Од утре започнуваат инфосесиите на Министерството за култура и туризам за олеснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси за поддршка за проекти од национален интерес во културата за 2025 година. Инфосесиите ќе ги спроведат тимови од Министерството за култура и туризам, а се наменети за сите корисници на буџетските средства на овие конкурси, со цел да се одговори на сите отворени прашања во врска со пријавувањето. Распоред на ...

Една година од почетокот на израелската војна во Газа, стотици илјади Палестинци се раселени, гладни и живеат во урнатини, пишува „Анадолу“. Израелската Армија започна офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, при што загинаа речиси 42.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се 97.100. Израелските напади го раселија речиси целото население на територијата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, ...

Нуркачкиот клуб „Амфора“ и „Скопско“ од 1 до 4 октомври организираа акција за чистење на Охридското езеро. Фокусот на акцијата беше вадење на заостанати рибарски мрежи ((познати како „мрежи духови“) од четири клучни локации на дното на езерото. „Резултатите од втората нуркачка акција покажуваат дека од дното на езерото се отстранети вкупно 3.856 метри мрежа, а истите беа презентирани во Хидробиолошкиот завод во Охрид. Во акцијата учествуваа 4 ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ја имаше својата светска премиера на 57. издание на „Ситџес фантастик филм фестивал“ во Шпанија, еден од најголемите жанровски фестивали во светот. Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио“ беше прикажан во фамилијарната секција. Капацитетите на салата беа исполнети, воглавно со најмладата публика која енергично ја дочека ...

Пет големи месечини облечени во човечки тела од Франција во саботата прошетаа по улица Македонија во Скопје со што го претставија перформансот „Сонот на Ербер“. Изведбата е дело на француската театарска трупа „Кидам“ која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет. Појдовна точка беше Музејот на Град Скопје каде стотици граѓани тргнаа со нив патување кон ѕвездите. „Петте фигури“, како што се вели во описот за перформансот, најпрво беа ...

Во „Јавна соба“ овој четврток (10 октомври) од 21 часот ќе се одржи сесија во живо на бендот „KEM“ со поддршка од нивните пријатели Прва Гарда (Dope Kukjata) и Џиги (Jiggy). „KEM е рап-бенд од Скопје кој го шари типичнот колорит на рап сцената во главниот град, хип-хоп бенд со нетипичен осврт на жанрот“, велат од колективот „Гола Планина“ под чија капа издаваат „КЕМ“ Нивните настапи започнуваат уште со првите изданија во 2022 година, кога ...

Во ЛУ Градски музеј Крива Паланка отворена е мултимедијална изложба насловена „Дневник“ на ликовниот уметник и графичар Стефан Јакимовски-Стеф. На изложбата, која претставува магистерски труд на Јакимовски, се поставени повеќе ликовни, визуелни и мултимедијални дела во различни техники и тоа 19 графики, 100 бетонски објекти со основа на квадрат и вметнати разни материјали, како и 20-тина бележници (дневници). Како што информираат организаторите, ...

Викендов по осми пат во Скопје се одржа Винил Конвенција – настан што на едно место собира продавачи, поддржувачи, љубители, диџеи и продуценти на музика на плочи. Куршумли Ан вчера почна да се полни околу 12 часот, а така остана до 1 по полноќ кога заврши програмата. Фановите на плочи годинава имаа прилика да слушаат сет на Easy Mo Bee, продуцент кој има работено со раперите Biggie Smalls и 2pac. Во текот на денот на стејџот внатре диџеите се ...

„Забавна платформа што ја интегрира филмската продукција, социјалната интеракција и фантастичното искуство. Концептот е ‘гледај за да заработиш’, со тоа што членовите заработуваат преку гледање промоции на филмови, трејлери и со тоа го менуваат традиционалниот начин на промоција на филмовите“. Доколку го отворите вашиот телефон и ја пребарате апликацијата „Конти“ (Conti), ќе ви се појави вакво објаснување за тоа што значи оваа апликација и како ...

Пораките „Трчај за бегалците“ и „Поддржи ги бегалците“ ја одбележаа една од водните станици на 20. издание на Скопскиот маратон кој се одржа денеска со рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји кои трчаа во четири категории. Бројни волонтери на водната станица лоцирана на булеварот „Трета македонска бригада“, организирана од Агенцијата за бегалци на Обединетите нации – УНХЦР и Младинскиот образовен форум ги бодреа и ги опслужуваа маратонците со ...

Стихозбирката „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорѓо Димоски ќе биде промовирана во среда (9 октомври) со почеток во 19:30 часот во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар Скопје. Стихозбирката е во издание на „ПНВ Публикации“, а промоцијата е во соработка со Град Скопје. Книгата низ разговор со авторот ќе ја претстави Јулијана Величковска Славе Ѓорѓо Димоски завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ...

Од 8 октомври до 9 ноември во Музејот на македонската борба ќе се одржи 18. издание на Фестивалот на музичките уметници на Македонија „Златна лира“ во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Оваа година, како што посочуваат организаторите, фестивалот ќе понуди десет исклучителни концерти со богат и разновиден репертоар. Најавуваат дека ќе бидат претставени дела од македонскиот камерен опус, заедно со композиции на ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… За да се празнат затворите, требаат повеќе мерки како општокорисна работа или условна со заштитен надзор, сметаат експертите Високи 67% од затворениците во државава во периодот од 2019 до 2023 година биле работно ангажирани. Во некои казнено-поправни установи работната ангажираност е 100%, во некои 25%. Во ...

На 12 и 13 октомври, Скопје ќе биде домаќин на втората интернационална конвенција за тетовирање „Skopje Tattoo Show“ која ќе се одржи во „Skopje Event Center“. Организаторите велат дека настанот ќе биде место каде што ќе се слави различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето – форма на уметност која има долга историја и различни културни значења низ светот. „Од традиционалните тетоважи до авангардните и модерни стилови, ...

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека за време на манифестацијата „Бела ноќ“, во периодот од 18 часот до 2 часот наутро – наредниот ден, превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен. Исто така, оттаму соопштија дека во недела (6 октомври) во периодот од 7 до 14 часот, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел ...

Црвениот крст на Македонија го отвори телефонскиот број 143-400 за корисниците на Македонски Телеком и А1 на кој може да се донираат по 100 денари со еден повик за помош на настраданите во поплавите во Босна и Херцеговина. Дополнително, за настраданите во поплавите може да се донира и на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка, со назнака: помош за настрадано ...

Највисокиот суд на Европската Унија одлучи дека членките на Унијата мора да ги прифатат промените на името и полот добиени во други земји на ЕУ, во случајот на Аријан Мирзарафи-Ахи, трансродов маж со двојно државјанство во Романија и Велика Британија, пренесува Радио Слободна Европа. Одлуката, која поставува значаен правен преседан, ќе влијае на милиони трансродови луѓе низ Унијата, со што ќе се осигури дека нивните идентитети се почитуваат и ...

Прифатилиштето „Хачико“ во Битола вчера, симболично на Светскиот ден за заштита на животните, официјално започна со работа, со примање на првите бездомни животни. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакна дека веќе е екипиран кадарот во прифатилиштето и дека склучен е договор со повеќе ветеринарни друштва од Општина Битола за хуман третман на уличната популација на кучињата. „Општина Битола изминатите месеци во континуитет направи ...

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска го имаме Андреј Медиќ Лазаревски, поет и главен уредник на неформалното младинско здружение за слободно културно изразување „Култура Бета“. Ова се #ПетАлбумиЗаПоДома на Медиќ Лазаревски, со негов краток уводник и потоа осврти за одбраните музички парчиња: *** Секогаш ми е многу незгодно кога треба да изберам три/пет/десет омилени нешта, особено кога станува збор за нешта поврзани со уметност, со тоа што го ...

Вкупно 811.000 евра биле потрошени на парламентарните избори од страна на коалициите за да се рекламираат на повеќе од 150 интернет портали, покажуваат податоците на Државната изборна комисија кои Мета.мк ги доби по повеќемесечни обиди. Податоците ги баравме од сите релевантни институции – Државната комисија за спречување на корупцијата, ДИК, Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, пишува новинската агенција Мета. Податоците ги ...

Најмалку 14 луѓе загинаа во поплавите што зафатија делови од Босна и Херцеговина. Врнежите од дожд во изминатите 24 часа на подрачјето на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Фојница и Крешево предизвикаа големи проблеми кај жителите од тие општини во Босна и Херцеговина, јавува Н1. „Поради големите порои и одрони, загрозено е многубројно население, со информации дека има жртви како и голем број повредени и исчезнати лица“, соопшти Федералната ...

Високи 67% од затворениците во државава во периодот од 2019 до 2023 година биле работно ангажирани. Во некои казнено-поправни установи работната ангажираност е 100%, во некои 25%. Во казнено-поправните установи од затворен вид овој број е многу помал, додека затворениците во установите од отворен вид најмногу се ангажираат во земјоделство, сточарство, одржување зелени површини, магацини. Оние кои им е дозволено да работат надвор од установата ...

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица кои вчера загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола. Во несреќата загинаа радиологот примариус Александар Ристески, гинекологот Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска од приватната болница „Плодност“. Одлуката за ден на жалост ја донесе синоќа на вонредна седница Советот на Општина Прилеп. Знамињата во Општината се истакнати на ...

Протест за солидарност со народот на Палестина и Либан ќе се одржи во Скопје на 7 октомври (понеделник) пред Владата со почеток во 18 часот. Организатори на протестот се студентската иницијатива УКИМци за Палестина, „Fridays For Future Negotino“ и Социјалниот центар Дуња. „Пред една година започна најновиот бран насилство на израелската воена машина против Палестина. Пред нашите очи го врши злосторот на геноцид. Во меѓувреме, наместо да прекине ...

Повеќе од 400 млади од осум земји ја наполнија салата на киното „Милениум“ синоќа, со што започна 12. издание на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“. На првиот фестивалски ден имаше проекција на филмот „Последниот пат кога бевме деца“ на Клаудио Губитози. Директорот Дарко Башески им посака на учесниците да бидат редовни, да учествуваат, да се осмелуваат да кажат што мислат, но, најмногу од сè, да се забавуваат. Тој му се заблагодари на ...

Министерот за транспорт Александар Николовски тврди дека нема надлежност за да ја поништи дозволата за градба на т.н. 17-катница во Карпош, за која „О2 Иницијатива“ реагираа дека е прибавена на незаконски начин. „Се работи за надлежност на Општина Карпош. Очекувам граѓаните следната година на локалните избори да прават паметни одлуки и заедничи да ги средуваме работите во Општина Карпош. Јас, стојам позади она што го кажав, се држам до мојот ...

Неформалната група за женски права „Тииит!Инк“ заедно со Règles Élémentaires (Франција) и BruZelle (Белгија) создадоа Мрежа за менструално образование. Трите партнерски организации соработуваат со цел да ги споделат најдобрите практики, да развијат алатки за подигање на свеста преку организирање на фокус групи предводени од млади и јавно да се зборува за менструалното образование. „Со прилагодување на методологиите на индивидуалните потреби и ...

Осмото издание на Скопје Винил Конвенција ќе се оддржи во сабота (5 октомври) во Куршумли Ан. „Како и секоја година очекувајте преку 30 продавачи и дилери на плочи, 30 диџеи на 3 сцени, највкусна храна и пијачки, детско катче и уште многу активности“, се вели во најавата. Хедлајнер оваа година е единствениот продуцент кој во неговата кариера има работено и со двајцата, Biggie Smalls и 2pac, Easy Mo Bee. Тој заедно со Jim Sharp (Dusty Donuts, ...

Отворен е Рокот за аплицирање за студентска стипендија за сите корисници кои ова право го исполнле во некоја од претходните академски години, информира Министерството за образование и наука (МОН). За продолжување на правото на стипендија, сите корисници треба да прикачат потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните ...

Претставници на Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“ денеска беа на средба со пратеници од Собранието, со цел да разговараат за проблемот со неисплатените надоместоци на персоналните асистенти за шести, седми, осми и деветти месец од 2024 година. Според претставникот на „Менуваме“, Суарет Алишан, пратениците се заложиле за решавање на проблемот, но, сепак, тој најави дека ќе излезат на протест доколку не видат ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
33%
1022
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
47%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
52%
1023
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
59%
1023
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.22
44%
1021
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
60%
1023
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
6.26
38%
1019
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
36%
1019
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
26%
1020
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
45%
1021
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.03
40%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
38%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62