instagram A post shared by Шаше ...

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“ во Дубровник, Хрватска на 26 септември. Како солистка на овој концерт ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, концертот за виолина и оркестар во А-дур од В.А. Моцарт и ...

Нигериското здружение на Црвениот крст објави соопштение во кое наведуваат дека има криза со храна во 11 нигериски држави и дека 26 милиони луѓе се соочуваат со неухранетост, пренесува Ал Џазира Балканс. Во соопштението се наведува дека речиси 26 милиони Нигеријци се загрижени за нивниот следен оброк. Децата, жените и постарите имаат најмногу потешкотии во пристапот до храна, а илјадници деца се соочуваат со здравствени проблеми поради недостиг ...

Современата балетска бајка за сите возрасни „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 септември (петок) со почеток во 20:00 часот. Приказната за „Пепелашка“ преточена во музиката на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Александар Илиќ, кореографот на балетот „Пепелашка“ вели дека оваа поставка на „Пепелашка“ не е класична верзија, ...

Радио МОФ го објави повикот за нови подкасти и водители на онлајн радиото. Ова е супер можност за оние кои можат да зборуваат „со саати“ на некоја тема, а бараат платформа. Онлајн етерот на Радио МОФ е токму тоа место за сите доволно храбри и желни да имаат своја радио емисија. Обврски на авторите на новите подкасти: -Подкастот треба да биде ваше авторско дело; -Ангажманот околу истиот ќе биде ваш волонтерски труд; -Ваша обврска ќе биде ...

„Сакаш да дадеш поддршка за различностите? Ти недостасува дружбата со пријателите и другарите? Ти недостасува рекреација? 5 октмври е датумот на кој можеш овие работи да ги комбинираш и оствариш“. Вака гласи најавата за „Инклузивна прошетка“, настан поттикнат од Деник Јанкуловски – Космонаутко кој ќе се случува во градски парк Скопје од 11 до 13 часот. Се работи за прошетка од збирното место кај споменикот на Гоце Делчев, низ паркот, па се’ до ...

Културно информативниот центар организира Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади која ќе се одржи во среда (25 септември) 2024 година во Салон Империјал 2 со почеток во 19:30 Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. Андреј Ал-Асади (1996, Лондон) дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013, Антолог), како и „Под дервишовото сиќе“ (2018, ПНВ Публикации), ...

Со проекција на „Патување пеш“ (The Walk), најновото дело на режисерката Тамара Котевска се отвори програмата „На кино на Олабај“ во рамки на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. „Во срцето на приказната е борбата за достоинство и за местото што го нарекуваме дом – нешто што многумина го земаат здраво за готово. Во душата, поттикнува чувство на благодарност за мирот и стабилноста што можеби ги имаме, но истовремено нè соочува ...

На својот претпоследен состанок за доделувањето на наградата за најдобар превод „Драги“ жири комисијата во состав д-р Јана Михајловска, д-р Зорица Николовска и Владимир Јанковски одлучи во последниот круг на селекција да влезат пет преведувачи-финалисти со изданија објавени од пет издавачки куќи и преводи направени од четири различни јазици (распоредени по азбучен ред според првата буква од името на преведувачот): Анастасија Ѓурчинова (1963) e ...

Во три часот наутро тешко вооружени израелски војници упаднаа во канцеларијата на Ал Џазира во Рамала, исфрлајќи ги вработените надвор, пренесува Ал Џазира Балканс. За време на директен телевизиски пренос, тешко вооружени израелски војници упаднаа во канцеларијата на Ал Џазира на окупираниот Западен Брег во Рамала и му дадоа на шефот на канцеларијата, Валид ал-Омари, наредба да ја затвори. Војниците им наредиле на сите што работеле во ноќната ...

Овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ започнува на 27 септември во Кулпарк, пред Културно информативниот центар (КИЦ). Додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ. „Носечката манифестација на КИЦ ’Звукот на Скопје’ (до пред неколку години позната како ‘Звуците на чаршијата’, и оваа година ќе се случи во формат на летен фестивал на отворено на кој ќе настапат свежи и актуелни музички ...

Самитот на Берлинскиот процес официјално доби нов визуелен идентитет за кој е заслужен тим од шест млади дизајнери од Западен Балкан. Тие беа избрани годинава во јуни на јавниот повик што го објави Регионалната канцеларија за млади (РИКО) во соработка со Сојузното министерство за надворешни работи на Германија. „Младите дизајнери во изминатиот период заеднички работеа на создавање на логото, кое отсега ќе служи како трајно визуелно обележје на ...

Економскиот форум на жени лидерки од Балкан за првпат ќе се одржи во Македонија на 2-3 октомври во хотел Мериот во Скопје во организација на Здружението на жени менаџерки „Елит“ и Крилото за комуникација „Г100“, под глобалната франшиза на „Women Economic Forum“. „Овој високопрофилиран Форум, има за цел да ја унапреди позицијата на жените во современото општество, особено во делот на економското јакнење, намалување на родовите нееднаквости и ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести што ја одбележаа изминатава недела, овој пат со повеќе фокус на граѓанскиот активизам: 1. [Мегафон] Вело-бусот возеше за да потсети дека треба да се сменат навиките и велосипедската инфраструктура Качени на точаци и опремени со кабаници, капи и водоотпорни јакни, група млади и не-толку-млади велосипедисти го возеа третиот вело-бус во скопската општина Центар, како дел од Европската ...

Незаконскиот отстрел на дивеч, користењето на примки, мрежи и стапици за фаќање диви животни, труењето и незаконската трговија со диви видови се најчестите случаи на криминал врз дивиот свет во Македонија, е заклучокот од работилницата за борба против криминалот врз дивиот свет, што ја организирше Македонското еколошко друштво со поддршка од Здружението на јавните обвинители. Во август годинава Државниот инспекторат за животна средина донесе ...

Корупцијата е сериозен проблем во државата која не прави речиси ништо во борбата против истата. Ова е нотирано во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на С. Македонија, каде што е потенцирано дека корупцијата во сите сфери, е проблем кој е сериозно загрижувачки, пишува новинската агенција Мета. Во секторот образование, има различни коруптивни форми, кои студентите најчесто не се охрабруваат официјално да ги пријават. Една од ...

„Која е твојата супермоќ за промена?“ Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за нови членови во младинските клубови за Дебата, Учиме право, Артивизам и Новинарство. Заинтересираните треба да го потполнат прашалникот за пријавување најдоцна до 30 септември до 23 и 59 часот. Клубовите ќе бидат отворени во: Скопје (Кисела Вода, Шуто Оризари), Теарце, Делчево, Струмица, Штип, Гевгелија, Струга, Битола, Кратово, Тетово, Велес, Дебар, Прилеп, ...

Најмалку 22 Палестинци се убиени во израелски напад што погоди училиште во кое се засолниле раселени лица во градот Газа, информира Ал Џазира. Населбата дека се наоѓа училиштето моментално е под силно бомбандирање. „Забележуваме зголемување на нападите врз засолништата, при што само овој месец беа погодени најмалку шест центри за евакуација и загинаа повеќе од 60 Палестинци. Во Рафах, најмалку пет Палестинци загинаа во напад на медицински ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
31%
1014
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
43%
1016
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
37%
1016
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
39%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.23
32%
1017
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
63%
1018
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
7.6
41%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.51
37%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
0.0
22%
1012
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
40%
1018
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
1.54
34%
1018
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
8.75
100%
1018
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315