Полска соопшти дека во денеска ја активирала сопствената и воздушната одбрана на НАТО за да собори беспилотни летала што влегле во нејзиниот воздушен простор за време на рускиот воздушен напад во западна Украина. Ова е прв пат од почетокот на војната во Украина Варшава да распореди средства во својот воздушен простор. Оперативната команда на полската армија соопшти дека „системите за воздушна одбрана и мрежите за радарско извидување се подигнати ...

„Му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а Португалија ѝ гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта“, пишува премиерот во објавата на Инстаграм Премиерот Христијан Мицкоски на својот инстаграм-профил објави дека отпатувал во Будимпешта со своите синови Јован и Антониј. Таму ќе останат два дена, а утре ќе го следат ...

Во овие моменти Турција игра против Полска а нивен најдобар играч е Џеди Осман. Овој 30 годишен кошаркар на Панатанаикос е роден во Охрид од татко етнички Турчин и мајка Босанка од која го научил српскиот јазик. Почнал да игра кошарка во КК Босна во 2001 година. Заради турското потекло по татко, тој веднаш беше натурализиран како турски државјанин и заигра за турската репрезентација. Пред три години се ожени во родниот Охрид со турската актерка ...

Во главниот град на Катар, Доха, денеска се слушнале неколку експлозии и се појавил густ чад, рекле очевидци за арапски медиуми. Еден жител на Доха за англискиот сервис на Ал Арабија рекол дека слушна најмалку пет експлозии. Според прелиминарните информации на Ал Арабија, главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е убиен во израелски напад во Катар. Вкупниот број на загинати или ранети во нападот сè уште не е познат. Ал-Хаја наводно е убиен ...

Радоје Звицер, во прислушуваните разговори што ги имал на апикацијата „Sky“ откри дека Жељко Ражнатовиќ Аркан бил убиен за 200.000 тогашни марки, пишува „Курир.рс Аркан е убиен за 200.000 марки. Уште не сум слушнал некој да плати милион и половина евра а ние толку плативме-се пожалил Звицер. 1,5 милиони евра е сумата што им била исплатена на убијците на водачите на Шкаљарскиот клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина кои поседуваа ...

Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање утре во 10 часот ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ. Според договореното, со неа треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи. Ваков договор постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши. Самите дојдоа ...

Еден од спомениците-симболи на борбата на македонскиот народ за сопствена држава пропаѓа и скапува под вода. При посилен дожд, подот на споменикот „Илинден“ во Крушево е покриен со вода, витражите се оштетени, подот распукан, а рамките на прозорците се кородирани. Водата стигнува и до гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, објави Дојче веле. Надлежните од Завод и музеј Прилеп велат дека нема пари за санација на објектот, ...

Двајца вооружени Палестинци отворија оган утрово на автобуска станица на периферијата на Ерусалим, убивајќи шест лица. Снимките од безбедносните камери од местото на настанот покажуваат луѓе како трчаат околу автобусот запрен покрај патот додека се слушаат истрели. The shooting today in Jerusalem. Here you how Jews are family. The cab driver takes an old woman out of the cab while being shot at, and does not flinch until the old woman is ...

Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и како треба да биде, се наведува во обраќањето на претседателот на ДУИ Али Ахмети по повод Денота на независноста – 8 Септември, што МИА го објавува интегрално. Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус и овој момент претставува застојна пресвртница во ...

Maрко од Нови Сад е најверниот навивач на српската кошаркарска репрезентација. Неговите солзи во Рига го обиколија светот. Еве што има тој да каже за поразот од Финска. „Боли. Дојдовме да го земеме златото, се враќаме дома по осминафиналето. Ова повторно ни покажува колку треба да се бориме за нашата кошарка, за да не падне на некои ниски гранки и колку сите треба да инвестираме на некаков начин, колку можеме да вратиме на таа кошарка што ни ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи скок на ВТА ранг-листата за 43 места. Таа сега со 295 поени се наоѓа на 239.то место. Македонската тенисерка изминативе недели настапува во добра форма и на последните три турнири играше финале, а го освои турнирот во саботата во Романија. Втората македонската тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.424.то место односно има напредок од две позиции. На врвот на ВТА ...

Македонија е на првото место во својата група за пласман на СП. По вчерашната победа над Лихтенштајн сонот за светско никогаш не изледал по реален. Македонија вечерва рутински со 5-0 го совлада Лихтенштајн во меч од квалификациите за Светското првенство. Нашите фудбалери доминираа во целиот на целиот меч и победата не беше доведена во прашање. Стрелци на головите беа Елмас,Барди.Чурлинов, Ќалими и Станковски. Со оваа победа Македонија се врати ...

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод Денот на независноста се осврна и на економските показатели и на животниот стандард на граѓаните. Порача дека пред нас стојат големи предизвици, но и големи можности и дека државата веќе прави чекори напред. Оцени дека во изминатата година ипол поправени се многу работи, се отвораат нови работни места, а економијата закрепнува. Свесен сум дека многу луѓе живеат многу тешко и дека едвај ...

Имаме одлично силна градежна активност насекаде низ државата. Го пуштивме во сообраќај и вториот дел од автопатот Кичево-Охрид, во должина од 17 км на потегот од Климештани до Охрид, со силна динамика работиме и на изградба на автопатите од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Очекувам првиот дел од автопатот од Прилеп до Битола да го пуштиме во сообраќај веќе следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар ...

Не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе тоа да не се повтори. Тоа ќе се случи само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има, порача премиерот Христијан Мицкоски во неговото денешно обраќање на свеченоста по повод Денот на независноста. Повикувањето да се декласифицира документацијата за прислушкувањето, Мицкоски го гледа како страв и паника на оние кои ...

Денес пуштаме во употреба нова делница од автопатот Кичево-Охрид. Ова не е само уште еден пат, ова есилен доказ дека Македонија се движи напред, дека се гради и дека се надминуваат долгите години на застој.Речиси една деценија овој проект беше симбол на закочени и незавршени, или би рекол недовршени работи. Граѓаните со право беа разочарани, гледаа градилишта кои стојат, а не патишта што се користат. И за жал поради таквата слика голем дел од ...

Пожарот во фабриката Макрогрес е ставен под контрола. Пожарникари од околните градови пристигнаа на помош во Виница и огнената стихија е локализирана. Во борбата со огнот неколку пожарникари се повредени. Според информациите на директорот на Диреккцијата за заштита и спасување, пожарникарите се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните на фабриката што бил зафатен од пожарот. „При ...

Економијата се стабилизираше, запрен е слободниот пад и економскиот пустош наследен од СДС.Со ВМРО-ДПМНЕ на власт веќе почна постепеното заживување и развој на целокупното стопанство, велат од партијата. Четири квартали последователно, македонската економија расте со три или над 3%. Во второто тримесечје од годинава, Бруто домашниот производ во Македонија порасна за 3,4%, додека градежништвото и секторот транспорт и складирање се двигатели ...

– Премиерот Христијан Мицкоски денеска кај клучката кај аеродромот „Св. апостол Павле“ ќе присуствува на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево – Охрид, делница Климештани-Охрид. Како што информираа од владината прес-служба и од Министерството за транспорт, предвидено е обраќање на претседателот на Владата, Мицкоски, а на настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар ...

„Секој ден во 6“. Се сеќавате на оваа парола со која шарените револуционерии мафтаа низ Скопје за да го изразат своето незадоволство од прислушуваните разговори кои ги објавуваше Зоран Заев наречени „вистината за Македонија“. Оттогаш поминаа осум години и Македонија повторно и се случува истото. АНБ го прислушувала премиерот Мицкоски, новинари и биснисмени. Но, за разлика од тогаш сега нема осуда од невладините организации, медиуми. Тогаш токму ...

Каков шок на ЕП во Рига.Финска ја елиминираше Србија со Ова е најголемо изненадување ако се знае дека Србите беа големи фаворити. На крајот од вториот дел се случи ужасна сцена, а главен виновник беше судијата од овој натпревар! Никола Јокиќ беше удрен во раката пред судиите во контранападот, но не свирна фаул… Видливо вознемирен, Јокиќ му покажа на јапонскиот судија дека е удрен во раката, а тој му даде техничка грешка WHY CAN’T JOKIC EVER GET ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија што се играше за награден фонд од 40.000 долари. Таа во финалето ја совлада домашната тенисерка Елена Бертеа со 2-1 во сетови (3:6; 6:3 и 6:4) за 2 часа и 15 минути игра. Во првиот сет до резултатот 3:3 во гемови немаше брејк, а потоа домашната тенисерка со два брејка го освои сетот и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет Бертеа водеше со 3:1 во гемови, ...

Ракометниот клуб Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп за ланската сезона. Македонскиот тим во финалето од ова натпреварување заврши како победник, откако неговиот ривал грчки АЕК не се појави на терен на реваншот во Скопје. Пехарот вечерва на капитенот на Алкалоид Игор Ѓорѓиев го предаде Божидар Ѓурковиќ претставникот од ЕХФ. Алкалоид имаше предност и победа од првиот финален дуел, а грчкиот тим во Скопје иако се загреваше ...

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра квалификацискиот натпревар од групата против Лихтенштајн. Нашиот национален тим ќе се обиде да стигне до домашна победа во циклусот, откако на првите два дуела дома одигравме нерешено со Велс и со Белгија. Селекторот Благоја Милевски истакна дека нашиот тим е фаворит на хартија, но предупреди дека тоа мора да се докаже и на теренот. – ...

Фудбалерите на Србија победија во Рига Латвија со 1:0, со гол на Душан Влаховиќ во 12-тата минута, во Групата К во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, ги сумираше своите впечатоци по натпреварот. Каков беше последниот напад на Латвијците? „Кога не паднав. Дури и не го видов, мислев дека Петровиќ направи одбрана, а потоа слушнав дека стативата е таму. ...

Кума на овогодинешниот Прајд во Белград е Оливера Ковачевиќ, поранешна уредничка на Забавната програма на Радио и телевизија на Србија и сопруга на Борко Стефановиќ, еден од највисоките функционери на Партијата за слобода и правда Драган Ѓилас, пристигна на настанот кратко по 16 часот облечена во бело. Протестната прошетка на овогодинешниот Прајд започна денес во Белград кратко по 17:30 часот. Протестната Прајд, како што самата ја нарече ...

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ, Каја Шукова, денеска го најави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во текот на првата година од нејзиниот мандат, стои во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ, што МИА го објавува интегрално. „Скопје е наш дом и сите сакаме да го гледаме како чист, убав и инспиративен град,“ изјави Шукова. Таа истакна дека многу јавни ...

Според проф. д-р Драган Ѓеоргиев, директор на Институтот за национална историја во Скопје, под чија редакција Државниот архив на Македонија објави дел од ексклузивните турски документи за аферата Мис Стон, грабнувањето на американската протестантска мисионерка во 1901 година претставува еден од најсмелите потфати во историјата на македонското револуционерно движење. Оваа шестмесечна афера, всушност прва ’киднаперска криза‘ со која се соочиле ...

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто повторно изјави дека Будимпешта нема да го поддржи членството на Украина во Европската Унија, нагласувајќи дека земјата не ја интересираат ставовите на Москва во врска со ова прашање. Сијарто ја образложи позицијата на Унгарија по вчерашната средба на украинскиот претседател Володимир Зеленски со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, одржана на 5 септември. По средбата, ...

Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст, напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска во објава на Фејсбук. – Стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што е за 1 процент помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1023
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
56%
1024
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
58%
1024
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.38
72%
1025
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.51
66%
1023
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
7.2
72%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
37%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
40%
1020
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
76%
1025
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
2.06
60%
1025
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

0.60355

Currency

1.27263