Исчезнатиот германски турист, по кого грчката крајбрежна служба водеше обемна спасувачка акција од неделата попладне, е пронајден мртов во морскиот дел во близина на островот Сими, јавуваат медиумите од регионот. Тој бил дел од групата од осум лица кои се наоѓале на едрилица која пловела без контрола откако патничките ја напуштиле. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека телото било забележано и извлечено во утринските часови. „Вчера, ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, се сретна со амбасадорката на Република Словачка, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји и заедничкиот интерес за понатамошно унапредување на билатералната соработка во земјоделството. Посебно внимание беше посветено на трговската размена и на можностите за нејзино зголемување и проширување со нови земјоделски и прехранбени ...

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана. „Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а беа ...

Стеблата од паднатите дрвја за време на силното невреме што го зафати Скопје ќе се искористат за изградба на нов моторички парк на Водно, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според него, здравите стебла од паднатите дрвја нема да завршат како отпад, туку ќе добијат нова намена за рекреација на граѓаните. „Од нив, на Водно создаваме нов моторички парк – специјално уредени простори со природни препреки и реквизити за развој на ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави најновите мерења на температурите на амбиенталниот воздух во градовите и мерните станици низ Македонија, направени денеска во 14:00 часот. Според официјалните податоци, највисока температура во 14:00 часот е измерена на мерната станица Зајчев Рид (Скопје), каде што се регистрирани 37,3 степени Целзиусови. Веднаш зад неа се Гевгелија со 37,1 степен и Демир Капија каде што се измерени точно ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека очекува што е можно побрзо да се изнајде решение за носење на пакетот од три закони за високото образование кои во моментов се блокирани во собраниска процедура преку Бадентеровото мнозинство. Станува збор за Законот за високо образование, Законот за научно-истражувачка дејност и Законот за квалитет во високото образование. Јаневска порача дека со задоволство прифаќа да ...

Вчера во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за целосно ...

Вчера во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.С.(26) од Скопје. Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена содветна пријава. Вчера во 15:50 часот во Охрид, полициски ...

Новата учебна 2026/2027 година ќе започне со значително помал број ученици во клупите, со оглед на тоа што е регистриран драстичен пад на запишани првачиња во споредба со минатата година. Бројките за средните училишта сè уште не се конечни бидејќи претстои третиот уписен рок, каде што намалувањето е помалку изразено. Сепак, состојбата во основните училишта е алармантна, соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска. -Бројот не е ...

Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни жаришта во моментов има на територијата на општина Македонски Брод и општина Гостивар. Во Македонски Брод се интервенира кај селото Грешница, на местото викано Стојанова Населба, каде што горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Вториот ...

Вчераво Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишија од слобода Р.С.(50) и С.Б.(46), двајцата од Охрид. При претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен исто така со судска наредба, ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде кратка информација за моменталната временска состојба во земјава. Според соопштението од УХМР, на повисоките места и на планините е забележана дестабилизација на атмосферата. „Во планинските делови нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи“, соопшти УХМР. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде кратка информација за моменталната временска состојба во земјава. ...

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, утре (7 август 2026 година) без струја ќе останат жители на неколку населени места во општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода. Од 06:00 до 10:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за корисниците од Колонија Идризово и дел од Јурумлери во општина Гази Баба. Во општина Бутел, во периодот од 08:30 до 12:30 часот, без струја ќе бидат жителите на ...

Вчера во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица. Според пријавеното, околу 09:30 часот во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Тетово, каде што работел Л.М., дошло до расправија меѓу него и А.Ј. (53) од Тетово. Во текот на расправијата, Л.М. со остар предмет му нанел повреда на раката. Л.М. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде ...

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението ХЕМА-ОНКО – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата Пеперутки, на која се разговараше за актуелните потреби на пациентите и за унапредување на здравствената заштита. Во фокусот на средбата беше новиот Закон за лекови, при што претставниците на здружението ги изложија своите препораки и ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција соопшти дека според најновите официјални податоци, јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и се спушти на 58,8 проценти од БДП. Според изнесените податоци, тоа претставува намалување од 0,1 процентен поен во споредба со претходниот квартал од оваа година. „Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања до претходната власт на СДСМ и нивниот претседател Венко Филипче за запоставување на проблемот со водата за пиење во Гостивар и во други населени места. Според Манасиевски, документацијата со која располагаат индицира дека и во минатото беа евидентирани случаи на небезбедна вода, но одговорност не била побарана од тогашните функционери. „Талогот ...

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговараше на новинарско прашање посветено на бројот на патници на македонските аеродроми, во рамките на настанот за потпишување на Договорот за инвестициски грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), како и договорите за финансирање со ЕИБ и ЕБОР за пругата Крива Паланка – Деве Баир. Мицкоски истакна дека податоците од операторот на двата меѓународни аеродроми и од ...

Во Владата денеска се потпишаа договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање истакна дека изминатите две години напорна работа овозможиле проектот да се оптимизира и да добие јасна целина, со соодветно поврзување со соседна Бугарија. „Изминатите две години напорна работа го искристализираа, го оптимизираа и го направија појасен овој ...

Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, Министерството за образование и наука ги објави конечните резултати од јунската матурска сесија, по разгледаните приговори. Просечната оценка од сите три типа матура изнесува 3,66. Кај државната матура просечната оценка е 3,62, кај државната стручна матура 3,91, додека кај државната уметничка матура 3,59. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека е задоволна од ...

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, ...

УХМР ги измери температурите во Македонија пред 12 часот. Ова претпладне најтопло е во Гевгелија, Зајчев Рид и Велес каде се измерени 33 степени. Попова Шапка со 19 степени во 11 часот е местото каде е најсвежо во Македонија. Во Скопје УХМР измери 31 степени. Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија излезе со нови обвинувања во врска со кризата со питката вода во Гостивар, истакнувајќи дека граѓаните ги сносат последиците од загадената вода додека институциите доцнат со официјалните одговори. Представничката на партијата, Маја Борозан, на прес-конференција посочи дека состојбата во градот е алармантна. „Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со ...

Силна експлозија одекнала ноќеска околу 3 часот во белградската населба Звездара, откако засега непознато лице фрлило експлозивна направа пред станбена зграда. Според првичните информации од теренот, најверојатно станува збор за рачна бомба М-75. Полицијата на местото на инцидентот разговарала со А.О. (24), жител на зградата, кој и претходно бил евидентиран во полициските досиеја и бил осудуван. Тој во изјава за полицијата рекол дека се ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија побара од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат и да ги пронајдат сторителите кои, според партијата, физички нападнале млади луѓе во Ново Село. Од СДСМ наведуваат дека инцидентот се случил додека активистите носеле транспарент со порака поврзана со состојбата со водата во Гостивар. Представничката на партијата, Кети Штерјова, на прес-конференција изнесе директни обвинувања до претседателот ...

Србија се соочува со нов силен топлотен бран, каде утринските температури уште во раните часови достигнаа високи вредности низ целата земја. Според податоците објавени на веб-страницата на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), највисока температура во 8 часот наутро е измерена во Зрењанин, каде што се регистрирани 30 степени. Најладно во истиот период било во Сјеница со измерени 13 степени. Високи вредности се измерени и во останатите ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска изјави дека за реализација на стратешките проекти не е доволна само политичката определба, туку е потребна и стабилна и одржлива финансиска рамка. Таа ова го истакна пред потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, дел од Коридорот 8, што се одржа во Владата. Димитриеска-Кочоска посочи дека со потпишаните амандмани кон ...

Патнички авион полета од Националниот аеродром „Рејган“ во момент кога претседателскиот хеликоптер со американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓаше во близина, со што беа прекршени безбедносните правила. Федералната управа за авијација на САД (ФАА) отвори постапка за утврдување на причините за нарушувањето на протоколите околу аеродромот во Вашингтон. Според информациите, патничкиот авион добил одобрение за полетување додека хеликоптерот ...

Општина Центар, во соработка со Црвениот крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за поддршка на граѓаните поради екстремно високите температури. Од локалната самоуправа информираат дека се поставуваат инфо-штандови, се дели вода и се обезбедуваат бесплатни здравствени проверки за граѓаните. „Општина Центар е на терен со конкретни мерки – делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87