Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража-Маврово и Крушево, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и ...

Буџетот за 2026 година е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има и резултати. Сакам искрено и од срце да се заблагодарам на сите советници кои го поддржаа, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски. „Основниот Буџет на Град Скопје изнесува 5.201.600.000 денари, што претставува зголемување од 12,04% во однос на 2025 година. Ова зголемување е резултат на засилена и одговорна наплата на приходите во ...

Годишниот извештај на Конгресот на САД, насловен „Воени и безбедносни случувања поврзани со Народна Република Кина“, укажува дека кинеската војска се наоѓа во фаза на интензивно вооружување, со јасна тенденција за значително зголемување на бројот на носачи на авиони и нуклеарни боеви глави. Според проценките во документот, Кина планира да изгради уште шест носачи на авиони до 2035 година, со што вкупниот број во нејзината флота би достигнал ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остварил разговор со вселенскиот патријарх Вартоломеј, при што го информирал дека руските воени напади врз Украина не престанале ниту за време на бадниковите и божиќните празници, кои денес се одбележуваат според грегоријанскиот календар, пренесуваат украинските медиуми. „За жал, руската војска дури ни за Бадник и Божиќ не ги запре своите брутални напади врз Украина, енергетскиот сектор и нашиот ...

Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши заедно со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, оствариja работна средба со министерот за правда, г. Игор Филков, на која се разговараше за Изборниот законик. Договорено е до втората половина на јануари, Министерството за правда да формира работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборен законик, а во која ќе бидат вклучени по двајца Претседателот на Собранието, г. Африм ...

Турските безбедносни сили зададоа силен удар на Исламска држава, приведувајќи 115 лица кои се осомничени дека планирале крвави напади за време на божиќните и новогодишните прослави. Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул денеска соопшти дека операцијата е спроведена по прецизни разузнавачки информации. Според полицијата, цел на терористите требало да бидат локации каде се прославуваат празниците, со посебен акцент на заедниците на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се исклучително позитивни, нагласувајќи дека за околу 20 проценти е намален бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди. Говорејќи на седницата за пратенички прашања, Тошковски посочи дека намалувањето е евидентно и преку податоците од Клиниката за трауматологија при Клиничкиот центар. „Резултатите коишто досега се увидени и тоа ...

По необично топлот декември со температури до 10 степени, Копаоник конечно ја доби вистинската зимска лика. Студениот бран ја спушти температурата на -3°C, а планината побеле со нов снежен слој кој се очекува да достигне до 10 сантиметри. Додека скијачите уживаат во новите врнежи, метеоролозите најавуваат дека вистинскиот студ допрва доаѓа. Иако до крајот на годината ќе преовладува сончево време, температурите ќе се движат во длабок минус, од ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) најави нови мерки за контрола на препишувањето на лекови, со посебен акцент на антибиотици и анксиолитици. Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, истакна дека минатата година вреднувањето на матичните лекари било зголемено, а сега се очекува и поголема одговорност од нивна страна, вклучувајќи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување на овие лекови. „Имаме ...

Во пресрет на новогодишните прослави, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) упати итен апел до сите сопственици на угостителски објекти и организатори на настани. Целта е да се спречат несакани инциденти и да се обезбеди максимална заштита на граѓаните. Клучните барања на ДЗС вклучуваат: Од Дирекцијата нагласуваат дека персоналот мора да биде подготвен за брза реакција во итни ситуации, потсетувајќи дека ова не е само законска, туку и ...

Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија. Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не се засноваат на факти ...

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(23), Р.Т.(22) и Б.Н.(25), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „изработување, набавување на оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“, ...

Полски борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и следеа руски извидувачки авион кој леташе над Балтичкото Море во близина на границата на полскиот воздушен простор, соопшти денес Оперативната команда на полските вооружени сили. „Наутро, над меѓународните води на Балтичкото Море, полски борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и следеа од нивната зона на одговорност руски извидувачки авион кој леташе во близина на границата ...

Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, каде животот го загубија 63 лица, донесе трогателни детали од сведочењето на Дејан Николов, сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до објектот. Тој пред судот раскажа како со градинарско црево се обидувал да им помогне на заглавените девојчиња кои пискале на решетките од тоалетите. „Ги скршивме прозорците однадвор, на решетките се фатија девојчиња, пискаа… Ги прскав со вода, а тие ...

Зекирја Таири од коалицијата ВЛЕН е новиот пратеник во Собранието кој ќе го пополни испразнетото место на Беким Сали. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница констатираше дека на Сали му престанува мандатот откако вчера беше избран за нов министер за евроинтеграции. Како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, постапката за верификација на мандатот на наредниот кандидат од листата во Изборната единица 1 е веќе ...

Денес, Муамет Хоџа стапи на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што ги презеде надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата. На првиот работен ден, министерот Хоџа оддржа работна средба со заменик министерката, Ане Лашкоска, со раководниот тим во Министерството, при што беше информиран за тековните состојби, ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во прашањето до премиерот Мицкоски, ги изнесе фактите поврзани со аферата со Алта банка, укажувајќи дека власта наместо да ја каже вистината, ги користи своите методи за дефокусирање и замолчување на секоја критика што доаѓа од опозицијата. „Јасни се релациите со Србија, јасни се релациите со вашата ...

На денешната пленарна седница во Собранието на Република Северна Македонија, на која на дневен ред беа пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговори на прашање поставено од пратеничката Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кое се однесуваше на реформската агенда на Владата. Премиерот Мицкоски истакна дека поради законските ограничувања, изборната кампања и спроведувањето на изборите, дел од реформските ...

Вчера во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое се претставил како претставник на банката и кој му побарал документација и ...

Образованието е темел на секое општество, но просветните работници се столбот врз којшто се гради иднината на државата. Токму затоа прашањата за нивниот статус и достоинство мора да биде високо на агендата на секоја одговорна влада. Го поздравувам договорот кој беше постигнат меѓу владата и СОНК, со што се утврди јасна и предвидлива методологија за растот на платите на просветните работници. Ова решение беше позитивно поздравено и од ...

Вчера во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје. При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската ...

Денес официјално започна втората фаза од кампањата што ја водат СНС и Александар Вучиќ во Македонија, преку својата испостава – ВМРО Ванчовистичка, велат од СДСМ. „Кампањата се темели на целосна поделба на општеството. Мицкоски во последно време повеќепати користи исклучително грд наратив кон граѓаните на Македонија. Денес, во Собранието, тој инсистираше секој граѓанин што не ја поддржува неговата политика да биде опишан како, цитираме: ...

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против А.С.(64) од с.Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во с.Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои ...

Млад брачен пар од Арканзас се соочи со законот откако биле фатени во обид да го „трампаат“ своето шестмесечно бебе за пакување пиво и паричен надомест. Таткото Дариен Урбан (22) е осуден на три години затворска казна и дополнителни три години условно, додека мајката Шајлин Елерс (21) помина со шестгодишна условна казна. Инцидентот се случил во камп во Бивер Лејк, каде родителите дури потпишале и бизарен писмен договор за откажување од ...

Поранешниот натпреварувач на „Ѕвездите на Гранд“, Александар Мишојчиќ – Ксандер, доживеа сообраќајна несреќа во Хрватска кога неговиот автомобил излетал од коловозот. За среќа, пејачот поминал без повреди, а веднаш по настанот ја сподели и снимката од несреќата на социјалните мрежи. Мишојчиќ им се заблагодари на сите за грижата и потврди дека најважно е што тој и неговите сопатници се вратиле живи и здрави. „Вистина е, имавме лоша среќа во ...

Силна експлозија одекна во текот на ноќта пред филијала на банка во солунската населба Евсомос, предизвикувајќи значителна материјална штета на околните објекти и возила. Во инцидентот нема повредени лица, а според првичните информации, на детонацијата не ѝ претходел никаков предупредувачки повик или известување. Експлозијата била толку силна што се слушнала во радиус од над еден километар. Најмалку седум паркирани автомобили во непосредна ...

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги потсетува студентите дека од денеска, 25 декември, започнува процесот на продолжување и заверка на годишните билети за бесплатен превоз за претстојната 2026 година. Заверката се врши со лично присуство во кој било центар за персонализација на ЈСП, а студентите треба да ги подготват следниве документи: Од ЈСП појаснуваат дека оваа обврска не важи за бруцошите кои го извадиле билетот за ...

Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ . По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДС молк на темата и крици на беспомошност, истакна Манасиевски. „ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека владата на ДУИ и СДСМ каде прв вицепремиерот беше Артан Груби препорача да се укине балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување пред сè на граѓаните Албанци, а Законот за правична застапеност кој го изготви оваа влада доби позитивна препорака од Венецијанска комисија, а одлуките на комисијата се ...

Јавното претпријатие „Македонијапат“ информира дека на неколку патни правци низ државата се бележат врнежи од снег и намалена видливост. Снег со слаб интензитет паѓа на патиштата Пехчево-Обозна-Берово и Суви Лаки, но засега не се задржува на коловозот. Многу посериозна е состојбата со маглата, која ја намалува видливоста до 100 метри на планинските премини Стража и Ѓавато, како и во Крушево. „Сообраќајот на државните патишта се одвива ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1006
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1006
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
86%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.3
98%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
97%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
7.72
59%
1007
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
94%
1004
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
86%
1004
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
94%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Калај

46.91

Сребро

2460.50

Платина

67162.91

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39

Рутениум

45750.51

Паладиум

546.56

Алуминиум

3.03

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04