Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Вчера во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, ...
Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања за начинот на кој власта се справува со кризата со водоснабдувањето во Гостивар и упати апел до обвинителот Савевски веднаш да отвори постапка. Таа посочи дека институциите со недели давале контрадикторни изјави, додека граѓаните се соочувале со сериозни здравствени проблеми. „Министерот Клековски конечно прозборе, призна дека во ...
Христијан Ефтимов од Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) на денешната прес-конференција изнесе обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ неовластено користи доверливи полициски документи од Полициската станица Струмица. Тој посочи дека наместо заштита на жртвите од инцидентот во Ново Село, опозициската партија врши јавен притисок со податоци кои претставуваат службена тајна. „Денес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. ...
ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение објави реакција на изјавата на Христијан Ефтимов од СДММ, оценувајќи дека опозициската партија покажува целосна дезориентираност во врска со инцидентот во Ново Село. Од владејачката партија тврдат дека со денешните обраќања практично се потврдени нивните претходно изнесени информации за прекршочните и кривичните досиеја на учесниците. „СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со ...
Потпретседателот на СДСМ, д-р Александар Трајановски, во интервју во вестите на телевизија Телма, нагласи дека катастрофата во Гостивар ја покажа целосната некапацитетност и дезорганизација на власта. Трајановски укажа дека четири недели граѓаните на Гостивар се оставени без основното човеково право, без безбедна вода за пиење, и притоа изложени на сериозни здравствени ризици. Тој посочи дека наместо брза реакција, навремени мерки и целосна ...
Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Александар Јамалов. Тој посочи дека од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои земјава се позиционира како сè поатрактивна туристичка дестинација. „Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и железничка поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции во ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати серија жестоки обвинувања до претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според Манасиевски, раководството на опозициската партија дава поддршка на лица кои претходно биле правосилно осудувани за кривични дела. „Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина. Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја ...
Вчера во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури во 11 часот на мерните станици низ државата, каде што е активирана портокалова фаза за високи температури. Според мерењата, највисока температура предпладнево е измерена во Гевгелија, каде што живата во термометарот достигна 34,8 Целзиусови степени. Веднаш по Гевгелија следува Скопје на мерната станица Зајчев Рид со измерени 33,7 степени, ...
Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти. Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во ...
Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак. Од СДСМ оддадоа почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован ...
Комбе со македонски регистарски таблички утрово се запалило во близина на патот што води кон Кемиштај, кај градот Љушња во Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија, а возачот го забележал пожарот веднаш откако излегол од автопатот и свртел кон Кемиштај. Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот за да го изгаснат огнот кој ја зафатил кабината. „По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо ...
Прво Мицкоски. Потоа Латас. Сега Стоилковиќ. Ист речник. Иста поделба. Иста стратегија. Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја; напишаа од СДСМ во соопштението. „Оттогаш Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите и младите „странски платеници“, „предавници“, „улични насилници“, па дури и „усташи“ – секогаш кога ...
Талогот во СДС не знае да стои, да размисли што прави, зошто партијата ја доведоа до ова дереџе, скраја да е да им текне да даваат предлози за доброто на државата и граѓаните или пак да учествуваат во аргументирани дебати. Тие од се во државата прават скандали за да печалат политички поени да го трујат народот, а кога немаат случај, тие си креираат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Таков беше и случајот од пред неколку дена во Ново Село, ...
Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Претходно Мицкоски уверуваше дека водата е технички исправна. Како знаеше? Имаше „чувство“? Сега фокусот е на следење хепатит. Зар истиот Клековски не тврдеше дека епидемијата завршила, иако долго време ја криеше?, стои во соопштението на СДСМ. „Сега повторно има проблем, а тој како „стручњак за хепатит“ ја следи ситуацијата? Тошковски сигурно исто ја ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. Исто толку време, околу 30 минути, се чека и на граничниот премин Богородица за излез од државата. На ...
Викендов и во текот на следната седмица Македонија ќе биде под влијание на многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на својата фејсбук-страница објави дека денеска е активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, додека максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови се очекува ...
Најмалку седум лица загинаа откако ученик отвори оган во училиште во покраината Нонтабури, северно од Бангкок. Според информациите од полицијата, вооружениот напаѓач претходно ги убил и своите баба и дедо во нивниот дом, пред да се упати кон училиштето и да почне да пука. Инцидентот се случил околу 10 часот наутро по локално време, кога напаѓачот влегол во училиштето вооружен со пиштол. Според тајландскиот јавен радиодифузен сервис PBS, тој ...
Во вторник, во раните утрински часови, на подрачјето на Скопје ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци, најавија од Град Скопје. Акцијата се спроведува како дел од редовните превентивни мерки за намалување на бројот на комарците и спречување на нивното понатамошно размножување. Доколку временските услови не дозволат безбедно реализирање на прскањето, дезинсекцијата ќе се одложи за првиот нареден ден со поволни временски ...
Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце, времето на чекање за влез во државата попладнево изнесува околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека сообраќајот на државните патишта се одвива ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва присуствувала и се обратила на Свечената академија организирана по повод јубилејот „30 години Општина Вевчани“. Во своето обраќање, претседателката истакна дека Вевчани за неа претставува посебен симбол на автентичност и традиција. „За мене, Вевчани е синоним за Република, место со сопствен дух, карактер и традиција. Напати велам дека имам двојно државјанство, не само македонско, туку и ...
Двајца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струга се повредени при интервенција на пожар во селото Долна Белица, а при инцидентот било оштетено и противпожарно возило. Информацијата ја објави Фејсбук-страницата „Се молиме за Македонија“. Според објавата, повредените пожарникари веднаш биле пренесени во болница за укажување медицинска помош, додека противпожарниот камион претрпел материјална штета. Повредените пожарникари ги ...
Припадници на српската полиција синоќа спроведоа силна акција во Белград, во која беше уапсен опасен бегалец баран за повеќе тешки кривични дела. Во акцијата учествуваа полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за криминалистичко разузнавање, УКП ПУ за град Белград и П.У. По уапсеното лице била распишана потрага од страна на ПУ Ваљево за сторени кривични дела противправно лишување од слобода и малтретирање и ...
Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје наскоро повторно ќе биде ставена во функција, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Според неговите информации, во тек е темелна реконструкција на објектот кој со години беше надвор од употреба и оставен да пропаѓа. „Станува збор за комплексен систем со специјализирана опрема произведена во Германија и со автоматизација која бара прецизно усогласување и целосно ...
Ризиците од заразните болести што ги пренесуваат комарците, вклучително и Западнонилската треска, можат значително да се минимизираат со правилна примена на методите за превенција и заштита. Ова го порача епидемиологот д-р Драган Даниловски во интервју за ТВ Телма. Според д-р Даниловски, тигрестиот комарец е значително подоминантен, повитален и посупериорен од поранешниот „домашен“ комарец и, за разлика од него, тој е активен и напаѓа во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нешто пред 18 часот слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Зеленски утре ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Ова е негова прва посета на Србија откако стана претседател на Украина. За потсетување, Вучиќ и Зеленски претходно се сретнаа во Киев. Претседателот на Србија во средината на јули го посети Киев за прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина. Тој тогаш ...
Краткотрајно заладување го зафати регионот на Полимската долина во Србија, носејќи пад на температурите по речиси две недели тропски горештини. По долгиот период со високи температури кои достигнуваа и до 40 степени, денеска околу 16:30 часот подрачјето кај Бистрица, на патот кон Прибој, беше зафатено од краткотраен, но силен дожд. Освежувањето пристигна речиси веднаш по почетокот на врнежите. Жителите од овој дел на Србија почувствуваа ...
Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој ќе ја консолидира расцепканата државна ИТ инфраструктура, ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе создаде основа за развој на нови дигитални услуги и технологии. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на Сител ТВ. Според Андоновски, денес државните информациски системи и ...
Европската комисија сè уште нема понудено решение за укинување на ограничувањето за престој на професионалните камионски возачи од Западен Балкан во земјите од Шенген-зоната. Ова го изјави претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ. За агенцијата Бета, Мандиќ потврди дека состанокот со надлежниот директорат на Европската Унија — на кој треба да се разговара за изземање на возачите од правилото со кое ...
Припадници на германската Сојузна полиција вчера (5 август) откриле двајца мажи кои нелегално влегла во Германија преку пристаништето Росток, пристигнувајќи со траект од Шведска и Данска. Станува збор за 31-годишен македонски државјанин и 25-годишен државјанин на Сирија. При граничната контрола на македонскиот државјанин било утврдено дека го пречекорил дозволениот престој во Шенген-зоната за 16 дена, со што повеќе не ги исполнувал условите ...