„Movement“, дебитантскиот албум на „New Order“, издаден на 13 ноември 1981 година, е повеќе од почеток на нов бендовски проект – тој е мост помеѓу звукот на „Joy Division“ и музичката иднина на 80-тите. По трагичната смрт на вокалистот Ијан Кертис, останатите членови Бернард Самнер, Питер Хук и Стивен Морис се наоѓаат пред предизвик како и дали воопшто да ја продолжат својата музичка кариера. Со доаѓањето на Гилијан Гилберт, „New Order“ ...

Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Националното студентско тело на Северна Македонија и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) по повод Меѓународниот ден на студентите (17 ноември), утре (понеделник, 18 ноември) организира „Регионална Станица студентска“. „Регионална Станица студентска“ ќе почне во 10 часот и ќе се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Предвидени се три панел дискусии на темите ...

По повод Европската недела на ХИВ тестирање која трае од 18 до 25 ноември, Младинскиот центар „Сакам да знам“ организира бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и други сексуални преносливи инфекции. Тестирањето може да се направи секој ден од 18 до 23 ноември. Резултатите се доверливи и се добиваат за 20 минути. „Ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваме сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во ...

Во употреба е пуштен СТБ Детскиот велодром, изграден во паркот Сарај, на површина од 1.500 метри квадратни како спортско-рекреативна содржина и нова локација атрактивна за љубителите на спортот во Скопје, информираат од Град Скопје. „Новиот велодром на децата и младите им овозможува да учат возење велосипед и да се едуцираат во безбедна средина“, велат од Град Скопје. Ова е проект на Стопанска банка Скопје реализиран со јавните претпријатија ...

„Youclidean“ е ликовна изложба на младата уметница Елена Гелева која ќе се отвори утре, (понеделник, 18 ноември) во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар. Елена Гелева за својата иницијација околу изложбата „Youclidean“ вели: „Поаѓам од англискиот јазик; Изговорот на двете букви ‘Е’ и ‘U’ напишани една по друга и изговорот на заменката ‘You’, речиси не се разликуваат“. „Првите две букви ‘Eu’ од зборот Euclidean (Евклидова) ги ...

Пишува: Стефан Митиќ Додека либералите остануваа без иницијатива и идеи, нелибералните популисти како Орбан и Качински, вешто ги користеа емотивните наративи и додека луѓето беа втурнати во непознат свет каде што работните места, долгогодишните врски и идентитетите беа дестабилизирани преку ноќ, ги прикажуваа демократските трансформации како измамнички, а либералната демократија како форма на странска окупација. Нелибералниот популизам победи ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за формирање на Совет за млади, како повремено работно тело кое ќе ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите со цел да се унапреди нивната положба во општеството. „Советот за млади, кој се формира во пресрет на 17 ноември, Меѓународниот ден на студентите, се состои од претседател и 19 члена, а во ...

На денот на својот 79.роденден (15 ноември) Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ја претстави дигиталната колекција Анте Поповски, дел од отворениот ресурс Дигитална библиотека, пишува Новинската агенција Мета. „Дигитализирањето на творештвото на Анте Поповски е наша силна заложба за негово доближување до сите истражувачи, студенти, средношколици и негово афирмирање, зашто Анте е еден и голем, не само поет, туку и мислител, ...

750.4 милиони евра предвиде Европската Унија за Македонија. Овие средства се дел од Реформската агенда во рамки на Планот за раст на Западен Балкан за периодот од 2024 до 2027 година, кој има цел да го забрза социо-економското приближување на регионот со ЕУ и да го отвори патот кон членство во Унијата. Средствата ќе бидат условени со реализација на конкретни чекори. Македонија ќе добие 250 милиони евра како грант или неповратни средства за ...

Второто издание на „Skopje Space Jam“, серија концерти во планетариумот на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи вечерва (сабота, 16 ноември). Настапуваат „Соба“ (Ема Ананиевска и Ива Дамјановски) од 20 часот, Јоана од 21 часот и Иш и Јас од 22 часот. „Дојдете пред да заврши одбројувањето, ставете ги телефоните на spaceship mode, ние ќе донесеме кислород и џемчиња“, се вели во најавата. Проектот „Соба“ на Ема и Ива (пијано и теремин) е ...

Јана Атанасовска која има 18 години ќе ја претставува Македонија на ФИС Светскиот скијачки куп во Леви, Финска. Јана ќе го претстави знамето на Македонија во дисциплината слалом, на денешната трка (16.11, сабота) со почеток во 11:00 часот. „Овој настап претставува огромен успех и достигнување не само за Јана, туку и за македонскиот спорт, поставувајќи нови стандарди и инспирација за идните генерации. Јана Атанасовска, која со својата ...

Радио-телевизија Војводина соопшти дека од објективна одговорност го отпуштила од работа досегашниот директор на одделот „Техника и технологија“, пренесува „Н1“. Како што се наведува во соопштението, имало прекин во емитувањето на програмата вчера (петок, 15 ноември) во периодот од 12:51 до 13:03 на првата и втората програма на РТВ. „Надлежните во РТВ дополнително во детали ќе ги истражуваат причините кои довеле до прекин на програмата, така што ...

„Секогаш Последни“ е нова претстава на „Скоро Театар“ која премиерно се одигра во понеделник (18 ноември) во Домот за култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, Скопје. „Во оваа претстава, Виктор и Жарко се играат себе си, како актери кои одат до Прага да прават пост апокалиптична, дистописка претстава. Прага ко Прага, полна со пиво и забави, малку ги заведува овие порочни актери и ги носи во една сосема поинаква насока, па од егзистенцијална ...

Албумот „Transformer“ на Лу Рид, издаден во ноември 1972 година, е културолошки и музички маркер кој ја редефинираше рок сцената на 1970-тите. Создаден во соработка со Дејвид Боуви, кој беше и продуцент и неговиот соработник гитаристот Мик Ронсон, „Transformer“ прерасна во албум што го обликува имиџот и звукот на рок-андерграунд сцената и ја црпи својата сила од нескротливите, општествено контроверзни теми. Рид, познат по својата авторска улога ...

„Последиците од депонијата и од отровот можат да се забележат во секое годишно време, особено во есен и пролет, кога дува силен ветер, носејќи арсен и по главните улици каде проаѓаат жителите. Присуството на арсен, се познава и по силната миризба на водата за пиење. Честопати сме ја праќале на анализи кои покажале дека е опасна за здравјето. Загрозени се и прехрамбените производи од поседите“. Абедин Исмаили од општина Липково, е еден од ...

„Приказни од плакарот“ се вика уметничката инсталација на улицата „Македонија“, поставена од група млади кои сакаат да упатат на предизвиците со кои ЛГБТИК+ заедницата живее во државава. „Во овој плакар можете да влезете и да прочитате лични анонимни приказни од речиси 30 ЛГБТИК+ лица. Ова се приказни за нивните стравови, за криењето, за психолошкото и физичко насилство кое го трпеле и го трпат во семејните и социјални средини, но и приказни за ...

Во Нови Сад денеска се одржа акцијата „Застани, Нови Сад“ во која од 11:52 до 12:06 часот, опозицијата и граѓаните одбележаа 14 дена од смртта на 14-те луѓе кои загинаа во несреќата на железничката станица во Нови Сад. Во акцијата учествуваа и претставници на опозицијата во Белград со развивање на црно платно пред Собранието на Србија и со блокирање на сообраќајот, јавува Н1. Како што пренесува „021“, во Нови Сад, граѓаните учествуваа во ...

По повод вчерашниот, Светски ден на дијабетисот (14 ноември), генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус напиша на социјалната мрежа X дека повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес, пренесува Ал Џазира Балканс. „Повеќе од 800 милиони луѓе во светот живеат со дијабетес. Сепак, не секој има пристап до пристапен третман и нега што им е потребна“, изјави Гебрејесус. Over 800 million people ...

Издаден на 8 ноември 1974 година, „Sheer Heart Attack“ е трет студиски албум на британскиот рок бенд „Квин“ (Queen). Овој албум претставува значаен чекор во еволуцијата на бендот и на некој начин го укинува традиционалното поимање за рок-музиката, комбинирајќи различни жанрови и иновативни звуци, кои станаа обележје на „Квин“. Музички стил и звук „Sheer Heart Attack“ е одлична комбинација на хард рок, прогресивен рок и глaм-рок, со интензивни ...

Младите Винсент Вилчник и Емануела Ковачевска Китановска го креираа концептот „Камера Опскура“ (Camera Obscura) кој ги истражува македонските уметници. Винсент доаѓа од Словенија, а во моментов е докторантка на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Емануела е студентка на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Првиот серијал на „Камера опскура“ е посветен на македонските ...

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) упати отворено писмо до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, затоа што смета дека предложениот буџет за филм за 2025 година не е доволен за елементарно да се покријат потребите на македонската кинематографија. Од ДФРМ најпрво велат дека веста за назначувањето на министерот за култура тие и сите нивни колеги филмаџии ја примиле со голема радост. „Радоста, зачинета со надеж, доаѓаше ...

Учениците и наставниците од СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ од Битола, во просториите на училиштето имаа обука за тоа како да постапат во случај на земјотрес. Експертите од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) одржаа предавање со симулација на евакуација во случај на земјотрес, со цел средношколците да научат како да се заштитат себеси во првите моменти во случај на земјотрес. Иако, теоретски за земјотресите ...

Со претставата „Хинкеман“, во режија на Тамара Стојаноска на независниот театар „Златен Елец“, вечерва во 20.00 во МКЦ се отвора 49 – то издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар – МОТ. „Наградата „БИШ“ што ја добивме минатата година на 48.МОТ за претставата „Кенди“ нѝ отвори нови професионални шанси, гостувања на фестивали надвор од државата, запознавање со врвни театарски уметници и секако можност за работење на нова ...

Наградата „Денес“ за млад визуелен уметник до 35 години во Македонија ќе се додели по 18. пат на изложбата на тројцата финалисти Марко Гутиќ Мижимаков, Јован Јосифовски и Ивана Самандова на 19 ноември, вторник, со почеток во 20 часот во националната галерија „Мала станица“. Додека претставувањето на тројцата финалисти и разговор со жири-комисијата ќе се одржи во 12 часот, а вечерта во рамки на изложбата ќе бидат доделени и наградите. „Наградата ...

Град Скопје ги додели наградите „13 Ноември“ за придонес во развојот, севкупниот напредок и афирмација на градот, по повод одбележување на 80. годишнината од денот на ослободувањето на Скопје. Добитник на наградата „13 Ноември“ од областа на науката е проф. д-р Драги Митревски за, како што велат, посебен придонес во истражувачката научна и едукативна дејност поврзанa со Скопје, како и со меѓународна афирмација и популаризација на културното и ...

Направени се измените на Концепцијата за основно образование, на чија потреба во изминатиот период упатуваше стручната и пошироката јавност, а особено наставниците од основните училишта, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). Согласно доставените сугестии за време на периодот во кој Концепцијата беше ставена на јавна дискусија, Бирото за развој на образованието интервенираше и ја подготви новата унапредена содржина. ...

Еден од омилените миленијалски состави од регионот, „nemanja“, во петок (15 ноември), ја продолжува својата балканска турнеја во скопското Кафе и кино „Котур“. Станува збор за бенд составен во Пула, Хрватска чиј звук е психо-грув, под влијание на фолклорниот жанр Кумбија од Колумбија, инспирирн од афро-колумбиската, турската, југоисточно азиската музика. На концертот ќе биде претставена новата постава на бендот, како и трилогијата од албуми – ...

Четвртата самостојна изложба на Јован Јосифовски, „Box office poison“, ќе биде отворена и затворена вечерва, 14 ноември, со почеток во 20 часот во културно социјалниот простор Центар – Јадро. Taa ќе биде проследена со промоција на уметничката книга „Never North, Never Fair: The Prespa Disagreement“, издадена од Центар – Јадро, како и со проекција на краткиот експериментален филм „Метастазата на Вергина“. „Надоврзувајќи се на моето истражување од ...

Книжевна средба со шпанскиот автор Франсеск Миралјес ќе се случи во петок, 15 ноември, со почеток од 19 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“. „Миралјес е еден од најчитаните странски автори кај нас, но и во светот. Неговите дела ‘Икигаи’, ‘Намасте’ и ‘Ичиго-ичие’ се продадени во неколку милиони примероци низ целиот свет. Читателите ќе имаат можност да се сретнат со човекот кој истражувајќи за своите книги, истражи многу за себеси ...

Британскиот весник Гардијан соопшти дека повеќе нема да објавува содржини на Х поради „вознемирувачка содржина“ на „токсичната медиумска платформа“, која вклучува расизам и теории на заговор, пренесува Ал Џазира Балканс. Гардијан на својата веб-страница вчера објави дека веќе некое време ја разгледувал одлуката да престане да објавува на социјалната мрежа, но изборите во САД помогнале во одлуката. „Кампањата за претседателските избори во САД ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.14
20%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
4.63
29%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
36%
1021
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
35%
1019
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.21
27%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
40%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
7.72
66%
1016
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
8.23
28%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
22%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
30%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.34
29%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
10.29
44%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62