Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Министерството за правда на САД соопшти дека идентификувало повеќе од еден милион документи кои потенцијално се поврзани со случајот на Џефри Епштајн, а за нивна целосна обработка и објавување ќе бидат потребни уште неколку недели. Во објава на социјалната мрежа X, Министерството наведе дека американскиот обвинител за Јужниот округ на Њујорк, заедно со Федералното истражно биро (ФБИ), го информирале одделот за постоењето на новиот обемен ...
Францускиот претседател Емануел Макрон официјално потврди дека Франција ќе го замени актуелниот носач на авиони „Шарл де Гол“ со новиот PA-NG (Porte-Avions Nouvelle Génération), кој ќе биде најголемиот воен брод изграден во Европа досега. Новиот носач ќе биде долг 310 метри, со депласман од 78.000 тони и екипаж од околу 2.000 лица. PA-NG ќе вклучува најсовремени технолошки решенија, како електромагнетен систем за полетување и слетување на ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче по повод големиот празник, Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов. „На сите припадници на Католичката црква и на сите христијани кои денеска го слават ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврди дека Македонија нема да ја прифати понудата од Бугарија за итна испорака на мазут. Одлуката следува по вчерашниот телефонски разговор меѓу министерот Тимчо Муцунски и неговиот бугарски колега Георг Георгиев. Муцунски му се заблагодарил на Георгиев за понудената поддршка, но истакнал дека домашниот енергетски систем во моментов е стабилен и нема потреба од дополнителен увоз по ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, појасни дека толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде идентична со онаа што веќе се применува кај стандардните полициски радари. Тој нагласи дека овие олеснувања важат само за сообраќајни прекршоци, но не и за кривични дела сторени во сообраќајот. Според министерот, за брзини до 100 километри на час ќе се толерира надминување од 6 километри, додека за брзини над 100 ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат Божиќ според грегоријанскиот календар, посакувајќи им благосостојба, духовен мир и добро здравје. Во својата порака, премиерот повика на единство и меѓусебна поддршка за надминување на заедничките предизвици. „Нека раѓањето на Спасителот ни донесе надеж, единство и топлина во срцата, особено во времиња кога ни е потребна заедничка сила и поддршка. ...
Зимата што претстои ќе биде за околу еден степен потопла од повеќегодишниот просек, но со повремени студени бранови, покажуваат најновите климатски очекувања. Според анализата на професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски, не се очекуваат долготрајни екстремни студови, туку претежно променливо и умерено топло време. Студени периоди со температури под нормалата се очекуваат од крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на ...
Во судницата во затворот Идризово денеска продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште е предвидено своите воведни зборови да ги даде одбраната на Александар Нацев, за кого Обвинителството тврди дека дејствувал како неформален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, како и правните лица вклучени во случајот. Досега сите обвинети се изјаснија за невини за трагедијата во ...
АМСМ предупредува на значително намалена видливост поради појава на густа магла на неколку патни правци низ државата. Најкритична е состојбата на планинските премини Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово, каде видливоста е ограничена на само 30 метри. На планинскиот премин Стража видливоста е до 40 метри, додека во Крушево маглата ја намалува видливоста до 50 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, но по влажни ...
Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени во претпладневните часови во источните делови на земјата. На планините и на повисоките места се очекуваат врнежи од снег. Според синоптичарите, попладне врнежите ќе престанат во целата држава, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 9 степени, додека минималните ќе се спуштат до 2 ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар Немзет“ истакна дека а не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа. – Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 година. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба, посочи Орбан. Тој се осврна и на Самитот на ЕУ во Брисел, посочувајќи оти Европа во моментот се ...
Двегодишно девојче во Бразил загина по пад во река и напад од пирани, јавуваат локалните медиуми. Несреќата се случила во близина на градот Коари, во регионот Амазон. Девојчето живеело со семејството во пловечка куќа и си играло пред домот кога паднало низ отвор на конструкцијата и се нашло во водата. Родителите веднаш влегле да ја бараат и ја пронашле, но таа веќе не покажувала знаци на живот. Телото било пренесено на судска медицина, а ...
Дел од жителите на општина Центар утре ќе останат без вода за пиење, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекин во водоснабдувањето ќе има на одредени делови од улиците „Тодор Александров“ и „Партение Зографски“. Како причина за прекинот се наведува поврзување на нова водоводна мрежа на крстосницата меѓу улиците „Тодор Александров“ и „Периша Савелиќ“. ...
Мнозинството руски граѓани сметаат дека војната во Украина ќе заврши во 2026 година, покажува анкетата на рускиот државен центар за истражување на јавното мислење ВЦИОМ. Заменик-директорот Михаил Мамонов изјави дека 70% од 1.600 испитаници веруваат дека 2026 година ќе биде „поуспешна“ за Русија во споредба со тековната, додека 55% го поврзаа овој оптимизам со можниот крај на она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во Украина. ...
Од јануари, Германија воведува нова мерка за задолжителна воена регистрација. Иако приклучувањето во вооружените сили останува доброволно, сите мажи на 18-годишна возраст ќе мора да пополнат прашалник на Бундесверот и да се подложат на лекарски преглед. За оние кои ќе се обидат да ја избегнат оваа обврска, последиците можат да бидат значајни. Бундесверот користи 14 прашања за да процени кој е погоден и заинтересиран за воена служба. Младите ...
„ТОКИО Електрик Пауер“ (ТЕПКО) планира да ја рестартира првата единица од својата нуклеарна централа Кашивазаки-Карива, најголемата во светот, на 20 јануари следната година, изјави претседателот на компанијата Томиаки Кобајакава. Оваа недела, префектурното собрание во Ниигата, регионот каде што се наоѓа централата, даде зелено светло за делумно рестартирање на централата Кашивазаки-Карива. Ова ќе биде прв таков случај за ТЕПКО по топењето на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, среде војна од целосен обем, остануваат заедно во одбраната на домот, семејството, традицијата и надежта за мир. „Вечерва е Бадник – време што нè потсетува на сето она што ги прави Украинците тоа што се,“ порача Зеленски, истакнувајќи дека и покрај војната, заедништвото не може да им биде одземено. Тој ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари. Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч. Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела ...
Што прави папата кога не може да спие ноќе, а дури ни молитвата не помага? Корисниците на интернет случајно откриваат тајната на Лав XIV. Понекогаш изгледа дека тој има безсони ноќи. Но што прави папата во 3 часот наутро во Ватикан? Брои овци или се моли со розариум? Корисниците на интернет забележуваат дека поглаварот на Католичката црква е буден во текот на ноќта и користи специјална апликација. Според медиумските извештаи, папата Лав се ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја истакна посветеноста на неговата влада на обезбедување мир и безбедност во Европа во своето божиќно видео обраќање, објави ДПА. „Овие месеци и години се за мир, безбедност и просперитет за целиот наш континент“, рече Мерц, цврст поддржувач на Украина, во видео објавено денеска. „Во овој дух, се чувствуваме посветени на Германија и Европа. Од нас зависи“, додаде тој. Германската влада ќе ја исполни својата ...
Викендов, на 27 и 28 декември, Македонија ќе биде под влијание на изразено студен воздушен бран од североисток, кој ќе донесе значително заладување, силен северен ветер и локално провејување на слаб снег. Се очекува да дува силен ветер од северен правец, кој повремено и локално ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Ваквите услови ќе придонесат и за расчистување на воздухот, особено во котлините каде во изминатиот период беше ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека во регионот се одвива интензивно вооружување и формирање воени сојузи, оценувајќи дека станува збор за континуирана кампања насочена против Србија и српскиот народ. Говорејќи на отворањето на Амбасадорската конференција во Белград, организирана од Министерството за надворешни работи, Вучиќ предупреди дека не треба да се потценуваат состаноците и договорите за воена соработка меѓу ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати драматично предупредување до европската јавност во своето традиционално божиќно интервју за „Маџар Немзет“. Според него, Стариот континент, кој ужива во редок 80-годишен мир по завршувањето на Втората светска војна, сега се наоѓа на работ на провалија поради политиките на Брисел. „Европа се движи кон воена состојба со хипербрзина. На последниот самит во Брисел успеавме само малку да го забавиме тој ...
Стејт департментот на САД повлече радикален потег воведувајќи забрана за влез на пет истакнати европски фигури, обвинувајќи ги за „цензура на американските ставови“ на дигиталните платформи. На врвот на црната листа е поранешниот еврокомесар Тиери Бретон, архитектот на Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA), кој американската администрација го гледа како напад врз слободата на говорот. Бретон не остана должен и остриот потег на Вашингтон го ...
Намалена видливост поради густа магла е забележана на планинските премини Стража и Плетвар, каде видливоста е до 50 метри, како и во Крушево, каде изнесува околу 70 метри, информираат од ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја ...
Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 контроли на територијата на Македонија, од кои 200 биле направени во регионот на Скопје. Најголемиот дел или 1263 се редовни инспекциски контроли, а 110 биле ненајавени. Според податоците на Државниот инспекторат за животна средина, кои се јавно достапни, Во ТИТАН Усје биле направени 5 контроли од страна на Инспекторатот, од кој 2 редовни и 3 вонредни инспекциски контроли. ...
Соединетите Американски Држави оваа недела преместија голем контингент авиони за специјални операции и неколку товарни авиони што превезуваат војници и опрема во карипскиот регион, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на неименувани американски претставници. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела изјави дека не ја исклучува можноста за војна со Венецуела, откако нареди блокада на санкционираните танкери за нафта ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со ова се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес за целото Скопје. Во прлилог објавата на ...
Собранието денеска, во рамки на 75. пленарна седница, ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот, двајцата министри дадоа свечени изјави пред пратениците. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, пред Собранието ги образложи предлозите за нивниот избор, нагласувајќи дека станува збор за екипирање на Владата и обезбедување континуитет во работата на клучните ресори. ...
Уште еден осуденик за настаните од 27 април 2017 година доби условен отпуст, откако одлежа две третини од изречената затворска казна за упадот во Собранието. Станува збор за Вилијам Михајловски – Вили, кој преку објава на социјалните мрежи информираше дека од 1 јануари е на условна слобода. Михајловски најави дека планира постепено да се врати на јавниот и професионалниот живот, притоа нагласувајќи дека политиката ја остава зад себе. Во ...