Од вкупно 58 држави, учениците од Македонија испитувани на меѓународното ТИМСС (Trends International Mathematics and Science Study) тестирање, се на 44 место во математичка писменост и 47 место во природни науки. Тестирањето е спроведено во 2023 година, по петти пат во државата, а тестирани беа учениците од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за првпат електронски, информира Министерството за образование и наука (МОН). „И ...

Пет нови дивоградби за помалку од две години никнале на подрачјето на Студенчишко Блато, за кое има решение за привремена заштита. Во моментов уште две непречено се градат, иако граѓанската организација Фронт 21/42 уште лани случајот го пријавила кај пет државни и локални инспекторати. Од оваа организација обвинуваат дека и земјиштето е трансформирано на незаконски начин, па од државни и земјоделски парцелите станале приватни и градежни, ...

„Нова“, првиот електричен траект во светот со хидрофоил технологија, започна со крстарење во водите во Стокхолм, Шведска, пишува „Анадолу“. Електричниот траект е новиот модел П-12 развиен од шведскиот производител „Кандела“ со помош на компјутерски контролирани хидрофоилни крила со цел да може да го подигне својот труп и да „лебди“ еден метар над нивото на водата. Со ваквиот систем траектот ја намалува потрошувачката на енергија за 80 отсто ...

„Во изминатите четири години, по усвојувањето на Законот за основно образование (2019), бројот на ученици со попреченост кои посетуваат редовни основни училишта е двојно зголемен, пораснувајќи од четири на девет ученици по училиште во 2023/24 година“, нагласуваат од УНИЦЕФ на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, по објавениот Извештај за политики на „Инклузивно образование во Северна Македонија“. Иако ваквиот напредок ветува, во ...

По повод денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост, 3 декември, Младинското здружение на глуви и наглуви Млад знак одржа состанок со министерот за здравство Арбен Таравари на кој побара итно да се овозможи непречен пристап до здравствени услуги за глувите и наглувите лица во земјава. Како што велат, ова го бараат со оглед на актуелната состојбата во која глувите и наглувите лица не можат редовно и целосно да остварат здравствена ...

Балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, ќе се изведе на 20 и 24 декември со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет (НОБ). „’Дон Кихот’ е волшебна приказна за ветерници, ‘совршената’ жена и вистинската љубов. Балетското дело е поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатото ‘Дон Кихот Па де де’, кој дава акцент на ...

Македонија е една од водечките држави на луѓе кои што употребуваат тутун. Секој втор Македонец користи цигари додека пак според европскиот просек, 25% од популацијата се пушачи. Овие податоци биле главна мотивација Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) да отвори телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Линијата е отворена во понеделник и среда од 11 до 13 часот и на неа работат двајца ...

Во Барометарот на корупција за месец ноември наречен „Бистро-Матно“, организацијата „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ како „бистри“ настани ги наведува пријавата против судијката Цветанка Никодиновска за недолично однесување кон новинарите и медиумските работници, кривичната пријава за несовесно работење во службата и отказ за 15 високи службеници во Министерството за внатерни работи (МВР) и кривичната пријава поднесена против вработен ...

Менструацијата е состојба ексклузивна за женскиот пол и за да се надмине стигмата која се влече од трансгенерациската траума, треба да се зборува јавно. Да се признаат потешкотиите и симптомите е првиот чекор што може да го направат девојките и жените, а меѓу тие чекори би можел да биде и девојчињата да не одбиваат да вежбаат на физичко поради циклусот. Физичката активност и исхраната имаат важен удел во справување со промените кои му се ...

Шест илјади полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за обезбедување на церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам во Париз, соопштија властите на француската престолнина, пренесува Данас. На церемонијата ќе присуствуваат 50 шефови на држави и влади. Префектот на париската полиција Лоран Нуњез на прес-конференција рече дека во сабота и недела ќе бидат мобилизирани 6.000 луѓе, односно полицајци и жандарми, како и на свеченото ...

Македонија и Хрватска ќе ја зајакнат образовната соработка и ќе унапредат повеќе аспекти на националните воспитно – образовни системи преку размена на позитивни практики и искуства, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). „Особено внимание ќе се посвети на стручното образование и обуката, ќе се работи на поврзување и развој на регионалните центри кои промовираат и реализираат ваков вид на образование и на основање ...

Упад во системот на електронскиот дневник, кој се случил викендов, беше причина надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) да побараат сите корисници (околу 140.000 наставници, професори и родители) да ги променат лозинките за да можат да се најават во системот, пишува новинската агенција Мета. Како што дознава Мета, ученици во училиштето „Коле Неделковски“ во Велес, искористиле ситуација на веќе вклучена професорска е-сметка, ...

Културно социјалниот порстор Центар Јадро и месецов ја продолжува серијата разговори со визуелни уметници од различни генерации кои континуирано се присутни на локалната и меѓународната уметничка сцена. На 3 декември кураторката и историчарка на уметност Ана Франговска, која го прави изборот на уметници, ќе одржи разговор со уметникот Гоце Наневски, а на 4 декември со уметницата Вана Урошевиќ. И двете средби почнуваат во 20 часот во КСП ...

Пишува: Славој Жижек Ситуацијата во Украина станува сè поапсурдна. Американските изолационисти и медиуми сметаат дека употребата на ракети со голем дострел против Русија од страна на Украина претставува опасна ескалација на војната, а новиот руски бран напади врз цивилната инфраструктура се третира како нешто нормално со оглед на околностите. По извојуваната победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2024 година, Александрија ...

Иницијативата „Зелен хуман град“ најави протестен марш за чист воздух во Скопје кој ќе се одржи на 10 декември. Маршот ќе започне од Министерството за животна средина, преку Собранието, а ќе заврши пред Владата. „Секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките ПМ 2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност во државата. Овие честички се поврзани со ...

Дигитализацијата, новите медиумски трендови и растот на вештачката интелигенција се дел од причините зошто новинарската заедница се пушти во процес да прави нов Кодекс на новинари, откако стариот e во сила уште од 2001, поточно од пред 23 години. Оттогаш до денеска не е променет, па е нужно да се размислува за ревидирање на етичките принципи, со што би се зајакнувал кредибилитетот, но и одговорноста на новинарите. Иницијативата за нов Кодекс ...

Првиот роман на македонската писателка Румена Бужаровска насловен „Тони“ ќе биде промовиран во среда (4 декември) во „Јавна соба“ во 20 часот. Романот е во идание на Издавачки центар „ТРИ“, а ќе биде претставен преку разговор меѓу Бужаровска, писателот Петар Андоновски и поетесата и главна уредничка на „Медуза“ – Калиа Димитрова. Тие ќе нè запознаат со книжевниот лик кој ќе сакате да го замразите – подгответе се за дисекција на болката и ...

Државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредување на човековите права им се доделува на Здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации“ (ЦГК) – Скопје и Лила Милиќ, соопшти Министерството за култура и туризам. Претседателка на Одборот за доделување на наградата „Мето Јовановски“ е Александра Цветановска. Како што известуваат ...

Платформата „SHIFT2GAMES“, наменета за ученици, студенти и сите кои сакаат својата кариера да ја започнат или продолжат во индустријата за развивање на игри, е преведена комплетно на македонски јазик и Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ ќе ја (ре)лансира на 5 декември, четврток, со почеток во 18 часот во „База42“. „Платформата беше лансирана пролетта 2023 година на српски јазик, а оттогаш под нејзино покровителство ...

Предавање, работилница и перформативна театарска тура, изведувана по улиците на Скопје, на уметничкиот проект „Градот како сцена: Пловечки универзитет“ ќе се одржи од 5 до 7 декември, на неколку различни локации. Тридневниот уметнички проект почнува в четврток (5 декември) во амфитеатарот на Архитектонски факултет во Скопје, каде што ќе се одржи јавно предавање на Кристин Лаз и Дејвид Нил Морси од Берлин, членови на „Флоутинг Јуниверзити“ ...

Помина еден месец од несреќата на железничката станица во Нови Сад, кога при падот на настрешницата загинаа 15 лица, а двајца од повредените се’ уште се во болница. По овој повод, вчера, 1 декември, се одржа протестна прошетка од Железничката станица до плоштадот Слобода. Насобраните граѓани 15 пати застануваа на патот кон Градското собрание и со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите. На протестот, кој започна во 11:52 часот во ...

Демонстрантите и полицијата се судрија во главниот град Тбилиси на четвртиот ден од протестите, а има и знаци дека незадоволството се шири низ земјата поради одлуката на владата да ги замрзне преговорите за пристапување во Европската Унија, јавува Радио Слободна Европа. Тензиите помеѓу владејачката партија Грузиски сон и нејзините противници кои ги обвинуваат дека води се поавторитарна, антизападна и проруска политика растат со месеци ...

Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите за остварување на правото, а за ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од активизам, граѓанско општество, политика, животна средина, студентски стандард… 1. Јавниот транспорт во Скопје се поднови со шест еколошки автобуси донирани од Европската Унија Шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас доби Град Скопје, како донација на Европската Унија во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“. Проектот кој меѓудругото опфаќа и други активности ...

По повод 20 ноември – Меѓународниот ден на детето, претстојниот Меѓународен ден на човековите права – 10 декември и денот на ЕЛСА, интернационалната мрежа на млади правници ЕЛСА организира настан на тема „Кривично – правни и психолошки дилеми за кривичната одговорност на децата – сторители на кривични дела“. Настанот ќе се одржи на 5 декември (четврток) со почеток од 17:30 часот во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Говорници ...

Декември во Кинотека на Македонија ветува филмски репертоар кој ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на седмата уметност. Како што информираат оттаму, овој месец е посветен на јубилејни проекции на македонски филмови и култни светски остварувања, како и на прикажување на актуелните фестивалски хитови. „Декемвриската програма ја збогатуваат легендарни македонски филмови кои ја обележаа историјата на нашата кинематографија. Со проекции на ...

Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека повеќе од 415.000 раселени лица во Газа моментално се засолниле во училишни згради на Обединетите нации (ОН), пишува „Анадолу“. Во соопштението споделено на социјалните мрежи, УНРВА го објави сведочењето на Ајша, една од многуте жени од Газа кои се засолнуваат во училиште. Изразувајќи ја својата исцрпеност, Ајша рече: „Ова место е наменето за образование, а не за ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика за медиуми во Македонија (СЕММ) ги повикуваат новинарите и медиумските работници да го почитуваат Кодексот на новинари, особено како што велат, во контекст на неодамнешните настани што поттикнаа јавна дебата и реакции. „Во вакви ситуации, кога се зголемува ризикот од национална нетрпеливост и омраза, новинарите имаат обврска да известуваат објективно, професионално и со јасна ...

Денеска, од пред скулптурата „Симфонија на мирот“ па се до Владата на Република Македонија се одржа протестен марш за солидарност со народот на Палестина и Либан. Граѓаните кои беа излезени на протестниот марш од македонските власти побараа да се приклучат кон меѓународните заедници кои се залагаат за ставање крај на насилството и нападите во Палестина но и да ја признаат палестинската држава. Од иницијативата „Сите за Палестина” велат дека ...

Кети Талевска Бакревска e фотографка од Битола која се занимава со дигитална фотографија и алтернативна фотографија. Токму љубовта кон професијата и ја донела идејата и желбата да направи нешто со кое ќе поттикне да се зголеми свеста за заштитата на Преспанското езеро кое полека но сигурно ни исчезнува. Изложбата на Кети, „Ќе ме снема“ е изложба за исчезнувањето на Преспанското езеро која е изработена со алтернативна фотографска техника која ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
88%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
1003
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
81%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
92%
1002
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
83%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Злато

159231.39

Иридиум

221848.72

Платина

67162.91

Цинк

3.25

Бакар

11.69

Паладиум

546.56