Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани. Тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на пациентите. Владата на вчерашната седница донела одлука и го задолжила Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква, кое има 27 соби и 56 легна на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои ...

Не е новост дека кафето може да има здравствени придобивки – особено кога се консумира умерено и редовно. Познато е дека го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дијабетес тип 2. Но, нова студија од Универзитетот Харвард открива уште еден потенцијално значаен ефект: редовното пиење кафе може да придонесе за здраво стареење кај жените. Кафето е задолжителен дел од денот за многумина, а според најновите наоди од Харвард, особено за ...

Граѓанската иницијатива Support Kocani успеа да ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари. Средствата за набавката биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство. Како што информираат од иницијативата, компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. ...

Плажата Гларокавос ја доби оваа титула по гласањето на туристи од целиот свет на натпревар организиран од меѓународната организација European Best Destinations. Гларокавос се наоѓа во истоимената лагуна на Халкидики, а често се нарекува „Сино Езеро“ поради тиркизното море што ја опкружува боровата шума, а нејзината недопрена природа и богатството на културни содржини во областа освоија бројни посетители. Плитката лагуна ја прави оваа плажа ...

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави вечерва министерот за внатрешни работи ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека континуирано е во комуникација со родители, но, оти не сака да го користи тоа за ПР и за медиумска експлатација, откривајќи дека веќе бил во Кочани, каде имал средба со дел од родителите на настраданите во дискотеката „Пулс“. – Тоа што можам да го сторам како министер и тоа што сум должен да го направам, ќе го направам, но, нема од тоа да профитирам медиумски. Имаше многу разговори, имаше ...

Интелигенцијата може да биде пошармантна од која било фризура и помоќна од најскапиот парфем. Забава Внимавајте: најинтелигентните жени се родени во три хороскопски знаци Објавено пред 17 минути - 10 јуни, 2025 Од А. O. / Макфакс Интелигенцијата може да биде пошармантна од која било фризура и помоќна од најскапиот парфем. И некои жени го знаат тоа подобро од кој било друг, бидејќи имаат илјада мисли, идеи и анализи што им се вртат во главата ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ако протестите против имиграциската политика продолжат и во други градови, демонстрантите ќе се соочат со „иста или дури и поголема сила“ од Лос Анџелес. Тој додаде дека Националната гарда ќе биде распоредена во Калифорнија сè додека е потребно. Трамп повтори дека ако не ја испрател Националната гарда, Лос Анџелес сега би горел до темел. Трамп повторно ги нарече демонстрантите „платени ...

Баталјон маринци веќе е распореден во Лос Анџелес. Командантот на Маринскиот корпус, генерал Ерик Смит изјави дека маринците се подготвени да ги следат наредбите на Северната команда на САД, но оти сè уште не се повикани да интервенираат. Смит на дебатата за буџетот во Сенатот наведе дека маринците се обучени за контрола на толпата и дека нивната опрема ќе вклучува штитови и палки. Тој нагласи дека тие немаат овластување да вршат апсења и оти ...

Мајката на еден од учениците кои го преживеаа масакрот во средното училиште во Грац, за „Скај њуз“ го раскажа тажниот момент кога нејзиниот син ѝ кажал дека е во средината на пукањето. „Ми се јави од училиште и ми рече дека има пукање. Мислеше дека ќе умре. Два часа подоцна конечно дознав дека е жив“, рече таа. Според австриските медиуми, вооружениот напаѓач е 21-годишен поранешен ученик во училиштето. Тој отворил оган во две училници, а потоа ...

Повеќекратното убиство се случил денеска во Грац кога напаѓачот (21) влегол во училиштето и пукал во учениците и наставниците. Во пукањето биле убиени девет лица, додека десетици биле ранети. Родителите го поминале целото утро во неизвесност за безбедноста и животите на своите деца. Во интервју за PULS 24, загрижениот татко раскажал што наводно се случило за време на пукањето во средното училиште во Грац. Според него, неговите две деца се ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата планира финансиска поддршка од 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди, почнувајќи од септември оваа година. Средствата се веќе предвидени во државниот буџет, а процедурите за реализација се во тек. – 250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и ...

Денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска изјави дека наредната учебна година ќе има учебници за секое дете, најавувајќи дека дотогаш ќе се надминат одредени недоразбирања помеѓу министерството, општините и училиштата. Јаневска ова го изјави за време на работната посета на Тетово, на последниот ден од учебната година и по повод завршената реконструкција на ОУ „Андреја Савески – Ќиќиш“. „Очигледно има некакви недоразбирања меѓу ...

Патниците на летот FR2283 на „Рајанер“, кој требаше да полета од Мајорка за Загреб на 8 јуни, преживеаа, како што тврдат, понижувачко и хаотично искуство. Во писмо испратено до редакцијата на „Индекс“, тие ја обвинуваат компанијата дека била држена со часови без информации, дека го откажала летот без транспарентно објаснување и дека нехумано се однесувала кон патниците, вклучувајќи деца и постари лица. Ова беше вечерта кога се случи несреќа на ...

Целта на Пекинг е да ги најави следните 70 златни години соработка со Србија, изјави кинескиот амбасадор во Србија, Ли Минг на форумот организиран по повод годишнината од основањето на Заедницата на Кина и Србија за заедничка иднина во новата ера, седум децении пријателски односи меѓу двете земји и 10 јуни – Меѓународниот ден на дијалог меѓу цивилизациите. „Стоејќи на овој историски момент, се осврнуваме на важниот консензус на нашите шефови на ...

Бројот на македонски државјани кои добиле германско државјанство во 2024 година драстично е зголемен. Според официјалните податоци, вкупно 2.805 Македонци се натурализирале, што е четирипати повеќе во споредба со претходната година, кога нивниот број изнесувал 665. Просечната возраст на новите германски државјани од Македонија е 30,8 години, а меѓу нив има и 560 малолетници. Според полот, 1.375 се мажи, а 1.430 жени. Македонските државјани се ...

Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период. Притоа раст на приходите има по секој основ. Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи – или за 31 процент повисоки приходи од лани и на ...

Северна Индија е погодена од екстремен топлотен бран со температури значително над вообичаените за сезоната, што го нарушува секојдневниот живот на луѓето. Жегата предизвикува сериозни здравствени ризици. Во пустинскиот град Шри Ганганагар во северозападната држава Раџастан вчера беа измерени 47,3 степени Целзиусови, соопшти Индиската метеоролошка служба. Највисоката температура забележана во земјата останува 51 степен, измерена во мај 2016 ...

Средношколците и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП Скопје за време на летниот распуст доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз. -Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град ...

По барање на повредени пациенти од трагедијата во Кочани, доктор Катерина Паниќ – Мирчовска е нов в.д. директор на кочанската општа болница, потврди попладнево за МИА, заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Тој рече дека пациенти барале таа да биде таму, во текот на нивната рехабилитација. – Вчера го потпишав решението. Таа е ставена како в.д. директор на оваа установа, бидејќи беше барана од пациентите за да присуствува на нивната ...

Во Австрија, поради масакрот во Грац, прогласена e тридневна национална жалост. Знамињата пред државните институции се спуштени на половина копје. Во училиштето БОРГ во Грац, утрово се случи масовно пукање, при што загинаа најмалку девет лица, додека напаѓачот, кој изврши самоубиство, е десеттата жртва. Во масакрот повредени се најмалку 28 лица, меѓу кои ученици и наставници. Изминатите години во Европа регистрирани се повеќе напади врз ...

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев присуствуваше на показната вежба во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ на полициските службеници за прием во ЕБР кои успешно ја завршија шестмесечната обука. На вежбата беа презентирани тактики и техники од доменот на јавниот ред и мир и полициски операции во урбана средина, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, како и напад на возило и апсење на вооружени и ...

Општата болница во Куманово вработи 24 специјализанти, соопштија денеска од здравствената установа. Како што информираа надлежните од болницата, вработени се специјализанти во речиси сите оддели, хирургија, ортопедија, педијатрија, гастроентерохепатологија, гинекологија и акушерство, дерматовенерологија, ендокринологија, пулмологија и алергологија, кардиологија, интерна медицина, пластична и реконструктивна хирургија, оториноларингологија, ...

Вработена во француско средно училиште била смртно избодена од 15-годишен ученик. Ученикот е уапсен. Нападот се случил за време на претресот на чантата на ученикот во средно училиште источно од Париз. Полициски службеник кој помогнал во претресот на торбите бил полесно повреден за време на апсењето на ученикот, соопшти жандармеријата. Мотивот за нападот е под истрага. „Додека се грижеше за нашите деца во Ножан, вработена во училиште го загуби ...

Со давање исказ на обвинетиот за незаконско поставување директори во основните училишта „Гоце Делчев“ во Подгорци (два предмети), „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа и „Ашим Агуши“ во Радолишта денеска во Основниот суд во Струга продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко. За одвоениот предмет за училиштето „Браќа Миладиновци“ во Струга, беа сослушани двајца сведоци, а на следното рочиште најавено е сослушување на технички советник, ...

Повредените од пожарот во Кочани ќе бидат испратени на рехабилитација во Пониква. На денешната седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква, за потребите на пациентите. „Со оглед на природата на повредите, особено кај пациенти кои претрпеле сериозни изгореници, неопходна е долгорочна и специјализирана нега, физиотерапија, психолошка поддршка и континуиран медицински надзор. ...

Полицијата јавно не го идентификува убиецот и претпоставува дека дејствувал сам. Австриските медиуми објавија дека напаѓачот бил поранешен средношколец. „Масакрот во училиштето во Грац е национална трагедија што длабоко ја потресе целата наша земја“, рече австрискиот канцелар Кристијан Штокер. „Убиствениот бес во училиштето во Грац е национална трагедија што ја потресе целата земја. Нема зборови да се опише болката и тагата што ја чувствува ...

Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Тој истакна дека затекнале проект којшто 7 години не бил поместен од место. „Како Влада затекнавме еден проект којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат поради тоа што претходната влада на СДСМ и ДУИ креирала спецификација таква каква што не одговара на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на третата конференција на Обединетите Нации за океанот којашто се одржува во Ница, го потпиша Договорот според Конвенцијата на ОН за правото на морето за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност на области надвор од националната јурисдикција (Договор BBNJ). Целта на Договорот е преку зајакнување на меѓународната соработка и координација, да се сопре губењето на ...

Најмалку девет жртви во пукањето во училиштето во австрискиот град Грац. Потврдени се девет смртни случаи – вклучувајќи го и сторителот. Убиени се седум ученици и еден возрасен. Бројот на тешко повредени е двоцифрен, но точниот број сè уште не е официјално потврден. Според градоначалничката Елке Кар, напаѓачот е меѓу загинатите. Се верува дека сторителот е поранешен ученик кој наводно отворил оган во две училници. Државната канцеларија за ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 20ᴼ
0.0
62%
1016
weather icon

Софија

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
45%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.97
46%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.51
84%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
6.17
48%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
60%
1013
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
36%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
60%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
1.03
53%
1015
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
10.8
53%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048