Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе испрати и пораки и за претстојните локални избори. Мицкоски укажа дека на овие избори е сосема извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и овие избори во најголемиот дел ќе се решат работите уште првиот круг. И тоа го говорат анкетите, но и нашето чувство кое го имаме изградено врз нашето искуство од комуникацијата со граѓаните. Но, ...

За секој еден збор што го кажувам подготвен сум да зборам со дела, одговорно и со бројки, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе осврнувајќи се на се она што е направено за еден мандат локална власт. Мицкоски информираше дека во изминативе 4 години изградивме и реконструиравме улици и патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 ...

Европската унија на официјалната страница објави дека системот ETIAS со кој граѓаните кои немаат визен режим со Унијата ќе мораа да плаќаат 20 евра при влез е одложен за последното тромесечије во 2026 година. Ова е добра вест и за македонските граѓани кои ќе мораа да се изложуваат на нов трошок при при патување. Како причина за ново одложување е неподготвеноста на земјите-членки за импементација на овој систем. Но кон крајот на октомври ќе ...

Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин. Операцијата била во два акта – во вториот имаше пластична реконструкција која ја изведе тим предводен од д-р Томислав Јовановски. Првиот хируршки тим го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, ...

Јелена Карлеуша го прослави својот 47-ми роденден на јахта во Црна Гора, опкружена со нејзините најблиски пријатели и колеги. Поп дивата организираше интимна забава со торта и шампањ. Јелена блескаше во жолт плетен сет, нагласувајќи ја својата витка линија и облини што го привлекоа целото внимание на присутните. Таму е и нејзиното момче Никола Јовановиќ.Спортистот престојуваше во луксузен хотел каде што има теретана и приватен базен, додека ...

Стрелецот на голот за бугарскиот првак Лудогорец. Дерој Дуарте, оцени дека фудбалерите на Шкендија заслужено дојдоа синоќа до победа од 2-1 во Скопје во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лига Европа. Лудогорец дојде во водство во 17 минута со голот на Дуарте, но Шкендија со пресврт извојува победа со головите на Латифи (35 минута) и Ибрами (60). „Не притиснавме толку колку што требаше по првиот гол. Шкендија реализираше многу ...

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор. Предвиденото јавно наддавање ќе се изврши доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи. Доколку се заокружи постапката со која што покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ во државава ќе добиеме нов мрежен оператор, според оценката на ...

Украинските специјални операции објавија видео од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет. Нападот врз возилото на генералот е извршен длабоко на руска територија, во Курската област, пишува Украинска правда. Според соопштението, операцијата е извршена од единицата UA_REG TEAM на украинските специјални сили во ноќта помеѓу 16 и 17 август. Нападот се случил на пет километри од градот Рилск во Курската област ...

Засилените и построги контроли во Грција ги испразнија рафтовите со ПП апарати во земјата. Двекилски апарати, каквишто соглансо грчките закони, мора да поседувате во возилото, не може да се најде на полиците во продавниците. ПП апаратите од две кила во изминатите месец, месец и половина ги снемува веднаш кога ќе ги добиеме. Откако на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат информации дека грчката полиција казнува за непоседување ваков апарат, ...

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко, но како што истакна, ако тоа се случи и изборите бидат неуспешни Владата има устaвно и законско право и можност да именува ...

Петте минути со Чавез беа на краток одмор, Кога можат владата и пратениците да здивнат зошто да не можеме и ние. Добро ние не можеме да си приуштиме одмор на јахта како Заев и Филипче. Туку ги мислам дали се вратени од Грција, дома не се прибрани, Ајде Заев политичар во пензија што ќе прави во неговата Северна кога веќе нема абер од негово апсење, ама од толку уживање може да страдаат бизнисите во Дубаи. Ама па Венко, е лидер на партија, ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Сотир Лукровски на средба со новинарите ги објави приоритетите доколку стане прв човек на една од најурбаните општини во Скопје. Тој вели дека како староседелец во Карпош добро ги знае проблемите со кои се соочуваат карпошани а тоа се пред се паркингот, зелените површини, хигената и проширување на капацитетите на градинките и училиштата. Убедува дека има конкретни планови и визија како да го ...

Ракометарите на Охрид вчеравечер го совладаа Партизан со 30:25 и ја запишаа втората победа на Меморијалниот меѓународен турнир „Крсте Андоновски“. Најефикасни во домашниот тим беа Иванковиќ со осум и Ѓукиќ со шест гола. По оваа победа охриѓани се на чекор до финалето. Охрид во последното коло од групната фаза се среќава со Нексе и доколку забележи победа ќе игра во големото финале што на програмата е во сабота. Македонскиот шампион Еурофарм ...

Кошаркарот на ТФТ, Виктор Ташовски синоќа против Унгарија ја одигра својата најдобра партија во дресот на македонската репрезентација. Ташовски е задоволен од играта на мечот со Унгарците, но е убеден до победа во претквалификациите „црвено-жолтите“ можеа да дојдат и порано. – Конечно стигнавме до првата победа. Можеби требаше и порано да дојдеме до неа, но мора од некаде да се почне, а тоа се случи денеска. Можеби овој меч резултатски не ...

Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова шума ...

Во последно време, хименопластиката се изведува сè почесто во светот, а причините за подложување на оваа процедура се различни. Девојки од руралните средини одлучуваат да ја вратат својата невиност, за да можат да се омажат, бидејќи младоженецот сака „чиста сопруга“ објаснуваат гинекологот Вања Милошевиќ и психологот Снежана Репач на Курир ТВ. Милошевиќ ги истакнува компликациите, но и самата суштина на хируршките процедури. Прво, ова е хируршка ...

Речиси неверојатен момент кој сигурно ќе влезе во аналите на голфот се случи на BMW Championship во Мериленд, благодарение на една мала мушичка. Англичанецот Томи Флитвуд, моментално 13-ти играч во светот, беше на еден чекор од промашен удар кога топката,застаната веднаш до дупката, се чинеше дека остана неподвижна. Публиката речиси се откажа од надежта, но по 28 драматични секунди топката одеднаш почна да се движи и падна во дупката. Снимките ...

„Амфенол“ е корпорација која има доверба во Македонија поради што постојано инвестира. Ние немавме засој во инвистициите во било која криза, бројки покажуваат постојан раст и за време на „ковидот“. Не гледам причина сега да застанеме. Имаме одлична соработка со Владата, одлична комуникација со премиерот Мицкоски. Неговото присутво денеска овде, за нас преставува привилегија и чест. Сметам дека нашите континуирани вложувања ќе бидат дополнителен ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со досегашниот тек на случајот со пожарот во Кочани, по пет месеци од трагедијата во која загинаа 62 лица, истакна дека остава на обвинителско-судските органи да ја завршат процедурата. -Јас се воздржувам да коментирам изминатиов период и ќе ја продолжам таа пракса да не коментирам, оставам обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата. Колку што знам ...

ВРЕДИ во изборната програма за 2024 година вети основање на Албанска банка со доминантен албански капитал, како гаранција за економско зајакнување на Албанците и рамномерен регионален развој. Денес, наместо да го исполни ова ветување, како слуга на ВМРО, ВРЕДИ ги отвори вратите за навлегување на „Српскиот свет“ во банкарскиот сектор на Македонија преку „Алта банка“, наведува ДУИ . Ова не е обична финансиска инвестиција, туку директен политички и ...

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, во сабота на 23 август почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври. Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат ...

Црвена звезда синоќа играше против Пафос од Кипар во квалификациите од Лигата на шампионите. Клубот Пафос постои само од 2014 година, кога АЕП Пафос и АЕК Куклија се споија. Доаѓањето на рускиот капитал во 2017 годин на чело со Сергеј Ломакин целосно ги промени амбициите на клубот. Резултатите од инвестицијата пристигнаа – Пафос го освои Купот на Кипар во 2024 година, а потоа и првата шампионска титула во сезоната 2024/25. Сега ќе се борат ...

National Geographic го посочи Охридското езеро како едно од петте кои задолжително треба да се посетат. Ако не сте слушнале за светското наследство на УНЕСКО, Охридското Езеро, не сте сами, но ви недостасува еден трик. Сместено помеѓу планините на Македонија и источна Албанија, ова зелено-сино езеро е меѓу најстарите и најдлабоките во Европа. Летото ве искушува со капење во проѕирни води, пикници на плажите со камчиња на источниот брег како ...

Црвена Звезда вечерва го пречекува кипарскиот Пафос во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите. Тимот е основан во јуни 2014 година. Грбот на Пафос е украсен со сини, жолти и бели бои, како и ликот на Евагорас Паликаридис, поет кој прерано го даде својот живот – за слободата. Иако напишал само неколку песни, Паликаридис стана синоним за борба и слободарски дух кај кипарскиот народ. Островот во Медитеранот отсекогаш бил цел на ...

Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата, објави на Фејсбук, Премиерот Христијан Мицкоски. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите претци се бореле со срце, со жртва и со визија. Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради ...

Локалните избори се маскарада, а Демократската партија на Албанците (ДПА) нема да учествува на нив, изјави претседателот на партијата, Мендух Тачи, по денешната седница на партиското централно собрание. ДПА претходно соопшти дека ја напушта коалицијата на ДУИ – Европски фронт. Нема да имаме кандидати на овие избори. Господинот Ахмети свесно влезе и ја формираше коалицијата со двајца заколнати непријатели на ДПА, кои со секој можен начин се ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која се намалуваат малопродажните цени на горивата. Според најновите пресметки, бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се поевтинуваат за еден денар по литар. Со оваа одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 76,00 денари за литар. Цената на ...

По прогласувањето на независноста во 1991 година, македонската Армија се стави на располагање на државата и граѓаните како гарант на мирот и одбраната, преку континуирана сестрана реформа, помош во справување со кризните и вонредните состојби, поддршка на цивилните институции во справување со елеменатарните непогоди како пожарите и поплавите. Тоа се уште го прави професионално, одговорно и пожртвувано, а доказ за ова е континуираното уживање ...

Организаторот на меѓународниот спортски филмски фестивал Златибор кој се одржува од 21.08 до 34.08 во Србија донесе одлука фестивалот да се затвори со документарниот филм на Саша Каталиниќ “КК. Работнички – Брендот под Кошевите”. Самиот избор е уште една потврда за квалитетот на тематиката и изработката на ова значајно спортско документарно остварување. Со оглед на тоа што првиот спортски документарен филм “Први до Четврто” освои награда како ...

Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните. Заедно да градиме и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност, истакна денеска во својот говор на настанот за одбележување на 24 – годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор премиерот Христијан Мицкоски. Како политичар не познавам мал или голем свет, ваков или таков, туку само еден свет – Македонија, дом на сите нејзини граѓани ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1023
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
65%
1024
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
64%
1023
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
0.0
60%
1026
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.8
77%
1025
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
85%
1025
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
5.14
79%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
78%
1024
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1024
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
5.66
94%
1021
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

0.60355

Currency

1.27263