Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
АД МЕПСО официјално соопшти дека е завршена комплетната реконструкција на 110 kV далековод на релација ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1. По повеќе од половина век, старата и дотраена мрежа со армирано-бетонски столбови е целосно заменета со најсовремена инфраструктура. Клучни карактеристики на новиот далековод: Должина на трасата: 125 нови челично-решеткасти столбови Техничко унапредување: Проектот е дел од стратешкиот план за ревитализација на ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за лажење, откако тој негираше напад со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин. „Украинскиот претседател Володимир Зеленски лаже, режимот во Киев ќе биде одговорен за своите злосторства“, изјави Захарова, додавајќи дека изјавите на Зеленски за Буча, киднапирани деца и наводната ...
Соединетите Американски Држави соопштија дека ќе издвојат две милијарди долари за Обединетите нации за хуманитарна помош, во време кога ООН се соочува со сериозен недостиг на финансиски средства. Иако САД годинава ја намалија странската помош, тие остануваат еден од најголемите донатори. Во исто време, водечките западни донатори на ООН, вклучувајќи ја и Германија, исто така ги намалија своите придонеси со цел пренасочување на средствата кон ...
Вчера во 17:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Ф.(36) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, е пронајдена марихуана, а при преглед кај него се пронајдени неколку пакувања со амфетамин. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против А.Ф. ќе биде ...
Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за празниците, се поставува прашањето дали на Бихаќка Нова година си честитаат по дубајско време како нивниот лидер и неговиот намесник Филипче?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „А дали и овој пат на забавата главна ѕвезда ќе биде Харис Џиновиќ или некоја друга балканска турбофолк „ѕвезда“ и кој од раководството одбрано од Заев, тоа ќе се види на ...
Италијанскиот град Перуџа, поточно областа Сан Систо, стана сцена на брутална пресметка меѓу две групи иселеници од Македонија и Албанија. Она што започнало како банална расправија во локален бар, завршило со тешки повреди и масовни апсења. Истрагата открива дека до крвавиот инцидент не дошло поради претходно планирана заседа, туку поради банална причина – фотографија направена со мобилен телефон. Вербалниот конфликт во барот ескалирал за ...
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(65) поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Имено, денеска во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на ул.”Џон Кенеди”, ул.”Максут Садик” и ул.”Македонска бригада” патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак. Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е ...
Општина Македонска Каменица новата 2026 година ќе ја пречека во тишина и достоинство. Советот на општината, на вонредна седница, донесе едногласна одлука за прогласување на тридневна жалост на целата територија по повод трагичната смрт на нивната млада сограѓанка, Симона Каранфиловска. Деновите на жалост ќе траат од денеска, 30 декември, па сè до 1 јануари. Поради овој трагичен настан, локалната самоуправа ги откажа сите планирани културни и ...
Македонија се разбуди во екстремно ниски температури. Според податоците на УХМР, најстудено е во Берово каде се измерени -9 степени, додека Битола, Струмица и скопски Петровец се соочија со -8 степени. Утрински температури по градови: -9 -8 -7 -6 -5 -4 Единствено над нулата се температурите на повисоките места како Маврови Анови (1), Попова Шапка и Крушево (2 степени). Претпладне нè очекува сончево време, но веќе попладне облачноста ...
Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува. Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ, се наведува во соопштението на СДСМ. „Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на пари од граѓаните. ...
Повеќе скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во електричната енергија поради зафати на ЕВН Македонија. Дел од населението во Петровец, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе остане без струја во различни термини. Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре делови од повеќе општини ќе останат без електрична енергија во различни временски периоди. Без струја од 8 до 14 часот ќе биде дел од селото Ќојлија во ...
Денеска во Владата се официјализира договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), со кој ќе се обезбедат 21 милион евра за целосна обнова на возниот парк на ЖРСМ Транспорт. На свеченото потпишување, покрај премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваат и претставници на ЕБРД и ресорното Министерство за транспорт. Средствата се наменети за набавка на најмалку пет нови електрични локомотиви, кои треба да бидат столбот на модернизацијата ...
Синоќа, во 22:06 часот, беше регистриран земјотрес кој ги вознемири жителите на охридско-струшкиот регион. Телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија соопшти дека епицентарот потекнува од подрачјето Пештани-Охрид-Струга, лоцирано на околу 103 километри југозападно од Скопје. Детали за земјотресот: Магнитуда: Интензитет: Локација: Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека според досегашните ...
Денеска нè очекува променливо време со нагласена промена во вториот дел од денот. Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, но веќе попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, носејќи услови за слаб локален снег. Минималните ќе се движат од -5 до 0 степени, а максималните од 3 до 11 степени. Сончево претпладне, облачно попладне со умерен северен ветер и температура до 10 степени. Метеоролозите најавуваат нагла промена под ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутација за воена служба што ќе трае од јануари до 31 декември 2026 година, со што се предвидува да бидат вклучени 261.000 руски граѓани, објавија руските медиуми. Указот е објавен на официјалната веб-страница за правни информации и се однесува на руски граѓани на возраст од 18 до 30 години кои не се во резерва на армијата. Врз основа на истиот указ, војниците и помладите офицери чија ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека мировните преговори за ставање крај на војната на Русија против Украина се „далеку од завршени“ и истакна дека Западот и Украина мора да останат обединети. „По вчерашните разговори со европските лидери, стана јасно дека западните земји и Украина ќе ја изгубат конфронтацијата ако Русија успее да ги подели и да ги диктира условите за мир. Изјавата за учеството на САД во безбедносните гаранции е ...
Италија ќе продолжи да обезбедува воена помош за Украина и во 2026 година, откако десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони усвои декрет кој овозможува продолжување на испораките на оружје и воена опрема за Киев, објави ДПА. Италија се смета за еден од најдоверливите партнери на Украина во рамките на НАТО. Првично, одлуката за продолжување на воената помош беше планирана за почетокот на декември, но беше одложена поради приговорите на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп побарал САД да разгледаат можност за обезбедување безбедносни гаранции за Киев за период од 30 до 50 години. „Според важечките договори, Украина ќе добие безбедносни гаранции од САД за период од 15 години. Но ние се надеваме на подолг рок“, рече Зеленски, додавајќи дека следната рунда разговори со САД се очекува да се одржи во ...
Традиционално и оваа година, заедно со Премиерот на Република Македонија, Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, успеавме да внесеме новогодишна радост и насмевки кај најмалите. Заедно со Премиерот и Градоначалникот Александар Стојкоски и оваа година ја испочитувавме оваа наша омилена традиција, напиша на социјалните мрежи пратеникот Бојан Стојановски. Поделивме новогодишни пакетчиња и уште еднаш покажавме дека грижата за децата и нивната среќа се ...
Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска ја усвои одлуката за легализација на канабисот во медицински цели, објави на Фејсбук пратеникот од Социјалдемократската партија (СДП) во Парламентот на БиХ, Саша Магазиновиќ. – Направен е најважниот чекор, но не е завршена работата. Сега следи борба за деталите, бидејќи ѓаволот е стално во нив. Сепак, од денеска ќе биде многу полесно, посочи Магазиновиќ. Тој му се заблагодари на студентот на ...
Британскиот боксер и поранешен светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, е повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случила во нигериската сојузна држава Огун, во која, според официјалните информации, загинале две лица. Како што соопшти локалната полиција, 36-годишниот Џошуа поминал со полесни повреди откако возилото во кое се наоѓал се судрило со друго возило. Причините за несреќата сè уште се предмет на истрага. На социјалните ...
Обилните дождови што ја погодија Андалузија предизвикаа сериозна хуманитарна и инфраструктурна криза во јужна Шпанија, при што животот го загубија три лица, а стотици интервенции беа извршени од итните служби, соопштија регионалните власти. Најтешко погодена е провинцијата Малага, каде се регистрирани најголемиот број инциденти. Две лица, на возраст од 53 и 54 години, беа пронајдени починати во Алхаурин Ел Гранде, откако нивното комбе било ...
Изјавата за наводен удар во Венецуела дојде без координати, без снимка и без официјален брифинг, но со доволно политичка тежина за да го подигне прагот на тензија во Карибите. Во радио-интервју за њујоршкото WABC, Доналд Трамп рече дека американските сили „нокаутирале“ „голем погон, голем објект“ од каде што „излегуваат бродовите“, тврдејќи дека ударот бил изведен „пред две ноќи“ и дека „ги погодиле многу силно“. Контекстот, според ...
Силно снежно невреме зафати голем дел од Турција, поради што наставата е целосно прекината во 14 провинции, соопштија локалните власти. Обилните врнежи од снег предизвикаа сериозни нарушувања во секојдневниот живот, блокирајќи локални патишта и отежнувајќи го сообраќајот. Најкритична е состојбата во источната провинција Ван, каде снежната покривка на одредени места достигна и до 50 сантиметри. Поради неповолните временски услови и безбедносни ...
Словенската и балканската етимолошка лексикографија се надополни со важна пубикација „Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски. Има 650 страници и се обработени 9 букви од А – Ж. Во него, освен основниот лексички фонд од стандардниот македонски јазик се опфатени и дијалектните и разговорните зборови. Издавач е Институтот за македонски јазик. Словенската и балканската етимолошка лексикографија се надополни со важна ...
Белата куќа официјално потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин имале телефонски разговор. Според Вашингтон, комуникацијата меѓу двајцата претседатели поминала во конструктивна атмосфера. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, преку објава на социјалните мрежи информираше дека разговорот бил „позитивен“, без да изнесе дополнителни детали за содржината на темите што биле разгледувани. Од Москва, ...
Главниот град на Белгија од почетокот на следната година ги заострува правилата за движење во сообраќајот. Регионалната агенција за животна средина соопшти дека од 1 јануари 2026 година, во Брисел се забранува движењето на дизел возила со Еуро 5 стандард и бензински возила со Еуро 2. Забраната не ги заобиколува ниту мотоциклите, каде ограничувањата ќе важат за стандардите Еуро 1 и Еуро 2. Според проценките, оваа мерка ќе погоди околу 33.000 ...
Електронските комуникации се темелот на современата дигитална држава. Со усвојувањето на Законот за електронски комуникации, Собранието направи важен исчекор во спроведувањето на Реформската агенда и во целосното усогласување со правото на Европската Унија, пишува на социјалните мрежи министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. „Овој закон значи јасни правила, поголема правна сигурност и рамка што е компатибилна со европските ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на денешната обиколка на работите на Дунавскиот коридор кај Голупац, најави дека Србија влегува во период на забрзан економски развој. Тој истакна дека 2025 година била предизвикувачка, но дека веќе од следната година очекува земјата да биде меѓу најуспешните во Европа. „Очекувам стапка на раст од повеќе од три проценти од следната година. Србија ќе биде една од најдобрите земји во Европа“, ...
Грчките земјоделци продолжуваат со радикалните протести, блокирајќи ги главните патни правци кон Македонија. Граничниот премин Евзони (Богородица) и денеска е затворен за сите возила во два термина: Од 11:00 до 15:00 часот Од 17:00 до 21:00 часот Истовремено, преминот Ники (Меџитлија) е затворен за товарни возила, а според најавите од грчка страна, оваа блокада за камионите би можела да трае и до 12 часа, со можен прекин и за патничките ...