Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Вревен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -Во текот на август и септември започнува програмата ...
Во периодот 4 и 5 јули 2026 година, на повеќе локации низ државата, полициски службеници од неколку полициски единици лишиле од слобода повеќе лица, кај кои биле пронајдени наркотични средства. Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле пет лица, откако кај нив биле пронајдени бела прашкаста и грутчеста материја и марихуана. Во Стар Дојран, во одделни случаи, биле приведени повеќе лица. Кај едно лице при преглед била пронајдена ...
Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои бараме суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните – безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност, се вели во соопштението од Левица. -Ребалансот што го предлага ДПМНЕ е финансиски ...
Мицкоски го најави денешното поскапување на горивата, ама не најави никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие”, велат СДСМ во соопштение до јавноста. -Тоа се тие се двајца Мицкоски – едниот признава дека има проблем, другиот со лаги и манипулации се обидува да дефокусира од проблемот. Додека ...
Апасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат Изборниот законик. Левица и Димитар Апасиев докажаа дека нивните зборови не вредат ништо кога ќе дојде време да се преземе одговорност. Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, квази левичарите денес тој договор го поништуваат, се вели во соопштението ...
На 4 јули 2026 година во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат меѓу селата Долни Дисан и Тимјаник, неготинско, 15-годишник кој управувал мопед со неготински регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата малолетникот се здобил со повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Кавадарци од екипа на Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино, при што било констатирано дека ...
За време на традиционалниот огномет по повод Денот на независноста на САД, избувна пожар на познатиот Бруклински мост во Њујорк. Голем пламен и густ облак од чад се извишија над мостот пред противпожарните екипи да успеат целосно да го локализираат и изгаснат огнот. Според информациите на новинската агенција „Асошиејтед Прес“, во инцидентот за среќа нема повредени лица. Од градската противпожарна служба информираа дека во интервенцијата ...
Полициски службеници од СВР Куманово на 5 јули 2026 година околу 00:30 часот ја лишиле од слобода И.Т. (36) од Скопје, поради сомнение дека во угостителски објект во селото Зебрњак, кумановско, физички ја нападнала В.Т. (46) од Куманово. По приведувањето, лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Куманово на 5 јули 2026 година ...
На 4 јули 2026 година во 12:00 часот, во СВР Скопје, Н.И. пријавил дека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, при ископ на земја на објект во изградба, била пронајдена една граната. По пријавата, увид извршила екипа од СВР Скопје, при што било констатирано дека станува збор за експлозивна направа што потекнува од Втората светска војна. За случајот е известена Дирекцијата за заштита и спасување, која ќе преземе мерки за ...
На 5 јули 2026 година во 01:45 часот, во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Б.Н. (25) од Скопје. Според информациите, тој се однесувал агресивно кон полициските службеници додека тие извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 5 јули 2026 година во 01:45 часот, во ...
УХМР ги измери температурите во осум часот во градовите на територијата на Македонија. Според податоците, најсвежо утринава е на Попова Шапка каде се измерени 12 степени во 8 часот, како и во Берово каде се измерени 16 степени. Најтопло утринава е во Гевгелија, каде се измерени 24 степени во 8 часот, а потоа следат Кавадарци и Струмица со 22 степени. Во Скопје утринава се измерени 20 степени. Денес се очекува претежно сончево време, ...
Во Основниот кривичен суд, во судницата во затворот „Идризово“, денеска продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. На денешното рочиште се очекува Обвинителството да продолжи со изведување на материјалните докази. Според најавите, ќе бидат презентирани листинзи од телефонските комуникации, по што од доказната постапка на обвинителството ќе ...
Собраниската Комисија за култура и туризам денеска ќе одржи надзорна расправа посветена на примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со акцент на проблемите во неговото спроведување. На седницата се поканети претставници на надлежните институции, универзитетски професори и експерти од областа на македонскиот јазик. Меѓу нив се министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Инспекторатот за македонски јазик Менче ...
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и со поддршка на Австриската агенција за развој (АДА), денеска во Охрид ја отвора „Охридската летна школа на природно право“. Свеченото отворање ќе се одржи во „Куќата на Уранија“ со почеток во 10 часот. На настанот се најавени обраќања на заменик-министерот за ...
Во Берово денеска ќе се одржи Регионален форум на Источниот плански регион посветен на одржливото управување со биоотпадот. Настанот го организира Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми. Форумот е дел од проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“, кој се спроведува во рамки на програмата „Цивика мобилитас“, поддржана од ...
Денес се очекува претежно сончево време, проследено со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на одделни места можно е краткотрајно дестабилизирање на атмосферата, кое може да донесе пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат меѓу 9 и 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе ...
Делови од општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија. Во општина Аеродром, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“. Во општина Гази Баба, прекин во снабдувањето со електрична енергија од ...
Еден пожарникар е повреден и итно пренесен на скопските Клиники по големиот пожар кој беснееше попладнево во скопската населба Кисела Вода, кај Рампа. -„Пожарот кој попладнево избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран. Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е ...
На 04.07.2026 година во 12:50 часот, во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба е пронајден починат М.Ц. (24) од Скопје. Според пријавените информации, тој имал здравствени проблеми. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. На 04.07.2026 година во 12:50 часот, во СВР Скопје од Итната ...
Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола – длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите, информираше на социјалните мрежи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Пожарот кој попладнево избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран. Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната ...
Се запали магацин или друг простор на Јужен Булевар, во Општина Кисела вода, во Скопје. На терен се екипи на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кои почнаа со гаснење на пожарот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. -Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку – информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Се запали магацин или друг простор на ...
Канада ќе изгради нафтовод за снабдување на Азија со еден милион барели сурова нафта дневно. Нафтоводот би бил долг повеќе од илјада километри од западниот брег на Британска Колумбија до пацифичкиот брег. Изградбата на нафтоводот треба да почне во септември следната година. Канада има можност што се пружа еднаш во животот. Можност што ќе ја одреди нашата иднина, изјави канадскиот премиер Марк Карни. Нафтоводот е дел од напорите на Карни да ја ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го става младиот човек во центарот на своите политики и создава услови младите да ја гледаат својата иднина дома, во своите општини, изјави Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Наш приоритет е развојот на локалната самоуправа. Силни општини значат подобри услуги, побрз развој и повеќе можности за секој граѓанин затоа што локалниот развој не може да биде успешен без вклучување на младите, нивното ...
Предложениот ребаланс на Буџетот не носи развој, не носи повисоки плати за работниците, не носи фискална стабилизација. Ребалансот на Буџетот е уште едно признание за сите промашени економски политики, и наместо да ги корегира, да ги промени, власта ги продолжува, изјави на Прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Економијата ќе продолжи да тоне, доаѓа уште потежок и поскап живот за граѓаните. Овој ребаланс носи ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Државата Катар, денеска оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. Во разговорите со претседателот на Владата беше потврдено одличното ниво на билатералните односи и беше реафирмирана заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Посебен акцент ...
Лага е дека СДСМ е против тоа дијаспората да гласа. СДСМ е против Мицкоски да гласа наместо дијаспората, обвинуваат од СДСМ. Сведоци сме на нов обид за изборен грабеж со гласовите од дијаспората на шефот на организираната криминална група, Христијан Мицкоски. Откако се спротивставивме и го блокиравме нивниот предлог за електронска кражба на гласовите од дијаспората, поради огромниот ризик од злоупотреби, сега се бара алтернативен метод за ...
Високата предност на партијата во последната анкета ја гледам како потврда за политиките и работата на Владата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека неговиот фокус останува на реализација на проекти, реформи и исполнување на очекувањата на граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник за изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, Мицкоски рече дека ...
На 05.07.2026 во 00:50 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, приведен е Л.Б.(19) од кичевското село Бачишта, по претходна пријава дека во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон случајните минувачи. По извршено алкотестирање, кај него констатирани се 2,02 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 05.07.2026 ...
На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.Ј.(49) од Охрид, починал во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Тој, според пријавеното, претходно бил донесен со тешки телесни повреди, со кои се здобил при пад од кров на куќа, која ја градел на сопствена парцела лоцирана во близина на стариот пат Охрид-Струга. Полициски службеници извршија увид на местото на настанот. На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека ...
Не се точни изјавите на Мицкоски дека нашите барања во Работната група за измена на Изборниот законик биле целосно прифатени. Напротив, нашите барања беа пред сѐ, една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање и беа одбиени. Во текот на целиот процес за подготовка на Изборниот законик во Работната група, Левица беше конструктивна, целеше кон консензус и имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, велат од Левица. Една ...