Зголемениот број сообраќајни незгоди и високите температури изминатиов период донеле поголем број пациенти на Клиниката за ТОАРИЛУЦ. Меѓу повредените има и околу петмина мотоциклисти со посериозни повреди, а лекарите забележуваат и повеќе случаи на колапс поврзани со топлотниот бран. Директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски, апелира граѓаните да бидат особено внимателни во најтоплиот дел од денот, да го ограничат престојот на отворено и ...

Жителите и корисниците на неколку улици во Општина Центар денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со вода, почнувајќи од 8 часот. Прекинот ги опфаќа улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информираат дека причината е дефект на водоводната мрежа. Интервенцијата се врши поради оштетување на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на ...

Град Скопје ги известува граѓаните на наслеба Драчево дека од денеска Јавното претпријатие за Државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река. -Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, како Град Скопје, ве замолуваме за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред, најавија од Град Скопје. Во соопштението од Град Скопје додаваат дека ...

УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, ова утро во осум часот. Од рано наутро, температурата во Кавдарци е 26 степени, со што е најтопол град. На Попова Шапка се измерени 18 степени, а тоа е најниската температура утрово во осум часот во Македонија. Во Скопје во осум часот УХМР измери 24 степени. Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има ...

На 79-годишна возраст почина Мила Камбовска, поранешна судијка на Врховниот суд на Република Македонија, која по завршувањето на својата професионална кариера замина во пензија. Веста за нејзината смрт ја соопшти семејството, од каде информираат дека погребот и последното испраќање ќе се одржат во Скопје. Последна почит кон Камбовска ќе може да ѝ биде оддадена во понеделник, 10 август, во капелата на Градските гробишта „Бутел“. Обредот на ...

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и ...

Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе им оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила. Во рамки на одбележувањето, делегацијата ќе положи цвеќе и венци на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители. Првата активност е предвидена во 8 ...

Дел од домаќинствата и деловните корисници во Петровец и Ќојлија денеска ќе бидат без електрична енергија во периодот од 9 до 12 часот. Причина за прекинот е планирана интервенција на електродистрибутивната мрежа, односно изработка на кабелска спојница на извод од трафостаницата „Макдизел“, со влез-излез во ново КРО. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН, информираат дека без напојување ...

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 26 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците, ниту еден од пожарите во моментов не е активен. Еден пожар е ставен под контрола, додека преостанатите 25 се целосно изгаснати. Под контрола останува пожарот на излезот од Крива Паланка, во близина на депонијата. Сите останати регистрирани пожари се локализирани и изгаснати. Во изминатите 24 часа ...

Вчера во 08:00 часот во Полициската станица Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од скопско. Претходно, од граѓани било пријавено дека тој агресивно и недолично се однесувал, а откако на местото пристигнале полициски службеници и се обиделе да му помогнат бидејќи бил со повреди, тој физички нападнал еден од нив. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 08:00 часот во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две нови извршни наредби во потесен обид да го ограничи правото на државјанство по раѓање, обновувајќи го своето оспорување на одредбите од Уставот на САД, откако Врховниот суд претходно го отфрли неговиот првичен предлог. Новите регулативи главно ги заоструваат постојните правила и ги стеснуваат исклучоците, со посебен фокус на Белата куќа врз таканаречениот „породилен туризам“, при кој странски ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои четири малолетници, четири лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана, едно лице возело без возачка ...

Вчера во 11:40 часот, при контрола на сепарација во неготинско село, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Велес забележале товарно возило „сканија“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Л.(52) од Неготино, при што било констатирано дека се врши ископ и дека возилото било натоварено со песок за што возачот не поседувал соодветна документација. Полициски службеници земале примероци од песокот во возилото и ...

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, со добри витални параметри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. -Пациентот е во добра ...

Вчера во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко дека во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, таквите видеа и снимки ...

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце, за влез во земјата се чека повеќе од еден час, додека за излез задржувањата се околу половина час. Гужви има и на јужната граница. На граничниот премин Богородица со Грција, и за влез и за излез од државата се чека по повеќе од еден час, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини од македонска страна, ...

Вчера околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(34) од с.Маврово, гостиварско и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(63) од Скопје, соопштија од МВР. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот на ...

Вчера во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција. ...

Вчера во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот. Полициски ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури низ градовите и мерните станици во Македонија во 14 часот. Според најновите мерења, највисока температура попладнево е регистрирана во Гевгелија, каде што се измерени 37,4 степени Целзиусови. Веднаш зад Гевгелија се Кавадарци со 36,3°C и Демир Капија со измерени 36,0 степени. Високи температури над 35 степени во 14 часот се измерени и во ...

Вчера во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по ...

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Гази Баба на 08.08.2026 во 10:20 часот на ул.„Јани Лукровски“ ги лишија од слобода Џ.А.(26) и А.А.(26), двајцата од с.Брест, скопско, поради сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичниот зкаоник. Тие се сомничат дека на 04.07.2026 во 20:45 часот во населба Илинден во Скопје физички и со дрвен предмет го нападнале Б.С.(28) од с.Арачиново, ...

Денес во 20:30 часот на стадионот во Охрид е првиот од серијата концерти од блокот „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност. Завршницата ќе биде на 8 септември со настап на Дејвид Гета на градскиот стадион. По повод почетокот на манифестацијата, на социјалните мрежи се огласи и премиерот Христијан Мицкоски. „Силно светнал ден! 35 години независност!“, објави Мицкоски. Денес во 20:30 часот на стадионот во Охрид е првиот од серијата ...

На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од ЦУК, активни огномети се бележат на следниве локации: Општина Аеродром: Општина Илинден: Општина Босилово: Крива Паланка: Општина Гостивар: Пожарот во Општина Зелениково, кој изби над ...

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за – Тешките дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. На ...

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје – Одделението за насилен криминал и одделението за семејно насилство расчистија неколку кривични дела и во координација со ОЈО Скопје поднесе кривични пријави против две лица од Скопје. Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрираше локална нестабилност на временските услови во источниот дел од државата. Според најновите информации од метеоролошките служби, нестабилното време е забележано во планинските подрачја северно од Кочани. „Нестабилност со дожд и грмежи во планинските предели северно од Кочани“, соопштија кратко од УХМР. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрираше локална нестабилност на ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури низ градовите и мерните станици во Македонија во 11 часот. Според мерењата, највисока температура предпладнево е измерена во Гевгелија, каде што живата на термометарот достигна 33,8 степени Целзиусови. Веднаш зад Гевгелија се наоѓа Скопје (Зајчев Рид) со измерени 33 степени, а високи температури во 11 часот се регистрирани и во Велес ...

Ноќеска во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје. При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да ...

Метеоролошкиот индекс за опасност од пожари (FWI) денеска од 9:00 часот е во пораст поради високите дневни температури, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамет Али, повикувајќи се на податоците од Македонскиот систем за шумски пожари (МКФФИС). Според проценките, во попладневните часови централниот, јужниот и источниот дел од земјата се со регистриран многу висок FWI индекс. Ова укажува на значително зголемен ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Бакар

12.58