Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
– Со натпреварот Велика Британија – Литванија, денес 12:30 часот во Тампере, Финска ќе биде отворен Евробаскет 2025. Континенталниот кошаркарски собир ќе трае до 14 септември. Покрај Тампере, градови и земји домаќини се: Рига (Летонија), Лимасол (Кипар) и Катовице (Полска). Ова е трет пат четири земји да бидат организатори на ЕП и тие автоматски се квалификуваа за завршниот турнир. Дебитант на Европските првенства е Кипар, а титулата ја брани ...
Ги знаете ли чаирските фраери од песната на Владо Јаневски? Тоа се Бујар Османи и Изет Меџити, кандидатите за градоначалник на Чаир.Кој ќе го освои Рим владее со светот а кој ќе го освои Чаир владее со Албанците. Е овие двајца фраери ќе го правеле Чаир како Њујорк и Бурса, Господе боже. Прво нека го направат Чаир како некоја општина во Албанија или на Косово. Ова е главната тема на последната епизода на „5 минути со Чавез“ за оваа сезона. ...
Црвена Звезда нема да игра во Лигата на шампионите откако вечерва играше само 1-1 против Пафос на Кипар. По првото полувреме немаше голови, а црвено-белиот голман блескаше. Поточно, да не беше Матеус, Кипраните ќе имаа предност и на овој натпревар. Мирко Иваниќ ја врати Звезда во живот со гол. Топката се одби од противничкиот играч и го одбрани Михаило. Ѕвездата се врати во живот.Но потоа прими бизарен гол и тоа беше доволно за Лигата на Европа ...
Класична СДС матрица на лаги и дефокус. Последниот човек кој може да зборува за економија е Венко Филипче. Под него, Заев, Артан, Бујар и Али, Македонија ја виде најголемата сиромаштија, најскапата струја, најскапото гориво и најголемите корупциски афери, објави ВМРО-ДПМНЕ. Народот плаќаше со живот и празни џебови, а тие си полнеа сметки и договараа политики на јахти. Денес Филипче зборува за „достоинство“, а токму тој и неговиот ментор ја ...
Штрумфовите се мали, сини и слатки. И токму така изгледа новиот електричен градски автомобил од Кина. Livan Smurf EV го оправдува своето име и, изненадувачки, пристигнува токму кога новиот филм за Штрумф се појавува во кината. Производителот на автомобили Geely, сопственик на Volvo и Polestar, меѓу другите, го лансира Smurf EV преку својата подбренд Livan. Автомобилот е долг малку повеќе од три метри, поточно 3,1 метар, широк 1,55 метри и висок ...
Коалицијата ВРЕДИ денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за ОБСЕ Самитот без документација и евиденција додека бил министер за надворешни работи. -ВЛЕН денеска поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се пристапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се ...
Ламин Џамал и Ники Никол беа видени заедно што дополнително ги разгоре гласините за нивната романтична врска. Шпанскиот интернационалец и аргентинската пејачка слетаа минатиот вторник на приватен аеродром во Барселона, откако поминале два дена во Монако. Двајцата се запознале на контроверзната забава за 18-ти роденден на Ламин Џамал, што ја натера Барса да ги промени правилата. Оттогаш, пејачката поминува многу време во Барселона. Ники Никол ...
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, зборуваше за целите на тимот за претстојните натпревари. – Пред нас се два последни квалификациски натпревари, треба добро да ја завршиме оваа фаза. Задоволен сум од последните два натпревара, но пред сè од позитивната атмосфера во тимот, и мора да ги искористиме овие натпревари против Чиле и Боливија за да одржиме позитивна атмосфера. Ова е многу важно за подготовка за ...
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија, инфалцијата руши рекорди, платите стагнираат, граѓаните се се посиромашни, посочува претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче. Филипче нагласува дека власта го прекина системот на континуирано зголемување на платите што го воведе СДСМ и ги доведе граѓаните до раб на преживување. „Пред еден од најтешките месеци во годината, граѓаните се ...
Додека Западот губи терен во Африка, Москва го зајакнува своето влијание преку нова воена формација – Африканскиот корпус, наследник на Вагнер. Оваа единица, под директна контрола на руското Министерство за одбрана, веќе дејствува во Мали, Централноафриканската Република, Нигер и Буркина Фасо. За разлика од Вагнер, кој беше неформална група, Африканскиот корпус претставува организирана и дисциплинирана структура на руската држава. Во неговите ...
Лицата кои ќе сакаат да купат стан за живеење и кои првпат ќе аплицираат за кредит ќе имаат поповолни услови од оние кои купуваат стан за други намени. Мерките што ги подготвува Народната банка, а се во оваа насока, се очекува да бидат објавени за една до две недели. – Релативно готови сме со мерките со коишто ќе ги олесниме условите за оние кои по првпат купуваат стан за живеење, а значително ќе ги затегнеме критериумите со соработка со ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот го пофали младиот и талентиран Рио Нгумора кој го постигна победничкиот гол на синоќешнито натпревар со Њукасл. На асистенција од Мохамед Салах, 16-годишниот Рио погоди во 90+10. минута и му донесе три бода на својот тим. – Не одигравме како што посакуваме. Им дозволивме да не загрозат по нафрлени топки. Ја немавме контролата на играта. Сепак благодарение на 16-годишниот Рио Нгумора победивме. Тој постигна одличен ...
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прави изборните програми за градоначалниците заедно со граѓаните. Како што соопшти денеска, од утре, 27 август, почнува седумдневната теренска акција „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“ која ќе трае до среда, 3 септември. Од граѓаните ќе се собираат идеи и предлози за проекти кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Акцијата ќе се одвива во сите општини, во временски период ...
Владан Милојевиќ пред денешниот меч на Кипар ги израдува сите велејќи дека целиот тим е подготвен, вклучувајќи го и Марко Арнаутовиќ: – Сите играчи дојдоа со нас и ќе видиме со минути. Сите се подготвени и можат да играат – рече Милојевиќ, а потоа продолжи: – Каква игра можам да очекувам? Не знам, мислам дека ќе биде поинаку бидејќи првите 90 минути веќе се одиграни. Пафос ја има таа гол предност, сега не знам дали ќе очекуваме нешто или дали ...
Моника Селеш наскоро ќе стане тренер на Новак Ѓоковиќ! Тоа се најновите вести од Њујорк. Српскиот ас беше прашан пред почетокот на Отвореното првенство на САД за можноста поранешен тенисер да ја преземе функцијата тренер во неговиот бокс… – Имавме почетни разговори… Повеќе е на емотивна страна, отколку што сакам нешто толку долгорочно. Повеќе е нешто што би ми значело многу. Мислам дека е јасно за кого станува збор, но ајде, нема да го кажам ...
Осум дена притвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев за МИА потврди дека на лицето А.А од Скопје му е одредена мерка притвор од осум дена, по што по скратена ...
Познатиот руски онколог и имунолог Данил Шепељаев во интервју за рускиот портал „Вести“ го објасни просечниот профил на луѓето кои најчесто заболуваат од рак. . Шепељаев нагласи дека тоа се претежно луѓе над 50 години кои се под постојан стрес. Според него, луѓето кои се постојано уморни, преоптоварени со работа и имаат сериозни финансиски проблеми, поради што не можат да си дозволат квалитетна здравствена заштита пред самата болест, најчесто ...
На фоторепортерот кој предизвика прекин на мечот од првото коло на УС Опен помеѓу Данил Медведев и Бенџамин Бонци му е одземена акредитацијата. Инцидентот се случил вчера во третиот сет, кога Медведев губеше со 3-6, 5-7, 4-5, а Бонци имаше меч-поен. Французинот ја сервираше првата топка во мрежата, а фотографот, кој мислеше дека играта е завршена, истрча на теренот. Судијата Грег Аленсворт го врати првиот сервис на Бонци поради пречки и паузата ...
На фоторепортерот кој предизвика прекин на мечот од првото коло на УС Опен помеѓу Данил Медведев и Бенџамин Бонци му е одземена акредитацијата. Инцидентот се случил вчера во третиот сет, кога Медведев губеше со 3-6, 5-7, 4-5, а Бонци имаше меч-поен. Французинот ја сервираше првата топка во мрежата, а фотографот, кој мислеше дека играта е завршена, истрча на теренот. Судијата Грег Аленсворт го врати првиот сервис на Бонци поради пречки и паузата ...
Бујар Османи во објава на Фејсбук обвинува за слабеење на политичкото претставување на Албанците. Тој е убеден дека интеграција не е можна со силна стабилна коалиција предводена од ДУИ. На следните избори, Албанците ќе избираат дали сакаат да бидат тивки сведоци на сопственото маргинализирање или сила која јадвижи државата напред и ја гарантира својата иднина. Ова не е партиска борба. Ова е борба за достоинството, за политичка еднаквост, за да ...
Здружението на спасувачи на Грција, планира следниот месец да достави предлог до Министерството за поморство за воспоставување регулатива која ќе дозволува користење на СУП даските само од оние кои имаат добиено соодветен сертификат, по краток курс во локални или спортски клубови, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Оваа иницијатива, според весникот, доаѓа поради зголемениот број интервенции на крајбрежната ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ коментираше за својата победа над 19-годишниот Американец Лернер Тин (6:1, 7:6 (7:3), 6:2) ноќеска во првото коло на Отвореното првенство на САД. -Сакам да бев на возраст на Лернер. Кога одиш накај 40-тата треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти. Сè уште имам оган и мотивација, а навивачите ми даваат сила. Се надевам дека ќе можам да продолжам понатаму, рече 38-годишниот Ѓоковиќ по натпреварот со ...
Премиерот Мицкоски го употреби изразот „длабока држава“ да го опише овој упорен сојуз на ДУИ и СДСМ, кој трае веќе цела година откако двете партии заминаа во опозицијата. И добро е да почнеме нештата да ги нарекуваме со вистинското име. Инаку ќе ни одземе премногу време да ги опишуваме различните елементи на овој сојуз – поврзаноста со олигарсите кои профитираа за време на нивниот мандат на власт, со разузнавачките структури кои тргуваат со ...
Голема полициска акција на Управата за финансиска полиција во општина Липково, Куманово и Желино– претреси на повеќе локации, сомнение за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари. Во раните утрински часови полициски екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и Желино, каде во моментот се вршат претреси. Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на ...
Фудбалскиот клуб Брегалница најостро го осуди инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар од младинската Супер лига во Штип во кој родител на гостинскиот тим Шкупи физички нападна двајца фудбалери на домашниот клуб. „Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на кој било фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и ...
Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е што секоја година се обидуваме да иновираме, добро е што другите политички партии од опозицијата можат да следат и да научат нешто ново, коешто, можеби во иднина ќе им биде корисно кога ќе презентираат дел од своите опозициски идеи, коишто, ние како Влада ќе можеме да ги анализираме, дел од нив и да ги ...
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток ги отфрли сите обвинувања за етничка нееднаквост од страна на ДУИ и истакна дека ДУИ означува криминал, неспособност и корупција, како и дека тезите се неконструктивни со што приложи докази за финансиската поддршка од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон општините кои ги предводат градоначалници ...
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати министерот за транспорт Александар Николоски. Николоски истакна дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се работи на целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје, кое би било готово во периодот 2028-2029 година со што позитивно ќе влијание на бизнис климата во Битола. Во моментов работиме заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта ...
кои што ги поддржува министерството за транспорт и Владата, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт на денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Николски ги наброја големите инфраструктурни проекти коишто во моментов се градат преку министерството и ЈПДП, како и оние проекти кои што до сега беа пуштени во употреба, како експресните патишта од ...
Покажавме дека четири години работиме за секој еден човек, и дека програмата која ја ветивме во најголем дел е оставрена. Ги вративте општините на вистинскиот пат, патот на промените, инвестициите, на градењето паркови, улици, градинки, училишта. Одговорно и посветено, работливо, без ветување на чуда, но со многу ентузијазам за градење на подобра општина и обезбедување на подобра иднина, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан ...