Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека некои членови на израелската Влада се обиделе да влијаат врз јавното мислење во САД и да создадат негативен став кон склучувањето мировен договор со Иран. Венс оваа позиција ја изнесе во вчера емитуваната епизода од подкастот на популарниот американски водител Џо Роган. Американскиот потпретседател, кого многумина го сметаат за потенцијален иден претседателски кандидат, и претходно ...
Полицијата во Сараево денеска приведе 43-годишен маж под сомнение дека извршил свирепо двојно убиство. Локалните босански медиуми пренесуваат шокантни детали од истрагата, според кои уапсениот на исклучително брутален начин ги лишил од живот сопствената мајка и својот брат. Осомничениот, кој во медиумите е идентификуван како Аднан Локванчиќ, бил лоциран и уапсен во семејниот стан лоциран во сараевското предградие Храсница, откако претходно до ...
Вчерашниот ден, 15 јули, беше прогласен за ден на жалост во Ниш, по страшната несреќа кога минибус со срспки туристи, на 12 јули излета и се преврте на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора. Девојката која загина во тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора, во која 16 лица беа повредени, е 21-годишната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште. Нејзиното тело вчера беше донесено во Ниш, а ќе биде погребана денеска. Веста ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска изјави дека Техеран нема намера да влегува во преговори со САД и дека е фокусиран исклучиво на одбраната на земјата, пренесува Ал Џезира. Во разговор со новинарите, Багеи рече дека Иран ќе ги почитува своите меѓународни обврски само ако САД го сторат истото. „Откако другата страна не ги исполни своите обврски, ние се воздржавме од исполнување на нашите, во сите ...
Триесет и двегодишен тетовец е уапсен откако со закана со нож се обидел да изврши разбојништво во казино во Тетово. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 јули 2026 година полициски службеници во Тетово го привеле К.В. (32) од Тетово поради основи на сомнение дека истиот ден околу 11:05 часот се обидел да изврши кривично дело „разбојништво“ во казино во градот, заканувајќи се со нож. При претрес кај осомничениот, ...
Четири компании влегоа во трката за набавка на новите електрични автобуси, со кои треба да започне обновувањето на јавниот превоз во земјава. По неуспешни два тендери, властите очекуваат овојпат постапката успешно да заврши и да донесе решение за долгогодишните проблеми со автобускиот превоз. Министерот за транспорт не сакаше да дава детали за четири понуди кои пристигнале на повторениот тендер за набавка на вкупно 150 електрични автобуси и ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата беше потврдено дека двете држави продолжуваат да негуваат одлични билатерални односи и стабилно партнерство, засновано врз заеднички демократски вредности и блиска институционална соработка. Соговорниците разменија мислења за актуелната парламентарна агенда и ...
Претседателката и врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер. Сиљановска-Давкова посочи дека посетата на генералот Бројер е уште една потврда за посветеноста на НАТО кон регионалната стабилност. Според неа, сојузништвото со Германија овозможува изградба на отпорен и интероперабилен одбранбен систем. За генералот ...
Британскиот премиер во заминување, Кир Стармер, денеска изјави дека ја остава Британија во подобра состојба отколку кога ја затекнал. Стармер, кој следната недела се повлекува од функцијата премиер, зборуваше во парламентот и ги бранеше резултатите на својата влада. „Секој премиер знае кога ќе ја преземе функцијата, дека ќе дојде денот кога ќе мора да ја предаде“, рече Стармер, додавајќи дека ова е „крајот на неговото политичко патување“. ...
Контролите спроведени од страна на Државниот пазарен инспекторат за повеќе од 700 производи на терен покажаа сериозни отстапувања во формирањето на цените кај трговците на мало. Според официјалните податоци за периодот од мај 2025 до мај 2026 година, додека просечниот раст на набавните цени на основните прехранбени артикли и хигиенски средства изнесувал 2,66 отсто, крајните продажни цени во маркетите скокнале за дури 4,56 проценти. Ваквите ...
Новата Годишна програма за работа за 2026 година денеска беше официјално усвоена на седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС). На средбата беа разгледани и предлог-законите поврзани со високото образование и обезбедувањето квалитет во науката, при што фокусот беше ставен на усогласување на образовниот систем со реалните потреби на бизнис секторот. Како што појасни министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, со овој стратешки документ ...
Огромна криминална шема за повлекување брзи кредити со украдени лични податоци доби обвинителен епилог во Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведувањето на истражната постапка, поднесе обвиненија против шест лица за компјутерски измами и фалсификување исправи, додека за уште 33 лица е поднесен предлог за казнен налог за соучесништво во оваа добро разработена дигитална измама. Според истражните органи, групата ги користела ...
Полицијата трага по измамник кој успеал да му извлече дури 28.700 евра на жител од скопско, ветувајќи му лажна помош во државни институции. Жртвата ја пријавила измамата синоќа во полициската станица во СВР Скопје, посочувајќи дека измамничката шема траела со месеци. Според полицискиот записник, оштетениот и измамникот стапиле во контакт уште кон крајот на минатата година во дуќан во Скопје, каде што осомничениот ја искористил приликата да се ...
Вчера во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода К.В.(32) од Тетово. Како што се наведува во полицискиот билтен, 32-годишниот К.В. бил уапсен поради основи на сомнение дека со закана со нож се обидел да изврши кривично дело „разбојништво“, истиот ден во 11:05 часот во казино во Тетово. Извршен бил и претрес кај лицето, а по извршеното алкотестирање кај него било констатирано присуство на 2,49 промили алкохол во крвта. Тој е задржан ...
Уставниот судија Гоце Наумовски реши да се повлече од својата функција и веќе ја доставил својата оставка до македонското Собрание. Сепак, за ваквиот чекор тој претходно воопшто не го известил претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Наумовски денеска не се појавил на закажаната седница на Судот, и тоа без никаква претходна најава. За целата ситуација од Уставниот суд излегоа со соопштение во кое појаснуваат како дознале за ...
Државата итно го презема решавањето на долгогодишниот и опасен проблем со огромното свлечиште на патниот правец кон Теферич во општина Кисела Вода. Како што денеска соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, веќе во текот на претстојната недела ќе биде официјално објавен јавниот повик за избор на градежна фирма која ќе изврши стабилизација и санација на овој критичен терен. Одлуката на централната власт да го ...
Четири компании се јавиле на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски сепак не открива кои се компаниите и вели, в понеделник ќе се знае откако ќе го добие извештајот од Комисијата за евалуација.„Во понеделник ќе го добијам извештајот, можам да кажам дека четири компании аплицирале. Навистина се надевам дека овојпат повикот ќе биде успешен и ...
Во тек е јавниот повик на Владата за „Поддршка за креирање на нови работни места“, кој е насочен кон македонските компании кои сакаат да го прошират и развијат бизнисот, преку отворање нови работни места. Првата подмерка од овој повик е „Вработување и раст на правни субјекти“ преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 денари од работно место, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. ...
Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта, истакна на прес – конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. -Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ. Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот ...
Провидна е играта на опозицијата. СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик, стои во партиското соопштение од прес – конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски. -Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии. ...
Светските економии сè повеќе ги третираат критичните минерали како стратешки ресурс. САД веќе започнаа со формирање резерви вредни 12 милијарди долари за да обезбедат сигурно снабдување за индустриите поврзани со зелената енергија, автомобилската индустрија, електрониката и одбраната. Во исто време, Македонија има потврдени резерви на бакар во Иловица и на антимон на други локации, но нивниот економски потенцијал сè уште не е реализиран. ...
УХМР ги измери температурите ова претпладне во градовите низ Македонија. Според податоците, најтопло во 11 часот е во Гевгелија со 33 степени, а на Зајчев Рид и Кавадарци се измерени 32 степени. Во Скопје се измерени 31 степени Целзиусови во 11 часот. Од друга страна, Попова Шапка со 18 степени во 11 часот е место каде е најсвежо денеска. Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи од 11 до 21 степен, а максималната ќе достигне меѓу 31 и 38 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
На 15.07.2026 во 15:20 часот во селото Форино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода, Ј.С. (38) и Ј.Ш. (43), двајцата од селото Семениште, општина Сарај. При преглед во патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓале лицата, пронајдена е кеса со бела прашкаста материја. Возилото е одземено, а по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.07.2026 ...
Трагедија ја потресе Македонија кога 14-годишно девојче почина по пад од лулашка во Гостивар. МВР информираше дека на 9 јули во 20:20 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14). Таа претходно паднала од лулашка во парк во Гостивар, по што била итно пренесена во Медицинскиот центар. И покрај напорите на лекарите, во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Мајката на ...
Сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трпковски, кое се случи во март 2024 година во скопската населба Автокоманда, добија 30-дневен притвор. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека мерката е определена поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека по спроведена истрага и обезбедени докази во соработка со Министерството за внатрешни работи е ...
Од Националниот Парк Галичица информираа за забележана мечка и апелираа граѓаните да внимаваат. -Според информациите со кои располагаме, денес од страна на туристи е забележана мечка во реонот над селото Горно Коњско. Ги повикуваме жителите, посетителите, планинарите, како и сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во овој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во природа. Доколку ...
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од противпожарните друштва низ земјава се собраа на постројување во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување. Целта на активноста била утврдување на бројноста и подготвеноста на доброволните пожарникари кои ќе бидат дел од Тимовите за брз одговор на ДЗС и ќе можат организирано да се вклучат во справување со летните пожари на отворен простор. На ...
Македонскиот државјанин Б.Л. (54), кој се наоѓал во притвор во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар. Според првичните информации објавени од албанските медиуми, тој имал здравствени проблеми по што бил пренесен во Регионалната болница во Валона, каде лекарите не успеале да го спасат. Надлежните органи во Албанија преземаат дејствија за утврдување на сите околности околу случајот. Б.Л. беше уапсен на 25 април во ...
Од Водовод и канализација Скопје, денеска информираа каде ќе нема вода. -Ве известуваме дека на ден 16.07.2026 год. поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80мм на улица 4 бб во Бардовци, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица 4 во Бардовци, стои во соопштението на Водовод и канализација. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:10 часот до завршување на работните активности. Од Водовод и канализација Скопје, денеска ...