Скопската Зоолошка градина објави дека со голема пожртвуваност на вработените, особено Зера и со долги непроспиени ноќи успеале да ги спојат гибоните Делфина и Мики кои учат да живеат заедно и самостојно без човечка помош. -Двата гибона беа отфрлени од мајката како бебиња и чувани со 24/7 нега, љубов и посветеност. Во консултација со експерти од светски организации за заштита на гибоните, како и Перт ЗОО кои имаа слична ситуација, а со ...

Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини со што се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоуправа, за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска на „Фејсбук“ напиша дека со потпишувањето официјално и целосно се откочуваат сите процеси поврзани со подготовката и ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај „ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со ‘смарт’ – инфраструктура и катна гаража“. Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Министерот информираше и дека заедно со Министерството за образование и ...

Повисоки плати, нов концепт на државната матура, електронски свидетелства, „ѕид на срамот“. Министерката за образование и наука на новогодишен брифинг со новинарите за плановите во 2026 година. Јануари ќе стартува со потпишување на Националната стратегија за образование (2026 – 2032), која ќе биде патоказот по кој МОН ќе треба да ги крои политиките во следните шест години. Меѓу приоритетите во стратегијата е и едносменската настава. Досега е ...

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека поради отстранување на уличен дефект, утре (вторник, 30.12.2025) дел од корисниците во населбата Тафталиџе ќе останат со суви чешми. Детали за прекинот: Локација на дефектот: ул. „Нобелова“, крстосница со ул. „Хелсинки“. Почеток на прекинот: 09:00 часот. ул. „Виенска“; дел од ул. „Хелсинки“; дел од ул. „Лондонска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато сè додека екипите на јавното ...

Сведочењето на Габриела Наунова во судот денеска откри скандалозни пропусти во реакцијата на службите за време на пожарот во кој ја загуби својата ќерка Надица. Наунова раскажа дека во моментите кога очајно се обидувала да ја спаси својата ќерка, побарала помош од полицаец, на што добила одговор кој ја згрози јавноста: „Јас не сум обучен за тоа“. Мајката опиша сцени на вистински хорор – како со голи раце кршела делови од објектот за да им ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури. Тој е прогласен за виновен за тешката сообраќајна несреќа од 1 јули годинава, кога со својот мотоцикл „Кавасаки“ прегази пешак на кејот на Вардар и побегна од местото на настанот. Судијката Снежана Марковска во образложението истакна дека Љури возел без дозвола и без регистарски таблички на површина наменета исклучиво за пешаци. Жртвата, ...

По неколкучасовниот прекин поради протестите на грчките земјоделци, граничните премини кон Грција се повторно во функција. Според најновите информации од АМСМ, од 15:00 часот денеска, граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) се целосно пуштени за сообраќај за сите видови возила. Патниците и превозниците кои беа заглавени во меѓуграничниот простор веќе можат слободно да ги поминуваат границите во двата правци. Сепак, се ...

Тројца турски полицајци беа убиени, а девет други ранети во размена на оган со членови на терористичката група Исламска држава за време на антитерористичка операција во покраината Јалова, соопштија властите. Судирот се случил околу 3 часот наутро по локално време, кога полицијата извршила рација во куќа во селото Елмалик, на околу девет километри од центарот на Јалова на северозападниот дел од земјата. Се претпоставувало дека членови на ...

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен 43-годишниот С.И. за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 (од користољубие) и го осуди на казна доживотен затвор. Обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат Илија Иванов. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале ...

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп не донесе конкретен напредок кон решение на војната во Украина Сепак, имаше моменти за време на состанокот кога фрустрацијата на Зеленски беше видлива, пишува Скај њуз во анализата Trump: Russia wants to see Ukraine succeed. It sounds a little strange. Putin was very generous in his feeling toward Ukraine succeeding. pic.twitter.com/tiBk5lB0nz ...

Вистинска драма се случувала денеска во близина на езерото Матка, откако патничко возило излетало од патот и завршило во водите на реката Треска. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека по добиената пријава од МВР, веднаш биле преземени мерки за заштита на лицата и извлекување на возилото. За да се овозможи безбеден увид и акција за извлекување, ЦУК побарал од ХЕЦ „Матка“ итно да се намали испустот на вода од браната. Според ...

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.12.2025) во 18:20 часот во СВР Скопје, Т.Л.(19) од Скопје пријавил дека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.12.2025) во 18:20 часот во СВР Скопје, Т.Л.(19) од Скопје пријавил дека околу ...

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде е извршено реновирање на повеќе простории кои секојдневно ги користат илјадници пациентки. Вкупната инвестиција изнесува над 34 милиони денари. – Гинеколошко-акушерската клиника е место каде што започнуваат нови животи, каде што се носат најтешки одлуки и каде што ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (26), Б.С. (33) и И.С.(63), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 26.10.2025, првопријавениот физички ги нападнал неговите малолетни деца и неговата сопруга, а потоа при негово приведување физички нападнал полициски службеник додека ...

Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(23), А.И.(25) и П.З.(21) од една страна и С.П.(37) и Д.П.(32) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром ...

Вчера во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница. Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР ...

Вчера во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и ...

Со 73 гласа „за“ и само еден „воздржан“, македонското Собрание денеска ги усвои измените на Законот за Судски совет. Овие законски измени имаат за цел да ја вратат довербата во судството преку отстранување на системските слабости и воведување на повисоки стандарди за транспарентност и отчетност. Една од најзначајните новини е воведувањето јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, со што се става крај на ...

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички податоци за сиромаштијата во земјата. „Што се однесува до стапката на сиромаштија, сакам да кажам дека во 2024 е подобра од 2023 и е најдобра од 2020 па наваму. Ако во 2020 стапката на сиромаштија била 23%, во 2023 година била 22,2%, ...

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека вчера на армијата и е испорачан првиот оперативен систем за ласерско пресретнување ракети со голема моќност. Системот, наречен „Железен зрак“ (Iron Beam), е развиен од компанијата „Рафаел Адвансд Дифенс Системс“ и претставува револуција во воената технологија. Овој ласерски штит успешно помина низа тестирања во кои пресретнуваше ракети, минофрлачки гранати и беспилотни летала. Тој ќе биде ...

Македонија влегува во фаза на изразено студено време под влијание на силна воздушна маса од север. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во среда се очекува засилен до силен северен ветер кој дополнително ќе го зголеми чувството на студ. Главните карактеристики на претстојниот бран се: Температурите на повеќе места низ земјава ќе останат под нулата во текот на целиот ден. Студот продолжува, проследен со умерен до ...

Почитувани, Филипче по големите реформи што ги направи во СДС, отиде да одмори за празниците токму во Дубаи кај Заев или пак во неговиот стан за кој јавноста не доби одговор, дали е негов или не, реќе на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Големиот предводник на опозицијата, толку се умори од лагите и манипулациите што ги искажа во јавноста, да мора да одмори не било каде, туку дома во Дубаи, истакна ...

Сопственичка на куче изнесе сериозни сомнежи дека во пансионот за кучиња „Ав Ав Хепи Дог“ во Скопје можеби се појавил парво вирус, откако нејзиниот миленик починал кратко време по престој во објектот. Ана Пејковска тврди дека кучето било сместено во пансионот десетина дена, а по преземањето било во видно влошена здравствена состојба – без апетит, со повраќање и изразена слабост. Животното било однесено на итен ветеринарен преглед, каде, ...

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кочаниската дискотека „Пулс“, каде свои искази дадоа законските застапници на оштетените. Највпечатливо беше сведочењето на мајката на 24-годишниот Андреј Петрушев, кој загина во кобната ноќ на 16 март. Таа пред судот ја опиша својата болка, нагласувајќи дека нејзиниот син бил повикан на испомош во „Пулс“ од сопственикот Дејан Јованов само неколку часа пред трагедијата. Иако бил ...

Полицијата во Кавадарци вчера приведе 43-годишен жител на градот поради агресивно однесување кон службени лица. Инцидентот се случил на улицата „Миле В’чков“ во моментот кога полициските службеници извршувале работни задачи. При приведувањето на лицето со иницијали Т.С., извршено е алкотестирање при што биле измерени рекордни 3,13 промили алкохол во неговата крв. „Т.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по ...

Кавадарчанец бил приведен од полиција, бидејќи бил агресивен кон полициски службеници, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа кавадарчанецот Т.С.(43), затоа што на улица „Миле В’чков“ во градот, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај него се измерени 3,13 промили алкохол во крвта. Т.С е ...

По состанокот во Мар-а-Лаго, американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски објавија значаен напредок во разговорите за завршување на конфликтот во Украина. Иако средбата беше опишана како „одлична“, Трамп предупреди дека остануваат неколку незгодни прашања, пред сè статусoт на окупираните територии. Зеленски информираше дека е постигнат договор за околу 90% од мировниот план од 20 точки, додека Трамп ...

Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп затоа што управувале возила со брзина многу поголема од дозволената На 28.12.2025 во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде ...

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кочаниската дискотека „Пулс“, со сослушување на родителите на настраданите. Марија Петрушева, мајка на починатиот Андреј, низ солзи го опиша моментот кога во болницата во Кочани дознала за смртта на својот син. Петрушева раскажа дека на болничките ходници владеел вистински ужас, каде гледала голем број повредени и настрадани деца. Кога го пронашла својот син, тој немал видливи ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
88%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
1003
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
81%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
92%
1002
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
83%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Цинк

3.25

Калај

46.91

Алуминиум

3.03

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Сребро

2460.50

Иридиум

221848.72

Паладиум

546.56

Платина

67162.91

Злато

159231.39