Понеделнички во „Котур“ ќе се случи промотивен настан за јубилејното 10-то издание на фестивалот „Под земја полесно се дише“. „Набавете си со време врвно квалитетни печатени маици и торби и поддржете ја независната уметничка сцена што секој декември го размрдува скопскиот тежок застоен смог со атрактивна музичка и уметничка програма“, Ќе свират „Филис енд френдс“, а ќе пуштаат музика скопските фраер.к.и Марина, Ишџан Твин, Ајнур и Сали. ...

Околу 240.000 смртни случаи годишно во Европската Унија може да се припишат на изложеноста на ситни честички, најголемиот загадувач на воздухот, според најновата проценка на квалитетот на воздухот на Европската агенција за животна средина, пренесува Н1. Последните податоци, исто така, потврдуваат дека Европејците сè уште се изложени на концентрации на загадувачи на воздухот многу над препорачаните нивоа на Светската здравствена организација. ...

Соња Стојадиновиќ Иако е тренирана да размислува како човек, човечкиот хуманоиден импулс и импулсивната реакција во ризични ситуации, ВИ не може да ги имитира, ниту да ги предвиди. Се’ додека ВИ се креира за да му помага на човештвото и нејзината регулација е на високо ниво, мали се шансите таа да се оттргне од контрола. Ја имаме таа среќа да живееме во ерата на развојот и ширењето на вештачката интелигенција (ВИ). Со сите предности кои таа ...

Габриел Гуалано де Годој Вчера, 10 декември, беше Меѓународниот ден на човековите права, важна прилика да се потсетиме и да повториме дека човековите права се за сите, секаде и секогаш. Говорејќи за човековите права, не можеме, а да не помислиме на војните кои беснеат по светот и на новите и стари конфликти кои му се закануваат на човечкото постоење и на сè останато што на човека му е драго – домот, безбедноста, припаѓањето. Луѓето кои се ...

Повеќе од 30 државни факултети на четири универзитети во Србија официјално се под блокада. Студентите бараат објавување на целосна документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, како и откривање на одговорните за нападот врз студентите на ФДУ, пренесува Н1. Кон блокадата вчера се приклучија и студентите од Економскиот факултет во Суботица на Универзитетот во Нови Сад и Факултетот за образование на наставници на ...

Отворањето на изложбата „Сублимација на светлината и сенката“ на уметничка фотографија на Емилија Трајковска ќе се случи на 14 декември, сабота, со почеток во 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Битола. „Позната по своите црно-бели фотографии, Емилија Трајковска е фотографка која не само што го овековечува моментот, туку и го трансформира во една визуелна нарација. Специјализирана во црно-белата фотографија, нејзиниот објектив ...

Нова зима, нов протест пред институциите задолжени за аларматните состојби со аерозагадувањето. Граѓани повторно се собраа во централно Скопје да побараат решенија, а не оддолжување на проблемот што годишно убива по 5.000 луѓе во Македонија. Протестниот марш против загадениот воздух тргна од Министерството за животна средина, каде пред насобраните граѓани најпрво се обрати Горјан Јовановски, еко-активист и советник на иницијативата Зелен ...

Ансамблот „Театро ала мода“ составен од музичари кои живеат и работат во Холандија, во четврток со почеток во 20 часот ќе настапат во Камерната сала на Филхармонија. Во ансамблот свири македонската чембалистка Цветанка Созовска, Лилија Славни (барокна виолина) и Џошуа Читам (виола да гамба). На програмата се дела Букстехуде, Телеман, Ј. С. Бах, Ж. Мари-Леклер, Форкере и Рамо. „Преземајќи го името од сатиричниот памфлет на венецијанскиот ...

Обединување на жените во медиумите, новинарки и медиумски работнички во одбрана на нивните професионални и работнички права е главната цел на женската медиумска мрежа „Еднаква“ која што беше промовирана вчера во Скопје. „Еднаква“ е неформална мрежа создадена од самите новинарки и медиумски работнички во процес на повеќе месечни средби, консултации и обуки и ќе дејствува во рамките на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. ...

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“. Во едукативно-културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, вечерва од 21 часот ќе се одржи проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ во режија на Бојан Тантуровски, ќе биде промовирана и новата онлајн платформа „Doc Around Europe – Film Festival Network“, а вечерта ќе заврши со предновогодишно ...

Податоците собрани во текот на две години од вселенскиот телескоп Џејмс Веб го потврдија претходното откритие дека универзумот се шири речиси 8% побрзо отколку што би се очекувало врз основа на она што астрофизичарите го знаат за неговите првични услови и еволуција во текот на повеќе од милијарда години, пренесува Ал Џазира Балканс. Набљудувањата од најмоќниот вселенски телескоп некогаш распореден се чини дека ја отфрлаат идејата дека ...

Младинската Културолошка иницијатива „5 до 12“ – Охрид ја доби повелбата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“. Покрај нив, повелбата ја добија и клубот за подводни дејности „Охрид“ и здружението на граѓани „Независна аматерска театарска група Аматер. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и ...

Годинава во светот се убиени 104 новинари, а повеќе од половина од нив загинале во Газа, покажуваат податоците на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), пренесува Данас. Генералниот секретар на ИФЈ, Антони Беланже посочи дека по 129-те смртни случаи регистрирани во 2023 година, „2024 година е една од најлошите години“. Според ИФЈ, од почетокот на оваа година биле убиени 55 палестински медиумски работници. Од почетокот на војната на 7 ...

Јавните претпријатија на централно и на локално ниво, државните фирми и здравството – водечки според висината на доспеаните а неплатени обврски. Според новите податоци од Министерството за финансии, за три месеци, ЈП на локално ниво пријавиле драматично намалување на долговите, но и покрај ваквиот тренд, тие и натаму остануваат високо на листата на должници, пишува Порталб.мк. Долгот кон приватниот сектор надмина 270 милиони евра. Државните ...

Артан Груби, поранешен вицепремиер на Северна Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд се најновите имиња на црната листа на САД, пренесува агенцијата Мета. „Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на ...

Завршена е првата фаза на градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош, зелен појас кој се простира на површина од 86.000 метри квадратни, соопштуваат од Град Скопје. „Се уреди и исчисти запуштениот простор кој беше непристапен и обраснат, а сега прераснува во парк со чија реализација како проект и дел од програмата ‘За модерно Скопје’, се делува со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина“, се вели во ...

Младинскиот образовен форум (МОФ) организира отворено предавање за студенти на тема „Политичката култура кај младите и дали сме осудени на неуспех?“ на 11 декември, среда, со почеток во 17 часот во читалната на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. „Каква е политичката култура кај младите? Дали (не)вклученоста во заедницата значи неизвесна иднина? Што всушност значи ‘политика’? Како се дефинира ‘моќ’? На овие прашања и уште многу ...

Надлежните институции малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области. Ова е едел од наводите на новата Анализа на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата кое денеска ја објавија ...

Сиријците вчера се соочија со нова политичка реалност откако бунтовниците го зазедоа главниот град Дамаск, ставајќи крај на режимот на Башар ал Асад, кој побегна во Москва. Бунтовничкиот сојуз предводен од исламистичката Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) започна ненадејна офанзива во северозападна Сирија кон крајот на ноември, а потоа брзо ја зазеде територијата од силите приврзани на Асад додека се движеа кон Дамаск, пренесува Н1. Сириските ...

Речиси милион раселени Палестинци во завојуваниот Појас Газа се изложени на ризик од екстремен студ и дожд оваа зима, предупредуваат од Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНРВА), пишува „Анадолу“. „Раселените луѓе во Газа имаат потреба од заштита од дожд и студ. Само околу 23 отсто од потребите се задоволени, оставајќи 945.000 луѓе во ризик во текот на зимскиот период“, се вели во соопштението на агенцијата на ОН. Се додава дека итно ...

Светлана Јовановска Додека Мелони е горда што се намалил бројот на мигранти што стасуваат во Италија, во првите 8 месеци од оваа година нелегалните премини се зголемени за 56 отсто во Грција, за 66 отсто во Шпанија и дури за 126 отсто на шпанските Канарски Острови. Откако италијанската премиерка Џорџа Мелони договори со Албанија екстернализација на мигрантите кај оваа наша сосетка, нејзините европски колеги почнаа да ја земаат за пример ...

Регионалната дигитална платформа „Creative Gate“ за поврзување креативни индустрии на Западен Балкан официјално беше претставена во рамки на ПИН Музика конференција на 29 ноември во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Доколку раководите со културен центар, фестивал, или настан во областа на музика, филм, театар, танц, архитектура, визуелна уметност и други уметности, регистрирајте се на платформата и откријте ја ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, граѓанско општество, политика и животна средина: 1.„Втор ден ми е“ – Медицински лица и министерката за образование зборуваа за стигмата околу менструалниот циклус Менструацијата е состојба ексклузивна за женскиот пол и за да се надмине стигмата која се влече од трансгенерациската траума, треба да се зборува јавно. Да се признаат потешкотиите и симптомите е првиот ...

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на грузискиот главен град Тбилиси на 7 декември по насилното задушување на полицијата од претходната ноќ против демонстрантите кои беа гневни од одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување во Европската унија, пренесува Радио Слободна Европа. Насилството повторно изби доцна во ноќта, бидејќи сведоците рекоа дека новинарите и останатите биле тепани од групи мажи во улична облека, ...

Протестот во Нови Сад во организација на групите „Свиќе“ и „Став“ денеска започна пред градското собрание. Граѓаните донесоа лименки со црвена боја, на што активистите претходно повикаа. Пред почетокот на протестот, прогресивците се собраа на улицата Стражиловска. Во меѓувреме, повеќе од 20 државни факултети во Белград, Нови Сад и Ниш влегоа во блокада, барајќи објавување на комплетната документација за реконструкцијата на Железничката ...

Побунетите во Сирија соопштија дека ставиле крај на 24-годишното авторитарно владеење на Башар ал Асад, во првото обраќање на државната телевизија по молскавична офанзива што го изненади светот. Асад рано утринава го напушти Дамаск во непознат правец, изјавија за Ројтерс двајца високи воени офицери, додека побунетите рекоа дека влегле во главниот град, каде што воопшто немало војници, пренесува Н1. Сириската воена команда денеска ги известила ...

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. „Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија“, се наведува во соопштението од ...

Интерактивно предавање на тема театар ќе одржи Ана Стојаноска, професорка по македонска драма и театар на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, на 10 декември, вторник, со почеток во 19 часот главната сала во Друштвото на писателита на Македонија (ДПМ). Предавањето е од отворен тип, a поканети се сите љубители на штиците што живот значат. „Театарот е најубавата уметност и најспецифичната: живее само во мигот додека се игра ...

Читачката промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска ќе се одржи во четврток, 12 декември, со почеток во 20 и 30 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Уште од самото појавување во современата македонска поезија Јулијана Величковска видливо се издвои со нагласеното љубопитство за поместување и надраснување на веќе освоените стандарди во компонирањето лирска песна кај нас. Затоа и беше за ...

Американскиот федерален апелационен суд го потврди законот според кој кинеската фирма „ByteDance“ мора да се откаже од својата популарна апликација ТикТок во Соединетите американски држави (САД) до почетокот на следната година или ќе се соочи со забрана, пренесува Ал Џазира Балканс. Пресудата може да се обжали до Врховниот суд или до целосниот совет на Апелациониот суд. Американскиот претседател Џо Бајден, кој го потпиша законот во април, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
79%
1002
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
90%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
82%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.31
98%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.38
97%
1002
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
79%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
2.24
93%
1002
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
94%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
90%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.69

Злато

159231.39

Кобалт

64.04

Цинк

3.25

Алуминиум

3.03

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Паладиум

546.56

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72