ОВЕН Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и приоѓате на личност што ви се допаѓа долго време. Обидете се да го задоволите вашиот партнер, ако сте во врска. Не ви е лесно да направите сè сами. Потребна ви е помош од други луѓе на работа. Преосетливи сте и сте малку напнати. БИК Потребно е повеќе да се опуштите оваа недела. Вие сте комуникативни и склони кон флерт. Можете да направите многу работи и лесно да остварите нови познанства. ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Украина ѝ е потребно примирје, преговори и мир, како и дека „дипломатите треба да ја преземат контролата од генералите“. На состанокот на парламентарната група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, рече дека политичарите кои се залагаат за војна сакаат луѓето да веруваат дека војната мора да продолжи, објави унгарската агенција МТИ. „Ве уверувам дека оваа војна не може да се добие, нема ...

За време на вчерашната посета на Узбекистан, словачкиот премиер Роберт Фицо посочи дека авторитарните држави можат да бидат економски поефикасни од демократиите и повика на преиспитување на европскиот демократски модел. Фицо рече дека Европа треба да размисли за реформирање на својот систем на управување базиран на слободни избори за да остане глобално конкурентна. Тој ги пофали земјите како Узбекистан, Кина и Виетнам за нивната способност да ...

Се очекува обилните дождови и бури што ги погодија делови од Европа во последните денови да доведат до исклучително високи температури оваа недела. Според „Гардијан“, температурите би можеле да се искачат до 10°C над сезонскиот просек во некои региони, бидејќи Италија се подготвува за силен топлотен бран. Се очекува Фиренца да достигне 39°C во четврток, а ваквите услови веројатно ќе продолжат и во текот на викендот. Германија, Франција и ...

Александар Нацев кој е новиот осомничен за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, која се случи на 15. Март годинава, доби 30 дена притвор. Судот доцна ноќеска го прифатил барањето на ОЈО за 30 дена ефективна мерка притвор, јавува ТВ 24. Нацев е ексдиректор на Дирекцијата за класифицирани информации од 2015 до 2017 година. Нацев на 16. март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата: - „Сочувство до фамилиите ...

Група активисти, меѓу кои и шведската климатска активистка Грета Тунберг, ќе бидат депортирани од Израел откако беа уапсени на хуманитарен брод кој се обидуваше да стигне до Газа, објавија израелските власти. Едрилицата „Мадлин“, која превезуваше 12 лица и носеше симболична хуманитарна помош за жителите на Газа, беше пресретната од израелските сили во раните утрински часови во понеделникот и одвлечена до пристаништето Ашдод. Израел го опиша ...

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија што ја направил Државниот завод за ревизија. ДРЗ контатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденцијата на расходуваните движни ствари по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка за нивно отстранување, како и оти исплата на плата на ...

Пријатен летен распуст и честитки за напорната работа и заслужениот успех им посака министерката за образование и наука Весна Јаневска на основците и средношколците кои денеска ја завршуваат учебната 2024/2025 година. -Пред вас е летниот распуст, добро одморете се, но не заборавајте дека има време и за игра и за читање книга, и за забава и за совладување нови вештини, за дружење и за користење на компјутерот за истражување, напиша министерката ...

Трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и посочуваат дека како Влада имаат обврска покрај целосна истрага и расветлување на случајот, носење на сите инволвирани лица пред правдата, да обезбеди соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени и нивни семејства. -До сега како Влада обезбедивме 30 милиони денари за транспортот и сместувањето на придружбата односно за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците на протестот во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите на Националната гарда кои беа испратени во тој град за да ги смират немирите и дека одговорот на членовите на гардата на ова ќе биде да ги „удрат“. „Ако плукаат, ние ќе удриме. Оние кои учествуваат во немирите имаат тенденција да плукаат во лицата на Националната гарда и на другите. На овие патриоти им се ...

Русија изврши силен напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во Одеса, погодена е и породилната болница. Според гувернерот Олег Кипер, нападот со беспилотни летала во Одеса погодил медицински установи и станбени згради, при што загинал 59-годишен маж, а четворица други биле повредени. Тој го објавил ова на Телеграм, објавува Би-Би-Си. Во Киев, службите за итни случаи биле повикани во ...

Одморивме за Духовден, 6 јуни, а за следниот неработен ден ќе почекаме. Следен неработен ден е 2 август, но се паѓа во сабота, а по него е 28 август. За сите граѓани на РСМ 2 август (сабота), Ден на Републиката, 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, 8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”. За граѓаните од ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 2.06.2025 година, а новите цени на сила стапија од полноќ. Од 10.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - ...

Со 65 гласа ЗА од вкупно 80 пратеници кои гласаа, Азир Алиу стана новиот министер за здравство на Македонија. Тој положи и потпиша свечена заклетва во текот на вчерашната седница во Собранието, а пратениците го поздравија со аплауз. Алиу е македонски професор по современи науки и технологии, специјализиран во области како криптографија, кибербезбедност, блокчеин технологии и машинско учење. Тој е поранешен професор на Универзитет на Југоисточна ...

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај. Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ќе разгледа годишни извештаи за работата на Народниот правобранител, на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап и на Агенцијата за администрација. На дневен ред на Комисијата се Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, Годишен извештај на ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денека ќе присуствува на пуштање во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ. Како што сопштија од владината прес-служба, вкупната вредност на проектот (приземје + 1 кат) опфаќа 2.300 метри квадратни, односно 48.000.000 денари. Завршена е прва фаза на проектот, реконструкција на најголемиот ...

Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со поддршка и во соработка со Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) денеска во Скопје организира трибина за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната. Настанот е во рамки на активностите на АХВ за одбележување на 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна, а ќе се обратат директорот на АХВ Оливер Миланов и Барбара Галани, раководител на Секторот за комуникација и партнерство од ...

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во среда во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно ...

Во астрологијата постои толкување дека секој месец носи посебна особина што можеби не е забележлива на почетокот, но подоцна станува поизразена. Погледнете какви скриени особини ви носи месецот на раѓање. Јануари: елоквенција и независност Луѓето родени во јануари на почетокот може да изгледаат многу интровертни. Ова е делумно точно: тие сакаат да прават одредени работи сами, бидејќи се многу независни, но сепак се среќни кога се во друштво на ...

Легендарниот музичар од 1960-тите, Слај Стоун, фронтмен на познатиот бенд Sly And The Family Stone, почина на 82-годишна возраст. Семејството на уметникот ја објави тажната вест во понеделник, 9 јуни, велејќи дека Слај Стоун долго време страдал од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и имал други здравствени проблеми. Во соопштението на семејството се вели: - Со длабока тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан татко, Слај Стоун. По ...

Бизнисменот Ристо Крмзов е осуден на 30-дневен притвор, потврди за „Скопје1“ неговиот бранител, Ване Андреев. Крмзов од Кривичниот суд ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Мерката е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото. Адвокатот Андреев смета дека оваа мерка е нелогична, со оглед на тоа што неговиот клиент досега бил под други мерки – одземена патна исправа и задолжително ...

Обединетите нации ги повикаа сите вклучени во немирите во Лос Анџелес да ја деескалираат ситуацијата откако демонстрантите се судрија со службениците за имиграција поради притворањето на нелегални мигранти. „Не сакаме понатамошна милитаризација на ова“, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак, во Њујорк, како одговор на германската агенција ДПА. „И ги охрабруваме страните на локално, државно и федерално ниво да работат на тоа да се случи ова. Се ...

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, денес изјави дека ако Киев и НАТО се обидат да ги вратат новите региони на Руската Федерација, ќе има нуклеарна војна. Во интервју за Раша тудеј, Медински рече дека може да се случи нуклеарна војна ако конфликтот во Украина престане без да се склучи вистински мир, бидејќи, според него, Киев и НАТО ќе се обидат да ги вратат новите територии на Руската Федерација, пренесува ТАСС. ...

Марија Митева, портпаролка на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во централниот Дневник на Сител телевизија. Митева изјави дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и самата политичка партија, останува доследна на принципот на владеење на правото и неселективната правда. Таа се осврна и на нов голем проект во соработка со ЕУ, кој предвидува реконструкција на објекти, изградба на нови простори за младите и општ развој на општина ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во среда во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно ...

Протестите во Лос Анџелес траат со денови, а прво избувнаа поради рации и депортации на мигранти. Протестите станаа насилни, а американскиот претседател Доналд Трамп ја испрати Националната гарда во градот без согласност на државата, според светските агенции. Трамп повторно се огласи на Truth Social и рече дека одлуката за испраќање на Националната гарда во Лос Анџелес била неопходна и правилна. „Донесовме одлична одлука кога ја испративме ...

Русија би можела да започне напад врз НАТО во рок од пет години, предупреди шефот на воената алијанса, Марк Руте, пренесуваат медиумите во регионот. Во својот говор, тој предупреди дека „веќе нема Исток или Запад“ со оглед на брзината и моќта на руските ракети. „Да не се лажеме, сите сме на источното крило. Нема Исток или Запад, постои само НАТО. Растојанието помеѓу европските престолнини е само неколку минути“, рече тој, осврнувајќи се на ...

Силна бура проследена со обилни врнежи од дожд, ветер и локални поплави го погоди романскиот главен град денес, предизвикувајќи сообраќаен хаос, прекини во воздушниот сообраќај и значителна материјална штета. Трговски центар беше исто така поплавен, а купувачите беа евакуирани. Националната метеоролошка управа на Романија (ANM) издаде портокалово временско предупредување за пошироката област на Букурешт, предупредувајќи за обилни врнежи од дожд ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
22%
1009
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
26%
1009
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.0
21%
1010
weather icon

Софија

29ᴼ / 28ᴼ
5.66
30%
1012
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.53
27%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 24ᴼ
5.66
74%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
7.2
44%
1008
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
33%
1010
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
19%
1010
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
30%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
4.12
29%
1009
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
13.38
47%
1010
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048