
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Климатскиот самит COP27, кој минатата година се одржа во Египет, поточно во Шарм Ел Шеик, во периодот од 6-ти до 18-ти ноември, ќе се памети по историскиот договор за „загуба и штета“ (loss and damage), со којшто би требало да се обезбеди финансирање на сиромашните земји најпогодени од последиците од климатските промени. COP 27 собра повеќе од 45.000 учесници за да споделат идеи, решенија и да градат партнерства и коалиции. Официјалните ...
Европската банка за обнова и развој (EBRD), ја продолжува својата посветеност за подобрување на системот на градскиот превоз во Приштина, со обезбедување на кредит до 10 милиони евра во скллоп на програмата „Зелени градови“. Кредитот ќе биде одобрена на приштинското претпријатие за јавен сообраќај и ќе се користи за набавка на 30 автобуси – 24 со норма еуро 6, како и 6 електрични автобуси со сооодветната инфраструктура за нивно полнење. Целта на ...
Бетонот е меѓу најкористените материјали кои се направени од човекот. За жал, неговата клучна состојка е цементот, чие производство сочинува околу 8% од светските емисии на гасовите со ефект на стаклена градина. CarbiCrete е технолошка компанија со седиште во Монтреал, која решила да ги промени овие состојби. Нивната патентирана технологија го отстранува јаглеродот и овозможува производство на бетон без цемент, со користење на индустриски ...
Проектот ECAM е дело на архитектонското студио AgwA со седиште во Брисел. Комплексната локација опфаќа серија на хетерогени згради во густ блок од старо урбано јадро и се наоѓа во јужното бриселско предградие Сен-Жил, Белгија. Проектот има за цел да ја преквалификува локацијата и да создаде јавен парк за населбата. Дефиницијата за едноставен систем на „соби“ или сопоставени парцели предлага многу едноставен начин на организирање на јавниот ...
На 92 годишна возраст не напушти еден од доајените на македонската архитектура,Трајко Димитров. Архитект Трајко Димитров е роден на 08.08.1930 година. Припаѓа на првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949 година, а дипломирал во 1956 година. По дипломирањето се вработил во Зводот за станбена изградба во Скопје кој подоцна се трансформирал во бирото „Македонијапроект” и тука останал се ...
Дали знаете дека лондонскиот чинар е најчестиот вид на дрво во Њујорк? Еден од многуте што може да се воочи преку новата интерактивна мапа што ја лансираше Градот Њујорк, дозволувајќи им на корисниците да ја истражуваат популацијата на дрвјата во градот. Мапата на високостеблеста вегетација на Њујорк ја заменува претходната мапа на улични дрвја на NYC Park и содржи податоци за над 860.000 парковски уредени зеленила и улични дрвја во рамките на ...
Новогодишните и божиќните свечености се симболизираат со колиби, варено вино, колачи, Дедо Мраз, но можеби највеќе со своите новогодишни елки. Секој град кој држи до себе е горд на својата новогодишна и божиќна елка. Затоа не се пропушта приликата да се откријат најубавите новогодишни елки ширум Европа. Виена Секоја година друга австриска покраина за Божиќ ѝ испраќа дрво на Виена. Но секако не кое било дрво, туку џиновски примерок кој се ...
Според новите еколошки регулативи во Шпанија и Ирска, производителите на цигари ќе бидат принудени да платат дел од трошоците потребни за отстранување на милионите отпушоци што пушачите ги фрлаат на улиците секоја година. Во јуни, Светската здравствена организација објави сеопфатен извештај во кој детално се опишани деструктивните ефекти на тутунската индустрија на планетата. Секоја година, производството на цигари го чини светот околу 600 ...
Музејот на Југославија во Белград, поттикнувајќи партиципативен пристап, ја покани публиката од регионот да го пронајде југословенското наследство во своите домови, да се проба во кустоска работа и да биде дел од тимот што ја реализира виртуелната изложба #YUDOM. Проектот се реализираше во периодот на вонредната состојба, прогласена поради пандемијата Ковид -19, а кустоскиот тим на Музејот презентираше фотографии од предмети кои припаѓаат на ...
Tesla минатата година испорачала рекорден број автомобили, бидејќи продажбата продолжила да расте во проценти за кои секој голем производител на автомобили би можел да сонува. Во 2022 година, американскиот производител нa електрични автомобили има испорачано 1,3 милиони возила, што е 40% повеќе отколку во 2021 година. Сепак крајот на годината не се одлукува со така добри резултати, односно има забележителен пад во испораките. Во последниот ...
Невообичаено високите температури за овој период од годината, ез снежни врнежи, доведуваат до тоа на голем дел од Алпите да нема снег. Рекордни температури се измерени на северната страна ан Алпите во швајцарија и во Лихтенштајн, на височини од околу 400 метри. Од швајцарската национална метеоролошка и климатска служба, соопштиле дека јануарските температурни рекорди се забележани на неколку станици за следење на северната страна на планинскиот ...
Општина Кали се наоѓа на јужниот дел на островот Угљан во Задарската жупанија. Кали е најголемото место на задарските острови, познато најмногу по риболов. На една од ретките преостанати неизградени парцели, меѓу два коловозни правци со висинска разлика од 21 метар, било потребно да се обликуваат две куќи за одмор. Како да се проектира целовит простор за низа хетерогени потреби на современиот корисник за за време на неговиот престој, а да има ...
Што ни носи Viva Magenta, бојата на 2023 година? Оваа боја несомнено ќе доминира во визуелните трендови кои доаѓаат, во дизајнот, модата, ентериерите. Подгответе се на време и внесете оптимизам во вашето опкружување со оваа боја. На крајот на секоја година, врз основа на сеопфатна анализа на трендовите, светскиот институт за бои Pantone ја прогласува бојата што ќе го одбележи претстојниот период. Бојата под шифра PANTONE 18-1750 Viva Magenta, ...
Климатската акција минатата година се истакна по смелоста и креативноста, а некои потфати се најдоа на граница на осуда. Целта беше иста – да се алармира јавноста дека без конкретна акција не може да се очекува ублажување на климатските промени. Првото барање на климатските активисти е да се запре со користењето на фосилните горива, но повикуваат и на климатска правичност во процесите на енергетска транзиција. 1. Грета Тунберг Неодамна Грета ...
Проф. д-р Горан Марковски e член на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции и декан на Градежниот факултет – Скопје. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 1986 година, магистрирал во 1994 година а докторирал во 2003 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „ Армиран бетон “, „Инфраструктурни конструкции“ и „Трајност на бетонските конструкции“ на СП Градежништво. На втор циклус ги ...
Архитектонското студио „Елементал“ со седиште во Чиле, предводено од Алехандро Аравена, ја доби задачата да ја ревитализира поранешната фабрика за жито на брегот на Доха, во нова културна институција. Новата гигантска институција за модерна и современа уметност ќе биде лоцирана на Корниш, шеталиштето на брегот наспроти старото пристаниште во Доха, а чие отварање ќе се случи во 2030 година. Со овој проект ќе се формира третата точка од ...
Од 24-ти декември минатата година, секој нов автомобил кој се купува во Србија мора да има „енергетски пасош“, бидејќи тој ден на сила стапи Правилникот за податоци за економичност во построшувачката на гориво и емисии на CO2 на новите патнички возила. Со ова се истакнува важноста на прашањата од областа ан заштитата на животната средина, особено бучавата и загадувањето на воздухот, кои се сериозни последици од сообраќајот и влијаат врз јавното ...
Со бројни манифестации во текот на 2023 година ширум светот ќе биде одбележана 50-годишнината од смртта на прочуениот шпански уметник Пабло Пикасо. Од уметнички гениј до токсична машкост, ова е поглед на неговото наследство. За седум децении плодна работа, Пабло Пикасо создал илјадници слики и скулптури во многу авангардни стилови. Се вбројува меѓу најуспешните светски уметници, а вредноста на неговите дела се проценува на стотици милиони ...
Арата Исозаки, плоден јапонски архитект, урбан планер и теоретичар кој ја доби задоцнетата награда за архитектура Прицкер на 87-годишна возраст, почина во средата дома во Окинава. Тој имаше 91 година. Работејќи во време на сеизмички промени во архитектонската практика и теорија, г-дин Исозаки беше и агент и гласник на промените кој никогаш не се повтори во својата работа.. Во голем број објекти изградени во повеќе земји, г-дин Исозаки ги ...
Во текот на 2022 година, на пазарот се појави 131 нов модел на автомобил. Станува збор за целосно нови модели, односно во оваа бројка не се вклучени редизајнираните возила, ребрендираните или концептните автомобили. Од споменатиот број, дури 67 мони модели стигнале од Кина, просечно околу 5 секој месец. Апсолутно најактивен производител бил SAIC со десет нови модели, а следуваат Geely со осум и Great Wall со шест нови модели. Сепак, ако се ...
Албанија е специфична по начинот на производство на електричната енергија. Имено, оваа зеја во најголем дел се потпира на хидроцентралите (над 99%), што значи дека енерегтскиот сектор нема никакви оптоварувања во однос на декарбонизацијата. Но, климатските промени ја зголемуваат зачестеноста на сушите, односно ја влошуваат хидролошката состојба, па се појавува потреба од увоз на електрична енергија. Во 2019 година, владата стартуваше „агресивна ...
Францускиот дизајнер Филип Старк ја дизајнирал колекцијата санитарна опрема „White Tulip“ за германскиот бренд Duravit користејќи еден извор на инспирација. Инспирирана од обликот на расцутено бело лале, оваа холистичка колекција вклучува мијалници, мебел, кади, додатоци и славини, додека секој предмет од луксузната колекција има скулпторски карактер. Самостојниот керамички мијалник со монолитен дизајн е еден од највпечатливите елементи во ...
„Под земја полесно се дише“ е мултимедиумски фестивал, кој опфаќа широк спектар на уметности. Од ликовна уметност до литература, видеопроекции, уметнички инсталации… Фестивалот нуди различни околности при консумирањето на уметноста. Локацијата е несекојдневна, просторот неконвенционален за реализација на уметнички активности, а колективот што го реализира настанот го прави тоа без финансиска помош од ниту еден институционален фактор. Со помош од ...
Меѓународната компанија Сканска на почетокот на декември склучи договор за изведба на првата делница (9,2 километри) на главните цевки на тунелот Рогфаст, чиј почеток на изградба се очекува годинава. Проектирањето на тунелот започна пред неколку години од проектантската компанија Norconsult, а зелено светло за реализација на проектот даде норвешкиот парламент во 2017 година. Но, поради различни околности поврзани со надминување на планираниот ...
На реката Јангцекјанг во Кина се наоѓа најголемата каскада на хидроцентрали на светот. Државната компанија China Three Gorges Corp, која на таа река веќе управува со хидроцентралата „Три клисури“ (Three Gorges) од 22,5 GW, најголемата електрана на светот воопшто, ја заврши изградбата на хидроцентралата Baihetan од 16 GW, која стана оперативна пред крајот на 2022 година, па сега на кинезите им припаѓа и второто место во оваа категорија. Новата ...
Германскиот конгломерат Siemens ќе ја снабди австралиската метропола Сиднеј по системот „клуч на рака“ со возов за метрото со кои нема да управуваат возачи. Новата линија ќе го поврзува квартот St. Marys, со новиот меѓународен аеродром Western Sydney. За 900 милиони евра, Siemens ќе испорача 12 автоматизирани возови, сигнална технологија, како и интеграција на системот и негово пуштање во погон. Исто така, обезбедено е и одржување на возовите во ...
Под покровителство на Европската асоцијација за земјотресно инженерство (ЕАЕЕ) (http://www.eaee.org/), од 1964 година, па сè до денес, редовно се одржуваат конференции и семинари со цел промоција на земјотресното инженерство и размена на искуства, мислења, практики и достигнувања, не само помеѓу научниците од европските земји, туку и од целиот свет. Оваа година, под покровителство на Европската асоцијација за земјотресно инженерство, а во ...
Музеографскиот проект и архитектонската поставка на Пантеао дос Алмеида, во црквата Санта Марија, до Кастело во Абрантес, Португалија, има за цел да ја адаптира и репрограмира на внатрешноста на старата црква (историска зграда во градот Абрантес, изградена од 1215 година од страна на Д. Алфонсо II наследство подоцна, во 1433 година, обновен од Д. Диого Фернандес де Алмеида, еден од централните ликови на овој проект), усогласувајќи се со ...
Проектот Jakob Factory му понуди на тимот архитекти составен од rollimarchini architekten од Berne и G8A Architects, со швајцарско потекло, единствена можност да предложи многу иновативен и многу специфичен производствен простор, предодреден да стане дизајнерска референца за тропска одржлива архитектура. Фабриката е дом на специјализираните производители на жичени јажиња Jakob Rope Systems, висококвалитетна производствена организација ...
Музејот на сексот во Њујорк деновиве го најави своето проширување во Мајами со објект од 3.000 квадратни метри, кој треба да биде отворен на пролет 2023 година според проект на Snøhetta, меѓународно архитектонско биро со седиште во Осло. Планирано е постоечката хала да се трансформира, така што ќе содржи три големи изложбени галерии, малопродажен простор и бар каде ќе може да се одржуваат презентации и настани со цел претставување на важноста на ...