Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Полициски службеници од СВР Скопје на 7 јули во 22:10 часот во скопската населба Кисела Вода го лишиле од слобода М.Н. (59), со престојувалиште во Скопје. Според пријавата, лицето во продажен објект несоодветно ја допирало по телото 31-годишна жена. Од МВР информираат дека случајот целосно ќе биде документиран, по што ќе следува соодветен поднесок. Полициски службеници од СВР Скопје на 7 јули во 22:10 часот во скопската населба Кисела Вода ...
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На поединечни места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Утринските температури ќе се движат меѓу 10 и 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 33 степени. Во Скопје, претпладнето ќе биде променливо ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии, а на дневен ред се повеќе законски предлози и одлуки од областа на образованието, одбраната, социјалната политика и изборите. Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледува Предлог-законот за високото образование, Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, како и Предлог-законот за научноистражувачката дејност. Сите три законски решенија се во прво ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, ќе ја посетат Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово. Во рамки на посетата, тие ќе имаат обраќање пред кадетите на Академијата и пред раководството на Министерството за внатрешни работи. Генералниот секретар на Интерпол престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Министерот ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-ребалансот на Буџетот, која влегува во третиот ден. За ребалансот се поднесени вкупно 224 амандмани, од кои 90 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од коалицијата ВРЕДИ. Со предложениот ребаланс, вкупните приходи се проектирани на 379,2 милијарди денари, што претставува зголемување од околу 4,2 милијарди денари, односно 1,1 процент во ...
На 07.07.2026 во СВР Тетово, С.А. (19) од с. Долно Палчиште пријави дека околу 18:15 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, додека се движел со негови другари, бил физички и со тврд предмет нападнат од неколку лица. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода се лишени Е.И. (18) и двајца 16-годишници, сите од Тетово, а кај нив биле пронајдени и одземени тврди предмети и остар предмет. По документирање на случајот, ќе биде ...
Во текот на изминатото деноноќие Министерството за внатрешни работи евидентирало осум пријави за семејно насилство, при што полициските службеници лишиле од слобода пет лица, додека со едно лице бил извршен службен разговор. Според полициските информации, случаите биле пријавени во различни подрачја низ државата, а по целосното документирање на настаните ќе бидат преземени соодветни мерки против пријавените лица. Семејното насилство останува ...
На 07.07.2026 во 19:00 часот кај арената „Тодор Проески“ во Скопје, каде се одржувал фудбалски натпревар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(26) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Исто така, поради сторен прекршок од законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари биле приведени и Д.Б.(24) од с.Агино Село, кумановско ...
Иран денеска се закани дека целосно ќе ја блокира Ормуската Теснина доколку САД извршат нови напади, со што тензиите ескалираа на највисоко ниво во изминатите неколку недели. Предупредувањето следуваше по големата ескалација на непријателствата во текот на ноќта, која вклучуваше американски напади врз повеќе од 80 цели во Исламската Република и ирански напади врз воени капацитети поврзани со САД во заливските држави Кувајт и Бахреин. ...
Без вода утре од 8:30 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, а во периодот од 8:30 до 14:30 часот можен е намален притисок или прекин во водоснабдувањето во делови од Бардовци. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје, прекинот на водоснабдувањето во Гази Баба е поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 ...
Македонија доцни со спроведувањето на реформите од европската агенда, додека другите земји од регионот напредуваат и ги користат можностите што ги нуди Европската Унија, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител. „Владата се фали со некакви наводни достигнувања во реформската агенда, што е само една фарса, затоа што тоа е како некој да ве пофали кога сте ученик, а го повторувате одделението, обвини ...
СДСМ е единствената партија која толку силно, отворено и континуирано се бори против криминалната власт на ВМРО, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија. Филипче посочи дека СДСМ во овој период води силна политичка борба против, оваа ненародната и криминална власт, секојдневно разобличувајќи ги и погрешните политики, и криминалните тендери, и економскиот дебакл и ...
Повеќе од 200.000 кондоми од Кина, лажно декларирани како играчки, ги заобиколија барањата за контрола на квалитетот на Европската Унија, изложувајќи ги потрошувачите на опасност и ризик од сексуално преносливи инфекции, несакани бремености и опасни хемикалии и материјали, објави „Евроњуз“ (Euronews). Во ЕУ, кондомите се класифицирани како медицински помагала и мора да ги исполнуваат строгите здравствени и безбедносни стандарди, вклучувајќи ...
Гласањето по пошта за дијаспората отвора сериозен сомнеж дека изборите, кога и да се одржат, може да бидат украдени, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител. Тој ја обвини власта дека се обидува да протне измени во Изборниот законик без јасни одговори и без механизми што ќе гарантираат контролиран и веродостоен изборен процес. Филипче рече дека доколку има разум кај власта, ваквите решенија не ...
е доказ овој ребаланс кој денес го разгледуваме во Комисијата за финансирање и буџет. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во рамки на амандманската расправа по предлог ребалансот на Буџетот за 2026 година во рамки на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет кој потенцираше дека буџетот е лимитирана и ограничена категорија каде треба да се задоволат сите најнеопходни потреби и секако онаа развојна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека примирјето со Иран е „завршено“ откако двете страни повторно разменија напади, но додаде дека преговарачите би можеле да продолжат со разговорите со Техеран. Трамп остро ги нападна властите во Иран, неколку часа откако САД во текот на ноќта извршија напади врз Исламската Република, а Иранската револуционерна гарда соопшти дека цел на нивните одзмаднички напади биле американски бази ...
Патолошки причини, односно дека лицето починало поради болест или природен процес во организмот, се првичните наоди за смртта на 24-годишната девојка од Македонија, која вчера беше пронајдена мртва во стан во Солун, објави грчкиот медиум „Тестивал“ (Thestival.gr). Според новите информации од форензичката обдукција во Грција, на кои се повикуваат медиумите, дефинитивно е отфрлена можноста за насилно одземање на животот. „Според досегашните ...
Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна. Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот (8 јули) состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и влади, ...
Скопје, 08.07.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните работи за регулација на одводниот канал во населеното место Сингелиќ. Министерството инвестира 21 милион денари во овој проект, а градежните активности на терен се веќе во напредна фаза со бетонирање на коритото со цел трајна заштита од поплави. Овој канал е ...
Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше Бобан Николовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Царинската управа кој истакна дека Царинската управа руши рекорди во наплата на приходи, оценувајќи дека континуираниот раст е потврда за успешното работење на институцијата. Според него, во јуни годинава е остварен раст на наплатата од 22,5 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува зголемување од ...
Обвинителството во завршните зборови за предметот во кој е обвинета поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, побара Судот како отежнителна околност да ја цени нејзината функција во времето на извршување на делата, оценувајќи дека во текот на постапката биле докажани и двете кривични дела што ѝ се ставаат на товар. По изнесувањето на завршните зборови, Судот ја закажа објавата на ...
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска (08.07.2026) пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република Македонија. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба. На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши оствари средба со комесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос, која е во еднодневна посета на земјата. На средбата присуствуваа и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието Марина Димовска. На средбата се разговараше за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 36. Самит на НАТО, којшто се одржува во Анкара. Таа истакна дека шефовите на држави и влади на Самитот испратиле силна порака за единство, солидарност и заедничка одговорност на сојузниците во справување со глобалните безбедносни предизвици. Според неа, земјите-членки покажале јасна подготвеност да го преземат својот дел од товарот во обезбедувањето на заедничката безбедност ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во рамки на Самитот на НАТО во Анкара, испрати порака до европските партнери во однос на долгогодишниот статус кво на македонските евроинтеграции. Таа ја потенцираше разликата во третманот на земјава во двете клучни меѓународни организации. „Понекогаш се чудам како може исти државници, исти ...
Министерството за здравство информира дека е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот ФОСТЕР што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата, во најскоро време. Од Министерството посочуваат дека и понатаму ќе спроведуваат активности со кои ќе сe овозможи поголема достапност на лековите по поприфатливи цени зa граѓаните. Министерството ...
Во сабота започнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор, соопштија денеска од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Поводот за собирот е последната одлука на Уставниот суд за укинување на имињата на улиците во Тетово, кои важеа цели две децении. Од партијата посочуваат дека незадоволството на граѓаните е многу пошироко бидејќи постепено се намалуваат правата што произлегуваат од Охридскиот договор. „Тетово ќе ...
Македонија доби претставник во највисокото раководство на Парламентарното собрание на ОБСЕ, откако пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, беше избрана за потпретседателка на организацијата на годишната сесија што се одржа во Хаг. Зајкова ја доби поддршката од парламентарните делегации на 57 земји членки на ОБСЕ од Европа, Северна Америка и Централна Азија, победувајќи во трката каде кандидати за истата функција имаа и ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ од 16 март 2025 година. На денешното рочиште беа пуштени видео-снимки од внатрешноста на објектот каде што настапувала групата „ДНК“ и каде се гледа почетокот на пожарот, по што следеа потресни изјави и сведочења. Александар Наунов, татко ...
По пет години истрага поднесено е обвинение против Трифун Костовски, неговиот син Коста Костовски и уште двајца менаџери за стечајот на Еуростандард банка. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не го откриваат идентитетот на обвинетите, но уште за време на истрагата беше познато против кого се води кривичната постапка. Од Обвинителството тврдат дека доверителите биле оштетени за 27 милиони евра. -Основното јавно ...