Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата. Премиерот Христијан Мицкоски шокиран од случајот во Гостивар поради кој околу 1.200 луѓе побараа помош во гостиварската болница поради наводно загадена вода. Најави дека за овој случај ќе има одговорност. -Имаме процес којшто го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој што дал наредба тоа да се ...
Европската комисија официјално претстави амбициозен акциски план кој предвидува до 2040 година безмалку половина од целокупната потрошувачка на енергија во рамките на Европската Унија да биде покриена од електрична енергија. Иако во почетните нацрт-верзии постоеше опција оваа одредба да биде строго обврзувачка за земјите членки, во финалниот текст таа се уште има карактер на препорака, со отворена можност за нејзино идно инкорпорирање во ...
25-годишник од тетовско Требош предизвикал сообраќајна несреќа, а не поседувал возачка дозвола. Во несреќата повредени се вкупно четири лица, од кои едното е тригодишно дете. -Вчера во 22:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат за с. Требош, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, кој возилото го управувал без возачка ...
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди источна Турција, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Според официјалните информации, потресот бил регистриран во 6:20 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал во округот Баталгази, во провинцијата Малатија, на длабочина од 15,59 километри. Тресењето на тлото било почувствувано и во соседните провинции Елазиг, ...
Мобилен телефон во сопственост на вработена во здравствена установа бил украден среде бел ден од просторија во ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија. Дрскиот апашлук се случил во утринските часови кога сторителот ја искористил невнимателноста и влегол во внатрешните болнички простории наменети за медицинскиот персонал. таму го лоцирал телефонот и веднаш побегнал од местото на настанот. Полициските службеници брзо ја расветлија кражбата и од слобода ...
Опозициските партии СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека се насочени исклучиво кон спроведување на блокади во државата, се наведува во денешната реакција од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, преку прес-конференција посочи дека овие три политички субјекти свесно се повлекле од процесот во моментот кога требало да се финализира договорот за кој претходно со месеци се преговарало. Според тврдењата на ...
На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, познат правник, долгогодишен новинар и поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Заканата од тешката корупција со години ја менаџираше токму тој, служејќи како еден од клучните столбови на ДКСК во мандатот од 2019 до февруари 2024 година, каде покажа исклучителна професионалност во борбата за правна држава. Како правна последица од неговата богата ...
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, за време на неговата актуелна работна посета на Вашингтон. Како што информираше самиот министер преку својот официјален Фејсбук профил, двете земји продолжуваат да градат цврсти релации засновани на заеднички интереси. Според неговите тврдења, Скопје и Вашингтон имаат исклучително блиски и целосно усогласени ...
Заплена на дрога фрлена во задниот дел на локал, неколку пронајдени ножеви и омаловажување на полициски службеници е епилогот од обемната ноќна рација што се спроведе во угостителски објекти на подрачјето на Тетово. Конфликтот со безбедноста во ноќниот живот ескалирал за време на викенд-контролата кога полициските тимови извршиле претреси во повеќе кафулиња и ресторани. При детален преглед на теренот зад еден од објектите во Тетово, ...
Од април следната година во Англија ќе стапи во сила забрана за продажба на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на деца помлади од 16 години, соопштија британските власти, пренесува Би-би-Си. Според новите правила, продавниците, рестораните, кафулињата, автоматите за продажба и онлајн-платформите нема да смеат да продаваат пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин на литар на лица под 16-годишна возраст. Мерката не се ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска вети дека Германија ќе „ѝ подаде рака“ на Франција и ќе соработува со идниот претседател на земјата, без оглед на тоа кој ќе победи на изборите следната година, и покрај анкетите кои предвидуваат успех на кандидатката на крајната десница Марин ле Пен. – Германија секогаш ќе ѝ подаде рака на Франција за подлабока соработка заснована на доверба, без оглед на одлуките што ќе ги донесат гласачите во двете ...
Турското Министерство за здравство отвори специјализирани клиники за млади на возраст од 12 до 18 години кои сакаат да се откажат од пушењето, објави весникот „Дејли сабах“. Новите центри ќе нудат индивидуализирано лекување и советување, прилагодени на биолошките, психолошките и социјалните потреби на адолесцентите. Според турските здравствени власти, младите стануваат сè поранливи на никотинска зависност поради притисокот од врсниците, ...
Најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото според опозициската СДСМ е директна потврда за партиските притисоци врз правосудниот систем во земјава. Од партијата преку официјално соопштение реагираат дека Брисел јасно ги лоцирал системските влијанија врз судиите и обвинителите кои доаѓаат директно од највисоките структури на актуелната власт предводена од Христијан Мицкоски. Според партиските наводи на ...
Големи шумски пожари, суши и силни бури продолжуваат да предизвикуваат проблеми низ Европа и покрај постепеното слабеење на топлотниот бран, а властите во повеќе земји предупредуваат на нови екстремно високи температури и зголемен ризик од пожари. Пожарникари, со поддршка од 30 летала, денеска се обидуваа да стават под контрола голем шумски пожар во североисточна Шпанија, поради кој беа евакуирани повеќе од 1.000 лица. Големиот пожар во ...
Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во општина Шуто Оризари почнуваат конкретни градежни активности за реконструкција на улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба. -Денес сум во Горно Оризари, во општина Шуто Оризари, каде започнуваме конкретни градежни активности за подобар и подостоинствен живот на жителите од овој дел на Скопје. Заедно со министерот Ерџан ...
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за – Спречување службено лице во вршење службено дејствие, кривично дело санкционирано според член 382 став 3 од Кривичниот законик. На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно ...
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина. -Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и воо Ормуската Теснина, напиша на социјалните мрежи командантот на ...
Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Мексико, во близина на границата со Гватемала, предизвикувајќи силно тресење во повеќе земји од Централна Америка. Властите засега не пријавуваат жртви ниту поголеми материјални штети. Според Американскиот геолошки институт (USGS), епицентарот на земјотресот бил на околу 48 километри југозападно од Акилес Сердан, во мексиканската држава ...
Силен земјотрес со магнитуда од 7,3 степени го погоди јужниот дел на Мексико во петокот, а тресењето на земјата беше почувствувано и во соседните држави, Гватемала и Ел Салвадор, објави Геолошкиот завод на САД (USGS). Според прелиминарните податоци на USGS, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 48 километри југозападно од градот Аквилес Сердан во мексиканската држава Чијапас, во морето, веднаш на брегот на Тихиот Океан, јавува CNN . ...
Соединетите Американски Држави денеска соопштија дека Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи откако Приштина ќе ги исполни условите, вклучително и обврските преземени кон српската заедница, јави српската редакција на Радио Слободна Европа. – Остануваме посветени на зајакнувањето на заедничките интереси на САД и народот на Косово. Со задоволство ќе го започнеме Стратешкиот дијалог со Косово кога ќе бидат исполнети соодветните услови, ...
По цел ден молк конечно се огласи и градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани. „Почитувани граѓани на Гостивар, Во ваква ситуација, моја прва обврска е да ви ја соопштам состојбата точно, навремено и без прикривање на каква било информација. Според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажуваат дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности. По добиената пријава, ...
Несреќната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште која на 21 година загина на 12. јуни во тешката несреќа која се случи кога минибус излета и се преврте на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора, вчера беше испратена во вечниот дом. -Дојдовме да ја тешиме мајката која е скршена од болка. Нема зборови за утеха во овие моменти. Го загуби својот ангел, својата душа. Тој човек ако не заспиел зад воланот, сега ќе спремавме ...
Чашата вода што требало да ги освежи, за стотици граѓани можеби станала причина за сериозни здравствени проблеми. За само четири дена повеќе од 1.200 лица побарале лекарска помош со симптоми на труење, додека сомнежите сè погласно упатуваат кон водата за пиење во Гостивар. Сите граѓани кои побарале лекарска помош имале речиси идентични симптоми – дијареја, повраќање, покачена температура и омалаксаност. Со часови Сител беше пред Инфективната ...
ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик, велат од СДСМ. Нема крај на нивните лаги. Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората. Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на ...
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори. Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за ова е и последниот ...
Мултидисциплинарен медицински тим од Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) Ниш денеска ќе биде испратен со авион на Владата на Србија во Црна Гора, со цел да ги преземе пациентите повредени во тешката сообраќајна несреќа што во неделата се случи на магистралниот пат Липци–Грахово, изјави синоќа д-р Александар Николиќ од оваа здравствена установа. „Генералниот директор Милан Лазаревиќ формираше медицински тим од 10 лекари од различни ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе со најновиот пресек за состојбата на терен, нотирајќи дека во текот на денешниот ден во земјава се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Благодарение на брзата интервенција на противпожарните служби, дури 11 огнови се веќе целосно ставени под контрола и ликвидирани. Според официјалните податоци добиени во попладневните часови, во моментов критична е состојбата на само една локација, ...
Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, шеста ноќ по ред, со цел намалување на воените капацитети на Иран, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Претходно, иранските медиуми објавија дека денес повторно се слушнале експлозии на островот Кешм, во Бандар Абас и Чабар. ЦЕНТКОМ е дел од американската војска задолжен за Блискиот Исток. Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, ...
Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е обезбедено сместување за ...