Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото двете агенции, односно Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги користеле државните ресурси за да го преслушкуваат него, но и бизнисмени и новинари. Јас не би можел да зборувам за деталите, претпоставувам и директорот ќе го каже тоа, бидејќи тоа е државна тајна и така се класифицирани тие ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска ги почна ми подготовките за контролниот натпревар против Саудиска Арабија и пресметката од мундијалските квалификации против Лихтенштајн. Македонските фудбалери в четврток во Прага ќе играат против Саудиска Арабија, пред да го пречекаат Лихтенштајн во Скопје на 7 септември во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Поради повреда, Димитар Митровски не е дел од репрезентацијата, додека ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од денес е посилен за двајца нови играчи. – Фахад Азиз Бајо и Муса Раматан се најновите аквизиции на нашето раководство, со кои ќе атакуваме на највисоки дострели во актуелната натпреварувачка година, објави ФК Вардар. Бајо кој потпиша на две години е напаѓач од Уганда, има 27 години, минатото беше дел од Вишков од Чешка, Ашдод и Бнеи Сакнин од Израел. Дваесет и тригодишниот Раматан кој потпиша ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше пречекана со протести и извици „нацистке“ во Сопот, Бугарија, за време на посетата на најголемата државна фабрика за оружје ВМЗ-Сопот. Собирот беше организиран од евроскептичното движење Вазраждана, чиј лидер Костадин Костадинов тврди дека шефицата на ЕК „ја симболизира деградацијата на Европа“ и дека таа „не е добредојдена во Бугарија“. Демонстрантите го блокираа патот пред ...
Агендијата за нациолнала безбедност во време на владеењето на поранешната власт целосно се ставила во служба на СДСМ и ДУИ. Наместо да ја штити државата таа непријатели гледала во тогашната опозиција. Ова го покажуваат трите известувања од АНБ до Јавното обвинителство спроведени по внатрешна истрага во Агенција која открила оформување предмети за оперативни обработки насочени кон опозицијата, лидер на опозициска партија, како и група новинари и ...
Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, преку Инстаграм објави по информацијата дека го завршил Евробаскетот поради повреда. Богдановиќ им посака среќа на своите соиграчи во српскиот табор со порака да го видат во финалето! Капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, нема да игра во продолжението на Европското првенство поради повреда на тетивата што ја заработи на натпреварот против Португалија во ...
Младо момче од Крива Паланка е уапсено поради напад врз полицајци на Градскиот стадион. Според информациите на МВР, инцидентот се случил на 30.08.2025 година, околу 01:30 часот, кога 22-годишниот Т.Ј. физички се нафрлил врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Неофицијално настанот се случил по настапот на српскиот пејач Саша Ковачевиќ. Напаѓачот бил веднаш лишен од слобода од страна на полициските службеници на ОВР Крива ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев подготвува планови за нови напади на територијата на Руската Федерација. Неговите зборови ги пренесе Телеграм каналот на украинскиот весник „Страна.уа“, повикувајќи се на обраќањето на шефот на државата по тестирање нови домашни ракети. Зеленски нагласи дека Украина располага со неопходни средства и инфраструктура за продолжување на офанзивните операции. – Сите сили и ресурси се ...
Ако до пред десетина години Албанија беше асоцијација на сиромаштија и запоставеност сега веќе не е така. И тоа не само за приморјето туку и за малечките гратчиња како Поградец. Овој трет град град на Охридското езеро забрзано се развива. Да, сѐ уште не е на ни нивото на Охрид, но каде и да е за некоја година ќе го стигне, а Струга ја има веројатно престигнато. Кога преку граничниот премин Св.Наум за дваесетина минути ќе стигнете првото што ве ...
Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во јули оваа година порасна за 4,1 процент споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7 отсто споредено со ...
Барањето на претседателот на СДСМ Венко Филипче Собранието да донесе заедничка резолуција за евроинтеграциите со нашите „црвени линии“ и дека доколку се повтори вето од Бугарија да ги прекинеме преговорите со ЕУ е уште еден евтин политички блеф од страна на страна на лидерите на СДСМ како во минатото. Претходниците на Филипче на тронот на Бихаќа, Зоран Заев и Димитар Ковачевски истоа така се колнеа во резолуции, декларации дека нема да попуштат ...
Како што ќе се ближиме до датумот на локалните избори се повеќе ќе се заоструваат реториките, но ако имаме успешно оценет и спроведен изборен процес не би требало да има агрументи од ниту една политичка номенклатура да не ги прифати резултатите од изборите. Сите анкети досега покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и постојат шанси да добие градоначалник во речиси секој град, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Златко Перински во ...
Повторно подметнат пожар до градинката и училиштето Св. Климент Охридски! До каде ќе оди лудоста !? Брзата реакција на полицијата и пожарникарите веднаш го локализираа новиот опасен пожар. Дефинитивно станува збор за подметнување со цел опожарување на ново изградената детска градинка. МВР силно работи на расветлување на случајот, ќе бидат поставени и целовечерни полициски патроли. На терен ќе биде и општинскиот кризен штаб. Тоа што го градиме ...
Правнукот на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, Романо Флоријани Мусолини, дебитираше во петокот вечер во Серија А во натпреварот меѓу Кремонезе и Сасуоло. Мусолини влезе од клупата за резерви во 82. минута на местото на Алесио Зербино и изнуди пенал со кој Кременозе на крајот ја обезбеди победата. „Премногу работи се случија за прекратко време. Не мислам дека некогаш ќе заборавам што се случи вечерва. Дебито во Серија А отсекогаш ми беше ...
УЕФА вечерва ги објави термините за шесте кола во Конференциската лига во која Шкендија ќе стартува на 2 октомври на гостински терен против Рајо Ваљекано со почеток во 18: 45 часот Македонскиот шампион во второто коло, на 23 октомври, ќе го пречека Шелбурн во Скопје (18;45), по што следува дуелот на домашен терен против Јагелонија на 6 ноември (21 часот). Во четвртото коло фудбалерите на Шкендија ѝ гостуваат на Дрита (21 часот), пред да го ...
Па тоа ќе биде од големо значење за нас како држава, за Македонија како целина, бидејќи на тој начин ќе ја потврдиме онаа наша цел, а тоа е да бидеме крстосница на два многу значајни паневропски коридори, коридорот 10 и коридорот 8, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање до каде се процесните подготовки за третата фаза од изградбата на железничката пруга. Третата фаза е во ...
Четириесет и двајца градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека 4 години може да се управуваат општините европски, партијата сега чекори кон историска победа на локалните избори закажани за 19 октомври, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ за четири години локална власт покажа дека општините може да се управуваат без афери, без криминал, злоупотреба на народни пари. На крајот на четвртата година од претходните локални избори кои се ...
Италијанскиот шампион Наполи би можел до крајот на оваа недела да го финализира трансферот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд (22), откако англискиот клуб го донесе во своите редови словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко. Данскиот интернационалец треба да му се приклучи на Наполи на едногодишна позајмица, а италијанскиот клуб ќе мора да го откупи неговиот договор следното лето, јавија денеска италијанските медиуми. Медиумите ...
– Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ кај Берово со Света божествена литургија и народен собир денеска беше одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица. Илјадници верници целата држава дојдоа да запалат свеќа, да се помолат за своето и здравјето на своите најблиски, како и да се поклонат пред манастирската светост. Манастирот го посети и премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ...
На Бујар Османи или не му кажале, или не сака да се сети на времето кога преговарачкиот тим на ДУИ остави бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ подготвени да го иаполнат секое барање само за да останат во Владата која беше поразена на избори. Тогаш така храбро не звучеа и не се однесуваа првенците на ДУИ кои сега силно се удираат во гради. А Бујар Османи може да глуми принципиелност, но вистината е очигледна: врвот на ДУИ е претворен во милионерска ...
Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори со цел да направат, како што рече, историски резултат за да продолжи реформската агенда што е започната. – Како политичка партија и како коалиција приоѓаме многу јасно и силно во оваа кампања затоа што сакаме да направиме историски резултат, да продолжи периодот на реформи, на сето она што денеска се гради во Македонија. ...
Радоје Звицер, водач на Кавачкиот клан кој е во бегство во пресретнатите разговори на апликацијата „Скај“ открива дека директните извршители на ликвидацијата на водачите на Шкаљарскиот клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ на 19 јануари 2020 година во ресторан во Атина очекувале премногу пари за тоа убиство!, пишува „Курир.рс“. – Аркан беше убиен за 200.000 марки. Сè уште не сум слушнал дека некој платил еден и пол милион евра, а ние дадовме ...
Чаир е често досадно место, пееше Владо Јаневски во својот најпознат хит опишувајќи го животот на чаирските фраери во деведесеттите години. Во новото време најпознатите чаирски фраери би биле Бујар Османи и Изет Меџити, кандидатите за градоначалник на една од најважните општини за Албанците во Скопје. Кој ќе го освои Рим владее во светот, а кој ќе го освои Чаир владее со Албанците во Македонија. Секаде можеш да загубиш само не во Чаир.Затоа овие ...
Каква Србија, страшна Србија. Кошаркарската репрезентација на Србија го започна Европското првенство на повеќе од убедлив начин. Во натпреварот од 1. коло од Групата А во Рига, „Орлите“ ја декласираа Естонија со резултат од 98:64 (32:12, 24:17, 30:15, 12:18). Србија ќе го игра натпреварот од второто коло во петок во 20:15 часот, а ривал е Португалија, која на стартот победи против Чешка. Во третиот натпревар во рамките на групата, Турција го ...
СДС избра уште 11 луѓе кои се спремни да го понесат поразот на претстојните локални избори. Филипче избра анононимуси, луѓе предложени од Заев. Кандидати кои никој не ги знае, без никаков минат труд и без резултати зад себе. СДС не може да понуди луѓе со визија и конкретни дела, гледаме список на имиња без докажани успеси. СДС повторно прави политички импровизации и нуди безидејни кадри. Граѓаните заслужуваат стабилност, стручност и резултати, ...
Mладиот тенисер Закари Свајда стана познат на пошироката јавност, не по своите тениски вештини, туку по неговата тешка семејна приказна. Минатата година по Вимблдон, тој дозна дека неговиот татко Томас боледува од рак на дебелото црево. Дијагностициран е четвртиот стадиум на болеста. Таткото Том бил тениски тренер, па Зак се заљубил во тенисот со него и почнал да игра на двегодишна возраст. Захари и неговото семејство веднаш започнале кампања за ...
Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска изјави дека милијардерот Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети според Законот за влијание и корупција во организациите (РИКО). – Џорџ Сорос и неговиот прекрасен радикално левичарски син треба да бидат обвинети според законот РИКО поради поддршка на насилните протести и многу други работи низ цела Америка. Нема да им дозволиме на овие лудаци да ја уништат Америка, не ѝ давајќи ѝ шанса да ...
Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор, порачува ВМРО-ДПМНЕ. А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права. Вистината е многу едноставна и болна. Членовите и заинтересираните ...
е да внесеме дополнително уверување на јавноста дека постапката ќе биде објективна, изјави на денешната прес-конференција, директорот на ФЗО, Сашо Клековски, во врска со изјавите на кардиологот Сашко Кедев, дека се прават непотребни операции и стентирања. За интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државава, тој рече дека имаат целосна доверба ...
Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДСм е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со празни бројки и манипулации да ја прикрие вистината: Македонија денес е држава на стабилни финансии, држава која по години пустош и корупција почна да се обновува и држава која ја враќа довербата во институциите, вели Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Како што тврдевме, така и испадна. Денеска Филипче јавно најави коалиција ...