Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2026 меѓу Србија и Албанија ќе се игра во Лесковац, објавено е денеска на веб-страницата на Европската фудбалска унија (УЕФА). Како што е наведено, натпреварот од седмото коло од Групата К помеѓу Србија и Албанија ќе се игра на 11 октомври во 20:45 часот на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но Фудбалскиот сојуз на Србија побара ...
Израел вчера го погоди седиштето на Хезболах во јужниот либански град Набатија, соопшти израелската армија. Според либанското Министерство за здравство, најмалку осум лица се ранети во нападот, вклучувајќи четири деца и три жени. Бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат спасувачките операции, соопшти министерството. Израелската армија соопшти дека нападот бил насочен кон објект на Хезболах во Набатија, додавајќи дека присуството на ...
Случајот „Онкологија 2“ за несовено работење и финансиски криминал против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, треба да продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор на минатото рочиште рече дека поранешните медицински и економски директори на ...
Опозициската СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга, и во овие општини членовите и симпатизерите на СДСМ ќе ја дадат поддршката на оние кандидати на коишто најмногу им веруваат, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска одговараше на новинарско прашање, зошто во овие општини немаат кандидати за градоначалници. -Во тие две општини и во другите општини, каде што ние практично немаме шанси за победа, со ...
Новата Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со цел почитување на колективната меморија, ќе располага со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, подвлече министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по денешната презентација на визуелното решение на култниот објект за скопјани. Денеска пред македонската јавност го презентиравме визуелното решение за новата Универзална ...
Малкумина се сеќаваат кога ДУИ во 2021 година,среде корона реши да се ребрендира. Од воинствена стана зелена партија. Врвен приротитет на партијата од Мала Речица стана екологијата и заштитата на животната средина. Оттогаш не видовме ниту еден проект за екологија. Уствари имаше. Во тој период нивен министер, Насер Нуредини дал дозвола за работа на складот во Трубарево, во населено место близу училиште. Но дека волкот. т.е ДУИ ја менува кожата но ...
ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. Потписот на дозволата за работа на овој ризичен отпад е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок и личен другар на Бујар Османи, велат од Вреди. ДУИ денеска се обидува да ја префрли одговорноста врз други, но граѓаните знаат дека токму оваа партија е главниот виновник за ...
Американскиот мафијаш Алфонс – Ал Капоне бил еден од најмоќните и најозлогласените криминалци во САД во текот на 1920-тите и 30-тите. Тој го контролирал криумчарењето и продажбата на алкохол за време на тн. прохибиција, па и коцкањето, проституцијата и другите нелегални работи во Чикаго и други градови. Тој е познат по својата бруталност и насилството, особено масакрот на 14 февруари 1929 година, кога шефот на мафијата наредил убиство на ...
– Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во Трубарево, додека министерот за животна средина, Изет Меџити, остана невидлив и неодговорен пред кризата, стои во соопштението на ДУИ. Во моментите кога Скопје беше обвиено со токсични облаци, со мирис на изгорена пластика, гуми и батерии, граѓаните очекуваа информации, препораки и апел за заштита. ...
Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата, со одржување на едукативен семинар на тема: „Демократијата и Собранието“ за ученици од средните училишта. На отворањето на настанот ќе се обратат Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Михал Харари, заменик-амбасадор на Швајцарската Конфедерација. На тема „Политичка писменост, демократија и активно ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор во траење од 48 часа на четворица осомничени за пожарот во Трубарево. Четворицата се осомничени за кривичното дело од чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје за определување краткотраен притвор за 4 ...
По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во 80 општини и Градот Скопје, до општинските изборни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Во оваа бројка се вклучени листите на кандидати од политички партии и листите поднесени од ...
Албанскиот премиер Еди Рама, реагираше во однос на протестот што се одржува попладнево во Хаг, пред Специјалниот суд, во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на кои им се суди за воени злосторства. Преку објава на социјалните мрежи, Рама дава јасна порака за поддршка на, како што ги нарекува, ослободителите. „Слободата има име! Со срце и мисли, денес сум таму, команданте. Слобода за ослободителите!“, напиша ...
Еден од учесниците во каменување на Македонскиот клуб во Благоевград е осомничен во истрагата во Франција за организирање на акции а дестабилизација на Франција. Франција почна судење на четворица Бугарски државјани кои се товарат за спроведување на илегални операции организирани од Русија, објави денеска агенцијата БГНЕС. Николај Иванов кој претходно во Февруари 2023 година заедно со други три лица го вандализираше Македонскиот клуб во ...
Елена Гунчева-Гривова, адвокатка од Пловдив и пратеник во бугарското Народно собрание од националистичката партија Преродба во 2021-2022, се загрижила дека наското сосем легално со Бугарија би можеле да владеат, меѓу другите, и Македонци благодарејќи на двојните државјанства. Оваа година повторно има многу ‘нови’ Бугари – тие добија бугарско државјанство со одлука. Тоа се луѓе од Турција, Украина, Македонија, а од неодамна се зголемуваат ...
Тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли, ги искажа своите впечатоци по поразот од Наполи (1:3) синоќа во домашниот натпревар од 3. коло од Серија А. Лошо ги започнавме двете полувремиња, а против тим од ова ниво мора да платите за овие грешки. Тие ги искористија повеќето наши грешки, си дозволивме да бидеме неподготвени за два корнера, а на ова ниво не смеете да го направите тоа. Игравме иако не беше лесно со 0:2 по 15 минути. Имавме шанси за гол, ...
– Премиерот Христијан Мицкоски апелира да се следат препораките од институциите по пожарот во Трубарево, по чие избувнување потврди дека се приведени четири лица. Повикувајќи се на последните мерења од Армијата и Институтот за јавно здравје, Мицкоски посочи дека нема вонредно големо загадување. Уверува дека се преземени сите мерки и оти така ќе биде и во наредните денови. – Приведени се четири лица. Истрагата е во тек. Повеќе детали од ...
Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица, припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец, веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу. Кај хоспитализираната пациентка, ...
Пожарот е изгаснат, нема активно горење, но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостануива да се дозатрупа уште дел од опожарената површина, изјави утрово Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за ситуацијата на местото на пожарот во Трубарево кој избувна вчера пред 14 часот во складиште за рециклирање пластичен, електронски отпад и батерии. Во видеоизјава Ангелов вели ...
СДС е олицетворение на хипокризија. Венко Филипче и неговите другари од СДС едно зборуваат претпладне, друго прават попладне. Претпладне се загрижени за пожарите, многу очигледно дека се подметнати, и им солат памет на граѓаните, не излегувајте од дома, ако мора да излезете носете маски и слично. Но, веќе попладнето, поточно приквечер си собраа дружина излегоа во Градски парк, се сликаа, правеа селфиња, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ . И ...
Пожарот во Трубарево е локализиран, нема опасност за негово проширување, но се уште е активен. За да се елиминира опасноста од загаденоста на воздухот на жителите што се најблиску до жариштето им се препорачува да ги напуштат домовите и им се ставени на располагање сместувачките капацитети во Центарот за обука во Идризово, рече на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Управувачкиот комитет за справување ...
Мексиканскиот архитект со глобална слава, Мишел Ројкинд, го стави Чаир во редот на своите урбани визии, заедно со Мексико сити и низа други градови низ светот. Во партнерство со кандидатот за градоначалник Бујар Османи, денес ја претстави „Визија Чаир 2040“, стратешки план за целосна урбанистичка преродба, стои во соопштението од ДУИ. Османи откри дека идејата започнала со еден телефонски повик и искрена приказна за Чаир: „Кога му раскажав на ...
Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, на населението му се препорачува: – Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ...
На сметки во германските банки се наоѓаат 4,2 милијарди евра кои официјално немаат сопственик. Станува збор за т.н. „аспани“ или „заборавени“ сметки, чиј сопственик починал без наследници или сметката не е евидентирана во документи. Професорот по економија на Универзитетот во Касел, Кристијан Клајн, објасни дека вакви средства можат да бидат и незаконски стекнати – од трговија со дрога или преку црни пари. Сметка се смета за заборавена доколку ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираше дека ја следи состојбата со пожарот во скопската населба Трубарево, општина Гази Баба. На терен во моментов е директорот на ЦУК Мухамед Али. -Во текот на денот, во 13:38 часот, преку единствениот број за итни повици 112 беше пријавен пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Пожарот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку околни ...
Скопјани повеќе немаат време за чекање и лажни ветувања од ВМРО-ДПМНЕ“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој денеска заедно со кандидатите за градоначалници на Аеродром и Гази Баба, Александар Трајановски и Влатко Митовски, изврши теренска посета на депонијата Вардариште, информираат со соопштение од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. „Четири години неспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ја купи куќата на поранешната светска тенисерка број еден, Марија Шарапова, во Менхетен Бич, објави „Basket Infos“. Дваесет и шестгодишниот Словенец платил 25 милиони долари за куќата. Претходно беше објавено дека Шарапова ја ставила куќата на продажба поради фактот што поголемиот дел од времето го поминува на друго место со својот сопруг, британскиот бизнисмен Александар Гилкес. Дончиќ на ...
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, во интервју за „ESPN“ изјави дека сака да остане со „Кариоките“ до 2030 година. – Да, сакам да ја тренирам бразилската репрезентација од 2023 година. Подготовките за Светското првенство се нешто посебно за бразилската репрезентација. Потпишав едногодишен договор. По Светското првенство, сè ќе биде јасно. Мислам дека беше исправно во тој момент да потпишам едногодишен договор. ...
– Споменик на поранешниот дефанзивец на Баерн и германската репрезентација, Франц Бекенбауер, беше подигнат во близина на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен. На церемонијата на откривање присуствуваа сопругата на Франц, Хајди, претседателот на Баерн, Херберт Хајнер, како и долгогодишните соработници на Бекенбауер, Карл-Хајнц Румениге и Ули Хенес. – Овој споменик е дел од ДНК на Баерн, излиен во бронза. Тој го симболизира Бекенбауер и сè што тој ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека за гасење на пожарот во скопско Трубарево интервенира и специјален авион ер-трактор. Стојанче Ангелов, директор на ДЗС, соопшти дека со пожарот не се зафатени објекти на фирмата „Нула отпад“, како што претходно информираше, туку се зафатени објекти на „Ф-Групација“, која се занимава со елекетронски отпад. -Исправка: пожарот ги зафати објектите на „Ф – Групација“ која се занимава со ...