Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
„Уа Данела“, „Оставка“, „Скопје бара превоз“ ечеше од насобраните граѓани кои денеска маршираа по скопскиот блокиран булевар „Илинден“, за потоа да протестираат пред бараките на Град Скопје, со цел да го искажат незадоволство со состојбите со автобускиот превоз во главниот град. На протестот инициран од градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Кутро Дудуш се приклучија студенти, средношколци, граѓани од цело Скопје. Тие со себе носеа ...
Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија е огромно разочарување и несоодветно ја рефлектира тежината на извршените дела, реагираат денес од Платформата за родова еднаквост за вчерашната пресуда. „Овие дела не се само сериозно нарушување на правата на жртвата туку и директен напад врз основите на родовата еднаквост ...
Сојузот на извидници на Македонија во соработка со компанијата „Триглав“ ја организира акцијата Боренка за пошумување на опожарената шумска површина кај Кокино. Акцијата во која ќе учествуваат 100 волонтери ќе се одржи в понеделник (25 ноември). „Целта на Боренка е преку волонтерски ангажман, вклучување на локалната заедница, спонзори и општествено одговорни компании, зазеленување на опустошените шумски области во земјава. Нашата мисија? ...
Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија информира дека се приклучува на протестот против недостигот на јавен превоз во Скопје. Протестот ќе почне во 14:00 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот. „Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко. Како млади луѓе ...
Примената на форензиката при кривични дела врз дивиот свет е клучен сегмент за успешна разрешница од страна на полицијата и правосудните органи. Но, подеднакво важни се и брзото постапување и ефикасната меѓуинституционална соработка, бидејќи доказите во овие случаи се изложени на надворешни влијанија и може да станат неупотребливи, е еден од заклучоците на минатонеделната работилница организирана од Македонското еколошко друштво (МЕД) и ...
„Јавен превоз, не јавен хаос“ е мотото на протестот на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), кое за денеска повикаа на обединување на студентите. Протестот на студентите е предвидено да започне пред Стата Пошта во 14 часот, а потоа тие во 14:30 часот ќе се упатат кон Град Скопје, каде претходно на протест повика и градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Од УСС УКИМ велат дека по ...
На иницијатива на учениците од Гимназијата „Никола Карев“ денеска се одржа хуманитарен настан за Коста, еден од нивните миленици во училишниот двор, како и за сите други бездомни животни, со што „Карев“ стана првото „пет френдли“ училиште во Македонија. Куќички од дрво, машни, плетени шалчиња и капи, магнети, нараквици, коски, храна, хамери и паноа за вдомување на бездомните и слики од нивните миленици, беа само дел од изработките на ...
АРНО, водечка организација за поддршка на социјалното претприемништво во регионот, го одбележа Светскиот ден на социјалното претприемништво и петгодишнината на програма RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs) со настан во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. На настанот учествуваа млади социјални претприемачи, дипломати, национални поддржувачи и регионални партнери. „Програмата RISE, заедно со своите десет партнери, 5 ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас, Мухамед Диаб ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Ројтерс. Овој потег доаѓа откако главниот обвинителот на МКС, Карим Кан, на 20 мај побара налози за апсење за наводни злосторства поврзани со нападите на Хамас на 7 октомври минатата година ...
Албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека размислува за целосно забрана на Тик Ток и Снепчет по убиството на 14-годишен ученик од друг ученик во основно училиште во Тирана, пишува „Анадолу“. Во изјавата по состанокот на владата, Рама нагласи дека смртта на 14-годишното момче е трагедија која бара ефективен одговор и од државата и од општеството. Истакнувајќи дека некои земји го ограничуваат пристапот до социјалните мрежи за деца под 16 години, ...
Речиси 1.000 реакции бројат кампањите со кои, меѓудругото се бара унапредување на квалитетот на јавниот превоз во Скопје, зголемена транспарентност на Владата и одговорност на институциите за пожарите во летниот период, а кои моментално се активни на новата онлајн платформа „Реагирај“. На платформата изработена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), заедно со партнерите од програмата „Граѓаните против корупцијата“ ...
Поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, јавува Н1. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека по прибирањето и деталната анализа на целата потребна документација, извршените разговори со поголем број граѓани, а по извршеното вештачење за да се утврдат причините и околностите под кои таа паднала, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, ...
Во Музејот на Македонија оваа сабота (23 ноември) ќе биде отворена самостојната изложба на фотогтрафии од авторката Јелена Белиќ. „Изложбата ‘Постоиш ли Алиса?’ на Јелена Белиќ претставува визуелна наратива на едно исклучително патување на портрети во простор каде фотографиите се движат од лик до лик, формирајќи единствена целина во црно бело. Секоја фотографија суптилно и директно комуницира со гледачот, за на крајот – односно, на почетокот ...
Само пет дена откако компанијата Мета започна да ги тестира персонализираните фидови на Тредс, веќе ги пушти во употреба за сите корисници. Со персонализираните фидови, можете да следите одредени теми и профили на едно место, што го олеснува следењето на работите кои ви се важни, јавува „Верџ“. За да создадете персонализиран фид, треба да пребарате тема, потоа да кликнете на менито со три точки до лентата за пребарување и да ја изберете ...
Марко Гутиќ Мижимаков за кусиот уметнички филм „Лов на змејки“ е добитник на нaградата „Денес“, која годинава се доделува по осумнаесетти пат на млад визуелен уметник до 35 години во Македонија. Тој добива двомесечен престој во „Residency Unlimited“ во Њујорк во периодот август-септември 2025 година. За победникот одлучи жирито составено од Ксенија Нурил, историчарка на уметност и кураторка, Сања Анѓелковиќ, аудиовизуелна уметничка со седиште ...
Со перформансот „Сé што е важно“ од Грција и кабарето „Танцот на смртта“ од Украина, вечерва ќе биде затворено 49. издание на фестивалот Млад отворен театар – МОТ. Во Младински културен центар (МКЦ) во салата „25 мај“ од 19 часот е „Сè што е важно“ од Грција. Двајцата интерпретатори, но исто така и пријатели, соработници и уметнички партнери, навлегуваат во заедничката архива на сценските движења, танцови практики и белешки, кои иако црпат од ...
На средината на ноември 1979 година, култниот бенд „Joy Division“ го објави својот деби сингл „Transmission“, една од највлијателните песни на пост-панк ерата. Со овој сингл, бендот ги одреди контурите на звукот и атмосферата што ќе го обликуваат пост-панкот како музички и културен феномен, оставајќи трага што сè уште и тоа како се чувствува. Музиката „Transmission“ веднаш плени со својот минималистички, но емотивно набиен аранжман. Бас ...
Промоцијата на стихозбирката „Едно и пол патување“ од современата албанска поетеса Мањола Наси ќе се одржи утре, петок (22 ноември) од 20:00 часот во галеријата на Младинскиот културен центар ‒ Скопје. Преводот од албански е на Моника Митрева, а изданието е објавено во едицијата „Гравири“ на ПНВ Публикации, со поддршка од Националниот центар за книга и читање, Албанија. Промотор на книгата е Јулијана Величковска. „’Едно и пол патување’ од ...
Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) упати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие во кое поставува ултиматум за нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешниот ден (21 ноември). Во спротивно, ќе се приклучат на протестот најавен за петок (22 ноември). „По спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, ...
„Ако се отвори рудник, ќе немаме вода за пиење. Ние сме на едно трусно подрачје, кое, никој не ни гарантира дали ќе има земјотрес, дали ќе нема. Во планините има подземни води, а со секојдневно минирање, тие подземни води никој не може да гарантира дека нема да бидат загадени. Што ќе пиеме? Како да не се бориме, кога полињата ќе ни останат празни и тоа што ќе го има ќе биде канцерогено, ќе биде токсично. Што ќе јадеме, не само ние, цела ...
По повод Светскиот ден на детето, 20 ноември, младиот уметник Озбек Ајваз во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП), организираа герила акција под наслов „Моето детство е моја приказна“. Денес во 11 часот кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје беше поставена уметничка инсталација како симболичен потсетник дека секое дете заслужува приватен и безбеден простор за ...
Вчера изутрината вработен во фирма во населбата „Момин поток“ малтретирал бездомно куче со повеќе од 20 удари со дрво по глава, откако влегло во дворот на складиштето. Насилникот е приведен, а Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ бара итно процесирање на кривична постапка и најстрога, тригодишна казна затвор за сторителот. Исто така, оттаму изготвиле Предлог-иницијатива за измена и дополнување на Кривичниот законик која ќе биде ...
Центарот за современи уметности низ неколку локации во Скопје денес постави знакови со „награда“ по повод „Европска престолнина на ѓубрето“ – уметничката герила акција. „По неуспешните обиди за Европска престолнина на младите 2027 и закочениот процес на подготовки за престижната титула Европска престолнина на културата 2028, оваа година на Скопје му се посреќи да биде прогласен за Европска претстолнина на ѓубрето“, велат од екипата на урбана ...
Здружението за едукативен развој „Еквалис“ упатува остра реакција за, како што велат, нетранспарентниот и исклучувачки процес за нивната Предлог-програма за служба во заедницата што ја развиваа и ја предложија во рамки на работните групи на МОН, уште од 2021 година. Сега таа почнува да влегува во системот, но реагираат дека тие ниту се споменати, ниту вклучени во процесот. „Министерката Весна Јаневска на годишната конференција за соработка на ...
Вредноста на минималната синдикална кошничка за ноември изнесува 62.021 денари, а во споредба со вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври е зголемена за 772 денари. Истовремено, синдикалната минимална кошница со изнајмен стан од 60 квадрати за ноември изнесува 77.396 денари. Најголем дел од износот отпаѓа на храна и пијалаци – 22.678 денари. Трошоците за образование изнесуваат 7.036 денари, по што следуваат трошоците за ...
Во четврток (21 ноември), во Културно информативниот центар во Скопје со почеток во 20 часот ќе биде отворна изложбата „Мал формат/Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија. Како што информираат организаторите, на изложбата ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација. „Малиот формат и ...
Лидија Топузовска Најважно е прво да се расчисти сиот расфрлен отпад по автопатите и градовите, особено во туристичките места и главниот град на државата, бидејќи кога се канат гостите дома најпрво се чисти. Повод за овој текст е иницијативата на Владата да се интегрираат културата и туризмот во едно министерство, што сметам дека е одлична иницијатива која се надевам ќе овозможи подобра интеграција и координираност во двата сектори, кои се ...
Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Стефан Дујарик, изјави дека поради опструкциите на Израел повеќе од 40 дена, речиси и да не е доставена помош за Палестинците кои се борат за опстанок на северот на Газа, пишува „Анадолу“. Дужарик одговараше на прашања на новинарите за случувањата на Блискиот Исток. Наведувајќи дека израелските војници го блокирале преминот кон северниот дел на Газа, Дужарик изјави дека жителите ...
Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Битола распиша јавен повик за членство во Локалното собрание на млади. Локалното собрание на млади претставува тело составено од по еден делегат и еден заменик делегат кои ќе бидат предложени од младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување. Покрај објавата на јавен повик за ...
Новата книга на Горан Калоѓера, „Поглед отстрана, Рацин (1908 – 1943)“ ќе биде промовирана на 25 ноември, од 19:00 часот во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. За книгата ќе зборуваат проф. д-р Славчо Ковилоски и Нове Цветаноски, уредник на изданието. Датумот на промоцијата се совпаѓа со денот на излегувањето од печат на првото издание на книгата на Кочо Рацин „Бели мугри“, односно со 85-годишнината од објавата на ...