Најновото петто издание на младинското културно списание „Спознавање“, проекција на три краткометражни филмови, базар на млади креативци и два концерти се случуваа минатата сабота (9 ноември) во Младинскиот културен центар – Битола. На базарот учествуваа „Лом Лабел“ (алишта), Емилија Трајковска (фотографии), „Урбаниум“ (литература), „Спознавање“ (списанија), „Луна Адитеја“ (алишта), Бојана Исијанин (фотографии), „Пондер“ (литература), „MM ...

Албумот „Rocket to Russia“ на легендарните „Ramones“, објавен во ноември 1977, е врвно олицетворение на нивната брза, жестока, но мелодична панк-рок естетика. Овој албум е третото студиско издание на „Ramones“ и е промовирано во време кога панк-движењето ги доживуваше своите златни денови. Но, „Rocket to Russia“ е многу повеќе од обичен панк-албум; тој е револуционерен спој на интензивна енергија и поп-сензибилитет што ја дефинираше музиката ...

Обединетите нации (ОН) предупредуваат дека хуманитарната помош што влегува во Газа, која повеќе од една година е изложена на брутални израелски напади, не е доволна за да ги задоволи потребите на жителите таму, пишува „Анадолу“. Портпаролот на ОН, Стефан Дужариќ на прес-конференцијата во Њујорк изјави дека по неколкумесечни преговори, Светската програма за храна (WFP), денеска за прв пат успеала да испрати 15 камиони полни со храна во Газа ...

Културно едукативниот центар Лабораториум ги поканува жителите на Скопје од сите генерации, на новото, празнично издание на „Старата скопска игранка.“ Влезот е слободен за сите. Вечерва со почеток во 19 часот во културно едукативниот центар Лабораториум ќе се одржи „Стара скопска игранка“ по повод 13. ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. „Како загревање, во 19 часот преку „Скопскиот квиз“ водителот Никола Наумовски ќе го „тестира“ ...

Социјалната мрежа Блускај вели дека се забележани 700.000 нови корисници на платформата во неделата по изборите во САД, јавува Скајњуз. Поранешниот извршен директор на Твитер (X) Џек Дорси кој ја замислуваше Блускај како дел од Твитер, вели дека новите регистрирани се главно од САД и Велика Британија. Социјалната мрежа, според податоците има 14.5 милиони корисници, што е големо зголемување во споредба со септември кога оваа бројка беше 9 ...

Палестинското Министерство за образование со седиште во Рамала вчера соопшти дека во Појасот Газа и на Западниот Брег, израелската окупаторска армија убила повеќе од 12.000 палестински ученици и студенти и ранила 19.000 од почетокот на војната за истребување на 7 октомври 2023 година, пренесува Ал Џазира Балканс. Министерството појасни дека од 7 октомври 2023 година, 11.249 ученици биле убиени, а 17.335 биле ранети во Појасот Газа, додека 80 ...

Еуродрам – Европската мрежа за современа драма и превод распишува повик за споделување преводи на современи драмски дела од европски и блискоисточни јазици на македонски јазик. За 2025 година, Македонскиот комитет на Еуродрам ќе избере три најдобри преводи, кои ќе бидат споделени во мрежата со повеќе од 300 членови и 30 различни јазични комитети. Доколку условите дозволуваат, наградените преводи ќе бидат објавени и/или претставени преку јавни ...

Неколку илјади луѓе се собраа вчера во Белград на нов протест на кој бараат оставка од премиерот и владата, која ја сметаат за одговорна за трагедијата во Нови Сад во која загинаа 14 претежно млади луѓе, а тројца беа тешко повредени во уривањето на натстрешницата на железничката станица на 1 ноември, пренесува Ал Џазира Балканс. Средбата започна пред Владата на Србија, од каде беше планирана прошетка до претседателската резиденција. ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осуди денешните закани, заплашувања и обиди за замолчување насочени кон новинарката на Сакам да кажам, Соња Колевска-Делевска и кон новинарот на телевизија Телма, Срѓан Стојанчов. „Новинарот Стојанчов по објавување на текст за кандидатурата на Афрона Верзиволи за избор во Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги во приватна порака добил сериозни закани и ...

Атлетичарот Дарио Ивановски е добитник на наградата „13 Ноември“ – Спортист за 2024 година, одлучи Сојузот на спортови на Скопје. Наградата му беше доделена на свеченост организирана денес (12 ноември) по повод ослободувањето на градот Скопје. На свеченоста што се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ беа доделени 10 награди на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот. „Оваа награда ...

Во рамки на прославата на Денот на град Куманово (11 ноември), Општина Куманово организираше специјален настан на кој беше одбележан и стартот на одбројувањето од 250 дена до почетокот Европскиот Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ) 2025, што ќе се одржи од 19 до 26 јули во Македонија. Во присуство на бројни граѓани, свечено беше откриена и официјалната маскота на фестивалот, „Shiny“, која јавноста ја избра преку онлајн гласање што заврши ...

„Аксиома“ неодамна го издаде својот прв албум на македонски џез музичар на кој карактеристично е што гостуваат двајца странски, поточно бразилски соработници. Се работи за џез-ворлд-импров-фјужн албумот „Asphalt Calcutta“ на новото пијано џез трио на Јордан Костов (пијано), Бруно Дози Теза (бас гитара) и Бренда Охана (тапани). Албумот е снимен во студиото „Бопсити“ во Париз, a миксот и мастерот е на Макс Јесион. Извршен продуцент е Вангел ...

„Inner Wheel Club of Skopje“ на 15 ноември (петок) во Кинотеката на Северна Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранција – 16 ноември. Настанот ќе се одржи под мотото „Разноликоста е факт, прифаќањето е чин“ и ќе почне во 19 часот. Настанот кој ја третира темата на различната сексуална ориентација и нивното прифаќање во општеството ќе го отвори претседателката на Клубот, Светлана Караѓозова. Потоа ќе има проекција на филм – ...

Најмалку 1.000 лекари недостасуваат во македонското здравство, посочува ресорниот министер Арбен Таравари во разговор за Гласот на Америка на македонски јазик. Министерот најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело „Минимум 1000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година“, вели министерот за здравство ...

Во 2024 година се одбележуваат 55 години од издавањето на едно од највлијателните дела во историјата на рок музиката – дебитантскиот албум на „The Stooges“. Овој албум, кој првично не го доби заслуженото признание, денес се смета за култно ремек-дело и еден од основните камен темелници на прото-панк движењето, отворајќи пат за експлозијата на панк, њу вејв и пост панк-рокот во наредната декада. „The Stooges“ – Неканализиран бес во музичка ...

Од 14 до 16 ноември во Белград ќе се одржи ревија на македонски филмови. На настанот посетителите ќе може да уживаат во македонски филмски класици, современи филмови, музички изведби и ексклузивни средби со автори. „Македонската култура, а особено македонскиот филм и музика, се дел од богатото наследство, каде традиционалните и современите вредности се испреплетени на возбудлив начин што луѓето во Србија често го чувствуваат како свои. Ова ...

Следната година парите од унгарскиот кредит наменето за општините ќе се делат преку повеќе ресори, а највисоките износи ќе бидат проследени преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии -функции на држава, пишува Порталб.мк. Капиталните расходи во новата буџетска 2025 та ќе изнесуваат околу 820 милиони евра. Рангирање на сумите за јавни инвестиции Буџетот за капитални расходи на Министерството за транспорт следната година ќе ...

Центар-Јадро го објави петтиот видео портрет посветен на писателот Владимир Јанковски, со кој ја продолжува серијата на видео портрети од современи македонски писатели. Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено осум книги: „Ехото на акробатите“ (роман, 2024), „Кабинет на чуда со ...

Албумот „The Man Who Sold the World“ претставува клучна точка во креативната еволуција на Дејвид Боуви, кој со него го поставува темелот за својот индивидуален и често провокативен музички израз. Објавен во ноември 1970 година, овој трет студиски албум се издвојува од претходните дела на Боуви, покажувајќи ја неговата желба да експериментира со звуците и да ги истражува темите кои се движат од психолошки до социјални прашања. „The Man Who ...

Загадувањето на внатрешниот воздух во училниците и занималните во училиштата и градинките е високо и многу често над максимално дозволените граници за концентрации на ПМ честичките. Истражувањето за квалитетот на внатрешниот воздух во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга направено во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ на УНДП и Министерството за животна средина, покажува дека загадувањето на внатрешниот ...

На 11 и 12 ноември со почеток во 20 часот, во Кафе и кино „Котур“, ќе се одржат проекции на два филмови во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“. На програмата се документарните филмови „Акаса, нашиот дом“ (Романија, Германија, Финска / 2019 / 86’) на режисерот Раду Чорничук и „Нема да исчезнеме“ (Украина, Франција, Полска / 2023 / 100’) на Алиса Коваленко. Филмот „Акаса, нашиот дом“ носи трогателна и внимателно осмислена приказна ...

Од 18 до 23 ноември е недела на шпанскиот филм во Кинотека на Македонија и според најавата претставува патување низ различни епохи на шпанската кинематографија, претставувајќи класични и современи дела на некои од најпознатите режисери. „Оваа филмска недела, посветена на шпанскиот филм, ги обединува богатите теми и стилови од 1950-тите, преку револуционерната енергија на 1970-тите, до современите, постмодернистички визии од 2000-тите години. ...

Професори и експерти на полето екотуризам и рурален туризам присуствуваа на 5. „Форум за екотуризам преку регионални практики“ кој се одржа во хотелот „Александар Палас“. Форумот се одржуваше во два панели. На првиот панел „Зелени хоризонти“ на кој беше истакнат потенцијалот на екотуризам што го има земјава. „Многупати не можеме да ја повлечеме линијата помеѓу руралниот и екотуризмот, кај нас се повеќе се развиваат руралните подрачја, а ...

Театарски настани, претстави и работилници ќе се одржат на 49. издание на фестивалот Млад отворен театар – МОТ кое ќе се случи од 15 до 21 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Ова издание на фестивалот ќе се отвори со минатогодишните победници, независната продукција, театарот „Златен Елец“ и нивната нова претстава „Хинкеман“ по текст на Ернест Толер, во режија Тамара Стојаноска. „Иако се осамени како независен театар на ...

Во среда (13.11.), со почеток во 20 часот, во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи книжевно читање „Тоа сме ние“ на кое ќе настапат десет млади автори од новата книжевна генерација. „Што е таа шарена маса што се движи низ градот? Што е тоа што бои и раздвижува? Што е новото на книжевната сцена? Има ли ново? Се случува ли нешто? Што е тоа што гриза, а не боли, што расте и се развива? Што е тоа што е тука, што се чита, што ...

Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање, добиени од мерните станици поставени во скопските општини, покажуваат дека загадувањето на воздухот со ПМ10 честички е зголемено речиси двојно од почетокот на грејната сезона на 15 октомври 2024 година, пренесува новинската агенција Мета. Традиционално, најзагадена населба и оваа сезона е Лисиче, која на денот на почетокот на сезоната бележи загадување од нешто помалку од ...

Десетици илјади Шпанци маршираа вчера во Валенсија барајќи оставка од регионалниот претседател одговорен за реакцијата на минатонеделните поплави во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, а многумина сè уште се водат како исчезнати, јавува Радио Слободна Европа. Група демонстранти се судри со специјалната полиција пред градското собрание во Валенсија, каде демонстрантите го започнаа маршот до седиштето на регионалната влада. Регионалниот лидер ...

Во четвртокот започна етапната исплата на ученичките стипендии на сите корисници кои правото на стипендија го стекнале во некоја од изминатите учебни години, а го продолжиле во тековната, информираа од Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму посочија дека сите постојни корисници на ученички стипендии ќе добијат средства за три месеци – септември, октомври и ноември до крајот на следната недела. Се работи за 6.350 ...

Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ организираше информативен настан во центарот на Охрид, на кој уште еднаш потсетија на штетноста од нестандардните депонии и со проблемот на третманот и депонирањето на комуналниот отпад, јавува порталот „Охрид прес“. Охриѓани побараа итно решавање на проблемот со депонијата „Буково“ и нејзино затворање, а од надлежните очекуваат да ги отпочнат процесите за изградба на регионалната депонија во Новаци, ...

На крајот на оваа седмица посветена на медиумската писменост, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика и животна средина… 1. [Видео] Новинарите зборуваат: ВИ може да биде сојузник во редакциите, но не и да го замени новинарот Рапидниот развој на алатките за вештачка интелигенција (ВИ) секојдневно се заканува дека ќе ги „истисне“ луѓето од професиите. Што се случува со новинарството? Знаете ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1005
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
82%
1006
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
80%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1006
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.39
93%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
96%
1006
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
66%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
86%
1004
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
82%
1005
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
75%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Цинк

3.25

Рутениум

45750.51

Злато

159231.39

Платина

67162.91

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Бакар

11.69

Сребро

2460.50

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56