Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Германија броеше до седум. Германските фудбалери го победија Курасао со резултат од 7:1 во првиот натпревар од Групата Е на Светското првенство. Стрелци за Германија беа Нмеха во 6-тата минута, Шлотербак во 38-тата минута, Хаверц од пенал во судиското продолжение на првото полувреме, Мусијала во 47-тата, Браун во 68-тата, Ундав во 78-тата и повторно Хаверц во 88-тата минута. Историски гол за Курасао, прв на Светското првенство, постигна ...
Бугарскиот тв водител Слави Трифонов ја навреди македонската претседателка нарекувајќи ја северномакедонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова затоа што ги ги натерала бугарските новинари да ѝ ги поставуваат прашањата на англиски, за полесно да ги разбирала. -Сѐ е јасно. Историски, географски, емоционално, ментално – сѐ е јасно. И е толку тажно. Но нивната претседателка, споменатата Гордана Сиљановска-Давкова, ме развеселува. Лично ...
Средба на највисоко ниво меѓу Македонија, Грција, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, во присуство на европскиот комесар за транспорт и мобилност, Апостолос Цицикостас ќе се одржи в четврток, на 18 јуни, во Солун, на која уште еднаш ќе биде потврдена важноста на инвестициите во Коридорот 10, информира вечерва во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во врска ...
Се обидуваме да ја развиваме државата, да создаваме нова вредност и нема да се повлечеме поради малкумина, кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите во јавноста по неговата изјава дека се преговара за инвестиции во дата центри со десетици компании, за кои веќе се менува и регулативата. Мицкоски порача дека ќе застане зад секој проект, ...
Премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика сите членови, симпатизери, поддржувачи и сите граѓани да се придружат на големиот народен собир по повод 36-от роденден на партијата на 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица. – Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија. Идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека ...
Аца Лукас тврди дека постојано трпи напади од близок пријател на Цеца Ражнатовиќ. Тој реши јавно да ѝ се обрати на својата некогашна пријателка. Ќе те потсетам дека Швајцарија ти е многу позната, каде ги започна вашите први „дела“ сексуални. Се сеќаваш ли на Харо? Потоа на неговиот брат .Затоа, престани да ме нарекуваш со погрдни имиња бидејќи ќе почнам да пишувам за овие работи, подетално. Многу подетално отколку што зборувам сега. Не ме ...
Денешниот противник на Германија е репрезентацијата на Курасао. Пред да го гледаат мечот многумина се прашуваат каде се наоѓа оваа држава. Курасао географски е дел од Мали Антили, политички припаѓа на Холандија како автономна држава. Главен град е Виљместад, кој има сува и сончева клима со сончеви денови. Оваа држава живее од туризмот.Имаат и локален јазик кој се вика Папиаменто. Островот е најпознат по ликерот „Blue Curacao“ кој се прави од ...
Се потврди дека се невистина тврдењата на СДСМ, затоа што нема мигранти во државава, но ќе има брза пруга, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање до каде се проектите за финансирање со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Како што кажа премиеро, студиите за брзата пруга на Коридор 10, треба да бидат готови најдоцна до јули, по што следува постапка за закон во Собранието и од есен и ...
Досега видовме осум мечеви. Што може да се каже освен-здодевни мечеви и залутани репрезентации. Ретко ќе се најде љубител на фудбалот кој не зажали што стана во четири и шест часот изутрина за да гледа натпревар од Светското првенство. Можеби сме престроги бидејќи не е поминато ни првото коло но засега натпреварите се виситинско разочарување. Се чини овој проширен состав на Светското првенство не се покажа како вистински потег. Засега за ...
Она што беше карактеристично за репрезентацијата на Швајцарија, а тоа е да има многу играчи од албанско потекло, на ова СП не е така. Во овој состав има само двајца “летачи на орли“, а тоа е контроверзниот Гранит Џака и Ардон Јашари. Џака настапува за Сандредленд Јашари за Mилан. Јашари има потекло од Куманово. Она што беше карактеристично за репрезентацијата на Швајцарија, а тоа е да има многу играчи од албанско потекло, на ова СП не е ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот С.Б. со што се укинува мерката притвор што му беше претходно определена. Како што соопштуваат од Основниот кривичен суд, Советот постапувал по жалба со понудена гаранција на осомничениот, изјавена против решение на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше ...
Околу 200 демонстранти денес ги урнаа металните огради и бариерите од бодликава жица околу градилиштето на јадранскиот брег на Албанија, продолжувајќи ги масовните протести поради планираната изградба на луксузен одморалиште планирано од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Имаше спорадични судири со полицијата, но локалното население не беше спречено да ја отстрани оградата. Околу 200 демонстранти денес ги урнаа ...
ЕУ ги започнува пристапните преговори со Украина и Молдавија откако новата влада на Унгарија ја повлече блокадата. Официјално ќе започнат во понеделник како што соопшти актуелното кипарско претседателство со Советот на ЕУ, државите членки по завршувањето на унгарската блокада се договориле за заедничка позиција за првиот преговарачки сегмент и со тоа ги завршиле неопходните подготовки. Во првиот преговарачки кластер двете земји мора да ...
Мојата перцепција за Европа, за членство, не е на зелената маса да блокирате некој друг. Напротив, да креирате заеднички политики или да му помогнете на тој другиот да седне до вас, за да можете полесно да ги надминете проблемите кои ви се заеднички. Но, повторно велам, ние, како и досега, некако сме исклучок. Но, не поради нашата себеисклученост во поглед на многу прашања, туку поради тоа што некој друг сега има забелешка на нешто што е само ...
– Голманот на шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид и словенечки репрезентативец Јан Облак ѝ предложи брак на српската тенисерка Олга Даниловиќ. Двојката е заедно од 2023 година. На почетокот на овој месец, 33-годишниот фудбалер и 25-годишната тенисерка, отидоа на одмор заедно. На социјалните мрежи, Даниловиќ објави фотографија на која е заедно со Облак, покажувајќи го вереничкиот прстен. „Најсреќна“, напиша под фотографијата ...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска остварил билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително ...
Избран е конзорциум кој го предводи домашната компанија Гранит за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Ова е сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и за целата држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти. Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект. На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40-тина објекти што претставува голем инженерски потфат. Очекувам да го изградиме за три ...
Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервјуто за МИА, што ќе биде ...
Селекторот на Босна и Херцеговина Сергеј Барбарез објасни тоа што синоќа сите се прашуваа-зошто во тимот не е Един Џеко. Тој вели дека Џеко имал тренирано само пола тренинг и оти планирал да го внесе на крајот но оти Колашинац се пожалил на повреда и работите се смениле. Сепак смета на него на следните мечеви. Селекторот на Босна и Херцеговина Сергеј Барбарез објасни тоа што синоќа сите се прашуваа-зошто во тимот не е Един Џеко. Тој вели ...
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека уставните измени не се последното, туку првото во низата барања што Бугарија сака да ѝ ги наметне на Македонија. Според партијата, отворањето на Уставот би значело нови условувања, притисоци и предизвици поврзани со македонскиот идентитет. Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат СДСМ и ДУИ дека со своите политики ја довеле државата во подредена позиција и создале простор за дополнителни уцени кон земјата. Во соопштението се ...
Младите остануваат во центарот на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ покажува со дела, а не со зборови. Намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат врвен приоритет на Владата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Со зголемени средства за мерките за вработување и јасен фокус кон младите, резултатите се веќе видливи. Само преку Оперативниот план за вработување ...
Во Високиот суд во Белград денес, за време на судењето на родителите на малолетното момче кое изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, беа презентирани пораките разменети меѓу него и неговата мајка. Содржината на пораките, кои беа пронајдени при прегледот на телефонот, беше презентирана за време на завршните зборови. Според адвокатите на семејствата на жртвите, дел од преписката датира од 2020 година, додека одредени ...
Православната традиција дефинира на кој ѕид и по кој редослед треба да се распоредат иконите во куќата Православните икони заземаат посебно место во српските домови, претставувајќи симбол на верата и духовната поврзаност на семејството. Многумина сè уште се прашуваат каде е вистинското место за поставување на иконите и по кој редослед треба да стојат. Според црковната традиција, иконите се поставуваат на источниот ѕид од главната просторија, ...
Семејството на Ратко Младиќ бара соодветна медицинска нега кој отслужува казна во Хаг, се соочува со влошување на здравствената состојба, изјави денес неговиот син Дарко Младиќ. Тој изјави дека состојбата на неговиот татко се влошува и дека има проблеми со говорот, нагласувајќи дека не добива соодветна медицинска нега во притвор. Дарко Младиќ истакна дека има денови кога здравствената состојба е малку подобра, но дека општиот тренд се ...
За речиси пет минути со воз од Маџари до центарот на Скопје, наспроти многу подолго патување со автобус на истата релација, медиумите денеска направија практична споредбена тура низ главниот град во рамките на конференцијата Traffic for All – Skopje, организирана од „Го грин“. Турата почна со градски автобус на релација Карпош 4 – Маџари по трасата предвидена за идниот брз автобуски превоз (БРТ) по што учесниците се префрлија на воз од Маџари ...
Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција. Средбата се одржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што ...
Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев најави дека компанијата следната недела ќе добие грант од Светската банка за изградба на гасната електрана РЕК „Битола 1“ за која планира да ги троши предвидените количини гас од терминалот во Александрополис. – Во АД ЕСМ изминатиот период работиме со полна пареа на развој на проекти за изградба на комбинирани гасни електрани. Тоа е нашиот одговор на глобалните барања за енергетска трансформација и ...
СДСМ се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции.Со ова, Филипче и ...
Во вториот натпревар од воведното коло во Групата А на Светското првенство, фудбалерите на Јужна Кореја ја совладаа Чешка со 2-1 во мексиканскиот град Запопан. Чешка, која се врати на Светското првенство по пауза од дваесет години, ја издржа доминацијата на Јужна Кореја во првото полувреме, и дојде во водство во 59. минута со голот на Ладислав Крејчи. Само осум минути подоцна, Јужна Кореја го израмни резултатот со голот на Хванг Ин-Бом. ...
Надежите за мир меѓу Иран и Соединетите Држави денеска пораснаа, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу двете земји би можел да биде потпишан уште овој викенд, дури и покрај тоа што Техеран соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука. Договорот, доколку биде потврден, би бил најзначајниот дипломатски пробив досега за прекин на тримесечната војна во која загинаа илјадници луѓе и која драстично ги ...