Јужнокорејските власти денеска го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук Јеол под обвинение за бунт, а Јун рече дека се согласил да соработува со истрагата за да избегне „крвопролевање“, ставајќи крај на неколкунеделниот политички конфликт, пренесува Радио Слободна Европа. Откако парламентот минатиот месец гласаше за отповикување на Јун поради краткотрајното прогласување на вонредна состојба на 3 декември, Јун се криеше во неговата ...

Шпанија најави дека ќе воведе 100% данок за домови кои се купени од лица од земји кои не се во Европската Унија, пренесува Гардијан. Данокот е една од 12 мерки кои премиерот Педро Санчез ги најави, со цел справување со високите цени на објектите за вдомување. Санчез посочи дека цените на домовите низ Европа се имаат покачено за 48% во изминатата деценија. „Западот се соочува со значаен предизвик: да не стане општество поделено на две класи, ...

Повеќе од 150 добитници на Нобеловата награда и Светската награда за храна објавија отворено писмо во кое нагласуваат дека се потребни многу поголеми инвестиции во истражувањa, производството и дистрибуцијата на храната за да се спречи глобалната криза со глад во наредните децении, пренесува Н1. Во писмото се наведува дека околу 700 милиони луѓе денес се соочуваат со „несигурност со храна и очајна сиромаштија“, но дека доколку не се направат ...

Посредникот Катар вели дека договорот за прекин на огнот во Газа е поблизок отколку што беше со месеци, додавајќи дека многу од пречките во разговорите се испеглани, пренесува Ал Џазира Балканс. Како што напредуваат разговорите за прекин на огнот, жителите на Газа изразуваат „мешавина од оптимизам и длабоко вкоренет скептицизам“, според тимот на Ал Џазира на терен. Како што велат оттаму, она што би се очекувало е забавување или затишје на ...

Шест студенти кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на Инстаграм профилот Студенти во блокада, а пренесува Ал Џазира Балканс. Според соопштението, напаѓачите фрлале стаклени и пластични шишиња кон учениците. Една студентка била турната по скалите и паднала на глава, а потоа заедно со уште пет студенти на Правниот факултет со возило на Итна ...

Со претставата „Еволуција на распадот“ вечерва (14 јануари) од 20 часот ќе започне Неделата на независна сцена во Драмскиот театар во Скопје. Со поддршката на независната сцена, од Драмски рекоа дека иницираат создавање на силна мрежа на театарската заедница од различни генерации актери, режисери, драматичари, сценографи, костимографи и мултимедијални уметници. „’Неделата на претстави од независнта продукција’ е замислена како платформа за ...

„Секој човек што сака да дејствува надвор од шаблонот често се чувствува затворен во множество или отфрлен од колективот. На почеток смета, фрустрира, го бараш проблемот исклучиво во себе, после сфаќаш дека не е твоја обврска да се прилагодуваш на средина во која не можеш да егзистираш, и стануваш имун и послободен. Слободоумноста, афтентичноста и критичната мисла не се барани особини на овие простори“. Навршија 11 години од „Овчеполста у ...

Бројот на туристи во ноември лани изнесува 66.701, од кои 31.6% (21.045) домашни, а 61.4% (45.656) странски туристи, според податоците објавени од Државниот завод за статистика. Најголем дел од странските туристи во ноември се од Турција (14.193 туристи), Србија (3.790 туристи), Грција (3.561 туристи) и Бугарија (3.396 туристи). Бројот на ноќевањата во ноември лани изнесува 138.226, од кои 38.6% се од домашните туристи, а 61.4% од странските ...

Во среда во „Браво Бар“ ќе се одржи свирка на музичките проекти „Големата вода“, „Шум“ и „Кајзер Созе“. Настанот ќе започне во 21 часот. „Големата вода“ е млад четиричлен алтернативен-рок бенд од Скопје, кој ја одржа својата прва свирка во декември, како поддршка на составот „Харакири“. Настапот на музичкиот проект „Шум“ ќе биде трибјут на британската група „Throbbing Gristle“, изведен од Васил Јорданов, Ива Дамјановски и Лила Мирчевска. ...

Зоран Милановиќ убедливо победи на изборите за претседател на Република Хрватска. За него гласале 1,12 милиони гласачи, додека Драган Приморац добил речиси 380.000 гласови, пренесува Ал Џазира Балканс. До 22 часот обработени се 99,84 отсто од избирачките места. Според резултатите, Зоран Милановиќ освоил 74,68 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Драган Приморац 25,32 отсто. „Ова е голем ден за мене и оваа победа ја гледам како ...

Здружението „Василичарите од Боемска“ најави дека утре ќе се одржи хуманитарен настан на улицата „Боемска“ со почеток во 16 часот, одбележувајќи го празникот Василица. На настан ќе се продава македонските традиционални јадења, како и греана ракија и греано вино. Средствата собрани од продажбата ќе бидат донирани на децата со Даунов синдром од НВО дневниот центар Доза среќа. „Дојдете заедно да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Во ...

Падна снег и одма подруго. Се чини оти цело Скопје се крена на нозе, гледајќи да му ја „извади маста“ на снегот пред неминовно да се стопи. Снешковци во секакви форми никнаа на секое ќоше додека топки од снег летаа низ воздух. На бројни деца и кучиња, се чинеше, ова им е првиот снег. Снегот му даде една свежа фасада на главниот град, колку-толку го расчисти загадениот воздух и го сплоти градот како што ретко се сплотува. Иако веќе скоро сите ...

Израелските сили продолжуваат да ја напаѓаат Газа – најмалку четворица Палестинци загинаа во нападите на училиштето Салах ал-Дин и уште тројца во населбата Шуџаја во градот Газа, пренесува Ал Џазира Балканс. Израелската опсада на северот на Газа трае повеќе од 100 дена, а палестинските власти соопштија дека речиси 5.000 луѓе се убиени или исчезнати од почетокот на офанзивата. Американскиот претседател Џо Бајден, пак, во разговорите со ...

За оваа зима, државните институции во земјава склучиле договори за јавни набавки за зимско одржување на улиците и патиштата во вредност од 219 милиони денари, односно 3.569.106 евра, се наведува во новото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) објавено денеска. Тие посочуваат дека се склучени вкупно 49 поединечни договори, кои, покрај изнајмување возила и работници за зимско одржување, вклучуваат и набавки на сол и ризла за ...

Под слоганот „Пријателски писма, наместо пријателски разговори“, студентите кои ги блокираат факултетите на Универзитетот во Нови Сад вчера протестираа пред седиштето на Безбедносно-информативната агенција (БИА) во градот, јавува Радио Слободна Европа. „БИА повеќе не мора да им доаѓа на студентите и родителите на куќниот праг, бидејќи ние доаѓаме на нивниот“, рекоа студентите. Студентите тврдат дека во изминатите недели тие и нивните родители ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина… 1. За справување со проблемот со текстилниот отпад потребен е систематски пристап и менување на навиките „Текстилниот отпад се создава несразмерно брзо споредено со изнаоѓањето решенија за него, а ние не ги менуваме навиките за да го направиме потребниот притисок кон производителите на текстил. ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во 09:53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во село Рајчани во Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани. Тие посочија дека од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за ...

Најмалку 16 лица загинаа, а 10.000 објекти се уништени или оштетени во пожарите кои сè уште беснеат во Лос Анџелес. Во сила е наредбата за евакуација на околу 100.000 жители на областа. Речиси 30 лица беа уапсени за кражби, грабежи и поседување дрога, пренесува Н1. Од шесте пожари кои ја зафатија областа Лос Анџелес, три се ставени под контрола и 50 или повеќе проценти од областа која беше зафатена од пожари е изгасната, додека најголемиот ...

Ларингити, синузити, пневмонии и останати горни респираторни проблеми деновиве ги полнат ординациите. Лекарите со кои поразговаравме велат дека симптоматологијата е слична кај многумина пациенти – кашлица која трае со недели, болно грло, температура, често и наод на бели дробови, а дополнително, тегоби создава и загадениот воздух, пишува новинската агенција Мета. Во Институтот за белодробни заболувања Козле во моментов се хоспитализирани 60 ...

Над 8.500 граѓани досега ја потпишале онлајн петицијата насловена „Казна за убиецот на Феликс!“, со која се бара институциите да си ја завршат работата по неодамнешната смрт на бездомното куче Феликс, кое во ноември лани беше претепано во фирма во населбата Момин Поток. „Феликс ја изгуби борбата, но… Ние можеме да ја добиеме војната против заспаните институции“, се посочува во петицијата создадена пред два дена. Преку петицијата се бара ...

Бездржавјанството, или состојба во која не си признаен како државјанин на ниедна држава, влијае на милиони лица низ светот. Лицата без државјанство често не можат да пристапат на најосновните права, вклучувајќи ја и можноста да одат на училиште, легално да работат, да пристапат до здравствени услуги, да стапат во брак или да го запишат раѓањето на своето дете. Сето тоа влијае на општествен и личен план и им онезвоможува на луѓето кои немаат ...

Второто издание на националната Конференција за активно граѓанство „КритикУМ“ ќе се одржи на 24 и 25 јануари во Скопје. Организаторите на конференцијата, Здружението за едукативен развој „Еквалис“ посочија дека конференцијата претставува простор за поврзување, градење на заеднички стратегии, но и оснажување за пракси, примери и платформи преку коишто граѓаните се обидуваат да ги променат заедниците. „Преку оваа едиција на конференцијата ќе ...

Вечерва со почеток во 21:30 часот во македонскиот паб „Ѕе“ ќе се одржи концерт на бендот „The Local Blue“. Музиката на „The Local Blue“ се движи некаде помеѓу психоделичниот рок и слободната импровизација, а тој „помеѓу“ простор, освен што е прилично простран, често знае да е и мошне забавен, се посочува во најавата за настанот. „Другари, 2024-та за ‘The Local Blue’ беше успешна година, триото стана квартет, стариот жар, кој претходните ...

Пратениците во Грција почнаа да расправаат за нацрт-законот со кој се предвидува заострување на правилата за краткорочно изнајмување, во услови на пораст на туризмот, вклучително и забрана за користење на преуредени магацини и подруми без прозорци, пренесува хрватски Индекс. Според предложените измени, реновираните магацини, подземните простори и поранешните индустриски објекти ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување, вклучително и ...

„Текстилниот отпад се создава несразмерно брзо споредено со изнаоѓањето решенија за него, а ние не ги менуваме навиките за да го направиме потребниот притисок кон производителите на текстил. Разбирам дека требаше многу време да се соочиме со нашата одговорност кон отпадот од пакување и електронскиот и електричен отпад, но имам чувство дека овојпат не ја разбираме големината и тежината на проблемот со текстилниот отпад“. Вака размислува ...

Една четвртина од граѓаните во Македонија распространети на повеќе од половина од територијата живеат во таканаречени медиумски пустини, покажа анализата на информативната покриеност во земјава изработена од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Медиумската пустина се дефинира како населено место без ниту еден локален дневен весник, а според оваа дефиниција, освен Скопје и Битола, сите останати населени местао во ...

Минатата година беше најтоплата досега и прва што го помина клучниот праг на глобалното затоплување од 1.5 целзиусови степени над прединдустриските температури, сметаат научниците, пренесува Ал Џазира Балканс. Агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник ги потврди претходните проекции дека 2024 година е најтоплата досега забележана на глобално ниво и првата календарска година во која просечната температура надмина 1.5 степени над ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на „Caller ID“. Оттаму посочија дека овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. „Измамниците најчесто се ...

Читалницата во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од денеска повторно ќе работи нонстоп, односно 24 часа, откако 1.700 луѓе потпишаа онлајн петиција. Новината ја соопштија од Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) на нивниот Инстаграм профил, каде што наведоа дека испратиле и барање до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и директорката на библиотеката Снежана Стојчевска за библиотеката да продолжи да работи ...

1.700 луѓе се потпишани на онлајн петиција со која се бара продолжување на работните часови на читалницата во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, односно таа да работи нонстоп, во пресрет на испитната сесија. „Колоквиумската и испитната сесија многу наскоро ни се ближи. Студентите се претежно вратени во Скопје, и често условите во нивниот дом не им го дозволуваат потребниот мир и амбиент за учење. Дополнително, по 8 јануари 2025 година, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
74%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
74%
1016
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.69
68%
1019
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.25
88%
1018
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.84
85%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.5
95%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
45%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.88
63%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.9
51%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
84%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
1.79
58%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.53
82%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.1603

Currency

71.4282

Currency

37.4417

Currency

38.1416

Currency

66.9235

Currency

7.98014

Currency

0.72738

Currency

0.33541

Currency

0.52504

Currency

1.16545

Currency

0.57161

Рутениум

48965.59

Паладиум

39095.31

Злато

132213.94

Родиум

257205.97

Платина

52277.11

Кобалт

45.39

Бакар

12.43

Сребро

1995.66

Иридиум

236307.99

Калај

55.25

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00