Денес на грчкиот остров Хиос беше прогласена вонредна состојба поради шумските пожари со кои стотици пожарникари се борат два дена, пренесува „Танјуг“ Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Јанис Кефалогианис изјави по пристигнувањето на островот дека ситуацијата е доста тешка бидејќи постојано избувнуваат нови пожари, а климатските услови не се поволни. Други 170 пожарникари ќе им се придружат на 11 тима од околу 190 пожарникари ...

Островските власти прогласија вонредна состојба, овозможувајќи централна координација на операциите за гаснење пожари и повикување на специјални единици од грчкото копно. Досега, 17 села и центар за прием на мигранти се евакуирани на егејскиот остров во близина на турскиот брег. Стотици луѓе се донесени на безбедно место. Според извештаите од денеска, туристите во моментов не се во опасност. Силните ветрови продолжуваат да ги разгоруваат ...